Mинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за 360 степени откри дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата на кредитите за фирмите од заемот од Унгарија. Најави дека деталите ќе се договорат на следниот состанок со Mакедонската банкарска асоцијација што ќе се одржи во недела, а на кој ќе присуствува и премиерот. На прашање зошто досега не успеале да се договорат со банките, таа одговори дека ...

Во септември годинава во земјава се евидентирани 134 829 туристи, од кои 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31.9 % се од домашните, а 68.1 % од странските туристи. Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %. Кај домашните туристи има ...

Вредноста на биткоинот денеска се искачи на новото највисоко ниво од 82.000 долари, покажуваат податоците на берзата. Вредноста на биткоинот денеска се искачи на новото највисоко ниво од 82.000 долари, покажуваат податоците на берзата. Во 12:45 часот, Биткоинот се продаваше за 82.015,19 долари на најголемата берза за криптовалути Binance, додека неговата вредност во исто време на берзата Coindesk беше уште поголема и изнесуваше 82.149,47 ...

Трговскиот суфицит на Кина е на пат да достигне нов рекорд оваа година, што сигурно ќе ги разбесни другите светски економски сили поради тешката нерамнотежа во глобалната трговија и ризикува да предизвика непропорционален одговор од идниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Разликата меѓу извозот и увозот на азискиот колос ќе достигне речиси 1 трилион. САД долари, доколку продолжи да се шири со истата стапка како во ...

Ќе се стави ли крај на дивеењето на цените на становите? Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски најави пад на цената на станбениот квадрат за 30 до 40% со нов проект од 3,5 милиони евра. Акционерското друштво за изградба и управување со станбен и деловен простор има намера веќе од следната година да гради згради за комерцијална продажба на станови во Штип, Скопје и Битола со многу пониски цени од оние на приватните инвеститори. ...

Глобалните цени на храната се искачија на 18-месечен максимум во октомври, бидејќи растителните масла ги зголемија цените на повеќето основни производи, покажаа податоците на Обединетите нации во петокот. Водечка причина е поскапувањето на суровото палмино масло, кое е една од главните состојки во производството на голем број производи за широка потрошувачка, кое во последните три месеци поскапе за 45,2%. Широко се користи во производството на ...

Земјата доби покана од Русија пред 3 дена Уганда доби покана од Руската Федерација да стане земја партнер на БРИКС и ја разгледува, изјави за РИА Новости министерот за надворешни работи на Уганда, Абубакер Џеје Одонго. Претходно во саботата, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со својот колега од Уганда на маргините на првата министерска конференција на Руско-африканскиот партнерски форум рече дека Русија ја ...

Трговскиот суфицит на земјата би можел да достигне 1 трилион долари. Трговскиот суфицит на Кина би можел да достигне рекордни 1 трилион долари во 2024 година, доколку се задржат сегашните стапки на раст, наведува Блумберг. Од јануари до октомври оваа година, јазот извоз-увоз на Кина порасна за речиси 16% од 2023 година и достигна 785 милијарди американски долари, што е рекорд за таков период. Според агенцијата, причина за тоа е зголемувањето на ...

Од полноќ се зголемува цената на горивата, додека непроменета останува само цената на дизелот, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 78,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), не се менува, односно останува 70,50 ден/лит. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Тутунски комбинат АД Прилеп, по што на новинарско прашање, каков е планот за капитални инвестиции за наредната година, изјави дека Владата е фокусирана на вистински капитални инвестиции, пример се вложувањата за општините, реализацијата на Коридорот 10д. За следната година во Буџетот се предвидени 50,5 милијарди денари, тоа значи вложувања во инфраструктура, автопати, водоводи, канализации. „Што се ...

На девизните пазари доларот се зголеми до однос на останатите валути. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста кон другите шест најважни светски валути, утрово се движи со 105,5 поени, додека во вторникот навечер изнесуваше 104,95 поени. Истовремено курсот на доларот во однос на јапонската валута поразна за околу 0,5 %. Американската валута зајакна во однос на еврото, па цената на еврото падна на 1,0715 долари, додека во петокот вечерта ...

На глобалните пазари минатата недела цените на нафтата пораснаа за околу 1 отсто, бидејќи тие се поддржани од надежта на трговците за побрз раст на американската економија, но повисокиот раст на цените е спречен од слабоста на кинеската економија. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 1,05 отсто, на 73,87 долари, додека барелот на американскиот пазар поскапе за 1,2 отсто, на 70,35 долари. По падот за повеќе од 2,5 ...

Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е распишан Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за 2025 година е 1 февруари 2025 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, во согласност со условите и критериумите на јавниот повик. Право на учество имаат сите ...

АД МЕПСО денеска соопшти дека ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година. Одлуката беше донесена едногласно, на седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од генералниот директор Бурим Љатифи. Заеднички заклучок е дека трошоците и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година, кога овој процес ќе продолжи и понатаму да функционира, но на транспарентен начин и со детално почитување ...

Биткоинот достигна нов историски максимум близу 81.000 долари, а фјучерсите се зголемија, јасен знак дека инвеститорите веруваат дека рекордната цена на најголемата криптовалута во светот е подготвена за повеќе добивки благодарение на изборите во САД на кои беше забележан успехот на про-крипто кандидатите кои ја освоија функцијата. Отворениот интерес за цената на биткоинот кој надминува 90.000 долари се искачи на повеќе од 2,8 милијарди долари ...

Почнуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот од новата реколта. Првичните проценки покажуваат дека ќе има помал род од договорените 26.000 тони. Тутунарите очекуваат поволен откуп и повисоки цени од ланските… Се прават завршните подготовки за почетокот на откупот на тутунот на 15-ти ноември, велат од Министерството за земјоделство. Последниот ден за заверување на мострите е 15-ти ноември, а потоа монополите ќе можат да ги отворат ...

Од 1 јануари 2026 година е предвидено да почне да се применува декарбонизацијата: РЕК „Битола“ Без финансиска и техничка поддршка, многу бизниси – особено малите и средните претпријатија – се соочуваат со проблем при исполнувањето на климатските цели. На нешто повеќе од една година, кога треба да почне да се применува новата давачка за емисиите на јаглероден диоксид, во нашата земја како да се крена нивото на тревога на највисоко ниво. Владата ...

Годишната стапка на инфлација во Грција падна во октомври од септемвриските 2,7 на 2,4 отсто и сега е најниска во последните четири месеци, објави грчкиот статистички институт ЕЛСТАТ. Во октомври цените на храната и безалкохолните пијалоци во Грција се зголемени за 1,5 отсто на годишно ниво, алкохолните пијалоци и тутунот за 1,2 отсто, домувањето и комуналните услуги за 3 отсто, здравството за 3,6 отсто и образованието за 2,8 отсто. но во сите ...

Оптималните рокови поминаа а во нашата најголема житница поради сушата од планираните 12.000 хектари со пченица досега е засеано само една третина. Земјоделците велат доколку заврне може да се сее и до крајот на месецов но задоцнетата сеидба ги носи ризиците од правилна вегетација на посевите, заболувањето на растенијата но пред сè есенската сеидба ја прави далеку поскапа… Состојбата со есенската сеидба во најголемата житница станува ...

Напролет следната година Владата повторно ќе распише повик за ваучери за инвертeри, по големиот интерес годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Велес. -Да, апсолутно. Пред да дојдам во Велес имав состанок со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и бев информиран дека за помалку од два дена се поделени повеќе од 85 отсто од ваучерите. Тоа зборува дека интересот е голем и правиме сè да го ...

На седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од Генералниот директор Бурим Љатифи, едногласно била донесена одлука да се прекинат сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година. „Заеднички заклучок е дека трошоците и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година, кога овој процес ќе продолжи и понатаму да функционира, но на транспарентен начин и со детално почитување на критериумите предвидени за ...

Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска вели дека Левица го поддржа укинувањето на економските директори на клиниките, за подоцна законот да биде изигран од власта и економските директори да станат советници. „Имаше закон за укинување на економските директори на клиниките, којшто Левица го поддржа. За после да видиме како истите тие економски директори стануваат советници на директорите“, рече Мојсоска на дебата на Клан. Мојсоска ...

Цената на криптовалутата Биткоин достигна нов рекорд – синоќа достигна ново рекордно ниво од 79.654 долари. Вредноста на најпознатата криптовалута претходно „скокна“ за повеќе од 10 отсто веднаш откако Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа, а републиканците го освоија Сенатот, со големи шанси да победат во Претставничкиот дом, пренесуваат странските медиуми. Зголемувањето е најголемо од претходниот скок во март, кога инвеститорите беа ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во втората половина од идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој, како што изјави денеска, ќе настојува да присуствува на состанокот „за да го каже тоа што мисли дека треба да го каже“. Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на три делници кај Велес, Мицкоски нагласи дека компаниите нема да имаат поголем трошок од оној што веќе ...

Германскиот производител на автомобили „БМВ“ објави пад на оперативната добивка од 61 отсто во третиот квартал од годинава, поради слабата продажба во Кина и проблемите со системите за сопирање кај некои возила, што доведе до доцнење на испораките. Истовремено, приходите на компанијата се намалени за 15,7 отсто на годишно ниво – на 32,4 милијарди евра. Аналитичарите очекуваа таа сума да биде околу 34,3 милијарди евра. Во третиот квартал, ...

Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави Мицкоски, дефинирани се и цените. Според премиерот, есенската кошничка даде резултат. Граѓаните може да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдуваат и бројките. -Продолжуваме понатаму. Од тоа што сум информиран од минстерот за економија, остварена е комуникација со комроите, дефиниран е списокот на ...

Економските реформи во Европската унија станаа „уште поитни“ по изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави. На ова предупреди поранешниот претседател на Европската централна банка и италијански премиер, политичар и економист Марио Драги, кој дојде на неформалниот самит на Европската унија во Будимпешта да ги претстави своите предлози. Драги на почетокот на септември објави извештај за поттикнување на растот во ...

И ние се грижиме за твоите лични финансии и затоа те советуваме: Личните финансиски податоци треба да ги знаеш само ти и затоа не ги споделувај со никого! За безбедно користење електронско банкарство секогаш имај ги на ум следниве корисни совети: Еден од приоритетите на Комерцијална банката е грижата за твоите лични податоци. При користење на Интернет банка, внимателно прочитај ги сигурносните препораки. Сподели ја информацијата на сите на кои ...

Просечната инфлацијата годинава значително ќе забави и од 9,4 отсто минатата година ќе се сведе на 3,5 отсто, а трендот на намалување ќе биде карактеристичен и за следните години, додека економскиот раст постепено ќе забрзува, при претежно стабилна платнобилансна позиција, посочила гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2024 ‒ 2027 година пред дипломатскиот кор и ...

Вредноста на златните резерви на Русија во октомври за прв пат надмина 200 милијарди долари, покажуваат објавените податоци на Банката на Русија. На крајот на октомври Русија имаше златни резерви во вредност од рекордни 207,7 милијарди долари, а руските инвестиции во злато минатиот месец се зголемија за речиси четири отсто. Учеството на златото во вкупните руски меѓународни резерви се зголеми на 32,9 отсто во октомври, што претставува рекорден ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
34%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
50%
1023
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
35%
1024
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
37%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.59
55%
1021
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
46%
1024
weather icon

Атина

28ᴼ / 28ᴼ
7.72
48%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
41%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
25%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
41%
1021
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
37%
1025
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
41%
1017
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60