Администрацијата на САД предлага рекорден одбранбен буџет од 1,5 билиони долари, во момент кога трошоците од војната со Иран веќе достигнаа околу 25 милијарди долари. Ова е првата целосна јавна процена за цената на конфликтот, кој започна на 28 февруари. Со оглед дека војната продолжува, неизвесноста останува висока, што значи дополнителен притисок врз енергетските пазари, берзите и пошироката глобална економија. Добро утро, ви пишува ...

Националниот долг на САД го надмина обемот на американската економија, достигнувајќи ниво што не е забележано од периодот по Втората светска војна. Според новите податоци, долгот што го држи јавноста изнесува 31,27 билиони долари, додека номиналниот БДП е проценет на 31,22 билиони долари. Тоа значи дека јавниот долг достигнал 100,2 проценти од БДП. Овој раст предизвикува сериозна загриженост, бидејќи САД брзо се приближуваат до историскиот ...