Меѓународниот аеродром Скопје лани забележал близу 2,9 милиони патници, што го прави петти најпрометен во регионот. Од аеродромите во земјите од поранешна Југославија, најмногу патници во 2023 година имал белградскиот 7,95 милиони, втор е Загреб со 3,72, на трето место е аеродромот во Приштина со 3,42 милиони, а четврти е Сплит со 3,59 милиони патници, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“. Низ комерцијалните аеродроми во ...

Словенечкото Министерство за труд предложи измени во Законот за вработување, самовработување и работа на странци, со кои ќе се усогласи со правото на Европската Унија и ќе се овозможи сезонската работа на странците да се прошири и на туризмот и угостителството. Поради недостиг на работна сила, со предложените измени, кои ќе бидат на јавна расправа до 6 февруари, се проширува терминот „сезонска работа“, кој досега беше ограничен само на ...

Седумдесет и пет нови дечиња ќе може да го посетуваат објектот „Детелинка“ на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ во Велес во ново отворените три комплетно опремени училници. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на денешното отворање рече дека проширувањето на капацитетите на детската градинка претставува значајна инвестиција за којашто министерството издвоилo еден милион денари. Исто така, денеска беше отворена и првата светлечка ...

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници соопштија дека утрово, новинарска екипа на Телевизија Алсат пријавила спречување да врши професионална работа за време на протест на граѓани пред ОУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка, против воведување паралелка на албански јазик во училиштето. Во соопштението на ЗНМ и ССНМ пишува: „Откако колегата Авни Тахири и снимателот Новица Апостолоски пристигнале ...

Апарат за анестезија и респиратор се веќе поставени во операционата сала на Одделението за реанимација и анестезија во ЈЗУ Општа болница Велес. Медицинските апарати ги купи министерството за здравство. Апаратот за анестезија чини 4 милиони денари и 3,5 милиони денари респираторот. Министерот д-р Фатмир Меџити денеска беше во велешка болница, ги промовираше апаратите и меѓу другото рече дека станува збор за современи апарати кои биле дел од ...

Лишен од слобода е Л.Д.(44) од Неготино. Полициски службеници на ОВР Неготино него го лишиле од слобода вчера вечер во 23:30 часот постапувајки по пријава од 39-годишната сопруга. -Сопругата пријавила дека во семејниот дом, по кратка расправија, Л.Д. и упатил закани и оштетил дел од покуќнината, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес. Според полицијата, Л.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил Јавен ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.748 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,99%, а 60,01% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 52,47%, кон Итната медицинска помош 38.78%, кон пожарникарите 3,81%, а кон АМСМ 0,36% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие ...

Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети светиот Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро ...

Времето утрово е студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени, соопшти УХМР. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а ...

Просечната плата во ноември 2023 година била 38.359 денари, а во октомври изнесувала 38.843 денари Државниот завод за статистика објави дека просечната нето-плата во ноември изнесувала 38.359 денари, а тоа значи дека е помала за дури 484 денари во однос на октомврискиот републички просек кога изнесувала 38.843 денари. За разлика од месечното намалување кое е 1,2 проценти, на годишно ниво имало номинален раст на просечната плата од 16,2 проценти, ...

За 17,3 отсто се зголемил бројот на посетители во Грција во периодот јануари- ноември 2023 година, во споредба со една година претходно, а земјата ја посетиле речиси 31,97 милиони туристи, согласно податоците од Банката на Грција. Истиот период во 2022 година, бројот на туристи бил 27,25 милиони, а зголемениот број посетители носи и пораст од 15,4 отсто на приходите за земјата, кои достигнале до 20,1 милијарди евра. Пристигнувањата во Грција ...

Со прикажување на вкупно 124 филмови и реализирање на речиси 1000 проекции, Киноверзум во Велес прослави една година успешна работа. Оваа едногодишна дружба, од велешкото кино велат дека се одразува преку моментите на смеа, емоции, понекоја солза споделени во кино салата и создавање на спомени што остануваат со секој глеч. – Со секоја нова проекција, Киноверзум Велес пишува нова страница во својата историја со велешани, потврдувајќи дека ...

Педесет и седум годишна кавадарчанка вчера, во Полициска станица Кавадарци, пријавила дека е измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето и се претставило како преставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да и помогне да добие кредит со ниска каматна стапка. -Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а не добила ...

Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека вчера, во 20:30 часот било пријавено дека седумдесет и девет годишниот М.Ј бил пронајден починат во неговиот дом во населба Градско – Велес. -Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Дума.мк Сподели: ...

Територијалната противпожарна единица Свети Николе, преку својот фејсбук профил, соопшти дека вчера, на 22 јануари, после три децении обезбеди ново теренско возило. -Ова возило ќе се користи за побрз и поефикасен одговор на секој предизвик за зачувување на животната средина и материјалните добра, а пред се за животот на граѓаните и нивните имоти, додаваат од ТППЕ Свети Николе. Ова теренско возило марка „фотон“ е обезбедено преку сопствени ...

Од Газа се евакуирани тројца македонски државјани, со што се заокружува бројот на наши граѓани кои ги имаат контактирано дипломатските конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи станува збор за мајка со две деца, кои претхоно по сопствен избор останале во Газа. По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатена кон ...

Синдикалната минимална кошница за јануари изнесува 57.163 денари. Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56 522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар. Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2024-та година изнесува 57.163 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56.522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар. Но, доколку ...

Центарот за управување со кризи, информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.763 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22%, а 59,78% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. -Кон Полиција биле упатени 62,59%, кон Итната медицинска помош 32,01%, кон пожарникарите 2,52%, а кон АМСМ 0,36% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што ...

Времето денеска изутрина ќе биде многу студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 7 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и утре времето ќе биде ...

Брат на светиот Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено ...

Утрово најниска температура од -16 степени е измерена во Берово и Битола. Следат Тетово и Прилеп со -13 степени, -12 во Демир Капија, -11 Скопје-Петровец и Дебар, -10 Кавадарци, -9 Штип, Струмица и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Претор и Гевгелија, -7 Охрид, -6 Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 Дојран и 0 степени на Попова Шапка. Највисока снежна покривка има во Маврови Анови – 17 сантиметри, 15 во Битола, Дебар, Попова ...

На граничниот премин Меџитлија е спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, по извршена контрола од страна на царински службеници, соопштија од Царинската управа. – Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во ...

Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, и денеска, втор ден, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 09:00 – 16:00 часот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...

Борислав Крмов и Димитар Абрашев, денеска биле дел од протестите на родителите во општина Чашка коишто цело прво полугодие од учебната 2023/24 година ја бојкотираат наставата со не пуштање на децата и протестираат против како што велат „самоволието на ДУИ, одлуката на министерот за образование Јетон Шаќири за отворање на паралелка на албански наставен јазик и директорката Елена Николова“. „Пратеникот, заедно со родителите, три часа протестираше ...

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски останува во притвор. Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор. -Заради интерес на медумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот ...

Дваесет и осум годишен маж од неготинско село, вчера, во Одделение за внатрешни работи Неготино го пријавил својот татко којшто во семејната куќа по претходна расправија со него и неговата сопруга, скршил стакло од врата и го повредил. Педесет и девет годишниот Р.А од неготинското село, вчера, во 15:30 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино постапувајќи по претходна пријава од ...

Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со кои управува ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, бележат 33 проценти пораст во патничкиот сообраќај во 2023 година, споредено со 2022 година, додека споредено со истиот период во 2019 година, порастот е 18 проценти. Од ТАВ Аеродроми денеска соопштија дека Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, ја завршиле 2023 година со значително ...

Нов понеделник, нова фотографија од велешанецот Атанас Крлевски за категоријата „граѓански фото објектив“. За својата фотографија Крлевски вели: „Фотографијата е панорама која се пружа од пешачкото мовче, паралелно со култниот Железен мост. Ова е најкратката пешачка патека за жителите на делот од градот околу Костурницата и која е доста живописна и убава за очите.“ Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, ...

Водостојот на реката Вардар е повисок од просекот за овој месец на речиси сите мерни места, покажуваат податоците од мерењата што ги врши Управа за хидрометеоролошки работи. Во Велес, просекот за месец јануари изнесува 82 сантиметри а во текот на вчерашниот ден, 21 јанури, биле измерени 114 сантиметри, додека денеска, на 22 јануари измерени се 96 сантиметри. Исто така, зголемен е водостојот и во Јагуновце кадешто денеска се измерени 122 ...

Сектор за внатрешни работи Велес преку дневниот билтен соопшти дека вчра, на 21 јануари, во 16:00 часот, триесет и осум годишниот велешанец И.З, во Полициска станица Велес пријавил дека на улица „Стојан Бурчевски Буридан“ неговата малолетна ќерка била касната од куче. Како што соопшти портпаролката на велешка полиција, Биљана Ѓаковска, според кажувањето на велешанецот И.З, кучето коешто ја каснало неговата ќерка било во сопственост на Љ.К од ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
36%
1021
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
48%
1022
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
54%
1020
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
39%
1025
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.35
37%
1023
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 19ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.36
43%
1020
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
61%
1021
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
32%
1021
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
1.54
45%
1024
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
1.54
44%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
60%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941