Рекламите на Нетфликс погодија повеќе од 23 милиони месечни активни корисници, рече Ејми Рајнхард, претседателка за рекламирање на стриминг сервисот. Тоа е зголемување за околу 8 милиони за околу два месеци. Стриминг гигантот објави дека има 15 милиони глобални месечни активни корисници во ноември 2023 година. „Многу сме среќни што гледаме долгорочна перспектива за ова“, додаде Рајнхард на Самитот за забава Variety на конференцијата за ...

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. Со изнајмен стан од 60 квадрати минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денар и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари. Според податоците што ги објави ССМ, најголеми трошоци семејството има за храната и за пијалаците – 21.219 ...

Новите автомобили на Фолксваген сè уште слабо се продаваат. Компанијата во јули испорача 773.000 возила, што е само 6,6 отсто повеќе од истиот, многу лош месец минатата година. Навистина, во првата половина од оваа година растот беше 12,8 отсто, но поради големиот заостаток на нарачки од 2022 година, објави во петокот VW. Компанијата имаше значителен раст во Западна Европа, каде продаде 274.500 возила, 21,4 отсто повеќе од пред една година. ...

Најголемиот европски производител на автомобили, концернот Фолксваген, нема да вработува нови работници до понатамошно известување. Тоа е дел од планот за штедење што раководството е принудено да го прави поради ниските плати. Во рамките на програмата за штедење, со која треба да се заштедат милијарди евра за „Фолксваген“ од Волфсбург, до понатамошно известување се стопирани вработувањата на нови работници и отворањето нови работни места. Поради ...

Централната банка на Турција објави нови податоци кои се однесуваат на цените на недвижностите, а од таму соопштија дека се уште се бележи поскапување. Според податоците на Централната банка, просечните цени на становите се зголемени за 68 отсто на годишно ниво, земајќи ги предвид податоците од јануари 2024 година. Ова особено се однесува на растот на цените во Истанбул, Анкара и Измир, каде во јануари е забележан раст од 1,3 до 2,8 отсто во ...

Државата ја заокружи финансиската конструкција за реализација на проектот за изградба на Гасен интерконектор со Грција со обезбедување 98,6 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Вчера во Собранието беше усвоен Законот за гаранција на РС Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу АД НОМАГАС и Европската банка за обнова и развој. „Проектот за ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија ги известува носителите на вршење на енергетски дејности дека рокот за обврската за достава на Годишни извештаи за финансиското и деловно работење за 2023 година согласно обврските од лиценцата е заклучно со 31 март 2024 година. Извештаите треба да се праќаат во .pdf формат, на адресата godisniizvestai@erc.org.mk, објави ...

Австриската влада си постави за цел целосно да го суспендира купувањето на руски гас до 2027 година, соопшти денеска министерот за надворешни работи Александар Шаленберг. „Австриската влада си постави цел да стане 100 отсто независна од рускиот гас до 2027 година“, рече Шаленберг на заедничката конференција со неговиот американски колега Ентони Блинкен. Малку претходно австрискиот министер за клима, заштита на животната средина, енергија, ...

Во саботата наутро цените на нафтата на американскиот пазар се движеа надолу, па нафтата WTI, репер за американскиот пазар, изнесуваше 81,04 долари, а нафтата од типот Брент 85,34 долари за барел, објави Oil Price. Цените на нафтата паднаа под 85 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи шпекулациите дека американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД), може да ги намали каматните стапки само на почетокот на летото, го надминаа ...

ИНВЕСТИЦИСКАТА банка „Морган Стенли“ предупредува дека цената на нафтата годинава би можела да порасне повеќе отколку што некој очекува. Како што пренесува угледниот портал „Оилпрајс“, цените на црното злато се зголемуваат во последните неколку недели, но овој тренд не е особено голем. Сепак, како што предвидува нафтениот стратег на Морган Стенли, Мартин Ратс, ова може да се промени подоцна во текот на годината. Всушност, цените би можеле толку ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,13% во однос на одлуката од 11.3.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,891%, кај дизелот за ...

Саудиската нафтена компанија Aramco им подели на акционерите дивиденда од неверојатни 97,8 милијарди долари на име на профит во 2023 година. Ова е зголемување од 30 проценти во однос на претходната година, иако деловните резултати бележат голем пад. Котираната групација Арамко, која е во 82 отсто во сопственост на Саудиска Арабија, ќе ја зголеми дивидендата за 30 отсто, иако добивката минатата година падна за 25 отсто. Оваа компанија лани ...

Електродистрибуција, за сите заинтересирани дистрибутивни производители, на својата веб страна www.elektrodistribucija.mk стави на располагање интерактивна мапа на која e прикажан моменталниот капацитет на високонапонските трафостаници за приклучување на фотоволтаични системи. Отсега, сите заинтересирани имаат можност во било кое време да ја проверат состојбата на капацитетите со кои располага електродистрибутивниот систем, како и состојбата во ...

Европската унија донесе нови правила за издавање станови. Земјите-членки на Европската унија конечно ја потврдија новата регулатива за собирање и размена на податоци за услугите за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, што ќе овозможи поголема транспарентност на закупците и нивните имоти и ќе создаде предуслови за постигнување рамнотежа меѓу туристичките и долготрајните термински изнајмувања. Новата регулатива треба да ја зголеми ...

Објавите за солидарност со Палестинците на социјалните мрежи и бојкотот на производите значително ја намалија продажбата на неколку западни брендови низ Блискиот Исток и Азија поради нивната поддршка за Израел. Старбакс од Сиетл, една од најголемите цели на бојкотот, падна за 8,96 отсто во 19-дневниот период во ноември 2023 година, што претставува загуба од 11 милијарди долари. Тоа го означи најдолгиот пад во историјата на компанијата. Сепак, ...

Поради големата потреба на работодавачите и недостатокот на работна сила на домашниот пазар, бројот на странски работници во Хрватска од ден на ден се зголемува, а додека лани најбројни биле оние од БиХ и Србија, од почетокот на оваа година тоа се работниците од Непал. Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска, во првите два месеци од годинава во Хрватска се издадени 32.725 дозволи за престој и работа, од кои ...

Енергетскиот шок предизвикан од војната во Украина доведе до најголем пад на животниот стандард во Германија од Втората светска војна и пад на економското производство споредливо со финансиската криза во 2008 година, покажа новата анализа на економските експерти. Во заедничкиот документ што укажува на длабочината на економската криза во поранешниот мотор на европската економија, двајца поранешни економски советници на германската влада изјавија ...

Кога вредноста на биткоинот (BTC) се искачи на повеќе од 73.000 долари, големите сопственици повлекоа значителни количини на валута од крипто берзите минатата недела за да земат профит. Повеќе од 21.400 БТК беа повлечени од крипто берзите минатата недела со цел да се заработи од добивката од порастот на цената на биткоинот, пишува порталот Бизнис. Влијанието на оваа активност стана особено изразено во четвртокот, кога БТК во вредност од 752 ...

Годишната стапка на инфлација во Австрија во февруари падна од јануарските 4,6 на 4,3 отсто, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денеска австрискиот статистички институт Статистик Австрија. Цените на храната и на безалкохолните пијалоци се зголемени за 3,7 отсто на годишно ниво, на рестораните и хотелите за 8,3 отсто, на услугите во рекреација и култура за пет отсто, а во сите наведени случаи растот е побавен од јануари. ...

Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 18.03.2024 која се применува од ...

Индија сака да биде меѓу петте најголеми светски производители на чипови во следните пет години, изјави денеска индискиот министер за електроника, информатичка технологија, железници и комуникации Ашвини Ваишно. Индустријата за чипови „е многу сложен пазар, а глобалните синџири на вредност и глобалните синџири на снабдување се исклучително комплицирани во сегашниот контекст“, рече Ваишно, според CNBC. Тој додаде дека Индија се гледа себеси како ...

Членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) Пабло Хернандез де Кос рече дека очекува намалување на каматните стапки во јуни доколку инфлацијата продолжи да се намалува со сегашното темпо. Минатонеделната објава дека ја исполнивме нашата цел да ја доведеме инфлацијата на 2 отсто е компатибилна со намалување на каматните стапки наскоро, што веројатно би можело да се случи во јуни, рече Хернандез де Кос, кој е и гувернер на ...

По 38 години, германскиот продавач на електроника Gravis, најпознат како партнер на Apple, ги затвора вратите. Околу 400 работници остануваат без работа. „По речиси четири децении бизнис, компанијата за продажба на компјутери, Гравис, од Берлин е пред затворање. Трговецот на електроника ќе ги затвори сите свои продавници во Германија“, потврди портпаролот на компанијата. Не се знае кога ќе бидат затворени 37-те експозитури и онлајн продавницата, ...

Поради големата потреба на работодавачите и недостатокот на работна сила на домашниот пазар, бројот на странски работници во Хрватска од ден на ден се зголемува, а додека лани најбројни беа оние од БиХ и Србија, од почетокот на оваа година тие биле работници од Непал. Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска, во првите два месеци од годинава во Хрватска се издадени 32.725 дозволи за престој и работа, од кои ...

Денеска европските берзански индекси се нерамномерни, американските индекси се во пад, а во исто време е забележан скок на цената на нафтата и пад на цената на златото. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9 часот порасна на 17.955,95 поени, лондонски FTSE 100 на 7.733,25 поени, додека францускиот CAC 40 падна на 8.160,61 поени, а московскиот MOEX на 3.295.3 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на ...

Годишната стапка на инфлација во еврозоната падна во февруари од 2,8 во јануари на 2,6 отсто, во согласност со претходните прелиминарни проценки, објави Евростат на својата веб-страница. Прехранбените производи, алкохолот и тутунот се зголемени за 3,9 отсто на годишно ниво, а на индустриските производи освен енергијата за 1,6 отсто и во двата случаи со побавно темпо од јануари. Инфлацијата во услужниот сектор изнесува четири отсто, а енергенсите ...

Унгарската авиокомпанија Wizz Air ги намали летните операции во регионот, кои ќе важат од 31 март до 26 ноември, како резултат на проблеми со моторот кои значително влијаат на бројот на летови. Поради проблеми со моторот, Виз ер приземји повеќе од 40 авиони во својата флота за да ги прегледа моторите на Pratt & Whitney. Последица на тоа е намалување на летните летови во земјите од регионот, што ќе резултира со намалување на бројот на патници ...

Pazar3.mk освои прво место во категорија Е-Огласник за 2023 година на настанот организиран од Aсоцијацијата за е-трговија на Македонија. На 14.03.2024, се одржа свечена манифестација за доделување на награди за е-трговија за 2023 година, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Pazar3.mk го освои првото место на натпреварот за избор на најдобар ,,Е- Огласник” за 2023 година во категоријата “Најдобри Е-Продавници по сектори”. ...

Вработените во филијалите и експозитурите на Комерцијална банка денеска ги пречекаа клиентите со нов изглед. Со новите, модерни и удобни униформи, кои ги пресликуваат постоечките вредности и идентитетот на Банката, тие ја продолжуваат својата секојдневна мисија – да одговорат на потребите на клиентите со понуда на врвни финансиски производи и услуги.. Тимовите во експозитурите на Комерцијална банка се еден од клучните носители на целокупното ...

Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, од денеска до 24 март, дванаесетта година по ред, ја одбележуваат Глобалната недела на парите. Глобалната недела на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
55%
1022
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
67%
1022
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
82%
1023
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.61
62%
1021
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
75%
1023
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
5.14
51%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
68%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
27%
1021
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1022
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 13ᴼ
1.34
51%
1021
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
60%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62