Брент нафтата ја затвори неделата на над 112 долари за барел. Ова е за четири долари над најлошото сценарио на економистите на „Блумберг“. Според нив, 108 долари за барел е границата која може да ја измести од контрола одвај заузданата инфлација на глобално ниво. Европската централна банка неделава ги задржа каматните стапки на исто ниво, шести пат по ред. Но веќе има сценарија за зголемување на каматите уште на следниот состанок во април, ...
По нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари пазарите реагираа со зголемување на цената, достигнувајќи речиси 120 долари на 9 март. Не падна под 100 долари од средината на месецот, додека најновите конфликти, вклучувајќи ги и нападите врз енергетските капацитети во регионот, ја кренаа цената на повеќе од 108 долари. Клучен фактор за понатамошен раст е Ормутскиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светските залихи на нафта. ...
Глобалниот енергетски пазар влегува во турбуленции. Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ се подготвува за можен скок на нафтата до 175 долари по барел. Главниот извршен директор Скот Кирби ги предупредил вработените. Компанијата веќе разработува сценарија во кои цените нема да се вратат под 100 долари до крајот на следната година. „Цените на авионското гориво се зголемија повеќе од двојно во последните три недели“, напишл Кирби во ...

