Бугарија во 2026 година веќе издаде нов долг над 1 милијарда евра преку државни аукции на обврзници. Ова доаѓа во време кога земјата влезе во еврозоната и се соочува со потреба за финансирање на буџетот, одбрана и инфраструктура. И покрај стабилниот раст, растечките каматни трошоци и политичка нестабилност (предвремени избори) можат да го зголемат притисокот врз јавните финансии. Аналитичарите следат дали новата влада ќе одржи фискална ...

Standard & Poor’s ја потврди кредитната оценка на Србија на BBB- со стабилен изглед, истакнувајќи дека фискалната дисциплина е добра, а дефицитот се очекува да остане под 3% од БДП, со јавен долг стабилен на 34-36% од БДП. Сепак, агенцијата предупредува за ризици од зависноста од руски гас, можни слабости кај главните трговски партнери (Германија и Италија) и внатрешни политички тензии. Министерството за финансии на Србија реагираше ...

Според проценките на Fitch Ratings од почетокот на 2026 година, вкупниот државен (суверен) долг на глобално ниво ќе надмине 100 трилиони долари оваа година, што претставува зголемување од околу 7 трилиони долари во споредба со крајот на 2025 година. Главните двигатели се големото трошење во Соединетите Држави и Кина, како и зголемените буџетски дефицити во развиените земји. Во развиените пазари (developed markets) самиот долг се очекува да ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница донесе одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати. Дизелот поскапува за 2,5 ден. од полноќ ќе чини 98 ден./литар. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари и изнесува 83,5 ден./литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменета и изнесува 85,5 ден./литар. Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од полноќ ќе се продава ...

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава е намален за 3.4 % во однос на февруари лани, соопшти Државниот завод за статистика. Во секторот Рударство и вадење камен намалувањето е 6.3 %, во секторот Преработувачка индустрија 3.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 0.4 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2026 година, се намалил во ...

На почетокот на април 2026 година, благородниот метал чини 127 евра за грам, поевтино за 3 евра за разлика од вчера. Една унца (31,1 грам) чини 3.961 евро. Овие нивоа значат дека златото останува една од најбараните суровини на глобалниот пазар, со значителен раст во однос на претходните години. Пазарните аналитичари укажуваат дека неколку клучни фактори стојат зад високата цена како ослабен американски долар, што го прави златото ...

Досега, цената на енергијата порасна најмногу, за 4,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година, што е најсилниот раст од февруари 2023 година. Инфлацијата во Еврозоната силно се забрза во март, со најзначаен скок на цените на енергијата од почетокот на 2023 година, поради прекини во снабдувањето од Блискиот Исток, покажаа прелиминарните податоци на Евростат. Годишната инфлација во еврозоната, мерена според HICP, изнесуваше 2,5 ...

Во Германија сè уште има повеќе од три милиони невработени, а подобрување на состојбата на пазарот на трудот во моментов не е на повидок, според податоците објавени од Федералната агенција за вработување (BA) за март. Бројот на невработени во Германија се намали за 49.000 во споредба со претходниот месец на 3,021 милиони, објави Wierschaftsvohe. Како што е објавено, бројот на невработени во март е сè уште за 54.000 поголем отколку во истиот ...

Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026. Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР. Министерството за внатрешни работи продолжува да ...

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа е непроменета, при што во февруари таа изнесува 2,19%, извести Народна банка. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,45 п.п. и изнесува 4,73%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска. Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа е непроменета, ...

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, бензинот поевтини, дизелот остана со иста цена, а малку поскапи Екстра лесното масло, додека мазутот поевтини. Бензините, БС – 95 поевтини за 2,5 денари за литар, БС – 98 за три денари, додека дизелот остана со иста цена. Ова се должи бидејќи референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување кај бензините, а кај дизелот зголемување. Но, денеска светот се разбуди ...

Војната на Блискиот Исток предизвика силен потрес на глобалниот пазар на Нафта. Особено е голем растот на цените на дизелот. Во Филипините има најголемо поскапување, дури 81,6 проценти, по што следат Нигерија со 78,3 отсто, Малезија каде што цената на дизелот пораснала за 57,9 проценти. Во САД цената на дизелот пораснала за 41,2 проценти. Но, одредени земји остануваат релативно стабилни. Па така во Индија и Саудиска Арабија нема промена на ...

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку падна, по минатонеделното зголемување од 0,7 проценти. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 100,09 поени утрово, додека во петокот навечер изнесуваше 100,19 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 160,30 на 159,75 јени. ...

Говорејќи на инвестициски форум во Мајами, Флорида, Трамп изрази разочарување што европските сојузници одбиле да дадат материјална поддршка на САД во војната со Иран, која трае речиси еден месец. Иако САД не се консултираа со сојузниците за нападите врз Иран минатиот месец, Трамп смета дека нивното сегашно одбивање за помош ја менува природата на односите. – Секогаш ќе бевме тука за нив, но сега, со оглед на нивните постапки, претпоставувам ...

Најголемата криптовалута во светот, биткоин, денес се тргува околу 65.000 долари, што претставува значително закрепнување по нестабилниот период што го одбележа почетокот на годината. Во изминатите месеци, биткоинот помина низ силни турбуленции. По достигнувањето на високи нивоа кон крајот на минатата година, следуваше корекција предизвикана од комбинација на макроекономски фактори, профитирање од инвеститорите и намалена ликвидност на ...

Нето надворешниот долг заклучно со декември 2025 година изнесувал 4,586 милиони евра или 27,1 проценти од БДП, објави Народната банка. Според податоците од централната банка, нето надворешниот долг во четвртиот квартал од 2025 година е зголемен за 102 милиона евра или за 2,3 проценти. – Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71 проценти, информира Народната банка. Во четвртиот ...

Републичкиот геодетски завод објави дека растот на пазарот на недвижности во Србија продолжил и на крајот од 2025 година, па вкупната вредност на прометот на пазарот на недвижности во четвртиот квартал од минатата година изнесувала 2,4 милијарди евра. Најголем удел во вкупната вредност на тргуваните недвижности има продажбата на станови со 1,4 милијарди евра, со учество од 61 процент од вкупната тргувана вредност. Вкупно 768,5 милиони евра ...

Криптовалутите денеска бележат пад, при што најголемите дигитални средства се во црвено, следејќи го негативниот тренд на глобалните финансиски пазари. Најголемата криптовалута, Биткоин, се тргува околу 69.317 долари, што претставува пад од 2,62%. Сличен тренд има и кај Етериум, кој е намален за 3,37% и се движи околу 2.118 долари. Меѓу останатите водечки криптовалути, БНБ бележи пад од 1,47%, додека Солана е понизок за 1,23%. Икс-Ар-Пи ...

Цената на златото во моментов се движи околу 4.600 – 4.700 долари по унца, по значителен пад во последните денови. Според податоците од берзите, пред неколку дена златото се тргуваше над 5.000 долари, а на 18 март достигна цена од околу 4.861 долари. Во текот на неделата цената падна за повеќе од 6%, што го означува еден од најсилните краткорочни падови во последниот период. Споредбено со почетокот на март, кога цената се движеше околу 5.200 ...

Златото доживеа најголем пад од 2011 година, што предизвика големо внимание кај инвеститорите ширум светот. Во последната недела цената на овој благороден метал се намали за околу 9–10%, што е најсилен пад во последните 14 години. Овој пад доаѓа во време на зголемена геополитичка нестабилност, кога логично се очекува златото да расте како „сигурно засолниште“. Главните причини за ова изненадување се комбинација на економски фактори. Прво, ...

Акционерот „Алта банка“ АД Белград го зацврсти своето сопствеништво во „Алта банка“ АД Битола, објави Македонската берза. Според официјалното известување поднесено согласно Правилата за котација, белградската банка се стекнала со дополнителни 84 обични акции. По оваа последна трансакција, „Алта банка“ АД Белград сега поседува вкупно 372.028 акции, со што нејзиниот вкупен удел достигна 95,15% од вкупниот број издадени обични акции на ...

Германскиот производител на луксузни автомобили „Порше АГ“ планира дополнителни намалувања на работни места и намалување на трошоците за истражување и развој, по намалувањето на продажбата во Кина и зголемената конкуренција на глобалниот пазар, изјави извршниот директор Михаел Лајтерс. „Неопходно е да се заостри оптимизацијата на компанијата и тоа ќе доведе до понатамошно намалување на бројот на работни места“, рече Лајтерс, истакнувајќи ...

Најпознатата криптовалута во светот, биткоин, денес се тргува околу нивото од 70.000 американски долари, бележејќи раст во однос на претходните денови и повторно привлекувајќи внимание на инвеститорите на глобалните финансиски пазари. Според последните податоци од криптоберзите, цената на биткоинот во текот на денот се движи во опсег близу 69.000 до над 70.000 долари, што претставува раст од околу три до четири проценти во изминатите 24 ...

Железничката линија меѓу Русија и Кина беше обновена по шест години, а првиот патнички воз ја премина границата во Забајкалскиот регион. Гувернерот на Забајкалскиот регион, Александар Осипов, учествуваше на церемонијата во недела, со која беа обновени комуникациите меѓу двете земји, објави регионалната канцеларија на Руската железница. Возот ќе сообраќа преку целата година, двапати неделно, поаѓајќи од рускиот град Забајкалск и кинескиот ...

Во текот на 2025 година извршителите во Македонија преку присилна наплата реализирале повеќе од 137 милиони евра, покажуваат најновите податоци од извештајот за нивната работа. Вкупно биле наплатени 137.368.058 евра, што претставува реализација од околу 43,6 проценти од поднесените барања за извршување. Иако износот на присилно наплатени средства е значителен, тој е за околу 23,3 милиони евра помал во споредба со 2024 година, кога наплатата ...

Во еврозоната сезонски прилагодената стапка на невработеност во јануари изнесуваше 6,1 процент, објави денеска Евростат. Тоа, како што наведува Евростат, е намалување во однос на 6,2 проценти во декември 2025 година и 6,3 проценти во јануари годинава. Стапката на невработеност во Европската Унија изнесуваше 5,8 проценти во јануари годинава, што е помалку од декември 2025 година (5,9 проценти) и во јануари годинава (6 проценти). Во ...

Иранската влада соопшти дека го забранува извозот на храна и земјоделски производи поради тековниот конфликт со Израел и САД. „Извозот на сите прехранбени и земјоделски производи е забранет до понатамошно известување“, објави агенцијата Тасним, повикувајќи се на владино соопштение. Владата дава приоритет на снабдувањето на населението со основни добра, пишува Бета. Иран активираше план за непредвидени ситуации во саботата, по почетокот на ...

На глобалните криптоберзи денес биткоинот се тргува за околу 67.000 американски долари, со умерена дневна промена и засилена активност кај инвеститорите. Пазарните аналитичари посочуваат дека обемот на тргување останува релативно висок, особено по неодамнешните движења на традиционалните финансиски пазари. Дел од инвеститорите го користат биткоинот како средство за диверзификација, додека други реагираат на краткорочни ценовни сигнали. ...

По случувањата на Блискиот Исток и очекувањата за скок на цената на нафтата, стигнаа и првите поскапувања на нафтените деривати во земјава. Од полноќ бензините поскапуваат за еден денар, а цената на дизелот останува непроменета. Се зголемува и цената на Мазутот за 1,022 денари за литар и тој сега ќе се продава по цена од 35,542 ден/кг. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 74,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од ...

Денеска и официјално заврши откупот на тутунот од ланската реколта, а од понеделник почнува склучувањето договори за новата реколта. Не се намалува интересот за тутунопроизводството, но се зголемуваат барањата за повисоки цени… И официјално, заврши откупот на тутунот. Со преку 26.120 тони се заокружи ланската реколта тутун која, според тутунарите е главно, успешна. Просечната цена од 418 денари е најблиска до она што најмногу нудеа ...

Мајкл клејтон

48 минути - МРТ

Фини момци

48 минути - МРТ
weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
28%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
31%
1011
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
1.54
28%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.26
38%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
5.14
43%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
77%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
43%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
38%
1014
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
8.23
38%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
3.09
48%
1016
Currency

61.635

Currency

52.7137

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Платина

64172.89

Паладиум

48883.97

Злато

166450.52

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35