Цената на среброто се искачи над 90 долари за унца по прв пат, додека златото се приближи до рекордни височини, поради серијата напади врз Федералните резерви (Фед), очекувањето за понатамошни намалувања на каматните стапки во САД и напнатата геополитичка ситуација. Цената на среброто скокна за дури 5,3 отсто и достигна 91,55 долари за унца, додека златото беше на само 10 долари од нов рекорд. Иако инфлацијата во САД во декември не беше ...

Производителот на оклопни возила и муниција, Чешкословачката групација - „ЦСГ“, соопшти дека планира излегување на берза во Амстердам, што би можело да стане најголемата почетна јавна понуда во одбранбената индустрија досега. Одбранбената компанија со седиште во Прага планира да продаде новоиздадени акции во вредност од 750 милиони евра (874 милиони долари), додека еден од акционерите ќе продаде засега неопределен износ од постојните акции, ...

Високопозиционирани дипломати од Гренланд и Данска се подготвуваат за тестот на животот, додека работат на убедување на администрацијата на Трамп да се повлече од своите барања за арктичката територија, што инаку претставува закана за распад на одбранбениот сојуз НАТО. Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и неговата колешка од Нук, Вивијан Мотцфелд, ќе се соочат со потпретседателот на САД Џ.Д. Венс и државниот секретар ...

Џером Пауел беше јасен: нема кошници со пчели, ниту уредени градини на покривите. Нема нови фонтани или скап мермер. Нема посебни лифтови или ВИП трпезарии. Тоа им го кажа претседателот на Фед на конгресмените минатиот јуни. Пауел, за време на сослушување за монетарната политика, беше притиснат од двајца републикански сенатори поради пречекорувањата на трошоците поврзани со тековната реконструкција на две историски згради, меѓу кои и 88 ...

Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата еврообврзница, која е издадена во две транши од по 500 милиони евра со рок на достасување од 4 години и од 8 години. Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875 проценти за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750 проценти за траншата со рок на достасување од 8 години. „Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница ...

Ако се обложите дека луѓето нема да слетаат на Месечината следната година, веројатно ќе заработите повеќе пари отколку ако инвестирате во државни обврзници. И овој навидум бизарен заклучок не е направен на шега, туку со гледање на приносите што можат да се остварат од облозите на пазарите за предвидување. Платформи како „Полимаркет“ не тргуваат со акции или обврзници, туку со исходите од настаните. Луѓето се обложуваат едни против други за ...

Ако се обложите дека луѓето нема да слетаат на Месечината следната година, веројатно ќе заработите повеќе пари отколку ако инвестирате во државни обврзници. И овој навидум бизарен заклучок не е направен на шега, туку со гледање на приносите што можат да се остварат од облозите на пазарите за предвидување. Платформи како „Полимаркет“ не тргуваат со акции или обврзници, туку со исходите од настаните. Луѓето се обложуваат едни против други за ...

Грег Абел, новиот извршен директор на „Беркшир Хатавеј“, ќе заработува годишна плата од 25 милиони долари, што е неколкукратно повеќе од 100.000 долари колку што неговиот претходник Ворен Бафет примаше со децении. Промената доаѓа откако Бафет (95) се повлече од функцијата извршен директор на крајот на декември 2025 година и од јануари оперативната лидерска позиција на компанијата му ја предаде на Абел, задржувајќи ја својата улога како ...

Индустријата за спортски обувки е на работ на нов пресврт. Тоа е според новата анализа на Банка на Америка (BofA), која фрла сомнеж врз иднината на долготрајниот бум на патиките. Банката минатата недела го потресе светот на спортски обувки со анализа од 61 страница во која се покажа дека изгледите за раст на сегментот брзо се намалуваат. Погледот на берзата открива дека акциите на „Адидас“ сега се тргуваат по 167 евра од врвот од околу 316 ...

Нафтоводот Солун-Скопје беше пуштен во употреба на Нова Година, соопшти во понеделникот извршниот директор на „Хеленик Енерџи“, Андреас Шиамисис, говорејќи на настан на компанијата. Како што пренесува терминалот на „Блумберг“, тој додаде дека првиот товар е веќе испорачан, а вториот ќе следи во рок од неколку дена. Според него, работењето на нафтоводот го олеснува извозот не само во нашата земја, туку и на соседните пазари како што се Косово, ...

Колкава ќе биде цената што ќе треба да ја плати Македонија за новото задолжување преку еврообврзници односно колкав принос ќе имаат инвеститорите кои што ќе одлучат да вложат пари во овој инструмент е прашање кое заслужува внимание откако Министерството за финансии задолжи реномирани светски финансиски институции да организираат серија повици за инвеститори во понеделникот токму за да почне да реализира постапката за издавање на ...

Не забавува растот на цените на становите. Во последниот квартал од годината, според податоците на Народната банка, цените на недвижностите се зголемиле за 25 отсто на годишно ниво. Во однос на претходниот квартал растот изнесува 3,2 отсто. Минатата година беше рекордна кога станува збор за растот на цените на недвижностите. Стапките на раст беа најголеми во последните 25 години. Најскапите станови се продаваат во скопски Центар. Според ...

Ако здравјето е новата валута, луксузните брендови мора да освојат дел од тој пазар. Од милијардери кои сакаат да живеат вечно до фејслифтинг од 300.000 долари, ултрабогатите трошат повеќе од кога било на тоа што внесуваат во своето тело и како вежбаат - наместо да се фокусираат исклучиво на облека и додатоци. Таа потрошувачка им конкурира на класичните луксузни стоки како накит и ретки чанти „биркин“. Во исто време, тоа претставува огромно ...

„Блекрок“ (BlackRock Inc.) намалува стотици работни места ширум компанијата, со што стана најновата фирма на Волстрит која во последните недели го намалува бројот на вработени. Намалувањата се приближно 1 отсто од вкупниот број на вработени на „Блекрок“, според луѓе запознаени со ситуацијата, кои побарале да останат анонимни бидејќи станува збор за приватни информации. Намалувањата вклучуваат околу 250 вработени во целата компанија, ...

Златото денеска се стабилизира близу рекордно ниво бидејќи пазарите внимателно ги следат обновените напади на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врз Федералните резерви (Фед), кои предизвикаа загриженост за независноста на централната банка. Утрово златото се тргуваше по цена од околу 4.596 долари за унца откако во претходната сесија скокна за два отсто бидејќи претседателот на Фед, Џером Пауел, рече дека ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека светот ги гледа „последните денови“ на иранскиот режим, додека носителите на политики ја разгледуваат можноста за негов пад и далекусежните последици за геополитиката и енергетските пазари. „Кога еден режим може да се одржи на власт само преку насилство, тогаш тој фактички е завршен“, им изјави Мерц на новинарите во Индија, каде што престојува во дводневна посета. „Верувам дека сега сме сведоци ...

На европските акции трепкаат предупредувачки знаци дека растот поттикнат од оптимизмот за заработката и економијата ја губи силата. Индикаторот што покажува дека европските акции се прекупени трепка најсилно ако се земат предвид последните десет години. Спектакуларните надминувања на перформансите на индексот Stoxx Europe 600 од минатата година продолжија и во јануари, што нуди знаци дека пазарот можеби премногу брза. Прочитај повеќе ...

Извршниот директор на „УБС груп АГ“ (UBS Group AG), Серџо Ермоти, планира да се повлече од функцијата во април 2027 година, објави денеска „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата. Александар Ивановиќ, кој ја предводи единицата за управување со средства на швајцарската банка, се појавува како еден од извршните директори со најголеми шанси да го наследи Ермоти, велат изворите. Меѓу ...

Македонија преку Министерството за финансии ги задолжила Банката на Америка (BofA Securities), „Ерсте Груп“ (Erste Group), „ЏП Морган“ (J.P. Morgan) и „Стандард Чартерд Банка“ (Standard Chartered Bank) да организираат серија повици за инвеститори со фиксен приход во понеделникот (12 јануари 2026 година), а со цел да се обезбедат пари за ново задолжување на државата преку издавање обврзници. Според информацијата објавена на терминалот на ...

Кога Доналд Трамп вели дека Соединетите Американски Држави „мора да го имаат“ Гренланд, тоа звучи како уште една провокативна политичка порака. Но финансиските пазари ваквите изјави брзо ги пресметуваат како сигнал за можен развој на островот, а со тоа и на неговата економија. Се отвораат прашања што би се случило со Гренланд во иднина доколку САД го преземат и почнат да инвестираат во него. Токму од тука произлезе берзанската еуфорија што во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воведува царина од 25 отсто за стоки од земји што имаат економска соработка со Иран, зголемувајќи го притисокот врз владата во Техеран, која е потресена од масовни протести. Трамп во понеделникот објави на социјалните мрежи дека новата давачка ќе стапи во сила „веднаш“, без да даде детали за опфатот или начинот на спроведување на мерката. Потегот има потенцијал да ги наруши големите ...

Ескалираат нападите на администрацијата на Доналд Трамп врз Федереланите резреви. Претседателот на Фед, Џером Пауел, изјави дека на американската централна банка ѝ биле доставени судски покани од Министерството за правда со закана за кривични обвиненија. „Заканата од кривични обвиненија е последица на тоа што Федералните резерви ги одредуваат каматните стапки врз основа на нашата најдобра проценка за тоа што ќе и служи на јавноста, наместо да ...

Соочена со сѐ поголемиот проблем на своите граѓани, особено од помладата генерација, да дојдат до сопствен покрив над глава, Европската комисија (ЕК) пред крајот на 2025 година објави стратегиски документ што има цел да ги адресира структурните проблеми со домувањето и градежниот сектор во Европската Унија (ЕУ). Првата досега објавена стратегија против скапото домување е наречена „План за достапно домување“ (Affordable Housing Plan) и ...

Ќе растат цените на сите електронски уреди - од компјутерите, преку паметните телефони, па до домашните апарати и автономните автомобили. Ценовниот шок во текот на 2026 година ќе го диктираат недостигот од РАМ-меморија (од англиски: random acces memory) и неможноста на производителите да одговорат на побарувачката. Проблемот станува сѐ поалармантен затоа што производителите на чипови „Енвидија“ (Nvidia), „Адвенсд мајкро дивајсес“ (Advanced ...

Домувањето е сѐ поголем проблем и во Европската Унија. Според најновиот извештај на „Еврофонд“, проблемот особено ги погодува младите луѓе затоа што тие имаат пониски и понестабилни приходи. Според извештајот, во последните години предизвик не е само купувањето дом туку и изнајмувањето. Продажните цени во земјите од Унијата од 2010 година досега се зголемени за 55,4 отсто, а кириите за 26,7 отсто. Во вакви услови, во земјите што ги ...

Златото и среброто се искачија на рекордни нивоа откако Министерството за правда на САД се закани со кривично гонење против Фед, повторно отворајќи прашања за независноста на институцијата, додека протестите во Иран ја зголемија побарувачката за сигурни инвестиции. Жолтиот метал скокна кон 4.600 долари за унца, додека среброто се доближи до 85 долари, откако претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, изјави дека евентуалното ...

Бакарот се засили и одново се движи кон нов рекорд бидејќи основните метали ја започнаа неделата во биковска форма потпомогната од загриженоста за снабдувањето и послабиот долар. Референтните фјучерси пораснаа за 1,9 проценти, на 13.243,50 долари за тон во Лондон, а растот е широко распространет и ги подигна и алуминиумот и калајот на највисоко ниво од 2022 година. Од средината на ноември бакарот доби повеќе од 20 проценти поради облозите ...

Спорот за трансферот на технологии ја разниша холандската компанија за чипови и предизвика трка за опстанок. Обидот на Европа да ѝ се спротивстави на Кина и да ја задржи клучната технологија на свој терен се приближува до точка на вриење. Во спор за критична алка од глобалниот синџир на снабдување, производителот на чипови „Некспирија“ (Nexperia BV) беше изземен од сопственичката контрола на својот кинески сопственик, со одлука на холандски ...

Унгарија му одобри азил на поранешниот полски министер за правда Збигњев Зиобро, потег што веројатно ќе ги зголеми тензиите меѓу Варшава и Будимпешта. Полските пратеници во ноември му го одзедоа парламентарниот имунитет на Зиобро. Тој е обвинет за злоупотреба на јавни средства во време кога беше министер за правда во рамките на националистичката влада, чии лидери се сојузници на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Зиобро негираше какво било ...

Унгарија му одобри азил на поранешниот полски министер за правда Збигњев Зиобро, потег што веројатно ќе ги зголеми тензиите меѓу Варшава и Будимпешта. Полските пратеници во ноември му го одзедоа парламентарниот имунитет на Зиобро. Тој е обвинет за злоупотреба на јавни средства во време кога беше министер за правда во рамките на националистичката влада, чии лидери се сојузници на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Зиобро негираше какво било ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
38%
1012
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
64%
1010
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
33%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.37
48%
1012
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
85%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.13
40%
1015
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
5.14
44%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
45%
1009
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
39%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6918

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Цинк

3.35

Рутениум

51376.89

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Злато

166450.52

Родиум

319899.93