Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја отфрли можноста неговата влада да го укине ветото за финансиската помош од 90 милијарди евра (103 милијарди долари) за Киев, како и за нови рестрикции кон Москва. Оваа одлука ќе остане на сила сè додека не бидат обновени испораките на руска нафта преку Украина. “Никогаш нема да поддржам каква било одлука тука која е во корист на Украина,” изјави Орбан при пристигнувањето на средбата на лидерите на ...

Растот на даночните приходи во 2025 година и позитивниот тренд во 2026 година не се случајност, туку резултат на системски мерки, истакна раководството на Управата за јавни приходи (УЈП) на средбата со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Ник Гигинеишвили, во рамки на мисијата за членот 4. Како што информира УЈП, состанокот помина во транспарентна и конструктивна атмосфера, со аналитички преглед на факторите кои ...

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 12,6%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор. Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: ...

Цените на горивата на повеќето бензински пумпи во Македонија се намалија за околу 2 денари по литар, што веќе се одрази на ценовниците за бензинот и дизелот. Намалувањето следи по одлуката на најголемиот снабдувач со гориво во земјата да одобри попуст за трговците, со цел тие да го пренесат понискиот трошок и на крајните потрошувачи. Според информациите од пазарот, бензинските пумпи ја прифатиле оваа препорака и веќе точат гориво со пониска ...

Земјоделците предвидуваат пораст на вредностите на земјоделските производи, имајќи предвид дека значаен дел од суровините се набавуваат од Блискиот Исток. Ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека ја следат актуелната ситуација и дека ќе интервенираат доколку за тоа се укаже потреба. Претседателот на Националната федерација на фармери, Стеванче Јорданоски, пред денешното годишно собрание на ...

Најновите економски достигнувања и фискални стратегии, како и предвидувањата за претстојниот период, беа претставени денеска на состанок на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, со претставници од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Во тимот на ММФ беа шефот на мисијата, Ник Гигинешвили, и директорот на Канцеларијата на ММФ во Скопје, Себастијан Соса. „Македонската економија во 2025 година ќе забележи цврст раст од 3,5 ...

По повод 18 март – Глобалниот ден на рециклирањето, Рудник САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Пакомак“ и Општина Македонска Каменица, ја започна општествено-одговорната еко кампања „Твојата грижа за планетата вреди х2“. Иницијативата е насочена кон поттикнување на рециклирањето и унапредување на еколошката свест кај вработените и локалната заедница. Кампањата ќе трае сѐ до 22 април – Денот на планетата Земја. Во текот на ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека од денес, 18 март 2026 година, започна распределбата на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди за граѓаните кои се стекнале со право по Јавниот оглас за 2025 година. Од 18 март до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што ...

Најголемиот книжевен настан во земјава и оваа година ќе го претвори Скопје во централно место за љубителите на литературата. Саемот на книгата оваа година ќе се одржи под мотото „Отвори прозорец кон нови светови”, истакнувајќи ја моќта на книгите да нѐ однесат во авантури кои не сме можеле ниту да ги замислиме. Во периодот од 23 до 29 април, арената „Борис Трајковски” ќе биде домаќин на читатели и љубители на книги, но и автори, културни ...

На меѓународната енергетска конференција во Гдањск, полскиот премиер Доналд Туск јасно порача дека, поради актуелната ситуација со војната на Блискиот Исток и растечката енергетска криза, Европската Унија не смее да ги попушти санкциите воведени за руската нафта и гас. Тој нагласи дека враќањето на вообичаените предвоени економски односи со Русија апсолутно не е опција. Премиерот Туск изрази цврсто уверување дека Полска, но и цела Европа, ...

Кина денеска упати предлог за обединување на Тајван, повикувајќи се на важноста на енергетската безбедност, според извештајот на БТА. Владите низ светот настојуваат да обезбедат алтернативни извори на енергија, со оглед на конфликтот на Блискиот Исток и предизвиците во снабдувањето со гориво низ стратешки важниот Ормушки Теснец. Тајван, кој обезбедува една третина од својот течен природен гас од Катар и нема увоз на енергија од Кина, соопшти ...

Претставници од Управата за јавни приходи (УЈП) земаа активно учество во европски дискусии за модерни даночни системи, прибирајќи знаења и градејќи партнерства за иднината на оданочувањето. Во текот на изминатите два дена, директорката на УЈП, Елена Петрова, заедно со нејзината помошничка Тања Анчевска, присуствуваа на Симпозиумот за даноци на Европската Унија, под наслов „Иднината на оданочувањето: нееднаквост и раст во глобалната ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен кон крајот на овој месец ќе ја посети Австралија, на средба со премиерот Ентони Албанезе со цел постигнување трговски договор меѓу Европска унија и Австралија. Двете страни неодамна сигнализираа напредок во трговските преговори, по неуспехот на претходната рунда разговори во 2023 година, главно поради несогласувања околу пристапот до земјоделските производи. Во денешното соопштение ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во почетокот на месецов спроведоа 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека само еден не бил регистриран како оператор со храна во АХВ за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и даден е налог за негова регистрација во Агенцијата. Еден оператор со храна не ги задоволувал хигиенските барања за безбедност на ...

Иако златото традиционално се смета за „сигурно засолниште“ во време на војни, моменталната ситуација со конфликтот со Иран покажува дека цената на овој благороден метал не секогаш реагира така како што инвеститорите очекуваат. Експертите посочуваат неколку главни причини зошто златото моментално губи дел од вредноста. Една од главните причини е јакнењето на американскиот долар. Бидејќи златото се тргува во долари, кога доларот зајакнува, ...

Во моментов немаме никакви индикации дека актуелната ситуација ќе влијае врз нашиот туризам. Секако, мора постојано да бидеме во состојба на готовност, посочи премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Неос космос“ на грчката дијаспора во Австралија, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис потсети дека „Грција оди од рекорд до рекорд во туризмот“, но и дека успеале да ја продолжат туристичката сезона и да ...

Американски суд повторно го укина планот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за суспендирање на стотици работници од „Гласот на Америка“ (ГлА). Окружниот судија Ројс Ламберт донесе одлука со која повеќе од илјада вработени во ГлА треба да се вратат на своите работни места до 23-ти овој месец, воедно наложувајќи медиумот да продолжи со емитување на програмата за странство. Во своето образложение, Ламберт ги оцени како незаконски ...

– Патничкиот сообраќај на меѓународниот аеродром Бранденбург во Берлин денеска ќе биде речиси целосно во прекин поради штрајкот свикан од синдикатите во врска тековниот спор во врска со платите на вработените. Со штрајкот што почна во шест часот изутринава ќе бидат засегнати околу 445 летови со околу 57 илјади патници. Неколку летови веќе се откажани, а на патниците им се препорачува да ги контактираат своите авиокомпании за информации за ...

Парламентот денес треба да се произнесе по предлогот Ненад Савески да биде избран за нов главен државен јавен обвинител. Савески, кој во моментот е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, беше предложен од Владата на 10 март, а за да ја обезбеди позицијата му се неопходни најмалку 61 глас од пратениците. Неговото номинирање следува по оставката на претходниот обвинител Љупчо Коцевски, а по завршувањето на постапката во која учествуваа ...

Цените на неколку клучни суровини на светските берзи бележат мешани движења. Додека благородните метали покажуваат релативна стабилност, енергентите забележуваат позначителен пад. Златото за испорака се тргува по цена од 5.013,36 долари, што претставува мало зголемување од 5,16 долари или 0,10 проценти. Во текот на тргувањето највисоката цена достигна 5.020,75 долари, додека најниската беше 4.984,96 долари. Среброто се движи околу 79,885 ...

Во организација на Здружението на даватели на комунални услуги денеска во Охрид ќе се одржи настанот „Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“. Како што информираат од Здружението, настанот ги обединува претставниците на институциите, јавните комунални претпријатија, локалната самоуправа и меѓународни експерти, со цел отворање на клучни прашања и предизвици во комуналниот сектор. Во рамки на настанот ќе се одржат две панел-сесии. На ...

Ацо Ристов е македонски бизнисмен и политичар кој во последните години стана познат во јавноста по неговата улога во локалната политика, но и по долгогодишната работа во енергетскиот сектор. Тој е поранешен градоначалник на Радовиш и човек кој значителен дел од својата кариера го посветил на бизнис и инвестиции во енергетиката. Тој е роден во Македонија и потекнува од регионот на Радовиш. Основното и средното образование ги завршил во ...

Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со богато раководно искуство во енергетскиот сектор, хидроенергетиката, водоснабдувањето, третманот на води, рударството и инфраструктурните системи, е предложен за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Неговото именување доаѓа по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски. Ристов денеска доби поддршка од седум членови на собраниската Комисија за прашања на изборите и ...

Цените на нафтата повторно бележат раст на светските пазари поради зголемените тензии на Блискиот Исток и неизвесноста околу транспортот на енергенси во регионот на Персискиот Залив. Инвеститорите внимателно ја следат ситуацијата околу Протокот на Хормуз, една од најважните поморски рути за глобалниот транспорт на нафта. Според последните податоци, цената на нафтата Брент се искачи над 104 долари за барел. Пазарите реагираат на ризикот од ...

Главните светски берзански индекси денеска бележат умерен раст, што укажува на стабилизирање на расположението кај инвеститорите и зголемена активност на финансиските пазари. Американскиот индекс Dow Jones Industrial Average достигна 46.993,87 поени, што претставува раст од 47,46 поени или 0,10 проценти. Во исто време, индексот S&P 500 се искачи на 6.716,19 поени, со пораст од 0,25 проценти. Технолошкиот индекс Nasdaq Composite бележи ...

По изгласувањето, од страна на албанскиот парламент, на Резолуцијата, со која Иран се прогласува за „држава спонзор на тероризмот“ реагираше Израел, оценувајќи ја како историска. Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, преку објава на платформата X, изрази благодарност до премиерот Еди Рама и Парламентот за овој многу важен чекор. Нарекувајќи ја историска, тој понатаму нагласува дека „ова е демонстрација на јасна морална ...

Цената на дизел горивото во Македонија во последните два и пол месеци бележи драматичен раст. Од околу 65 денари за литар, колку што изнесуваше на почетокот на годината, дизелот сега достигна цена од 92 денари за литар, што претставува зголемување од речиси 30 денари. Главната причина за растот е поскапувањето на суровата нафта на светските берзи, како и зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток. Особено влијание има ситуацијата ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска биле префрлени повеќе од 280 милиони денари на над 4 700 лица кои се корисници на субвенции, како дел од програмите за финансиска помош. Од вкупниот износ, 269 947 935 денари се префрлени на 4 545 корисници до крајот на јуни. Овие средства се за Мерката 2,3 – директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, согласно Програмата за ...

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од реакцијата на НАТО во врска со кризата со Иран, нагласувајќи дека САД се способни сами да се справат со ситуацијата без дополнителна поддршка од сојузниците. Во своето обраќање, Трамп истакна дека очекувал посилна и поодлучна позиција од страна на НАТО во однос на случувањата на Блискиот Исток, но додаде дека американската воена и политичка моќ е доволна за да се справи со ...

Од ЕВН Македонија информираат дека поради интервенции во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе остане дел од Општина Сопиште. Во меѓувреме, од ЈП Водовод и канализација – Скопје најавуваат прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Општина Центар. Според информациите од Центар за управување со кризи, а врз основа на известување од ЕВН, на 18 март 2026 година (среда), во периодот од 08:00 до 15:30 часот, без струја ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
26%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
34%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
29%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
37%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
92%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
38%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
37%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
34%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Рутениум

51376.89

Сребро

2840.84

Платина

64172.89

Бакар

12.06

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93