Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Ппремени сме со реагенси и луѓето може да се тестираат паралелно и за грип и за Ковид-19, потенцираше попладнево во изјава за медиуми, доктор Драган Кочински, епидемиолог, раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје и нагласи дека е рано да се каже каква ќе биде состојбата со заболени од грип оваа сезона. -Се уште е рано да кажуваме како ќе се движи сезоната бидејќи ова е сепак почеток, четврта недела откако го ...
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто во споредба со вчерашната одлуката. Новата малопраодажна цена на ...
Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е Филип Николовски, сопственик на култната кафеана „Уранија“ во Скопје и експерт со долгогодишно искуство во финансиите и инвестициското банкарство, човек кој имал можност да ги види разликите во работењето на јавниот и приватниот сектор. Тема на дискусијата во поткастот се состојбите во банкарскиот систем и реформите во пензискиот систем. Професионалната кариера ...
Рускиот нафтен гигант „Лукоил ПЈСК“, кој е под санкции на САД, соопшти дека ја прифати понудата од енергетска компанија „Гунвор Груп“ за купување на неговата меѓународна единица „Лукоил Интернешнл ГмбХ“. Според „Лукоил“, склучувањето на обврзувачки договор за трансакција со „Гунвор“ е предмет на исполнување на одредени услови, вклучувајќи го и добивањето на одобрение од американската влада, како и други релевантни лиценци, дозволи и ...
Традиционални медиуми, како ТВ станици, весници и радио станици се уште се најмногу користени за секојдневно следење содржини за општествено-политички актуелни настани – две третини од граѓаните на ЕУ (66%), иако и другите дигитални извори, како социјални медиуми, видео или платформи за стриминг, блогови, онлајн портали за вести се изеденачуваат и рекле дека ги користат 59 проценти од испитаниците, покажува Евробарометарот 2025 за користењето ...
Почитувани, во нашата програма предвивуваме низа на реални и остварливи проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во нашата општина. Старото јавно осветлување го заменуваме со ново СМАРТ економично јавно осветлување, со цел да добиеме модерен систем за јавно осветлување што ќе креира заштеда на средства. На почетокот овој проект ќе се имплементира во јавните паркови, дворовите на сите детски градинки и основни училишта низ ...
Лекарите во Универзитетската болница во Магдебург, источна Германија, успеале да одржат во живот предвреме родено женско бебе – со тежина од само 300 грама, доволно долго, за тоа да почне да се развива, објави „Билд“. – Детето беше на вентилатор седум недели пред да може да дише самостојно. Третманот бараше исклучително прецизен и внимателен пристап. Семејството остана в болницата долго време за да ја изгради и одржи врската со детето, а ...
Пакистан се согласи да го продолжи дијалогот со авганистанските Талибанци во Истанбул по барање на Талибанците и Турција, соопштија денеска пакистански безбедносни извори. Извори за Синхуа рекле дека пакистанската делегација, која требало да замине, сега ќе остане во Истанбул за да ги продолжи разговорите. – Одлучено е да се продолжи процесот на преговори со цел да му се даде уште една шанса на мирот, рекол еден од изворите. Изворите додадоа ...
Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред се на проиширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“. Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, а белградскиот 518 илјади. На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24 илјади патници, објави ...
Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Конче, Благој Илиев, ја побара подршката од граѓаните и порача дека општината има потенцијал да стане пример за развој и домаќинско управување. „Јас нема да ветувам лажни работи, ветувам акција, работа и резултати. Ќе реконструираме патишта, ќе ги уредиме централните делови на сите населени места, ќе ги реконструираме водоводите и ќе овозможиме бесплатни комунални давачки за вода, одвод и смет. ...
Во тек е дистрибуцијата на гласачките ливчиња низ државава за претстојните Локални избори 2025, потврдија за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола изутрината започна дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025. Од ДИК велат дека дистибуцијата на избирачкиот материјал се одвива без никакви проблеми. В недела ќе се бираат градоначалници во 32 ...
Откако вицепремиерот и еден од лидерите на Коалицијата ВРЕДИ Изет Меџити вчера на телевизиско гостување рече дека претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците дел од Националната алијанса за интеграција, Зијадин Села може да биде дел од Владата и оти комуницираат, тој со објава на својот Фејсбук го негира сето тоа. -Политичката сцена е толку измешана, рече Изет, и тој не знае со кого комуницирал… Лагата е измешана, Изет, ...
Без разлика дали се служи со крекери или препечен леб, хумусот со тиква ќе воодушеви со својот кремаст есенски вкус. Состојки: Подготовка: Исечете ја излупената и исчистена тиква на коцки. Ставете ги во плех за печење и печете во рерна загреана на 180 °C околу 30 минути, додека не омекне. Печената тиква оставете ја да се олади.Ставете го исцедениот наут, печената тиква, сувата пиперка, сокот од лимон, толчениот лук, солта и црниот пипер во ...
И покрај 28-дневното затворање на американската федерална влада, буџетскиот тим на американскиот претседател Доналд Трамп користеше пари од три различни сметки за да обезбеди исплата на американските војници во петок, објавија американските медиуми. Претходно неделава не беше јасно дали Канцеларијата за управување и буџет (OMB) на Белата куќа ќе може да најде до утре околу 5,3 милијарди долари за плати на војската, но двајца неименувани ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, по која ќе следат мировни митинзи низ целата земја, и посочи дека смета дека таа е неопходна во светлината на воинствената политика на Европската Унија во поддршката на Украина во нејзиниот конфликт со Русија. „Опасноста од ширење на војната е поголема сега од кога било. Европејците сакаат да започнат војна. И ние сме Европејци, но не сакаме да се бориме. Унгарците нема ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека Кина и САД треба да работат заедно за да постигнат „поголеми и поконкретни работи“ во корист на двете земји и на целиот свет. Си ова го изјави за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, по слетувањето во Бусан на 32-от економски самит на лидери на АПЕК во Гјонгџу и државната посета на Јужна Кореја. Си истакна дека Трамп е многу ентузијастичен за решавање на разни ...
Уште пет апсења се извршени во врска со дрскиот грабеж на вреден накит во музејот Лувр во Париз, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко за радиодифузерот РТЛ, со што вкупниот број на приведени осомничени се зголеми на седум, пренесе ДПА. Осомничените се приведени од регионот на француската престолнина, неколку дена откако две лица беа приведени во текот на викендот во врска со спектакуларната кражба што беше изведена на 19 октомври. ...
Со свечен прием во резиденцијата на турската Амбасада во Скопјe синоќа беше одбележана 102-годишнината од основањето на Република Турција. На настанот присуствуваа високи престваници на политичкиот и општетсвениот живот во Северна Македонија, меѓу кои претседателот на Собранието, Африм Гаши, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ...
Поради недоволен цензус на првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се спроведе нова изборна постапка за избор на градоначалници. Гласањето, согласно Изборниот Законик, нема да се одржи во недела, туку во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во првиот круг не беше постигната ...
Прашан во вечерашното гостување во ТВ 21 дали имало некакви разговори во таа насока, тој одговори: „Комуницираме. Политичката сцена стана толку измешана, се случија многу турбуленции и мислам дека сè уште ќе има турбуленции“ Изет Меџити, еден од лидерите на ВЛЕН и нов градоначалник на општина Чаир вели дека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ ќе биде распуштена по локалните избори и оти ќе има структурни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави моментален почеток на нови тестови за нуклеарно оружје, наведувајќи ги програмите за тестирање во други земји во објава на неговата платформа „Truth Social“. „Поради тестирањето на програмите во други земји, му наложив на Министерството за војна да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа“, напиша Трамп денеска. „Тој процес ќе започне веднаш“. Тој не прецизираше кое ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ѝ дал одобрение на Јужна Кореја за изградба на подморница на нуклеарен погон, драматичен потег со кој Сеул ќе се приклучи на мал клуб земји што имаат вакви бродови. Подморницата ќе се гради во бродоградилиште во Филаделфија, каде што јужнокорејските компании ги зголемија инвестициите, напиша Трамп на социјалните медиуми. Американскиот претседател, кој се сретна со јужнокорејскиот ...
Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %. Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842 142 toe, што претставува ...
Утрото денеска ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 4, а максималните ќе достигнат од 16 до 21 степен. Во Скопје, утрото ќе биде постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. ...
Корисниците на неколку улици во општина Карпош денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09:00 часот, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“. Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. „Софиска“ 7 и ќе трае до завршување со работните активности. Од вчера ...
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според ...
Двајцата мажи уапсени во врска со грабежот во Лувр пред две недели делумно признале вмешаност во кражбата на францусиот кралски накити, соопштија француските обвинители. Осомничените, двајцата во триесеттите години, се сомничат дека се дел од групата која со електрични алати провалила во Галеријата Аполон и украде накит вреден околу 88 милиони евра. Париската обвинителка Лор Бекио изјави дека накитот сè уште не е пронајден и дека групата ...
Состојки 2,5 кг. црвени везени пиперки (може и понекоја лута),8 кг. црвени домати,1 китка магданос,1 глава лук,малку масло и сол по вкус. Подготовка 1. Во подлабока тава или тенџере на малку зејтин кратко се пропржуваат претходно измиените и исчистени пиперки од семето и се тргаат на страна. 2. На страна црвените домати се лупат, се сечкаат и во подлабоко тенџере се ставаат се додава сол по вкус и се варат додека не станат како сос некои 20 ...
Велика Британија е подготвена да и пружи хуманитарна поддршка на Јамајка откако земјата беше погодена од ураганот Мелиса, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер, додавајќи дека сцените од разурнатата земја се „навистина шокантни“. Тој посочи дека воениот брод „ХМС Трент“ и специјализирани тимови за брзо распоредување претходно биле позиционирани во регионот за да обезбедат поддршка. Југозападниот дел на Јамајка вќера беше погоден од ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД се во постојан контакт со Јамајка, Хаити, Доминиканската Република и Бахамите, кои се соочуваат со разорните последици од ураганот Мелиса. „Нашите спасувачки и итни служби се упатени кон погодените подрачја заедно со клучни залихи за спасување животи“, објави Рубио на платформата Икс (поранешен Твитер). Тој додаде дека мислите и молитвите на американскиот народ се со граѓаните на ...