
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Со нова енергија, посветеност и професионална поддршка, Ева Милевска чекори сигурно кон своите нови предизвици на снежната патека. Скијачката Ева Милевска ја започна својата нова сезона со подготовки на глечерот Стелвио, во близина на Бормио, местото каде што ќе се одржат машките спуст трки на претстојните Зимски олимписки игри „Милано-Кортина 2026“. Ова беше повод за нашиот разговор и уште на почетокот Ева ни кажа… „Летните подготовки се ...
Претставата „Едмонд“ според текстот на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски, денес премиерно ќе биде одиграна на големата сцена на Народен театар Битола, а таа е петта по ред премиера за оваа година. На прес конференцијата директорот Васко Мавровски прво се осврна на бројот на премиери и посетеноста на публиката на НТ Битола. -Во периодот септември 2024 / јуни 2025, постигнат е апсолутен рекорд на премиерно изведени претстави, 12, а ...
Да се постави клупа на некое место не којзнае каква вест, но кога ќе се постави клупа, а тоа било желба на починат пријател заслужива да се одбележи, а посебно на непристапно место кое бара многу напор да се однесе материјалот, над село Гошеш, подалеку од Битола.Денес другарите на Ѓорги Ѓоргиевски – Або кој за жал почина пред три месеци, го исполнија ветувањето и поставија клупа на 1.300 метри надморска висина, над селото Гопеш во негова чест и ...
Од д-р Васил Чипуровски добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за бронхопневмонија за што вели: -Пневмонијата е инфекција на белодробен паренхим која можи да настани од бактерии, вируси, рикетсии, габи, паразити. Начин на трансмисија на микроорганизмите кои предизвикуваат пневмонија е ...
Вечерва во рамките на “Битфест“ во новата сцена во Центарот за култура во Битола се одржа јубилеен концерт на Стефанија Милевска – Враниќ, која одбележува една деценија посветеност, креативност и љубов кон музиката!Стефанија Милевска – Враниќ е дипломирана поп-џез пејачка, артистка со препознатлива интерпретација и оригинален звук, заедно со искусните музичари, ќе ве поведе низ своето музичко патување исполнето со емоции, слобода и звук што ...
По преполните арени и спектакуларните настапи низ балканските метрополи, музичката сензација Теа Таировиќ ќе одржи голем концерт во Битола на 11 јули, на познатото ракометно игралиште под отворено небо. Овој концерт доаѓа по низата триумфални концерти низ Скопје, Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица и други балкански градови, каде Теа ја покажа својата уметничка и сценска зрелост. Концертот во Битола доаѓа како потврда на магичната врска меѓу ...
На ден 19.6.2025, во соработка со LC Heraclea Bitola, се одржа превентивна работилница на тема “Детски Канцер“ наменета за волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст од Битола. Работилницата беше одржана на отвирено, во паркот, наспроти зградата на Црвен крст, кај “Јавор“ во Битола, од страна на д-р Жаклина Сервини, а волонтерите имаа можност преку панел дискусија полесно да осознаат за оваа актуелна тема денес. ...
„Браќа, сестри, Македонци, нема таква сила која може да нè раздели! Браќа, сестри, Македонци, како пиреј сечи, корни, нема да ја истреби…“ стиховите од песната што во далечната 1994 година на фестивалот Валандово ја отпеа легендарниот Гоце Николовски, сега е спакувана во ново руво и е во изведба на Ламбе Алабаковски. А токму со новата верзија на легендарната македонска песна „Како пиреј“, во изведба на Ламбе Алабаковски и во аранжман на маестро ...
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, ...
Денес во Виена во седиштето на ЕХФ беше одржана жребката за претстојната сезона во Лигата на шампионите 2025/2026 година, а екипата на Еурофарм Пелистер од Битола ќе игра во “Б“ групата. Во оваа група битолчани ќе играат заедно со екипите на Висла Плок, Барселона, ПСЖ, ГОГ Гудме, Магдебург, ПИК Сегед и Загреб. Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер трета сезона во низа ќе настапува во Лигата на ракометните шампиони, а и оваа сезона како ...
Градот станува фестивал. Пациото станува подиум. Битола Отворен Град влегува во ноќен режим. По култниот зимски сет на Herzel во организација на МКЦ-Битола, пациото на Музејот повторно оживува – оваа вечер со летна енергија, аналоген звук и тројца мајстори зад пултот: DJ GOCE. CHVARE. DOUBLE G. Тројца диџеи, три стила, еден заеднички импулс: DJ Goce – жив ритам-архив од македонската хип-хоп историја Chvare – креатор на звучни светови надвор од ...
Денес, петок, 27 јуни, во Битола од 2о часот дел од програмата на Битолското културно лето е Концертот со авторска музика на “Стефанија мјузик ворлд“, кој ќе се одржи на Нова сцена во Центар за култура. Станува збор за јубилеен концерт кој слави една деценија посветеност, креативност и љубов кон музиката. Стефанија е дипломирана поп-џез пејачка, артистка со препознатлива интерпретација и оригинален звук, која заедно со искусните музичари, ...
-Пелистер Волеј не се само одбојкарки. Тие се храброст, страст, борба и гордост за нашиот град. Девојки кои со срце играат за Битола, кои секојдневно го рушат митот дека спортот е само машка арена, напиша на својот официјален ФБ профил, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, по стедбата со престедателот на Пелистрер Волеј, Александар Темелковски, и тренерите Роберт Митковски и Владимит Трифуновски.На средбата која се одржа во кабинетот на ...
Денес, петок, 27 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови можност за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 36 степени. Утре, сабота, 28 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од ...
Во бутикот “Multi brand’s“ на едно место ќе најдете оригинална облека и обувки од различни светски брендови.Евтини цени за асортиманот на женска и машка облека, кој е за сечиј вкус.Облека од разни стилови, дали е “кежуал“ стил, спортска облека или елегантен стил.Посетете не и изберете парче облека од вашиот омилен бренд, по пристапни цени за празниците кои ни доаѓаат велат од “Multi brand’s“.Бутикот се наоѓа на улица “Рузвелтова“ бр. 10 над ...
-Во прекрасна атмосфера на античкиот локалитет Хераклеја во Битола, со концерт на култната македонска група “Леб и сол“, започна 17 издание на Бит Фест, кое го отвори градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.Вечерва со незаборавен концерт на групата „Леб и сол“ на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, свечено беше отворено 17. издание на Битолското културно лето „БИТ Фест“.Пред многубројната публика, легендарната македонска група го означи ...
Тони Наумовски, актер од Битола кој веќе 2 децении живее и работи во САД, ја освои наградата за најдобар машки актер на престижниот „Инди филм фестивал авордс“ (Indie Film Festival Awards) во Њујорк. Наумовски е награден за улогата во филмот „Лена и Владимир“, научнофантастичен трилер режиран од Игор Алексов. Филмот веќе привлече внимание на неколку меѓународни фестивали, освојувајќи повеќе признанија.По добивањето на наградата, Наумовски се ...
Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер од Битола утре ќе ги дознае своите седум противници во групната фаза на Лигата на шампионите. Ждрепката е закажана за утре, пето, 27 јуни во 15 часот во седиштето на ЕФХ во Виена, а Еурофарм Пелистер ќе биде достојно репрезентиран на ЕХФ гала свеченоста. Шешири пред ждрепката во Лигата на шампионите: Шешир 1: Фуксе Берлин, Барса, ПСЖ, Алборг, Висла Плоцк, Веспрем. Шешир 2: Магдебург, Нант, ГОГ Гудме, ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со делегација од меѓупарламентарната група за пријателство Туркије – Македонија. Делегацијата ја придружуваа: амбасадорот на Република Туркије во Македонија Н.Е.Фатих Улусој, Бејџан Иљас – претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Република Туркије и Ајдован Адемоски – Почесен конзул на Р. Турција во Битола. На ...
На античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, вечерва со Концерт на групата „Леб и сол“, започнува 17 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“. Со концертот во Битола, легендарната група, ја започнува својата турнеја за одбележување на 50 години на музичката сцена. Влезници по цена од 400 денари, можат да се набават во Офицерски дом и Хераклеја од 10:00 до 20.30 часот. Официјалната програма на БИТ ФЕСТ ќе трае од 26 јуни до 31 август, но ...
Како модерно заболување, поради начинот на живот дегенративни промени кај луѓето, недоволна физичка активност, доаѓа до појава на спондилоза и спондилозна реакција како проблеми со вратот. Спондилоза како заболување не бира години и возраст кај човекот, а се појавува како хронична спондилоза или секвеционална спондилоза. Хроничната спондилоза за жал не може да се излекува, таа е присутна кај луѓе, да речеме народски – цел живот, меѓутоа има ...
Денес, четврток, 26 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 37 степени. Утре, пњток, 27 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на ...
Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола после реорганизацијата на организацијата на клубот денес на прес-конференција го претстави новиот координатор на школата на Пелистер, Марјан Секуловски, кој зборуваше за неговите водувања за школата од Битола која е позната и пошироко и од која излегле голем број на првотимци и репрезентативци. Во своето обраќање Секуловски истакна дека школата треба да биде фабрика за фудбалери, која ќе го сервисира ...
Градоначалникот Тони Коњановски денес оствари средба со претседателката Ана Ристевска и Потпретседателката Моника Марковска, како претставници од Совет за женско претприемништво. На средбата беа презентирани активностите кои Советот ги реализираше во изминатиот период, со кои активно се афирмира женското претприемништво во градот и околината. Се дискутираше за значењето на Советот во подигнување на свеста за едукација и доедукација во делот на ...
Селективната коронарна ангиографија е моќна дијагностичка алатка која ни овозможува навремено откривање на стеснувањето на крвните садови на срцето, односно коронарните артерии. Методата е брза, безбедна и релативно безболна и се изведува на буден пациент , најчесто преку артериите на раката под локална анестезија. Кога се изведува? Предоперативната коронарографија е неопходен чекор за секој пациент кој планира операција на срце. Истата се ...
Во Битола во саботата мирисаше на бензин, гуми и возбуда. Car Show 2025 донесе стотици автомобили, музика, публика и енергија каква што само љубителите на брзината ја препознаваат. Но зад еден од најпосетените штандови на настанот – оној на КС Групација – стоеше нешто повеќе од добра организација и забава.Тимот на КС Групација не дојде само со банери и игри. Дојдоа со цел. Нивниот штанд беше едно од ретките места каде што луѓето не доаѓаа само ...
Полициски службеници од СВР Битола, денеска реализираа превентивна активност на повеќе локации во Битола под мотото „Градиме пријателство-создаваме безбедност“, тематски посветена на превенцијата од имотни деликти, со посебен акцент на превенција од џебни кражби и провални кражби. Активноста беше реализирана преку непосредни средби со граѓани, особено оние од повозрасните категории, на коишто им беше укажувано и појаснето како да се заштитат од ...
На 23.06.2025 во 12.00 часот во СВР Битола, Н.М. од Битола пријавил дека во неговиот занаетчиски дуќан во Битола, 21 годишник од Битола со закана и употреба на сила одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 24.06.2025 во 04.00 часот во с.Слепче, демирхисарско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Демир Хисар лишиле од слобода 67 годишник од с.Слепче. При претрес во неговиот дом ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ја посети новата детска градинка, сместена во објектот на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, која се очекува да започне со работа во септември оваа година.Објектот е целосно реконструиран со средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Битола. Во моментот, се врши негово опремување со соодветен мебел и опрема – креветчиња, плакари, масички, ...
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола оваа ракометна сезона по трет пар по ред ќе игра во Лигата на шампионите, а битолчани ќе можат да гледаат елитен ракомет, одлучи Европската ракометна федерација која ги објави екипите што наредната сезона ќе бидат дел од најелитното европско клупско натпреварување. Покрај нашиот првак, вајлд-карти за ЛШ добија и екипите на Келце, ПИК Сегед, Нант, Колстад и ГОГ Гудме. Oвие екипи им се приклучуваат ...