
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Македонските земјоделци ја добиваат заслужената грижа од државата, на скоро 8.000 земјоделци се исплатени над 407 милиони денари, директни плаќања, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Имено, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци, односно градинари, за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Висината на директните плаќања се однесува на предадените култури за ...
Од денес, официјално, цените на стоките и услугите во продавниците и трговските објекти мора да бидат наведени во обете валути – и во лева и во евра. И двете цени мора да бидат прикажани со ист фонт и боја за да не се доведат потрошувачите во заблуда дека постои промоција. Според тоа, доколку постои промоција, таа мора да биде наведена на посебна етикета и да биде доволно препознатлива. Постои исклучок од наведувањето на обете валути за ...
Нов месец, нов раст на инфалцијата. Државниот завод за статистика пресмета раст на годишно ниво од 4,8%, на месечно од 1,1“%. Индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3 %. Во јули поскапело се, но најмногу храната . Државен завод за статистика „Повисоката инфлација во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, е ...
Европските и американските берзански индекси денес се нерамномерни, а златото и пченицата пораснаа во цена со истовремен пад на цените на нафтата. Властите во Москва потврдија дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во следните неколку дена, што позитивно влијаеше врз растот на европските акции на затворањето на берзата во четврток, јавува CNN. Индексот DAX на Франкфуртската берза денес во ...
Заменик-претседателката на Форумот на жени при СДСМ, Ема Нешковска, на денешната прес-конференција изјави дека инфлацијата од 4,8 проценти на годишно ниво ја доведува економијата во сериозен пад и ја турка населението во сиромаштија. Според неа, ова е резултат на промашените економски политики на владата предводена од Христијан Мицкоски. Нешковска истакна дека најмногу поскапување има кај храната и основните производи, што го прави животот ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја промовираше новата владина мерка „Училишна кошничка“, насочена кон намалување на трошоците за училишен прибор и заштита на семејниот буџет пред почетокот на новата учебна година. „Веруваме дека образованието треба да биде еднакво достапно за сите – без оглед на семејниот приход. Затоа, заедно со Владата, преземаме мерки што овозможуваат секое дете да започне со училишните обврски под ...
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Њузмакс Балканс“ истакна дека со одржливи стапки на економски раст од 5 до 6 отсто годишно, земјава може значително да го скрати времето потребно за економска конвергенција со Европската Унија – од неколку децении на 15 до 20 години. „Според сегашните податоци, БДП по глава на жител кај нас е на ниво од 42% од просекот на ЕУ. За побрзо затворање на тој јаз е потребен значително ...
Исплатени се 3.686 млекопроизводители со вкупен износ од 147.822.692,00 денари. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Исплатени се 3.686 млекопроизводители со вкупен износ од 147.822.692,00 денари. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади и синдикатите на УПОЗ и СОНК потпишаа нов колективен договор со кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, информира министерот Фатмир Лимани. Тој на својата фејсбук страница пишува дека денеска со Синдикатот на УПОЗ и СОНК, го потпишале новиот Колективен договор кој, како што нагласува, им носи заслужено зголемување ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Август 2025 година. Со ...
Увозот, исто така, се зголеми за 4,1 проценти, што е повеќе од очекуваното. Сепак, трговските текови варираа во зависност од регионот. Извозот во Соединетите Американски Држави нагло се намали за 21,7 посто во споредба со претходната година, продолжувајќи го стрмниот пад забележан во јуни. Кинеските извозници го компензираа овој пад со зголемување на испораките на други пазари, при што извозот во Европската Унија се зголеми за 9,3 отсто, а ...
Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат во Америка или не планираат, изјави претседателот Доналд Трамп. Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека новата царинска стапка ќе се применува на сите чипови и полупроводници што доаѓаат во Соединетите Американски Држави, но нема да се применува на компании кои се обврзале да произведуваат во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп (Трамп), во среда потпиша извршна наредба со која се воведува дополнителна царина од 25 проценти за Индија за купување руска нафта, со што вкупниот број на царини што САД ги наметнаа на нивниот сојузник ќе достигне 50 проценти. Царините треба да стапат во сила 21 ден по потпишувањето на наредбата, што значи дека и Индија и Русија би можеле да имаат време да преговараат со администрацијата за царините за увоз. ...
Министерството за финансии бележи историски највисока наплата на приходи во буџетот за месец јули, соопшти министерката Гордана Димитриеска-Кочоска. Според неа, овие резултати се доказ за финансиската стабилност и насоченоста кон одржлив економски раст уште во првата година од мандатот. На својот фејсбук-профил, министерката истакна дека Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Во споредба со истиот ...
Сушата го зема данокот кај родот на тутунот и ќе го намали родот за 30 до 40 проценти. Во меѓувреме донесени се измени во законот за тутун со кои е забранет увоз додека трае откупот… Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од Доненско го зголемил производството. Очекувал 5 тони род, но поради сушата, задоволен ќе биде ако собере 3 тони тутун. По речиси три месеци без дожд, родот на тутунот годинава за 30 до 40 проценти ќе биде помал, проценуваат од ...
Највисоката просечна нето плата од 1.624 евра во јуни била исплатена во финансискиот сектор Црногорската Управа за статистика (Монстат) излезе со податоци за просечната нето плата во земјата во јуни, која изнесува 1.010 евра и е пониска за 0,4 проценти во однос на мај, а просечната бруто заработувачка во јуни е 1.203 евра. Најголема просечна нето плата од 1.179 евра е исплатена во Тиват, втора е Зета со 1.139 евра, а трета Подгорица со 1.061 ...
Високи цени – ниски плати. Граѓаните се почесто се жалат на високи цени на основните прхранбени произовид, владата смирува со кошнички. Премиерот веќе долго време повторува дека наскоро ќе има мерки но дека ќе мора да се почека бидејќи се прават анализите за базичната инфлација. Мицкоски рече дека се прави анализа за да се види за колку е зголемено се она што беше ограничено со мерките, и рече дека овој пат целта е да има целосно сценарио со ...
Американската влада објави дека САД може да бараат депозити до 15.000 американски долари за одредени туристички и деловни визи, во склоп на нов пробен проект што ќе стартува за две седмици. Оваа акција е насочена кон намалување на бројот на странски посетители кои го надминуваат дозволениот период на престој во државата. Според програмата, американските конзуларни службеници ќе имаат можност да бараат обезбедување од посетителите кои доаѓаат од ...
Пакистан и Иран вчера склучија спогодби со кои се задолжуваат да ја зголемат билатералната размена на 10 милијарди долари и да работат потесно заедно за да ја отстранат заканата од тероризам за мирот и благосостојбата во областа. Спогодбите во различни домени, вклучувајќи ја енергетиката и економијата, беа потпишани за време на дводневната посета на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. “Поставивме цел од 10 милијарди долари во трговијата и ...
Компанијата „Мерцедес“ ја гради најголемата фабрика за автомобили во Унгарија, со капацитет од 300.000 возила годишно, изјави министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто. Фабриката се гради во градот Кечкемет и, според Сијарто, ќе почне со производство на целосно нови модели со најсовремена технологија веќе во првиот квартал од 2026 година. „Со оваа инвестиција, вкупното годишно производство на автомобили во Унгарија ќе достигне ...
Годишната инфлација во Еврозоната за јули, според прелиминарните „кратки“ проценки, изнесува два проценти, што е исто како и во јуни, објави денес Евростат. Во секторот на услуги во Еврозоната, во јули е забележана инфлација од 3,1 процент на годишно ниво, што претставува забавување во споредба со 3,3 проценти во јуни. Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 3,3 проценти на годишно ниво, побрзо темпо од 3,2 проценти во јуни, а ...
Во тек се нови решенија кои ќе го поддржат намалувањето на цените на банкарските услуги и ќе овозможат поквалитетни и подостапни финансиски производи за сите граѓани, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, преку објава на платформата X. Во објавата, гувернерот нагласува дека финансиската инклузија не е крајна цел, туку средство за градење поотпорна и подинамична економија. – Поевтини банкарски услуги се еднакви поголема ...
Маркетите да не се служат со трикови, бидејќи ограничувањата можат да бидат годишни, наместо месечни, порача денес премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека Пазарниот инспекторат и Министерството за економија и труд внимателно ќе го следат однесувањето на големите маркети. Мицкоски предупреди дека ограничувањата не ќе бидат само краткорочни, туку може да се применуваат и на годишно ниво. ,,Мојата порака до маркетите е да не се служат со ...
Во јуни е остварен годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,32 п.п., при што таа изнесува 2,20 %. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,44 п.п. и изнесува 5,03 %, објави Народната банка. Во јуни 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена на месечно и на годишно ниво за 0,03 п.п. и 0,44 п.п., соодветно и изнесува 5,03 %. Просечната каматна стапка на вкупните ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата потпиша проглас со кој се воведуваат царини од 50% за одреден увоз на бакар, повикувајќи се на националната безбедност, објави Белата куќа. Прогласот воведува царинска давачка од 50 проценти за полупроизводи и деривати од бакар со висока содржина на бакар, почнувајќи од 1 август, објави Белата куќа. Царините ќе ги исклучат отпадните бакарни руди и материјали како што се концентрати, бигор, катоди и ...
Во 2024 година во ЕУ живееле 7,5 милиони лица помлади од 18 години кои немале државјанство на членката на Унијата во која престојуваат, што претставува 9,4 проценти од вкупниот број малолетници во блокот, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Меѓу малолетниците странски државјани, 27 отсто биле на возраст под пет години, 29,8 проценти од пет до девет години, 27,7 отсто од 10 до 14, а 15,6 проценти биле на возраст од 15 до ...
Швајцарската народна банка (SNB) во четвртокот објави дека во првата половина од годината забележала загуба од 15,3 милијарди швајцарски франци (18,83 милијарди долари), бидејќи слабеењето на доларот значително ја намали вредноста на нејзините американски инвестиции. SNB забележа загуба од 22,7 милијарди франци од девизните позиции во периодот јануари–јуни, откако падот на доларот ги избриша добивките и плаќањата при претворањето во франци. ...
Комерцијална банка АД Скопје ти носи уникатна можност за уште повеќе задоволство. Секој 1-ви во месецот уживај во омилените ресторани, барови, кафулиња, ноќни клубови или при нарачка на храна – и добиј 10 % поврат на средства со твојата Mastercard картичка од @Komercijalna banka! 🙌 Еве како до бенефитот 👇 1️⃣ Регистрирај се на 👉 www.priceless.com/MKden 2️⃣ Плаќај со твојата Mastercard картичка од Комерцијална банка 3️⃣ Добиј поврат на 10 % ...
Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи свечена церемонија на потпишување на договори во рамки на новата швајцарска поддршка за јакнење на јавните комунални претпријатија во земјата. Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, на настанот ќе се обратат и ќе ги потпишат договорите: првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, објави дека меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на државата на ниво ББ- со стабилен изглед, што претставува важна потврда за економските политики и стабилноста на земјата. „Ова е сигнал до инвеститорите дека сме на вистинскиот пат – економски раст, фискална одговорност и стабилни јавни финансии“, изјави Димитриеска-Кочоска. Според неа, клучните ...