Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) како нов официјален спонзор. Соработката меѓу Новоматик Македонија, во чија групација се светските брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, и ФФМ беше објавена на свечен настан на кој што присуствуваше генералниот директор на компанијата, Александар Симовиќ, менаџментот на компаниите во рамки на Новоматик Македонија групацијата, како и највисокото ...

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски заедно со Министерот за спорт Борко Ристовски, при денешната посета на локацијата каде што треба да биде изграден затворениот базен во Битола, најавија дека базенот наскоро ќе биде завршен. „Подготовките веќе се одвиваат на големо. Веќе од следната недела ќе се почне со интензивно продолжување на работата за завршување на базенот. Во договор со градоначалникот и општината, договоривме надзорот ...

– Со кратење на половина од месечниот приход во Парламентот, казнет е пратеникот од грчката радикално десничарска партија Победа, Николаос Пападопулос поради вандализмот во Националната галерија, соопшти собранискиот спикер Никитас Какламанос, јави дописничката на МИА од Атина. Пратеникот во понеделникот оштети четири уметнички дела на изложба поставена во Националната галерија , бидејќи смета дека е богохулење. Заедно со уште едно лице насилно ...

„Импресивно делува сето тоа бидејќи до крајот на месецот очекуваме нов 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, а тоа е Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар.“, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. „60 километри фронт решени имотно-правни односи, нешто што не можеше претходната влада во рок од две-три години да го помисли. Сега, за неколку месеци веќе е решено, и ...

Секоја одлука за финансирање на повторното вооружување на ЕУ, вклучително и поддршка за Украина, мора да се дискутира одвоено од плановите за зголемување на инвестициите во инфраструктурата, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек. „Инвестициите во одбранбените способности (на ЕУ) и поддршката за Украина се итно потребни, бидејќи времето притиска (. . . ) Фактот дека нашата инфраструктура е во лоша состојба е познат веќе ...

– Заменик-министерот за правда, Ален Деребан денеска во изјава за медиумите во Собрание истакна дека изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет значи дека тие немаат легитимитет да земат учество, а уште помалку да одлучуваат во рамки на Советот. -Изгласаната интерпелација значи дека тие немаат легитимитет да земат учество, а уште помалку да одлучуваат во рамки на Советот. Судскиот совет мора да ја разгледа оваа интерпелација. ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува морална одговорност од петте члена на Судскиот Совет, на кои вчера им беше изгласана недоверба од страна на Собранието. Мицкоски, како што денеска изјави, очекува тие да ги напуштат позициите, затоа што, како што рече, немаат кредибилитет да бидат на тие места. -Јас очекувам нивна морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, затоа што немаат никаков кредибилитет да бидат на тие ...

Хајделберг факултетот во Скопје им нуди уникатна можност на идните студенти – сите кои ќе се пријават пред официјалниот упис ќе имаат пристап до ексклузивни поволности! Официјалните уписи започнуваат во мај 2025 година, но студентите кои ќе ја искористат можноста за рано пријавување во април и мај ќе добијат значајни придобивки за полесен почеток на студиите. Овие поволности вклучуваат: – Намалени трошоци за упис; – Ексклузивен пристап до ...

Вчера беше откриена шокантна вест: на министерот за социјална политика, демографија и млади при Владата на Северна Македонија, Фатмир Лимани, му е одбиена визата за Соединетите Американски Држави, поради што е принуден да ја откаже официјалната посета на ОН, Њујорк. Ова е сериозен удар за имиџот на државата, срам за институциите и алармантен показател за меѓународната дискредитација на оваа власт. Наместо да даде јасни објаснувања и да преземе ...

Интегрален текст од прес-конференција Говорик: Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома. Со години Македонија ја трујат со отровен, канцероген мазут, и за тоа се платени стотици милиони евра од буџетот преку разни тендери. Шемата во којашто се вмешани врвни функционери на СДС, како Васко Ковачевски ...

Поради сомнителни набавки на деривати, бра приведени Ратко Капушевски и Асмир Јахоски по наредба на судија на претходна постапка. По направените разговори, Обвинителството за едниот обвинет побара притвор, додека за другиот домашен притвор. Пратеничката од редовите на Левица Јована Мојсоска, во објава на социјалните мрежи го постави прашањето зошто едно од барањата е преиначено иако станува збор за исти случај. „Капушевски оди во притвор, Пуцко ...

– ЕУ ќе реагира соодветно на евентуалното воведување реципрочни царини од страна на САД, кои би биле одговор на мерките што ги денеска ги презеде Унијата по стапувањето во сила на американските царини за увоз на челик и алуминиум, изјави портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил. – Многу јасно ставивме до знаење дека ние ќе реагираме ако САД ги остварат своите закани за воведување ...

Управата за јавни приходи денеска ги информираше вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат со земјоделска, со занаетчиска дејност и лицата кои вршат услуги или слободно занимање, кои остваруваат доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Закон за данок на личен доход, дека се наближува крајниот рок за поднесување на Годишен даночен биланс (образец „ДЛД-ДБ“) и ...

На 11 март 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во ...

– Овие луѓе кои правеле стотици милиони евра бизнис практично се богателе на грбот на граѓаните со тоа што користеле такви недозволиви средства би рекол согорувале таков тип на недозволиви материи со што го загрозувале животот на граѓаните, секој што се огрешил пред законот ќе одговара без разлика за кого станува збор, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го случајот со набавка на канцероген мазут. Премиерот при денешната ...

Градскиот суд во Тбилиси денеска го прогласи за виновен поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во случајот за проневера на државни средства и го осуди на девет години затвор, додавајќи три години на затворската казна што ја издржува во моментов. Саакашвили, кој беше претседател од 2004 до 2013 година, претходно беше осуден на шест години затвор поради злоупотреба на службената положба по враќањето во Грузија во 2021 година, објави ...

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе утврдува дали има судир на интереси во случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација. -Во текот на вчерашниот ден по објавите во медиумите, Антикорупциска комисија оформи предмет по сопствена иницијатива и ќе постапува да се утврди дали има судир на интереси, изјавија кусо од ДКСК за МИА. Опозициската СДСМ во понеделникот обвини за конфликт на интерес, непотизам и ...

Испораките на оружје од САД за Украина преку Полска се обновени, јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. По повеќе од осум часа разговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, Вашингтон вчера се согласи да ја обнови воената помош и размената на разузнавачки информации со Киев. „Го потврдувам тоа. Испораките на оружје преку Јашонка се вратија на ...

– Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски. – Тоа се многу средства за која било држава. Неколку земји може да стигнат до пет проценти. Ние сме над два процента од нашиот Буџет односно БДП. Она што е важно е да расте економијата бидејќи со самиот раст на ...

– Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари во рамки на проектот „Смарт Сити“, со цел да ја зголеми јавната безбедност и безбедноста на патиштата преку вештачка интелигенција и инсталирање на камери на патиштата, радари, камери кои полицајците ќе ги носат на нивното тело и сензори за бучава. Ова го изјави заменик министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, при презентацијата пред Комисијата за надворешна политика на ...

Како одговор на денешното стапување во сила на царините од 25 отсто за увозот на челик и алуминиум од Европската Унија во САД, Европската комисија воведе серија контрамерки за „заштита на европските бизниси, работници и потрошувачи од влијанието на овие неоправдани трговски ограничувања“. – Европската унија мора да дејствува за да ги заштити потрошувачите и бизнисот. Контрамерките што ги преземаме денес се силни, но пропорционални. Затоа што ...

Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето предавање вчера попладне пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку, за време на нејзината официјална посета на Република Азербејџан. Според претседателката, на 80-годишнината од создавањето на Обединетите Нации, светот се соочува со војната во Украина, закани од нестабилност и масовни ...

– Новоизбраните 28 јавни обвинители од 8-мата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители денеска дадоа свечена изјава пред Советот на јавни обвинители. Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, посочи дека по првиот оглас од оваа генерација не се пополнети местата во осум јавни обвинителства. – Ние ќе продолжиме со постапката. Во текот на денешниот ден ќе објавиме огласи за пополнување на овие јавно обвинителски места, ...

По повеќе децении лажни ветувања на надлежните, општина Бутел го исполни најголемото барање на граѓаните. Улицата е во должина од 500 метри и површина од 2500 метри квадратни. Ве известуваме дека денес (12 март 2025 год.) започна целосната реконструкција на улицата “Симче Настевски” во населба Радишани. По повеќе децении лажни ветувања на надлежните, општина Бутел го исполни најголемото барање на граѓаните. Улицата е во должина од 500 метри и ...

Членовите на Судскиот совет, кои ДУИ ги брани како свои љубимци, со изгласаната интерпелација против нив се само мрачно минато, оставени да се жалат на своите дела! Но, последиците од нивните постапки ги трпат Албанците! Ниту еден Албанец не е именуван во Кривичниот суд во Скопје! Тие исти за кои ДУИ плаче, ја држеа правдата во заложништво, именуваа партиски кадри и молчеа додека Албанците беа исклучувани под злокобниот принцип: „Со еден ...

Според најновите податоци, Македонија е втора во регионот по највисока инфлација од 4,9%, што значително ја надминува просечната инфлација во еврозоната (2,5%). Овој алармантен тренд покажува дека инфлацијата не е увезена, како што сакаат да се бранат владините претставници, туку е директен резултат на лошата структуираност на македонската економија, неолибералните политики и неспособноста на Владата да се справи со економската нестабилност и да ...

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 6. седница на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост. На дневен ред е оспорениот акт: Дел II „Општ дел“ точка 5 потточка 1 во делот „Вкупно резидентно населние“ го сочинуваат следните лица-единици на Попис“ и потточка 2 во делот „Вкупно нерезидентно население“ го сочинуваат следните лица-единици на Попис“ од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот ...

Дневниот центар во Шуто Оризари, кој веќе 19 години згрижува деца од улица, е пред затворање откако министерството предводено од Фатмир Лимани скандалозно им ја прекина финансиската помош! Овој дневен центар згрижува речиси 100 деца, кои таму го добиваат единствениот оброк во денот. Ваквиот скандалозен чекор на Лимани значи дека сите овие деца ќе се вратат на улица и ќе продолжат да питачат, затоа што власта единствено се грижи да ја укине ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека владата на земјата повикува на прекин на огнот и мировни преговори во Украина веќе три години, уште од избивањето на војната таму, и дека е „критикувана сите овие години“ поради ваквиот став. „По три години, прашањето за прекин на огнот и почеток на мировните преговори е конечно на маса“, рече Сијарто, додавајќи дека ако тоа се случеше порано, „стотици илјади луѓе ќе беа ...

Украинската и американската делегација на средбата во Саудиска Арабија разговараа за сите прашања поврзани со процесот на завршување на војната, изјави Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на украинскиот претседател, цитиран од украинските медиуми. Тој ја даде својата изјава за време на средбата со украинските новинари, која се одржа по преговорите со американските претставници во Џеда. -Тоа беше многу добар, суштински и значаен разговор. Вистински ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
50%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
4.63
44%
1016
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
32%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.9
24%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.81
26%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
36%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1016
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
28%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
5.66
44%
1015
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
34%
1014
Currency

61.525

Currency

53.6698

Currency

71.9019

Currency

34.4218

Currency

38.6408

Currency

65.2709

Currency

7.38335

Currency

0.67526

Currency

0.36442

Currency

0.52469

Currency

1.33664

Currency

0.61478

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61