–Вчера бевме сведоци на нов новогодишен концерт на Камерниот оркестар на Битола, а поради големиот интерес се одржаа два концерти на задоволство на битолската публика која ја наполни салата на Домот на културата. Но, така беше и пред 10 години, во 2014 година, еден ден пред дочекот на Новата 2015 година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.–За новогодишниот концерт немам многу ...

Утрово, во Болница Плодност го дочекавме 787 новороденче за оваа година. На свет дојде прекрасно девојче, преку методата на породување во вода. -Радост и посебно задоволство, искуство со многу помалку болки, отколку за првото породување, кое беше по природен пат. Речиси беше нестварно за мене, колку методата на породување во вода е побезболна и поедноставна. Со помош на д-р Марија Христовска, која цело време се грижеше за мојата бременост и ...

Син0ќа во големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа концерт на Битолски Камерен Оркестар ⋮IWCоnnect насловен како “Виена во Битола“, а поради премноги големиот интерес се одржаа два концерти еден по друг.Салата беше исполнета до последното место за двата концерти, а синоќа околу 2.000 битолчани уживаа во “Звуците на Виена“ – новогодишна магија пренесена во Битола. “Виена во Битола“ според многумина е нешто најдобро за почетокот на ...

Денес, недела, 22 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југозападен правец. Температурата во Битола до 5 степени. Утре, понеделник, 23 декември, во Битола времето ќе биде утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена ...

Еуеофарм Пелистер 2 – Скопје 45:18 Кадетите на Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен во Битола во спорската сала “Боро Чурлевски“ со убедлива победа ја завршуваат натпреварувачката 2024 година во групата “Б“ од кадетскиот шампионат на Македонија.Младите “пелистерци“ беа подобри во текот на целиот натпревар, ја зголемуваа предноста од минита во минута и не дозволија противникот резултатски да им доближи.Тимот на Еур0фарм Пелистер 2 беше во ...

Денеска (21.12.2024) полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во Битола во дом на малолетно лице од Битола, при што биле пронајдени 3.000 парчиња пиротехника. Денеска, исто така, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола во Прилеп ги лишиле од слобода лицата од 26 и 36 години од Прилеп бидејќи кај нив биле пронајдени околу 2000 парчиња пиротехника. По документирање на настаните, против нив ќе бидат ...

На 20.12.2024 во 20.30 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Коста Абрашевиќ во Битола го лишиле од слобода 18 годишник од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 20.12.2024 во 19.55 часот полициски службеници од СВР Битола во село Долно Оризари, битолско, лишиле од слобода 44 годишник од с. Долно Оризари бидејќи при преглед кај ...

Пелистер – ТФТ 91:82 Кошаркарите на Пелистер во Битола во пладневниот терним, по голема борба славеа над ТФТсо 91-82, во последното коло од првиот дел од сезоната.Гостите од Скопје допатуваа како лидери на табелата, со само еден пораз во досегашниот дел од сезоната, но избраниците на Александар Петровиќ одиграа квалитетен натпревар, го контролираа резултатот и заслужено се израдуваа на победата, трета во низа за „зелено-белите“ кои само ги ...

СВР Битола ги известува граѓаните на Битола и околните населени места дека во недела на 22.12.2024 во 11:00 часот, поради организирањето на предновогодишен панаѓур од страна на Националниот парк Пелистер, кој ќе се одржи на Пелистер, да се воздржат од беспотребно користење на патничко моторни возила на тој патен правец, бидејќи од страна на организаторот е обезбеден бесплатен автобуски превоз и тоа: – 10:15 часот поаѓање од Атпазар, Шехерзада, ...

Денес, сабота, 21 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Температурата во Битола до 4 степени. Утре, недела, 22 декември во Битола времето ќе ...

Пеколниот ритам на натпревари на Пелистер продолжува со денешниот дуел на домашен терен во Битола против ТФТ што ќе се игра во невообичаен термин, во 12 часот поради подоцнежната зафатеност на салата „Боро Чурлевски“ и боксерскиот турнир што ќе се одржи во битолскиот спортски храм. Дуелот со ТФТ е од исклучително значење, „пелистерци“ ќе сторат се за да ја забележат третата победа во низа во Првата лига, но задачата ќе биде исклучително тешка ...

Денес Еурофарм Пелистер од Битола го официјализира останувањето на кружниот навивач Жарко Пешевски уште една година, а веќе е заверен новиот договор за следната сезона. Пешевски имаше важечки договор до крајот на оваа сезона, сега стави потпис на едногодишен договор, а има и опција за продолжување на уште една. Шампионот на Македонија продолжува со својата стратегија да ги задржи најбитните елементи од последните две шампионски генерации што е ...

Виена во Битола е повеќе од концерт – тоа е празник за душата, момент за споделување на празничната магија со најблиските. Првично сакавме изведувачите да бидат изненадување… но зошто да чекаме? На 21.12.2024, во големата сала на Центар за култура Битола, сцената ќе ја разубават: -Битолски Камерен Оркестар ⋮IWCоnnect, извонредните сопрани Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска – Младенова, истакнати солисти на Националната опера и балет, меѓу кои ...

На денешната прес конференција која се одржа во Народниот театар Битола, директорот Васко Мавровски ги најав двете детски претстави кои се во рамките на програмата на НТБ на претстави за најмладите и мотото “Театарот повторно на децата“. Премиерата на “Снежана и седумте џуџиња“ ќе биде изведена на 23 декември во 18 часот, а само два дена потоа и премиерата на детската новогодишна претстава “Снежната кралица“ која ќе биде на репертоарот до 30 ...

Последниот меѓународен натпревар во кошарка во Битола во рамките на АБА2 лигата, кошаркаркиот клуб Пелистер го “искористи“ да додели плакета за долгогодишна соработка на капетан Тони Решњак. Поводот е заминувањето на Решњак во пенција, кој веќе 30 години како полициски службеник работи на обезбедување на спортските натпревари, а вчерашниот натпревар е еден од последните натпревари на кој ќе го води полициското обезбедување во спорската сала. ...

“Поетска колекција” – најновата книга на германски јазик од поетот и доктор Александар Саша Трајковски од Битола “Поетска колекција” е новата книга на поетот Александар Саша Трајковски напишана на германски јазик во издаваштво на една од најголемите германски издавачки куќи “РедиромаВерлаг“ и со директна поддршка од Друштвото на германски писатели, на кое авторот е активен член. Во книгата поетот го носи читателот на емотивно патување низ ...

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола за реализира комплетно последна активност во оваа календарска година ја зацрта најважната мисија.Хуманата акција на натпреварот против Вардар 1961 доби успешна реализација.“Плишените мечиња“ и детските играчки кои нашите граѓани, симпатизери, навивачи ги даруваа дојдоа во вистинско раце.Ракометарите на Еурофарм Пелистер утрово ги даруваа во основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ од ...

Термоелектраната „Битола 2“ утрово во 8:22 часот поради активирана заштита е исклучена од функција. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби. Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, станува збор за надворешни ...

Денес, петок, 20 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со можност за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 9 степени. Утре, сабота, 21 декември, во Битола, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. ...

Пелистер – Подгорица 74:93 Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола загубија со убедливи 74:93 на домашен терен од Подгорица во последното коло од АБА2 лигата, петти пораз за битолчани во шестата рунда од регионалното натпреварување. Мечот беше без преголемор резултатско значење, „зелено-белите“ три четвртини целосно парираа, но големиот пад во последните 10 минути придонесе на крајот да биде претрпен убедлив пораз. Гостите од Црна Гора ...

-“Празниците живеат во Битола на Зимска приказна“ е слоганот на годинашаните празнични случувања, зошто токму во овие празнични денови, е слоганот, а Битола ќе биде вистинска бајка во која ќе се одиграат повеќе театарски претстави, ќе се случуваат детски музички настани, со добри изведувачи, кои ќе ја исполнат и разубават атмосферата во градот. Со официјална прес-конференција, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и директорот на Културно ...

На 18.12.2024 во 11.07 часот во СВР Битола, било пријавено дека на ул. “Македонска фаланга“ во Битола, патничко возило „застава 101“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 67 годишник од Битола, удрило во пешак на возраст од 68 години од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената пешак, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. На 19.12.2024 во 00.10 часот во СВР ...

Доајенот на Народниот театар од Битола, актерот Борис Чоревски, овогодинешниот добитник на највисокото општинско признание, наградата „4 Ноември“ за животно дело, денес, ја продолжи традицијата на засадување дрвце во Алејата на добитниците на наградите за животно дело. На настанот присуствуваа Градоначалникот Тони Коњановски, директорот на ЈП Комуналец, Горан Степановски и други гости. Градоначалникот Коњановски изрази задоволство што на ...

Пред седум години, во срцето на Битола, се роди AURUM kitchen bar – место кое ја редефинира гастрономијата, не само во градот, туку и низ цела Македонија. AURUM во овие години не беше само ресторан, туку и концепт што слави живот, вкус и моменти кои траат. Со секоја чинија и секој пијалак, создадовме приказна што одекнува и надвор од нашите граници. Во текот на овие години, AURUM стана симбол за креативност, иновација и стремеж кон совршенство. ...

По повод Денот на заштитникот на Битола “Свети Нектариј Битолски“, градоначалникот Тони Коњановски, денес ги додели наградите на учениците кои аплицираа на јавниот повик на општината за наградување на талентирани и наградени ученици.Критериумите во Јавниот повик, беа дефинирани од страна на просветни работници, претставници на училиштата, во соработка со претставници од општинската администрација и јасно ги дефинираа условите кои треба да ги ...

Кошаркарите на Пелистер, денес со почеток во 20 часот, во салата “Боро Чурлевски во Битола ќе го пречекаат тимот на Подгорица во рамките од последнто коло од првата фаза од АБА2 лигата. За жал, шансите за пласман во следната рунда се веќе загубени, но во таборот на „пелистерци“ се решени да одиграат одличен меч и со победа да ја завршат сезоната во регионалното натпреварување. -Играме со екипа што игра агресивна одбрана, добро ни се познати ...

Сколиоза е медицинска состојба каде се забележува искривување на р’бетот од една страна. Ако е сложена деформација на рентгенските снимки, од задна страна сколиозата може да изгледа како буквите “S“ или “C“, отколку на правилната форма на р’бетот. Најчесто сколиоза се појавува кај деца при развој и неправилно развивање на р’бетниот столб (пршлени). Истражувањата покажуваат дека отприлика 20 милиони луѓе годишно се дијагностицирани со овој ...

Денес, четврток, 19 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 9 степени. Утре, шеток, 20 декември, во Битола времето ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ...

Според бројот на битолчани кои попладнево и вечерва ги имаше во централната црква во Битола, “Св. Димитрија“, кои “креваа леб“, изгледа дека најголем број жителите на Битола го имаат Свети Никола, за своја куќна слава. Попладнево во црквата “Св. Димитрија“ домаќинките ги наместија свечената погача, пченицата и виното за свештеникот да ги “испее“ и со тоа да го направат обичајот “кревање на леб“, во чест на Свети Никола, заштитник на ...

На акумулацијата “Стрежево“, меѓу селата Лера и Свињиште од страна на рибочуварската служба на ЈП “Стрежево” – Битола се пронајдени и запленети рибарски мрежи, со големи окца, наменети за крупна риба со вкупна должина над 500 метри. Притоа, констатирано е кривично дело согласно Кривичниот законик, a мрежите се подигнати за понатамошна постапка и кривично гонење на сторителите. Мрежите, во координација со Државниот инспекторат за земјоделство, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1027
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
79%
1027
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
1.03
85%
1026
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1028
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.91
65%
1026
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
96%
1027
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
4.02
56%
1023
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1025
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
70%
1026
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 15ᴼ
2.57
100%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941