Македонската индустрија покажува сериозна нестабилност во текот на целата година. Во септември, според последните статистички податоци, остварила раст од само 1,4 отсто, но во изминатите месеци имаше и бројки што беа во длабок минус. Состојбата е иста и во преработувачката индустрија, која учествува со 80 отсто во вкупното индустриско производство. Носител на падот во индустријата во земјава во септември беше металната индустрија. ...

Да можеа да зборуваат американскиот долар и златото веројатно веќе ќе беа во кавга околу економските политики на Доналд Трамп во првата година од неговиот втор мандат како претседател на САД. Тие се главна причина што во изминатиов период скапоцениот метал сјае како никогаш досега, а главната светска валута ја губи вредноста. Годината што измина беше полна со нестабилност пред сѐ поради обидот на Трамп да ги реструктурира глобалните ...

„Енвидија“ (Nvidia) денес е синоним за технолошка сила во сферата на графичките процесори (GPU) и вештачката интелигенција (ВИ), но нејзиниот почеток беше турбулентен и релативно скромен. Три инженери ја основаа компанијата во 1993 година во ресторан за брза храна во Калифорнија – Џенсен Хуанг, по потекло од Тајван, кој веќе работел како директор во компанија за производство на чипови, и американските инженери Крис Малачовски и Кертис Прajм. ...

ЛВМХ (LVMH) ќе отвори неколку големи продавници во Кина во декември и разгледува понатамошна експанзија, велат извори запознаени со плановите, додека брендовите од високата мода гледаат први знаци на закрепнување на продажбата во втората по големина економија во светот. Според изворите, четири бренда на ЛВМХ – „Луј Витон“ (Louis Vuitton), „Диор“ (Dior), „Тифани“ (Tiffany) и „Лоро Пјана“ (Loro Piana) – треба да отворат повеќекатни продавници ...

Ворен Бафет, милијардерот кој претвори стара текстилна фабрика во конгломерат вреден над билион долари, соопшти дека ќе престане да пишува годишни писма и да присуствува на состаноците на својата компанија, „Беркшир Хатавеј“ (Berkshire Hathaway), поради заминувањето во пензија. Бафет, кој во моментов има 95 години, ќе ја напушти својата позиција на извршен директор на крајот од годинава, а за негов наследник е именуван долгогодишниот заменик, ...

„Софтбанк“ (SoftBank Group Corp.) ги продаде сите акции што ги поседуваше во „Енвидија“ (Nvidia), инкасирајќи 5,8 милијарди долари пред новиот бран планирани вложувања на основачот Масајоши Сон, насочени кон создавање сопствена мрежа на компании што ќе го поддржуваат развојот на вештачката интелигенција. Компанијата со седиште во Токио ја зголеми својата инвестиција во „Енвидија“ на околу 3 милијарди долари до крајот на март. Таа ...

САД ги повикаа сојузниците на НАТО да престанат да купуваат руска енергија за да помогнат во завршувањето на војната во Украина, зголемувајќи го притисокот врз земјите членки како што е Турција, дури и додека тие сепак ги намалуваат своите купувања. Пораката ја упатија американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио на состанокот со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан што се одржа вчера, соопшти Стејт ...

САД ги повикаа сојузниците на НАТО да престанат да купуваат руска енергија за да помогнат во завршувањето на војната во Украина, зголемувајќи го притисокот врз земјите-членки како што е Турција, дури и додека тие сепак ги намалуваат своите купувања. Пораката ја упатија американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио на состанокот со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан што се одржа вчера, соопшти Стејт ...

Швајцарија е блиску додоговор за царина од 15 отсто на својот извоз во САД, што претставува големо олеснување за земјата по воведувањето на казнена давачка од 39 отсто во август, велат лица запознаени со преговорите. Според нив, договорот може да биде финализиран во следните две недели, но предупредуваат дека ништо сè уште не е договорено и разговорите може да пропаднат, како што се случи при претходните преговори меѓу американските и ...

По повеќе од еден месец неизвесност предизвикана од затворањето на американската влада, инвеститорите и аналитичарите сè повеќе се прашуваат што ќе се случи следно. Многу податоци останаа недостапни во овој период. Што ќе се случи кога податоците повторно ќе почнат да пристигнуваат? Како ќе реагираат пазарите и што значи тоа за монетарната политика? Засега е јасно само дека крајот на затворањето е ќе биде почеток за аналитичарите. Добро ...

Подемот на вештачката интелигенција ја катапултира американската „Енвидија“, како и многу други компании, во вселената. Меѓу нив дефинитивно можеме да го вброиме производителот на чипови „Адвансд микро дивајсис“ - АМД (Advanced Micro Devices - AMD). Компанијата, која во минатото беше на работ на банкрот и секогаш беше на второ место, сега зема голем дел од колачот со вештачка интелигенција. Како успеа да направи толку голем пресврт? Кога ...

По повеќе од еден месец неизвесност предизвикана од блокирањето на американската влада, инвеститорите и аналитичарите сè повеќе се прашуваат што ќе се случи кога конечно ќе заврши затворањето и пазарот одеднаш ќе биде погоден од бран на одложени макроекономски податоци. Парализата на клучните федерални агенции создаде информациски вакуум, принудувајќи ги учесниците на пазарот и креаторите на монетарната политика да се потпираат на приватни и ...

Јавно-приватните партнерства (ЈПП) се модел што во светот одамна се користи за реализација на големи инфраструктурни проекти и други инвестиции во функција на забрзан економски раст, но, за жал, во Македонија сѐ уште се ретки успешните примери за ваков начин на соработка меѓу државните институции и приватниот сектор. Главна причина за тоа е недостигот од капацитет на државните институции на централно и локално ниво, како и дупките во ...

Европските енергетски компании остварија многу подобри резултати од очекуваните во третиот квартал, бидејќи посилните рафинериски маржи го надоместија ефектот од пониските цени на нафтата, иако изгледите за 2026 година остануваат неизвесни. Според податоците на „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence), индексот MSCI Europe Energy забележа раст на заработката по акција од 2,7 отсто, наспроти очекуваниот пад од 6,8 отсто. Компаниите од ...

Тајванската компанија за полупроводници (ТСМЦ) пријави забавување на растот на месечните приходи, што го отвори прашањето за одржливоста на бумот на вештачката интелигенција, иако индустриските гиганти како „Енвидија“ (Nvidia) продолжуваат со зголемени нарачки на чипови. Компанијата забележа раст на продажбата од 16,9 отсто во октомври, што е најбавното темпо од февруари 2024 година. Аналитичарите во просек очекуваат зголемување од 16 отсто ...

Генералниот директор на „Би-Би-Си“ (British Broadcasting Corp.) Тим Дејви поднесе оставка од британскиот јавен сервис по обвинувањата дека медиумот ги довел гледачите во заблуда со изменета верзија на говор на претседателот Доналд Трамп во документарната емисија „Панорама“ минатата година. Програмата, емитувана во октомври 2024 година, споила делови од говор што Трамп го одржа во Вашингтон на 6 јануари 2021 година, денот на нередите по ...

Сенатот на САД направи голем чекор кон повторно отворање на владата, откако група умерени демократи се одвоија од своите партиски лидери и гласаа за поддршка на договорот за ставање крај на рекордно долгата блокада. Сенатот во неделата вечерта со 60 гласа „за“ и 40 „против“ ја одобри процедуралната мерка за унапредување на предлог-законот. Седницата беше одложена до понеделник, а терминот за конечно гласање сè уште не е закажан. Мерката ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп се согласил да ја поддржи економијата на неговата земја доколку таа се соочи со шпекулативен напад, иако не понуди никакви детали за договорот. „Потпишав договор со американскиот претседател за финансиски штит“, им рече Орбан на новинарите на враќање од состанокот со Трамп во Белата куќа. Освен што договорот ќе помогне да се заштити унгарската економија од ...

Македонија доби околу 2,5 милиони евра од Планот за раст за постигнати резултати во намалување на неформалната економија, соопшти неодамна Министерството за економија. Во соопштението беше наведено дека земјава ги надминала поставените цели за зголемување на бројот на инспекции. Во периодот од јули 2024 до јуни 2025 година Државниот инспекторат за труд спровел 16.464 инспекции и открил 543 нерегистрирани работници, што е зголемување од над ...

Билион долари за еден човек. Поголем дел од светската јавност веројатно сѐ уште се обидува да ја „свари“ веста за одлуката на акционерите на „Тесла“ да му одобрат толкав надомест на извршниот директор Илон Маск со оглед на тоа што станува збор за сума која е поголема од бруто домашниот производ на повеќето земји на планетата. При тоа, некако во втор план падна информацијата дека тој нема да добие ништо доколку не постигне серија пресвртници ...

И покрај многуте очекувања, берзата минатата недела не се урна. Но на Волстрит се појавија пукнатини бидејќи надуените процени и обновените сомнежи за реалниот потенцијал за профит на вештачката интелигенција (ВИ) ги турнаа американските технолошки акции во нивната најлоша недела од април. Технолошките гиганти „Палантир“ (Palantir) и „Оракл“ (Oracle) беа најголемите губитници, со неделен пад од 13,1 и 9,1 отсто, соодветно. Акциите на ...

Кога еден човек ја слушнал Олександра Ивањук како разговара на украински со својата пријателка во преполн трамвај во Варшава, тој започнал тирада од вербални навреди. Ќелав и облечен во воена униформа, тој ги расфрлал своите навреди на полски пред целиот вагон, не успевајќи да воспостави контакт со очите со двете жени. „Сите можеа да го чујат, но она што најмногу ме изненади беше тоа што никој не реагираше“, се присети 39-годишната Ивањук, ...

Адам Гиденс претходно се потпираше главно на платформите за пребарување акции и шпекулациите на социјалните медиуми за да пронајде акции за купување. Но, во последно време вниманието му го провлече поинаков тип инфлуенсер: Доналд Трамп. Како што администрацијата на Трамп сè повеќе скршнува од досегашната практика и презема сопственички удели во јавни компании во име на Соединетите Американски Држави, трговците како Гиденс се обидуваат да ...

Кинескиот гигант за е-трговија „Шејн груп“ (Shein Group) продолжува да работи во Франција, но под строг владин надзор. Со цел да избегне казни, компанијата им забрани на трети страни пристап до својата платформа како одговор на судската забрана за продажба на контроверзни секс кукли кои наликуваат на деца (childlike sex dolls) и оружје. Компанијата избегна суспензија во земјата со тоа што ја запре продажбата преку својата платформа за ...

Само една година откако нејзините акции дебитираа на Nasdaq, „Небиус“ (Nebius) скокна за повеќе од 500 проценти, а со партнерство вредно 17,4 милијарди долари со „Мајкрософт“ (Microsoft), стана играч што ги тера гигантите како АВС (AWS) и „Гугл клауд“ (Google Cloud) да се замислат. Со оглед на сè што гледаме на пазарот, големи облози и во исто време краткорочни продавачи кои го гледаат крајот на силниот моментум, клучното прашање е, дали ова ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп се согласил да ја поддржи економијата на неговата земја доколку таа се соочи со шпекулативен напад, иако не понуди никакви детали за договорот. „Потпишав договор со американскиот претседател за финансиски штит“, им рече Орбан на новинарите на враќање од состанокот со Трамп во Белата куќа, според видео на провладината интернет-страница „Мандинер“ (Mandiner). ...

Во средата се наврши точно една година откако американскиот претседател Доналд Трамп го освои својот втор мандат како претседател, со што започна период на невидена непредвидливост, хаос и немири без преседан, што се чувствуваа на глобалните пазари, во главните градови и на сојузниците и на непријателите на САД, како и во самиот центар на циркусот - Белата куќа. Тоа што можеби се чини како да трае со години, официјално започна на 20 јануари ...

Торнадо ја погоди јужната бразилска држава Парана, при што загинаа најмалку шест лица, повредени се повеќе од 400 и беше предизвикана значителна материјална штета, соопшти владата на државата Парана. Фотографиите што ги сподели Агенцијата за цивилна заштита на Парана покажуваат уништени домови, автомобили и патишта во општината Рио Бонито до Игуасу откако торнадо од типот Ф2 го погоди вчера регионот, при што се проценува дека 50 проценти од ...

Луѓето во Тајланд кои сакаат да ја изгаснат својата жед со попладневен пијалак од денеска ризикуваат високи казни поради изменетиот закон за контрола на алкохолот, кој го зајакнува спроведувањето и значително ги заострува ограничувањата околу маркетингот и рекламирањето. Продажбата на алкохол во Тајланд е забранета во повеќето малопродажни објекти и супермаркети помеѓу 14:00 и 17:00 часот уште од 1972 година, но промените во Законот за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту еден американски функционер нема да присуствува на самитот на Групата 20 (Г-20) овој месец во Јужна Африка, што претставува најнова ескалација во расправијата што избувна поради неговите тврдења дека земјата ги малтретира Африканците од белата раса. „Тој е тотален срам што Г-20 ќе се одржи во Јужна Африка“, напиша Трамп на социјалните мрежи, тврдејќи дека Африканците „се убиваат и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
49%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
72%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.0
61%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
91%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
1.34
48%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
59%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1009
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
60%
1017
Currency

61.635

Currency

52.69

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Калај

50.03

Сребро

2840.84

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Бакар

12.06

Паладиум

48883.97

Кобалт

45.39