Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении Во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, „Алкалоид“ АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за ...

По поднесени две кривични пријави од СВР Тетово против М.Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор при регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 и кривични дела „помагање“ и „обид“ по член 19 и член 24 во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик и против други лица, Одделот за внатрешна контрола, ...

Денеска во Министерството за одбрана со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на Генералштабот на Армијата, бригадниот генерал Симеон Трајковски, беше одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и Денот на Генералштабот на Армијата. Вицепремиерот Маричиќ истакна: “Денеска е посебен ден за сите наши граѓани ...

Светскиот ден на театарот, 27 Март, НУ Драмски театар ќе го одбележи со промоција на монографијата „Ристо Стефановски“. Промоцијата ќе се одржи денеска (27 март) во 18:00 во фоајето на Театарот. Промотор на монографското издание ќе биде Искра Гешовска, теоретичарка на книжевност и уметност. Актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите ќе прочитаат делови од книгата. − Програмската ...

Претседателот на Собранието, Јован Митрески денеска се сретна со членовите на Делегацијата на ад-хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во дводневна предзиборна мисија. На средбата беа присутни и Дарко Каевски како шеф на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа и Цветанка ...

Како што предупредивме и претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што ги искажуваше во минатото. Многу греши ако мисли дека се заборавени и дека сега никој нема да се сеќава што направил и што рекол. Всушност, некои од неговите постапки никогаш нема да бидат заборавени, се наведува во денешнот соопштение на Коалиција ВРЕДИ. Денеска се потсетуваме на ...

Македонскиот центар ИТИ/Продукција, како дел од глобалната иницијатива на ИТИ УНЕСКО, традиционално ги проследува светската и македонската порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март. Светската порака по повод Светскиот ден на театарот ја напиша драмскиот автор и писател од Норвешка, нобеловецот Јон Фосе, додека, пак, македонската порака ја напиша доајенот на македонскиот театар и еден од најзначајните театарски и филмски актери и ...

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како потпретседател на Европската народна партија ЕПП за локални власти ко-претседаваше со пленарниот состанок на политичката група во Конгресот. Во Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа – Council of Europe во Стразбур, Франција како предлог на претседателството на Европската народна партија EPP European People’s Party минатата година Арсовска едногласно беше избрана за ...

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во земјава. На средбата беше разговарано за текот на подготовките на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија. На средбата беше изразено очекување дека ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Во пресрет на изборите, сите политички партии имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите изборни програми и да дадат конкретни ветувања за секое дете да има пристап до квалитетни услуги и повеќе можности да гради подобра иднина за себе и за земјата. Децата сочинуваат дваесет проценти од резидентното население од 1,84 милиони, што изнесува околу 180.000 девојчиња и 192.000 момчиња под 18 години. Тие се важен ...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место. МВР апелира сите учесници во ...

Владата, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација ја разгледа и усвои Информацијата за процес на идентификација на дигитални иновациски хабови во РС Македонија и ги одобри пријавените хабови за настапување на повикот во рамки на програмата Дигитална Европа. Оваа програма за финансирање на ЕУ е фокусирана на доближување на дигиталната технологија до бизнисите, граѓаните и јавната администрација и се очекува да ...

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар. Ова е еден од објектите чија реконструкција се реализира во рамки на проектот за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје. Дел од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, огради, пешачки и велосипедски патеки, со што значително ќе ...

Дел од мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор се урна откако товарен брод удри во него утрово. Повеќе автомобили завршија во реката Патапско, јави Гардијан. Бродот Дали, под знаме на Сингапур, удрил во мостот, по што се запалил, пред да потоне. Во видео споделувано на социјалната мрежа „Х“ се гледа како голем дел од мостот долг 2,6 километри паѓа во водата. Службите за итни случаи инфомираа дека бараат околу дваесет лица за кои ...

Владата на РС Македонија денеска на свечена седница ја одбележа четвртата годишнина од членството на земјата во НАТО. Со седницата на која учествуваа членовите на Владата, претседаваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а збор зедоа и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и првиот вицепремиер, Бојан Маричиќ. Премиерот Џафери, во своето обраќање истакна: ...

НЕДЕЛА НА СЛОВАЧКИ ФИЛМ е навистина ретка можност за македонската филмска публика да добие суштински увид во историјата на една релaтивно блиска кинематографија, како словачката. Како што кажува и името на ретроспективата, тоа е селекција на класици на словачката кинематографија од периодот на комунистичка Чехословачка. Станува збор за филмови кои се репрезентативни за развојот на словачкото кино, кои оставиле огромно влијание врз современите ...

Денеска во министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска заедно со потпретседателот на компанијата Leonardo S.p.A., Чезаре Кача го потпишаа договорот за набавка на нови осум транспортни хеликоптери од типот AW149 и AW169M за потребите на Армијата на Република Северна Македонија. Денешниот договор се склучува како резултат на Договорот Влада со Влада помеѓу Република Северна Македонија и Република Италија, кој беше потпишан од ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска–Стојчевска во интервју на ТВ „Слободен печат“, говореше за значењето на Старото училиште во Љубојно и негово прераснување во Центар за промоција на македонскиот јазик. Таа рече дека овој објект не само што е важен поради тоа што претставува едно училиште каде што се образувало голем дел од населението, туку таму се школувале дури и некои од денешните лекари, наставници кои живеат не само во тој ...

Денеска, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев го посети Одделот за криминалистичка полиција каде што оствари средба со раководството на оваа организациска единица, со цел да се сумираат резултатите од изминатиот период. Бојмацалиев беше брифиран за работата на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Секторот за општ и насилен криминал во рамки на овој Оддел. Секторот за недозволена ...

НУ Камерен оркестар на Битола својот прв концерт оваа година како национална установа, со наслов „Барокна фантазија“, ќе го одржи вечер (26 март) во 20:00 часот во КИЦ Офицерски дом во Битола. Музичките уметници Симон Поповски (виолина), Ангела Димковска (флејта) и Дејан Цветковски (виолончело), кои се и првите вработени во Оркестарот, ќе го збогатат концертот со својата соло изведба, а како гостин на концертот ќе настапи сопранистката Биљана ...

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи го посети ЈП „Стрежево“ во Битола. Ме радува што имав можност да видам едно одговорно менаџирање, пример за тоа како треба да се управува со државна компанија. Покрај тоа што веќе претпријатието ја користи водата како обновлив извор на енергија со пет мали хидроцентрали, одлучува да направи дополнителен чекор кон ...

Под слоганот „Приказна се чита“, од 18 до 24 април во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи годинашното издание на Саемот на книгата. – Слоганот „Приказна се чита“ прави поврзаност меѓу опцијата за објавување „стори“ (eng. story = приказна) на социјалните мрежи со приказните кои ги бараме во литературата и кои се раскажани во нашите омилени книги. На тој начин, Саемот се обидува да испише една нова страница во постоењето, ...

-Со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти, изјави министерот Тошковски. Имено, пред две недели го укинавме претходно воспоставеното решение за достава на лични карти според кое полициски службеници ги доставуваа личните карти на домашна адреса на граѓаните и воведовме нов механизам за достава така што граѓаните можат во било кое време да ја подигнат својата лична карта ...

На овие претседателски избори кои ќе се одржат на 24-ти април, гласачкото ливче за првпат ќе биде најдолго со седум кандидати кои влегуваат во трката за нов шеф на државата. Вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори. Актуелниот претседател и кандидат на СДСМ и коалицијата на претстојните претседателски избори Стево Пендаровски ќе биде прв на листата за претседателските избори што се закажани на 24 април. Втора е Гордана ...

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска потпиша заедничка Декларација со Лекарската комора за поддршка на вакцинацијата, со цел зајакнување на институционалната поддршка на процесот на вакцинација и континуирано спроведување заеднички активностите за нејзина промоција. Во своето излагање, тој истакна дека сме сведоци на објавување лажни вести и дезинформации во секој сегмент од општеството, но дезинформациите кога е во прашање ...

Македонските автори Билјана С. Црвенковска, Стефан Марковски, Санде Стојчевски и Марина Мијаковска учествуваат во првото одбележување на Денот на европските автори (25 Март) што годинава ќе се одржи во 40 земји кои се дел од програмата „Креативна Европа“. Денот на европските автори го организира најголемата европска писателска федерација, „Европски писателски совет“, а во рамките на одбележувањето ќе има литературни читања, предавања и книжевни ...

Денеска на Денот за подигање на свеста за церебралната парализа градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈУМЦСР Изеир Мемеди ја посети работилницата во Центарот за деца со церебрална парализа отворен во ООУ „Киро Глигоров“ на која покрај децата со церебрална парализа се приклучија и второодделенците од училиштето и децата од Центарот со Даунов синдром. „Општина Центар ја негува инклузивноста, а доказ за тоа е ...

Претседателот на Владата Талат Џафери, се сретна со Н.Е. Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Република во земјава. На состанокот се истакна големото и искрено пријателство помеѓу Северна Македонија и Италија создадено во 30-те години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу државите. Денес, двете земји, констатираа соговорниците, имаат високо развиени билатерални односи и се доверливи партнери во НАТО Алијансата. ...

По кусо боледување почина Мирко Попов, еден од најпознатите македонски музички автори и продуценти на електронска музика. Истовремено, Попов беше еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, текстописeц и издавач, еден од основачите на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“, како и иницијатор и уредник на неговиот музички проект, платформата „Силата ЕУ младите“. Сочувство кон семејството на Мирко Попов и сите негови колеги и пријатели, упати ...

МВР Билтен

15 минути - МИА
weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
49%
1011
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
45%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
40%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
32%
1011
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.02
46%
1011
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
76%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
45%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
43%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
48%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
54%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
51%
1013
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62