
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Големо е задоволството во таборот на Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола откако „зелено-белите“ добија можност да бидат дел од јубилејното десетто издание од Лигата на Шампионите. Апликацијата за влез во елитното натпреварување на ФИБА беше прифатена, а во квалификациите за ЛШ, ќе игра против италијанскиот клуб Реџо Емилија. Директорот на КК Пелистер, Филип Ивановски, беше присутен на ждрепката во Лозана, од каде ги пренесува импресиите. ...
-Вечерва во Хераклеја во Битола прославивме јубилеј 45 години но вечерва тука ја славевме музиката, живееше рокенролот изјави Раде Стаматов на крајот на јубилејниот концерт на групата “Гром“ од Битола. -На музичката сцена на Хераклеа отворено под звезденото небо се слушаше рокенрол и сите присутни уживаа во музиката на групата “Гром“ со која се вратија во убавите времиња на рокенролот во Битола.Тоа беше една посебна и единствена вечер за ...
Во денешно време, поради намалената физичка активност кај луѓето, доаѓа до задржување на отровите во телото и таложење на масти, кои едноставно го деформираат телото и прават деструкција на самата физичка форма на луѓето. Со правилна и балансирана исхрана можеме да постигнеме телесна форма, која дава олеснителни околности на нашето тело. Поради многу непроверени информации во пракса, многумина прават грешка и се придржуваат кон одредени диети ...
Општина Битола беше домаќин на работната средба со претставниците на консултантскиот тим од проектот „Понатамошна поддршка за имплементација на реформите во секторот за води”, на која учествуваа раководните лица на битолските јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“, ЈП „Стрежево“, како и претставници на општина Новаци. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски присуствуваше на средбата, на која раководителот на тимот, Ад Санен, ...
Во рамки на Програмата на Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ, вечерва со почеток од 21 часот, на античкиот локалитет Хераклеја во Битола ќе настапи легендарната македонска група „ГРОМ“, по повод 45 години од своето постоење. Ален Славица ќе биде специјален гостин на концертот во Битола. Оваа музичка вечер се очекува да биде вистински спектакл под отворено небо, на едно од највпечатливите културни места во земјава.Членовите на групата „Гром“ ...
Италијанскиот прволигаш Реџо Емилија ќе биде првиот противник на Пелистер од Битола во четвртфиналето од квалификациите за Лигата на Шампионите, беше одлучено со денешната ждрепка што се одржа во Лозана. „Пелистерци“ за првпат во клупската историја ќе бидат дел од едно европско натпреварување, а ждрепката сакаше токму Реџо Емилија да биде прв противник на нашиот клуб во оваа нова авантура. Согласно правилата на ФИБА, во секој од трите турнири ...
Под слоганот „Убавината на уметноста“, битолското културно лето и годинава, во своето 17. издание, носи богата програма исполнета со културни настани што го збогатуваат уметничкиот живот на Битола. Во текот на летото, Битола ќе биде сцена на: концерти, театарски претстави, изложби, филмски проекции, уметнички перформанси и многу други настани кои ја слават културата и креативноста. Битолското културно лето БИТ ФЕСТ се реализира во соработка ...
-“Не мора да отворате, сé е кажано“ или “Ние не сме најдобри, но нема подобри од нас“ се оригиналните реченици на кои е автор сопственикот на пицерија “Шведскио“, Драган Талевски, но за оваа прилика кога неговиот бизнис слави 25 години, кога ги прашавме кој е следниот слоган за јубилејот, ни рече дека нема. -Ова не е реклама, ова е само потсетување на битолчани за тоа дека пицерија “Шведскио“ слави 25 години, а ако до сега не се имаме докажано ...
Летото во Битола никогаш не било повозбудливо. Gold Felicia го најавува Summer Festival 2025 – серија на музички настани што ќе го разбудат градот и ќе донесат ноќи исполнети со енергија, страст и сценски спектакл каков што не сте доживеале досега. Во рамките на фестивалот, ќе настапат: -Barbara Bobak – 24 јули -Peđa Jovanović – 7 август -Tropico Band – 14 август Овие вечери нема да бидат обични концерти – туку вистинско искуство што ќе ја ...
На 02.07.2025 во 02.00 часот во СВР Битола А.Н. (31) од Битола пријавил дека на ул. „Филип Втори Македонски”во Битола, додека бил заедно со неговите другари на возраст од 35 и 39 години, а во непосредна близина во неговото паркирано патничко возило се наоѓала и неговата сопруга и неговото малолетно дете, се паркирало патничко возило марка “голф” од каде излегло лице и физички го нападнал пријавителот, а потоа со дрвен предмет упатувал и закани ...
“Битфест“ кој е во организација на Општина Битола за денес го најавува јубилејниот концерт на една од најистакнатите македонски групи – „ГРОМ“, која веќе 45 години остава силен белег на музичката сцена! Песните и настапите на „ГРОМ“ одгледаа генерации Битолчани и оставија неизбришлив печат во срцата на сите љубители на музиката. -Ве покануваме да бидете дел од овој незаборавен настан што ќе не потсети на убавите времиња и ќе не исполни со ...
На 21. на меѓународниот фестивал на монодрама “Албамоно“ која се одржа во Поградец и Малиќи меѓународното жири составено од: Азура Де Грегорио, Италија, Ана Маријани, Германија и Клајди Малелари за најдобар актер го прогласи Здравко Стојмиров од Народен театар Битола. Монодрама има за цел да ја претстави искривената реалност на животот свртен наопаку од суровите услови на минатите војни, личните битки, општествениот притисок кој ја покажува ...
Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш. Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам. 🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат. 📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза. 🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш. -Купуваш онлајн без нервоза. -Резервираш патување без дилема. -Плаќаш било каде – без ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 од Кривичниот законик. На 29 јуни, во казино во Битола, осомничениот најпрво ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ширум ги отвора вратите за упис на нови студенти во учебната 2025/2026 година на прв, втор и трет циклус студии. Конкурсите се објавени и достапни на веб-страницата на УКЛО и на веб-страниците на единиците на Универзитетот. За додипломските студии, на УКЛО има места за 2404 нови студенти. Од нив 1.199 се во државна квота, останатите 675 и 444 се наменети за кофинансирање и вонредни студии. ...
“АБЦ Дојчиновски“ од Битола компанија која е етаблирана и реномирана за продажба на пелети започнува со продажба на пелети рати. На потрошувачите “АБЦ Дојчиновски“ им нуди голем избор, десетина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1. Пелтите се со висок квалитет и прифатливи цени, секако со бесплатно чување до идната грејна сезона и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ веќе работи за идната грејна сезона, а уште ...
Денес, вторник, 1 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе достигне до 33 степени. Утре, среда, 2 јули, во Битола времето ќе биде Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе достигне до 34 степени. ...
Фестивалот Битола Отворен Град 2025 го заврши своето 24. издание со јасен став: културата не се конзумира – се живее. Во текот на четири дена, од 25 до 28 јуни, Битола повторно стана град што зборува преку изложби, концерти, работилници, зборови и винили. Сè започна со отворањето на изложбата “When Do I Stop?” од Харис Муриќ – визуелна хроника од 52 постери, создадени во текот на 52 недели. Муриќ ни подари нешто ретко денес: визуелна, лична ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, цената на дизелот се намалува за еден денар, а на eкстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,3 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, ...
Попладнево на стадионот “Петар Милошевски“, под Тумбекафе во Битола официјално беше отворена новата фудбалска сезона 2025/26 во која екипата на Пелистер ќе се обиде да биде стабилен прволигаш.Денес “пелистерци“ започнаа и со нов борд на директори, на чело со Александар Стефановски, кој во име на Општина Битола им се обрати на фудбалерите и стручниот штаб, при што рече:-Оваа сезона тимот на Пелистер ќе го раководи нов Управен одбор составен од ...
На денот на стартот на подготовките во Битола екипата на Пелистер доби силно засилување во името на Стефан Спировски, големо име за мак-фудбалот ќе го облече “зелениот-дрес“. Пелистер денес се пофали со потписот на Стефан Спировски, кој по петнаесет години се врати во матичниот клуб. -Стефан Спировски од денес повторно е член на Пелистер!. Искусниот фудбалер за врска потпиша договор со нашиот клуб и ќе претставува големо засилување во обидот да ...
Првата половина од 2025 година го потврди НУ Камерен Оркестар на Битола како централна сила на класичната музичка сцена во регионот, институција што не само што создава врвни музички доживувања, туку и испраќа моќни пораки преку звукот. Со вкупно седум концерти, оваа полусезона донесе емоции, нови соработки и уметнички експерименти. Сезоната беше отворена со традиционалниот концерт „Засекогаш во срцата“, посветен на Тоше Проески, ДНК и трагично ...
Почитувани посетители, Доколку планирате престој во национален парк “Пелистер“ – Битола ве информираме дека потребно е претходно да поднесете барање за дозвола за влез. Пополнете го следниот формулар: https://forms.gle/YX8xbP2DyNDkZFfQA Откако ќе го пополните, автоматски ќе добиете потврда на вашата емаил адреса. Со цел заштита на природата и безбедност, задолжително е почитување на правилата (напишани во одговорот) при престој во паркот. Ви ...
Долготрајни аплаузи и воодушевена публика беа само дел од најновата премиера во Народен театар Битола и тоа на претставата „Едмонд“ која е петта по ред премиера за оваа година, според текстот на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски. -Јас сум радосен што работам овде, бидејќи не сум работел во земјава од 2011, и е убаво да се работи на својот јазик. Ние имавме многу убави осум недели работа и веруваме дека завршивме одлична работа. Беше ...
Дали некогаш сте забележале како вашето тело понекогаш го знае одговорот пред вас? Тој тивок поттик, чувство – честопати може да ве води подобро од кој било надворешен совет. Големото прашање е: Дали му верувате? Или дозволувате идеи, мислења или „практични“ совети на другите луѓе да го задушат? Проверете со вас брзо дали ги следите вашите инстинктивни чувства? Знаете, физички чувства како тежина, стегање во градите или непријатност кога нешто ...
На 55 километри од Битола, по патот за Охрид во подножјето на село Куратица, во Рајската долина, се наоѓа “JOVANOSKI” bar & restaurant“.Недопрената природа и самата локација на ресторанот веднаш над Голема река, ќе Ви ги опуштат сите сетила и ќе го направи Вашето присуство вистинско уживање.Од целокупниот асортиман на храна кој го нуди овој ресторан, ја издвојуваме Охридската пастрмка која самите сопственици ја одгледуваат и секогаш се ...
На 21-то издание на Меѓународниот фестивал на монодрама „Алба моно“ кое оваа година е од 23. до 30. јуни 2025 година, во Поградец – Малиќ, Албанија, гостува Народен театар Битола со претставата „Фетишист“ по Мишел Турние, а во режија и изведба на актерот Здравко Стојмиров. Претставата има за цел да ни ја претстави извртената реалност на еден живот што бивајќи свртен наопаку, поради тешките услови од војните од минатото, личните неуспешни борби, ...
-Како е секое лето, така и пред 10 години, во 2015 година, во Битола свечено беше отворено културното лето “Битфест“, а започна со концерт на Битолскиот камерен оркестар во Народниот театар во Битола, а тоа беше десетото јубилејно издание на Битолското културно лето, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.На свеченото отворање настапи Битолскиот камерен оркестар заедно со повеќе солисти ...
Денес, недела, 29 јуни, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола до 32 степени. Утре, понеделник, 30 јуни, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола до 33 ...
Во P2P веруваме дека добрите вести треба да се споделат, а добрите препораки да се наградат. Затоа, со огромно задоволство ја најавуваме нашата специјална промоција за месец јули, која ви нуди шанса да освоите ваучер за патување во вредност од 3.000 МКД! Како да учествувате? Многу едноставно! Ако познавате пријатели, семејство или колеги кои размислуваат за паметна инвестиција, сега е вистинското време да ги запознаете со нас. За секој нов ...