– Членови на Северноатлантскиот совет, предводени од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и заменичката генерална секретарка Радмила Шекеринска, денеска ќе престојуваат во Косово во посета на меѓународната мисија предводена од Алијансата, КФОР. Како што соопшти НАТО, Руте, Шекеринска и постојаните амбасадори на земјите членки при Алијансата ќе имаа средби со командантот на КФОР, генерал-мајор Енрико Бардуани, како и со директорот на ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше во вчерашната дебата на емисијата „360 степени“ на МРТ1, каде што главна тема беа Нацрт-измените на Законот за медиуми. Тој потсети дека нацртот бил објавен на системот ЕНЕР, дека имало различни коментари и дека актуелната верзија е некаква средна вредност што произлегла од нив. „Овој закон како идеја потекна од два аспекти. Едниот е патоказот за владеење на правото и ...

ВМРО-ДПМНЕ најавува повеќе информации за тоа кој и како набавувал канцероген мазут, случај за кој вчера полицијата спроведе акција и вршеше претреси на повеќе локации. -Врвот на лицемерието кога СДС и Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, а поради бизнис и пари нивниот пратеник и бизнис ас Јахоски го труе народот со мазут. Денес нема да чуете од СДС загриженост поради загадениот воздух, но ќе видите како криминалците на Венко Филипче поради ...

Полското Министерство за внатрешни работи, заедно со Министерството за одбрана и владиниот безбедносен центар, до крајот на годината ќе изработи и ќе достави до секое семејство во земјата список со препораки за преживување во кризни ситуации. Водичот ќе содржи информации за преживување во услови на долгорочен недостаток на основни потреби, вклучително и електрична енергија, како и список на предмети што треба да се подготват за евентуална ...

Кина денеска соопшти дека се надева дека може да се најде „праведно и трајно решение“ за војната меѓу Украина и Русија, бидејќи високи претставници на САД и Украина треба да разговараат за конфликтот во Саудиска Арабија. -Се надеваме дека страните ќе можат да постигнат праведно и трајно решение што ќе биде прифатливо за сите, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг на прес-конференција во Пекинг. Како одговор ...

Полицијата вчера на експресниот пат Штип-Кочани уапсила едно лице откако со радар утврдила дека управувал со возилото со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. -На експресен пат Штип – Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип вчера го лишиле од слобода А.М.(26) од Скопје, со живеалиште во Кочани, информираат од МВР. Оттаму појаснуваат дека при ...

Во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола утре (12 март) ќе се одржи работилница за врсничко насилство наменета за родители. Организирана од „Макпетрол“, едукативната средба ќе почне во 18 часот. Таа е дел од „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. Работилницата ќе опфати повеќе аспекти на проблемот со врсничкото насилство кои што од стручна перспектива ќе ги обработи психологот Деспина ...

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор и подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека Меѓународниот Аеродром Скопје повторно се стекна со признание и награда за квалитетот на аеродромските услуги за 2024 година за Најпријатно аеродромско искуство во Европа. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор, објавува дека Меѓународниот Аеродром Скопје повторно се стекна со признание и награда за квалитетот на аеродромските услуги ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја продолжува работната посета на Чешката Република, каде што во Прага покрај учеството на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, ќе оствари билатерални средби со високи претставници на чешката Влада. Како што соопштија од Министерството за транспорт, покрај средбата со директорот на аеродромот во Прага на која се разговарaше за воспоставување на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера и денеска е во работна посета на Азербејџан на покана од азербејџанскиот министер за внатрешни работи Вилајат Ејвазов. Како што соопшти МВР, министерот Тошковски истакнал дека оваа средба е од големо значење за зајакнување на билатералната соработка во областа на безбедноста и размената на искуства во современите безбедносни предизвици. -Со министерот Ејвазов дискутиравме за форми на ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз ќе биде домаќин на началниците на Генералштабот на земјите кои се подготвени да преземат одговорност за Украина и зајакнување на европската безбедност. Меѓу учесниците има воени претставници од 30 земји од ЕУ и/или НАТО, меѓу кои Велика Британија и Турција. Средбата ќе се одржи во тесна координација со воената команда на НАТО. По денешниот состанок, во среда, францускиот министер за ...

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, планира посета на Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пишува Блумберг, повикувајќи се на извор запознаен со плановите. Неименуван извор изјавил дека Виткоф ќе замине во Москва на разговори со Путин, но не соопшти повеќе детали. Виткоф, кој официјално е пратеник на Трамп за Блискиот Исток, игра сè поголема улога во напорите ...

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека насилството во Србија никогаш нема да победи и ги повика студентите кои се во блокада да не користат насилство и да не се обидуваат да ги заземат институциите бидејќи токму тоа го сакаат сите оние кои не и посакуваат добро на Србија. Таа упати апел до студентите преку социјалната мрежа Х да се придржуваат до студентскиот едикт од Ниш што самите го донесоа и да обезбедат ...

Жителите на Гренланд, територија што е дел од Данска, но ужива автономија, денеска гласаат за нов парламент. Избирачките места ќе бидат отворени во 11 часот по Гринич и ќе бидат затворени во 22 часот. Излезни анкети нема да има, а официјалните резултати се очекуваат на 12 март. Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Гренланд, право на глас имаат околу 40.500 од 57.000 жители на островот. На последните општи избори во 2021 ...

Американските и украинските претставници ќе се сретнат оваа недела во Саудиска Арабија за да разговараат за времето и опсегот на првичниот прекин на огнот со Русија, а двете делегации ќе разговараат и за неколку точки на тензија кои допрва треба да се надминат, јави Блумберг. Планираните разговори во Џеда ќе следат, како што пренесува Блумберг, по денови на интензивен притисок од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врз ...

Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија со поддршка на ЕУ и Советот на Европа од денеска почнуваат кампања за подигање на јавната свест поврзана со трговија на работници и трудова експлоатација. Иницијативата за подигање на јавната свест „Можеби и ти си вовлечен во трудова експлоатација“ што ја спроведува Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија, е поддржана од проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна ...

Американскиот милијардер кој раководи со Министерството за ефикасност на владата во САД, Илон Маск, синоќа изјави дека социјалната мрежа „Х“, што ја поседува, е „урната поради голем кибер напад што потекнува од Украина“. Десетици илјади корисници синоќа објавија дека не можат да пристапат до платформата „X“. -Имаше голем кибер напад со цел да се урне системот „Х“, а IP адресите потекнуваат од територијата на Украина, изјави Маск за Фокс њуз. ...

Под влијание на длабок циклонски систем кој надоаѓа од Атлантикот, денес (вторник 11 март) во нашата Република Македонија ќе имаме зголемена облачност а ќе започне да дува и засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 75 км/час). Попладне од запад ќе се прошират локални врнежи од дожд кои ќе бидат најмногу застапени токму во западните предели. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на ...

Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас денеска и утре ќе ги посети општина Ресен и подрачјето на Преспанското Езеро, со цел да се презентираат видливите придобивки од помошта на ЕУ во секојдневниот живот на граѓаните. Како што најавија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, денеска амбасадорот Рокас ќе оствари средби со Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен, како и со Советот на општината. Утре, евроамбасадорот ќе направи обиколка ...

Фискалниот совет во соработка со Светска банка денеска во Скопје организира конференција за фискалното управување во Европската унија и улогата на Фискалниот совет. Конференцијата е финансирана од Фондот за доверба на Европската унија за зајакнување на фискалното управување во Западен Балкан. На конференцијата најавено е обраќање на министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, на раководителката на Одделот за економски прашања во ...

Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма. Според демонстрантите, блокадата ќе трае 22 часа. Во моментов околу просториите на Радио телевизија на Србија во Белград се наоѓаат голем број полицајци. Сите приоди до студиото на РТС и во Кошутњак се блокирани од полицијата, ...

Администрацијата на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска претстави нова апликација што ќе им овозможи на мигрантите во САД да се „самодепортираат“, наместо да се соочат со можен притвор и депортација. Оваа иницијатива е дел од заложбите на Трамп за депортација на илегалните имигранти. Апликацијата на Американската царинска и гранична заштита, наречена CBP Home, ќе им овозможи на луѓето да го пријават своето „намерно заминување“, ...

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување нови авиолинии, биле тема на разговорите меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел – Прага, на средбата што денеска се одржала во Прага. Како што соопштија од Министерството за транспорт, вицепремиерот Николоски потенцирал дека Владата е максимално посветена ...

Украинската армија денеска соопшти дека во изминатите два дена извршила напади врз нафтени рафинерии во две руски области. Генералштабот на украинската армија објави на Фејсбук дека цел на нападите биле рафинериите во Рјазанската и Самарската област. Според украинските воени власти, овие рафинерии обезбедувале гориво за руската армија. „Рафинеријата во Рјазанската област произведуваше во просек 840,000 тони висококвалитетно гориво за авионски ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Саудиска Арабија, соопшти претседателскиот советник Дмитро Митвин, пренесува Укринформ. Зеленски ќе се сретне со саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман, пред утрешната официјална средба меѓу делегациите на Украина и САД. Саудиската државна телевизија објави дека Зеленски слетал во пристанишниот град Џеда, на брегот на Црвеното Море, каде што утре ќе се одржи состанокот ...

Неофицијално уапсен е поранешниот директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски. Според информациите од ОЈО за организиран криминал и корупција, полицијата и натаму врши претрес. -Попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.. Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични ...

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најостро ги осуди политичките напади врз синдикатот и рече дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) подаде рака за преговори, но испрати и ултиматум до Владата, повикувајќи на итно ...

Израел активно ги охрабрува агенциите на ОН и меѓународните хуманитарни организации да ја преземат улогата на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA) во Појасот Газа, изјави израелскиот амбасадор во ОН во Женева, Даниел МеронОва доаѓа по одлуката на Израел во јануари годинава да ѝ забрани на УНРВА да спроведува активности на израелска територија. – Ние, Државата Израел, работиме на изнаоѓање замена за активностите на УНРВА во ...

Турскиот Парламент ќе биде главното место за разговори за процесот што започна со повикот на лидерот на ПКК (Курдска работничка партија) за разоружување, изјави денеска претседателот на Парламентот, Меџлис Нуман Куртулмуш, цитиран од турските медиуми. „Парламентот е институцијата во која се решаваат сите предизвици со кои се соочува Турција. Затоа, ова прашање ќе се реши преку единствен став на политичките партии во Парламентот“, истакна ...

Популарната социјална мрежа X (претходно Твитер) повторно се соочува со големи проблеми, трет пат во текот на денов, додека корисниците пријавуваат потешкотии со најавување и вчитување на платформата. Според „Downdetector“, повеќе од 40,000 корисници пријавиле проблеми за време на втората блокада, наведувајќи дека веб-страницата на Икс не можела воопшто да се вчита. Сега, извештаите за нови проблеми повторно се зголемуваат. Првиот пад на ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
2.06
23%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
36%
1014
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
1.03
41%
1012
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
21%
1014
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
7.54
15%
1011
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
40%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.14
27%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
33%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
26%
1014
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
6.17
17%
1010
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
8.23
39%
1012
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 32ᴼ
6.17
22%
1013
Currency

61.525

Currency

53.0265

Currency

71.9019

Currency

34.4218

Currency

38.6408

Currency

65.2709

Currency

7.38335

Currency

0.67526

Currency

0.36442

Currency

0.52469

Currency

1.33664

Currency

0.61478

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61