
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Многумина од нас се надеваат дека ќе станат многу богати. Повеќето сакаат да постигнат одредено ниво на финансиска слобода и мир, без да стравуваат од помислата дека ќе немаат да ги платат сопствените сметки. Но, за постигнување на тоа ниво, исто така, е потребно одредено ниво на финансиско знаење кое многумина немаат, велат експертите. Финансиското незнаење е најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните. За жал, во училиште не се учи за ...
Пред да одлучите да ја прифатите лидерската улога, размислете двапати за тоа дали навистина го сакате тоа. Дали навистина имате став и емоционална интелигенција да ги водите луѓето и да успеете со нив? На светот не му треба уште еден лош лидер кој негативно ќе влијае на вработените, нивното здравје, клиентите и компанијата. За да добиете појасна слика дали имате предиспозиции да бидете успешен лидер, во продолжение ви прикажуваме 5 грешки кои ...
Повеќето вработени на Волстрит можат да очекуваат двоцифрено зголемување на бонусите оваа година, во споредба со 2020 година, додека инвестициските банкари би можеле да добијат највисоки чекови врз основа на наградните исплати во последната деценија, се наведува во извештајот на консултантската фирма „Џонсон асошиејтс”. Минатата година, бонусите на Волстрит беа пропорционални со економскиот шок од блокадата предизвикана од ...
Поминаа точно три години откако акциите на НЛБ почнаа да котираат на Љубљанската берза “LJSE“. Во тоа време, аналитичарите беа доста скептични бидејќи сеќавањето за падот на акцијата на Нова КБМ сè уште беше доста живо. Поточно, со акциите на НЛБ почна да се тргува на 14.11.2018 година, а првата поединечна цена беше 56,65 евра. Но, сега приказната е поинаква, НЛБ Групацијата одлично заработува и сериозно го проширува својот ...
За развојот на ФинТек индустријата кој оди со молскавична брзина, за тоа каде е светот и ние во него, за тоа наместо нарушување на односи – градење на партнерства со банките и за една визија кон иднината разговаравме со Никола Јошевски, коосновач и генерален менаџер на ФД СН Финансии кој тврди дека банките се како мерцедес S класа, но се повеќе во бизнисот и животот ви треба SUV. Банкарство: Прво да разјасниме што е тоа ФинТек? Никола ...
УНИБанка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. „Со решениe бр.15-22676/8 од 11-ти ноември 2021 година, Гувернерката на НБРСМ издаде претходна согласност за именување на г-дин Светозар Попов за член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (УНИ Банка)”, информираат од УНИБанка. „Со решение бр.15-22676/9 од 11-ти ...
Во насока на поттикнување на развојот на домашниот осигурителен пазар Кроација осигурување и Стопанска банка неодамна ја проширија понудата на банкоосигурување на македонскиот пазар за првпат овозможувајќи им на клиентите осигурување на отплата на кредит (во светот познато како CPI – Creditor protection insurance). Со оваа понуда корисниците на ново-одобрени кредити од Стопанска банка АД – Скопје, добиваат можност да склучат договор ...
Потрошувачката во трговијата на мало во САД во октомври пораснала за 1,7 проценти, повеќе од очекуваното, што покажува дека најголемата светска економија повеќе од солидно закрепнува од кризата со коронавирусот. „Инвеститорите земаа здив бидејќи вестите покажуваат дека потрошувачката продолжува силно да расте и покрај зголемените цени и прекините во синџирите на снабдување“, вели Брајан Јакобсен, стратешки аналитичар во ...
Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. ОТВОРЕНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: СОРАБОТНИК ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА И РАЗВОЈ НА СОФТВЕР ЛОКАЦИЈА: ДЕЛОВНА ЗГРАДА ОХРИД Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од 120.000 клиенти во ...
Македонските банки се алфа и омега во споредба со сите останати компании кога е во прашање профитабилноста. Додека кризата навлезе во сите сфери на општеството и целиот бизнис сектор се соочува со намалени приходи и стопени профити, банките и понатаму од година во година рушат рекорди по заработка. Анализирајќи ги последните финансиски извештаи на банкарскиот сектор, Банкарство.мк дојде до податок дека за девет месеци од годинава профитот на ...
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на својата последна 127-ма седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити. Собранието се одржа на ден 11.11.2021 година при што беше донесено Решение со кое на Капитал Банка АД Скопје и беше дадено одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за петта емисија од 11.254 обични акции, со вкупна вредност на емисијата од ...
Капитал Банка АД Скопје е една од првите банки во земјата која се приклучува кон иницијативата за заштеда на електрична енергија, со цел рационално користење на електричната енергија. На почетокот на ноември, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор. Согласно проценките, постои ризик од стабилно снабдување со електрична енергија во текот на доцните есенски и зимските месеци. ...
На Волстрит се тргуваше внимателно вчера при што индексот „S&P 500″ остана практично непроменет бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици поради зголемените приноси на обврзници и можното зголемување на каматните стапки порано од очекуваното. „Dow Jones” падна за 12 поени, или 0,04 проценти, на 36.087 поени, а „Nasdaq” индексот се намали за 0,04 отсто, на 15.853 поени. „S&P ...
Напорно работите, но за жал никој не го забележува тоа? Ќе мора да го свртите листот и да ги измените некои аспекти од работењето. Според мислењето на експертите, постојат пет битни причини поради кои не сте доволно почитувани на работното место поради што кариерата може да ви тргне во надолна линија. 1. ГУБИТНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ Работењето во динамично опкружување, само по себе е стресно. Сепак, последна емоција која би требало да ја покажете е ...
Како еден од лидерите во понудата на дигитални финансиски услуги и во развојот на услугата електронска трговија во земјава, Комерцијална банка со задоволство ја спонзорираше четвртата годишна конференција на тема „Ecommerce: Ready. Set. Grow!“, која ја организираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Во присуство на неколку стотини учесници на конференцијата, претставникот на Комерцијална банка, Киро Чадиковски, директор на ...
НЛБ Банка Скопје, во соработка со Триглав Осигурување Живот, ја збогатува својата понуда на небанкарски финансиски производи и воведува нов производ – Unit Linked, продажба на осигурителни полиси за инвестициско осигурување на живот. Unit Linked е производ преку кој средствата на клиентот се вложуваат во инвестициски фондови, со истовремено издавање на полиса за животно осигурување. Притоа клиентот, согласно своите можности и потреби, го ...
Халкбанк АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. „Врз основа на алинеја 4 од став 1 член 166-б од Законот за хартии од вредност, согласно Решението на Гувернерот на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на Томче Тасевски за период од 2 години, сметано од 05.11.2021 година. Промените се упишани во Централниот ...
УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: РЕФЕРЕНТ ВО ДИРЕКЦИЈА КРЕДИТЕН ЦЕНТАР Потребни квалификации: Одговорност и задачи: Заинтересираните кандитати да испратат e-mail на: jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 15.11.2021 година. Со пријавување на објавениот оглас, ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за ...
Комерцијална банка АД Скопје ја поздрави и се приклучи на иницијативата на Македонската банкарска асоцијација за заштеда на електрична енергија со цел поефикасно надминување на енергетската криза со која се соочува земјата. Како општествено одговорна компанија, Комерцијална банка ќе го даде својот придонес со исклучување на светлечките реклами во наредните 30 дена во централата на Банката и во нејзини филијали и експозитури. Како што е наведено ...
Уште еднаш примамлива поволност нуди Потрошувачкиот кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка. Токму пред почетокот на празничниот шопинг и очекуваните попусти во продавниците, Банката го понуди кредитот на пазарот со можност за негова отплата до 120 месеци. Искористете ја можноста и до 31.12.2021 година аплицирајте за атрактивниот Потрошувачки кредит на Комерцијална банка затоа што ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО да се остварат големи и мали желби. Овој ...
Девизните резерви коишто се клучниот фактор од којшто зависи стабилноста на денарот во однос на еврото се одржуваат на историски највисоко ниво од 3,6 милијарди евра. Тие се повеќе од двојно повисоки отколку во текот на глобалната финансиска криза во 2008/2009 година, а Народната банка располага и со дополнителни механизми за поддршка на девизните резерви и одржување на стабилноста на домашната валута. Денарот со години е стабилен и ќе биде ...
Претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека пред година и пол неколку институции во државата, меѓу кои и две поголеми банки, биле цел на хакерски напади, и дека имало истрага со форезничари од внатре и надвор. „Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми банки беа цел на хакерски напади. Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага ...
Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за работа на благајна во Бутел-Скопје. Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време. Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации ...
Претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека пред година и пол неколку институции во државата, меѓу кои и две поголеми банки, биле цел на хакерски напади, и дека имало истрага со форезничари од внатре и надвор. „Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми банки беа цел на хакерски напади. Две најголеми банки и 2-3 други државни институции беа соборени. Имаше истрага ...
Откако на 9.11.2021 година, Владата на Република Северна Македонија прогласи кризна состојба во енергетската енергетскиот сектор во траење од 30 дена, Македонската банкарска асоцијација (МБА) го координираше своето членство и едногласно ја поддржа иницијативата според која сите експозитури и централни објекти на членките ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена. Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на ...
НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. „Ве известуваме дека на ден 05.11.2021 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-дин Игор Давчевски да биде ре-именуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од 4 (четири) години почнувајќи од 02.01.2022 ...
Инфлацијата останува во контролирани рамки, изјави денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска објавувајќи ги најновите макроекономски проекции на Народната банка. Сепак за годинава, Народната банка ја ревидираше прогнозата за стапката на инфлација и од од првично проектираните 2,2 проценти сега очекувањата се повисока стапка на инфлација од 3,1 проценти. „Засега не се очекуваат поизразени шокови, се очекува инфлацијата да остане во ...
Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и најновите макроекономски проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции на конференција за медиумите. Втора година по ред, макроекономските проекции се спроведуваат и се објавуваат во услови наметнати од пандемијата и глобална неизвесност. При ...
Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека заклучно со третиот квартал на 2021 година водечките три македонски банки (Стопанска банка АД – Скопје, НЛБ Банка и Комерцијална банка) оствариле добивка од 79 милиони евра, што претставува зголемување за високи 21,63% во споредба со добивката остварена во истиот период од претходната 2020 година. Највисока добивка оствари Стопанска банка АД – Скопје, која за девет ...
Од најголемата американска банка „JPMorgan” пристигнува предвидувањето дека биткоинот долгорочно би можел да скокне до 146.000 долари доколку нестабилноста се намали и институциите почнат да го претпочитаат повеќе од златото во нивните портфолија, пишува „Business Insider“. Тоа е приближно 130% повеќе од моменталната цена на биткоинот. Во изминатата недела се движеше помеѓу 60.000 и 65.000 долари. Биткоинот како ...