
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај за последното тримесечје од 2021 година. Во Извештајот се посочува дека и во последниот квартал беше задржан приспособливиот карактер на монетарната политика. Ваквата монетарна поставеност од почетокот на пандемијата постојано придонесува за поддршка на кредитните текови и одржување на ликвидноста во банкарскиот систем, заради ...
Како општествено одговорна банка, во услови на енергетска криза и зголемени цени на електрична енергија, НЛБ Банка организира промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките. Во рамки на промотивната кампања, Банката на клиентите им овозможува 5% поврат на средства (cashback) за секоја платена сметка за електрична енергија со НЛБ happy картичка, реализиранa во промотивниот период од 1.2.2022 до 31.3.2022 година. НЛБ haPPy картичката e кобрендирана ...
Комерцијална банка како современа и пазарно ориентирана компанија посветува значајно внимание на своите човечки ресурси, сметајќи ги за еден од најзначајните фактори преку кои се определува конкурентноста на компаниите. Инвестирањето во човечки ресурси, вложувањето во тимска работа и стручната едукација со цел нивен континуиран развој и унапредување на кариерата се клучен и континуиран приоритет на Банката. Деловниот свет постојано се менува, а ...
Во врска со неодамнешните написи објавени во средствата за јавно информирање со кои се дава неточно известување за правата на доверителите при распределбата на средствата од стечајната маса во случајот со Еуростандард банка АД Скопје во стечај, при што се сугерира да не се почитува Законот за стечај по однос на начинот на намирување на побарувањата на доверителите од ист исплатен ред, Македонската банкарска асоцијација ја потсетува јавноста за ...
Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Централна кооперативна банка АД Скопје, средствата по основ на примања од социјални права за месец јануари ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 03.02.2022 година (четврток). Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 03.02.2022 ...
Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека на 3.2.2022 (четврток) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите. Готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 3-ти февруари (четврток) и 5-ти февруари ...
НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати на 3 февруари (четврток). Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 3.2.2022 година, клиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е ...
Од денеска, 1 февруари, НЛБ Банка започнува промотивна кампања која се однесува на сите кредити за физички лица. Имено, до крајот на месец февруари во НЛБ, клиентите добиваат единствена можност да ги искористат промотивните придобивки на кампањата и да аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот. Поконкретно, потрошувачките кредити и мКлик/е-банк кредитите за физички ...
Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека во 2021 година водечките три домашни банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка Скопје) оствариле добивка од 7.013.383 илјади денари или 114,04 милиони евра. Споредбено со добивката на овие банки за истиот период во 2020 година, може да се забележи дека сите три водечки банки имаат значителен раст на профитот. Највисока добивка оствари ...
Во согласност со неревидираните финансиски извештаи на Стопанска Банка АД Скопје со пресечен датум 31.12.2021 година, добивката пред оданочување на Банката изнесува 2 728 833 илјади денари и во однос на претходната година бележи зголемување за 25%. Ваквиот резултат претставува континуитет на повеќегодишното успешно работење на Банката кое се заснова на нејзините здрави деловни фундаменти поткрепени со применетиот успешен бизнис-модел, силната ...
Во услови на продолжена здравствена криза, силна конкуренција и динамичен пазар, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје oствари успешна година, што ја одразува одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето. Годината што измина беше обележана со економско заздравување од негативните последици на кризата предизвиканa од пандемијата, а појавата на ...
По повод 20 години од своето основање, Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје ѝ додели пригодна плакета на Комерцијална банка во знак на благодарност за плодната соработка. Комерцијална банка е клиент на ЦДХВ од 27.11.2001 година, односно од самиот почеток на неговото работење, при што во Депозитарот се одржуваат сметки за хартии од вредност на 5.473 акционери на Банката. Банката денес е членка на Депозитарот како берзански ...
На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна откако минатата недела скокна за 1,7 проценти и го урна, за првпат од јули 2020 година, нивото од 97 поени. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 97,15 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот беше 97,25 поени. Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна ...
Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во декември 2021 година, кога се сведе на ниво од 4,37 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,74%, информира Народната банка. „Просечната каматна стапка на вкупните кредити во декември 2021 година изнесува 4,37 проценти и бележи месечен пад од 0,05 процентини поени (п.п.) и годишен пад од 0,26 п.п.. Просечната каматна стапка на ...
Федералните резерви на САД (ФЕД) соопштија дека најверојатно ќе ги зголемат каматните стапки во март и ги потврдија плановите да го прекинат купувањето на обврзници истиот месец како мерка за борба против инфлацијата, изјави претседателот на ФЕД, Џером Пауел. „Одборот има намера да ја зголеми стапката на федерално финансирање на состанокот во март, под претпоставка дека условите се поволни“, рече Пауел на прес-конференција, ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ги предупреди кредиторите со значителна изложеност на Русија да се подготват за воведување меѓународни санкции против таа земја доколку Москва изврши воен напад врз Украина. Предупредувањето на ЕЦБ, која ги надгледува 115-те најголеми банки во еврозоната, дојде откако САД се заканија дека Русија ќе се соочи со „големи последици“ доколку испрати војници во Украина. Санкциите, според ЕЦБ, значително ќе ...
Народната банка применува напредни практики во однос на транспарентноста и ужива висока доверба од јавноста, благодарение на водењето на конзистентни политики кои овозможуваат макроекономска стабилност. Ова се наведува во Извештајот од мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), спроведена во рамки на Кодексот на транспарентноста, а објавен на 28 јануари 2022 година. Народната банка е втора централна банка во светот, за којашто ММФ направи ...
Во периодот од 1.1.2021 до 31.12.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во текот на 2021 година, НЛБ Банка АД Скопје оствари позитивни резултати преку реализација на низа активности поврзани со ...
Во периодот од 1.1.2021 до 31.12.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Гледано за првата половина од годината реалниот раст на економијата е во рамки на очекувањата, додека во втората половина ...
На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Нина Неданоска, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје. Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2021 ...
УНИБанка пред неполн месец ја отвори својата нова експозитура која е лоцирана во скопската населба Капиштец. Ова е дел од сеопфатаната стратегија за проширување на мрежата на Банката со што таа станува се подостапна за своите клиенти, за физичките и за правните лица. Новата експозитура се наоѓа на улицата Народен фронт број 17 и впрочем е 32 експозитура на УНИБанка во земјава. По повод отворањето на новата експозитура УНИБанка Капиштец, сите ...
Животот е само еден! Охрабрете се да направите и да уживате повеќе! Уредување на станот? Нов автомобил? Патување? Дајте им нова енергија на Вашите планови со најповолниот СМАРТ потрошувачки кредит на ТТК Банка АД Скопје, наменет за сите кои мислат на својата иднина и на иднината на своето семејство. Критериуми: Износ: * (износот е со вклучен износ на премија за ризико животно осигурување) Рок на отплата: Повеќе информации за СМАРТ ...
Комуникацијата на централните банки е важна не само поради транспарентноста и одговорноста, туку и за задржување на кредибилитетoт, од кој зависи успешното спроведување на монетарната политика. Колку подобро се разбрани одлуките и мерките, толку економските субјекти ќе се однесуваат на очекуваниот начин и полесно ќе се постигне целта на централните банки, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на предавањето коешто го ...
Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе ...
На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје. Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2021 година. Кои работи ја ...
ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од 26.01.2022 (среда), во тек е предвремената исплата на јануарските пензии за пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. Oд 26.1.2022 г. (среда) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК ...
Имајќи ги во превид препораките за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец јануари од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што во тек е готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. Со пензиите за месец јануари, клиентите можат да ...
Читателите на www.bankarstvo.mk и оваа година имаа можност да се изјаснат на анкета преку која гласа за БАНКА НА ГОДИНАТА во 2021 година. Читателите имаа можност да го изразат своето мислење и гласаат за банка на годината според 7 (седум) различни критериуми: На анкетата, која беше спроведена во периодот од 8 до 23 јануари 2022 година се изјаснија вкупно 22.659 читатели. Согласно анкетата, следниве банки се победници по категории: Најдобра ...
Комерцијална банка АД Скопје од денес (26.01.2022 година) започна со исплата на јануарските пензии. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од денес и може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот ...
Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец јануари 2022 година се во фаза на исплата предвреме почнувајќи од денес (26 јануари 2022 година) во четири групи. Со пензиите, пензионерите можат да располагаат веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од банката препорачуваат да се користи широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се ...