Почнувајќи од 14 април 2025 година, експозитурата Централа Охрид на Булевар „Македонски Просветители“ бр. 19 ќе влезе во фаза на реновирање. Во овој период, експозитурата ќе работи со намален капацитет, но со јасна цел – подобрување на квалитетот на услугите и создавање на поудобно банкарско искуство за клиентите. Во меѓувреме, граѓаните ќе можат непречено да ги користат експозитурите Медицински Центар и Мини Маркет, кои продолжуваат со работа ...

Шпаркасе Банка АД Скопје се очекува наскоро да започне со изградба на нова модерна централа, која ќе биде лоцирана на местото на постоечкиот Европски Универзитет во Скопје, на булевар „Св. Климент Охридски“ бр. 66. Согласно Деталниот урбанистички план на овој простор се предвидува изградба на две згради една до друга, од кои едната ќе биде 10 ката, а другата висококатница со минимум 20 ката. Според иницијалните планови, новата централа на ...