
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



По минатогодишниот фантстичен станд-ап настап на сцената на македонската филхармонија, еден од најдобрите балкански актери со холивудска кариера, Никола Ѓуричко повторно гостува во Македонија, овој пат во БИТОЛА и КУМАНОВО. Човекот кој на големото платно одигра фантастични ликови во легендарни филмски остварувања како „До коска“(Do koske), „Молњи“(Munje), „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур“(Kad porastem bicu Kengur), „Зона Замфирова“ и секако ...
Во светот на модата, местото каде традицијата и новото се среќаваат секогаш создава магија. На 16 септември, во Пациото на Завод и музеј Битола, се одржа ексклузивниот настан ЕТНО 3/4 – моден перформанс која ја реинтерпретира историјата на битолската мода низ современи креации. Јасмина Василевски, дизајнерката зад брендот „3/4 by Јasmina”, успеа да ја трансформира богатата модна традиција на Битола, давајќи ѝ сосема ново и свежо светло. ...
Само пред две седмици екипата на Еурофарм Пелистер од Битола го промовираше новиот дрес со новиот млад ракометар, Самоил Ристевски, пред официјалниот старт на сезоната и натпревар од Супер Купот, а таа вест не наиде на некое големо внимание, туку како нормално продолжување на кариерата на еден млад ракометар.Синоќа младиот ракометар Самоил го одигра својот прв натпревар во Лигата на шампиони во Битола, против големиот бундеслигаш Фуксе Берлин, ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер синоќа во Битола го забележаа вториот пораз во рамките на 2. коло од Лигата на Шампиони од екипата на Фуксе Берлин. По натпреварот на официјалната прес конференција, тренерот на “пелистерци“, Бранко Ангеловски рече: -Честитки до Фуксе за победата и одличната игра. Загубивме од подобар противник, кој добро играше во сите 60 минути и го искористи нашиот пад. Мислам дека во првиот дел се скрши натпреварот, кога од ...
Како модерно заболување, поради начинот на живот дегенративни промени кај луѓето, недоволна физичка активност, доаѓа до појава на спондилоза и спондилозна реакција како проблеми со вратот. Спондилоза како заболување не бира години и возраст кај човекот, а се појавува како хронична спондилоза или секвеционална спондилоза. Хроничната спондилоза за жал не може да се излекува, таа е присутна кај луѓе, да речеме народски – цел живот, меѓутоа има ...
Денес, четврток, 19 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Температурата во Битола до 22 степени. Утре, петок, 20 септември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од ...
Како и се очекуваше вечерва во Битола со полни трибини љубителите на ракометот од нашиот град и околината ја отворија актулната Лига на Шампиони, каде втора година по ред се натпреварува македонскиот шампион, екипата на Еурофарм Пелистер.Потегот на управата на Еурофарм Пелистер да им даде шанса на битолчани кои имаа и лани сезонски билет, вроди со плод, а на скоро секој чекор, секој агол на двете трибини гледавме и фотографиравме познати лица, ...
Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин 22:30 (9:15) Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола го загубија првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите, а ова беше втор пораз во најквалитетното европско натпреварување. Тие во рамките на 2. коло се поразени од бундеслигашот Фуксе Берлин со резултат 22:30, полувреме, 9:15, пред полните трибини на салата “Боро Чурлевски“ во Битола пред полни трибини.Фаворитот во овој натпревар не дозволи ...
Јани Маале – Шкендија 0:5 (0:3) Екипата на Јени Маале од Битола која се натпреварува во Општинската лига на ОФС Битола денес се покажа како одличен домаќин и организатор на натпреварот од шеснаесет финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Тие се истакнаа при организацијата на овој натпревар, покажувајќи манири на голем клуб, кој се докажува од година во година, од натпревар на натпревар, а капитенот Пискачев по завршувањето на натпреварот ...
Вечерва во Битола македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го очекува првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона, а ќе гостува бундеслигашот Фуксе Берлина. Тренерот на “пелистерци“ Бранислав Ангеловски посакува меч како против ПСЖ во Париз каде се загуби со тесна разлика и се покажа голема борба, а на официјалната прес конгеренција рече: -Сакам веднаш да испратам повик до нашите верни навивачи. Би сакал натпреварот во ...
Светскиот ден на срцето 29 септември е можност барем еднаш во годината, секој да размисли за сопственото срце, за сопственото здравје и за здравјето на најблиските. Превенцијата на кардиоваскуларните болести е најважниот сегмент за заштита на срцето. Важна е секоја минута, секој ден, важен е секој живот. За таа цел, нашата интернистичка амбуланта ПЗУ Плодност Интермед до крајот на септември организира кардиоваскуларни прегледи по значително ...
Денес, среда, 18 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата во Битола до 16 степен. Утре, четврток, 19 септември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до ...
Отсекот за превенција при СВР Битола и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во координација со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот при општина Битола, спроведоа превентивна активност на подрачјето на Битола со студентите на Педагошкиот факултет во Битола, во рамките на „Европската недела на мобилност”. „Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која на иницијатива на Европската комисија, се ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава за кривично дело ,,неизвршување на судска одлука“ по член 377 од КЗ против тројца полициски службеници од ПС ОН Битола во ...
На официјалната задолжителна прес конференција пред утрешниот прв натревар од Лигата на Шампиони кој ќе одигра во Битола најавата ја направи голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски. Бундеслигашот Фуксе Берлина доаѓа утре во Битола, а Митревски за овој натпревар рече: -Засега подготовките одат во најдобар ред. Го очекуваме вицешампионот на Германија кој е една од најсилните екипи во Европа и за нас тоа е нова шанса за докажување. Ни ...
Во хотел “Милениум“ раководството на Ротаракт клубот Широк Сокак од Битола за претходната ротаријанска година, предводена од Катерина Анакиевска, ми го врачи мандатот на новиот претседател за оваа ротаријанска 2024/2025 година на Петар Богоевски. На состанокот кој помина во прекрасна атмосфера, осврт на настаните кои ја одбележаа 2024 година беа само дел од точките на дневен ред. Членовите ја имаа честа на примопредавањето да бидат присутни и ...
На 16.09.2024 во 08.00 часот во СВР Битола, П.В.(21) од Битола пријавил дека во казино на ул. „Широк Сокак” во Битола бил физички нападнат од лице од Битола, кој оштетил и дел од инвентарот во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 16.09.2024 во 09.29 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив бил донесен починат С.А. (49) од село Могила. Според пријавеното, претходно и во текот на денот ...
Фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ ќе биде промовирана на 23 септември (понеделник), во 18 часот, во КЦ „Магаза“ во Битола. Настанот е во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Промоторка на книгата ќе биде Наде Геневска-Брачиќ, етнолог и кустос-советник во НУ Завод и музеј – Битола, воедно и авторка на ...
До минатата година, наградите на 5К трката во Битола го носеа името на Стевче Ѓоргиевски, легендарниот атлетичар од Битола, чија кариера остави траен белег и во македонската и југословенската атлетика. Роден во Битола , Стевче ги направи првите чекори во АК Олимп, каде што започна неговото патување кое доведе до бројни успеси, како југословенски и балкански шампион. Неговите рекорди на 5.000 метри останаа недостижни со децении. Од оваа година, ...
Денес, вторник, 17 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурата во Битола до 21 степен. Утре, среда, 18 септември во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против 48 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 11.07.2024 на автопат Велес-Градско, полициски службеници извршиле контрола над пријавениот, кој притоа на увид приложил возачка дозвола која претходно ја пријавил за изгубена, a извадил нова возачка дозвола, која му била одземена поради изречена забрана. СВР Битола ...
Центарот за германски јазик ИЛИЕВИ, кој веќе 25 години претставува водечка институција во едукацијата по германски јазик, продолжува да нуди уникатни можности за сите заинтересирани за учење на овој јазик. На неодамнешниот Отворен ден, посетителите имаа можност да присуствуваат на бесплатни демо часови и одблизу да се запознаат со методите на работа и професионалниот тим на ИЛИЕВИ.-Нашата мисија е да ги мотивираме сите што сакаат да учат ...
-Уште како деца живеејќи во свет на возрасните не можејќи да се носиме и објасниме трауматични случувања, сме пронашле механизми на одбрана кои не заштитувале од болка. Човековата природа е комплексна, и секоја наша лична историја посебна и комплексна. Механизмите на заштита често се испреплетуваат и градат мрежа на нашиот безбедносен систем. Како возрасни не треба да се осудуваме зошто ги користиме. Тие не штитат. Важно е да знаеме дека треба ...
Денес, понеделник, 16 септември во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 19 степени. Утре, вторник, 17 септември во Битола времето ќе биде наутро посвежо, преку денот променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. ...
Изминатиот викенд, ресторанот “Аурум“ блескаше во роденденска атмосфера, одбележувајќи седум години успешна работа. Со торти, балони, конфети и многу насмевки, прославата беше вистински празник за сите присутни, а тимот на “Аурум“ го испрати крајот на една ера со стил.Во текот на изминатите седум години, “Аурум“ се етаблира како водечка гастрономска дестинација, нудејќи уникатни кулинарски искуства што ќе се паметат.Сепак, тимот на “Аурум“ ...
Фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола во среда ќе биде домаќин на прволигашот Шкендија, во рамките на 1/6 финалето од Купот на Македонија во фудбал, кое ќе се игра на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола. Јени маеле на битолчани ќе им понуди две влезници, обична по цена од 100 денари и ВИП влезница која ќе чини 500 денари, за што упати и соопштение во кое се вели: -Влезниците за претстојниот дуел со Шкендија од 1/16 финалниот натпревар од ...
На одржаниот Куп на Македонија за младинци на 14-ти и 15-ти септември, младата атлетска надеж, Дарија Крстевска, членка на АК Олимп од Битола покажа извонредна форма освојувајќи ги првите места на трките на 1.500 и 800 метри. Со овие значајни победи, Крстевска јасно го најави својот поход кон највисоките пласмани во сениорската конкуренција, докажувајќи дека е подготвена за нови предизвици во претстојниот дел од сезоната. Ненадминливата техника ...
Пелистер – Струга 1:1 (1:1) Фудбалерите на Пелистер попладнево на свој терен во Битола не погодија во последните секунди за гол, во судиското време кое беше +5 минути, и не испеаја да запишат три бода во 5. коло од Првата фудбалска лига, а натпреварот заврши со резултатот кој беше постигнат во првото полувреме.Резултатот беше отворен во 16. минута кога шампионот Струга ТЛ по нафрлањето од левата страна, Кехинде мајсторски со глава постигна ...
-Со врачувањето на наградите на тројцата оскаровци, Лука Бигаци, Крис Менџис и Жулиет Бинош, свечено беше отворено 35. по ред издание на Интернационалниот филмски фестивал “Браќа Манаки” во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Во таа 2014 за време на 35. по ред издание на Интернационалниот филмски фестивал “Браќа Манаки” Тројцата оскаровци, а особено славната актерка Жулиет ...
Денес, недела, 15 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови можност за повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до југозападен правец. Максималната температура во Битола до 18 степени. Утре, 16 септември, во Битола времето ќе биде нНаутро посвежо, преку денот променливо ...