На 24.03.2024 во 00.50 часот во СВР Битола, М.А.(43) од с.Кравари, битолско, пријавил дека на 23.03.2024 околу 23.30 часот пред Центарот за култура во Битола неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.А.(20) од Битола. Во врска со истиот настан, на 24.03.2024 во 02.00 часот во СВР Битола, С.А. пријавил дека пред Центарот за култура во Битола бил физички нападнат од едно лице. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна ...

На 23.03.2024 во СВР Битола, од Казнено - поправната установа Затвор Битола било пријавено дека во 20.30 часот, при претрес на торба на осуденикот В.У.(35) од Битола, кој се враќал од викенд отсуство, вработен во затворот пронашол две пакувања со прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Битола извршиле увид, а пронајденото било одземено за понатамошна постапка. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. Објавено ...

Методија Илиевски е вториот кандидат за пратеник од Битола на листата на СДСМ и коалицијата за Петтата изборна единица. Илиевски е на седмото место на листата која ја предводи актуелниот собраниски спикер Јован Митрески, а коносител ќе биде потпретседателката на СДСМ и министер за култура, битолчанката Бисера Костадиновска-Стојчевска. Илиевски е во Социјалдемократскиот сојуз уште како младинец, во три мандати советник во битолскиот Совет, а во ...

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски ги потврди имињата на носители на денешниот Конгрес во Скопје. Во првата изборна единица предводник е лично тој, во втората изборна единица на првото место е Оливер Спасовски, тројката ќе ја предводи директорката на УЈП Сања Лукаревска, четворката екс министерот за здравство Венко Филипче, петката е резервирана за Јован Митрески кој е нов собраниски спикер, и во шестата изборна единица е министерката за одбрана ...

Во рамките на „Неделата на пролетта“, која ја реализира општината во соработка со јавните претпријатија, попладнево започна со редовна работа кугланата во спортската сала „Боро Чурлевски“. Од денес, кугланата е отворена за сите граѓани кои сакаат рекреативно да куглаат, за разлика од досегашниот период, кога функционираше како затворен тип, односно се користше само за професионалните спортисти. Слободните термини за користење на салата ќе бидат ...

ВМРО-ДПМНЕ ја разреши и последната дилема, со одлуката генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски да ја предводи кандидатската листа во петтата изборна единица на опозициската партија. Веста ја соопшти потпретседателот на партијата, Александар Николоски на денешната прес-конференција. „Во однос на носител во петтата Изборна единица можам да го потврдам Ѓорѓија Сајкоски генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ за носител во Петтата изборна ...

Фантастичната вечер на отворањето на изложбата на Ивона Кочов, за која со посебна гордост кажуваме дека е член на Фото Кино Клуб Битола, објави клубот на Фејзбук за синоќешната изложба „Монохроматска меланхолија“ на Ивона Кочов. -Фотографиите на Ивона Кочов навистина блескаа, одразувајќи ја нејзината единствена перспектива и неверојатен талент. Посебна благодарност до Културен и информативен центар - Битола, каде се одржа изложбата и до ...

ВМРО-ДПМНЕ ја разреши и последната дилема, со одлуката генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски да ја предводи кандидатската листа во петтата изборна единица на опозициската партија. Од претходно е познато дека носители ќе бидат Христијан Мицкоски во кецот, Владо Мисајловски во двојката, Драган Ковачки во 3 ИЕ, Александар Николоски во четвртта и Дафина Стојаноска во шестката. Партиската програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира веќе в недела.. Објавено ...

Движење ЗНАМ – За наша Македонија в недела во Скопје ќе ги претстави кандидатите за носители на листи за пратеници во шесте изборни единици за Парламентарните избори. Според Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ органите на партијата, нејзините извршен и централен одбор, вчера со акламација ја донеле одлуката - Листата во Петтата изборна единица ќе ја предводи битолчанката Весна Бендевска, поранешна пратеничка и член на КСЗД, по професија психолог. ...

Размислувате да бидете физички поактивни? Сакате да ги промените вашите навики во исхраната на подобро? Можеби започнавте со сето ова, но ви е тешко да продолжите? Не се загрижувајте и не се откажувајте. Познато е дека старите навики умираат бавно, а нивното менување е процес кој има неколку фази. Потребно e време за промените да прераснат во долгорочни навики, а на патот сигурно ќе се соочите и со пречки. Но, ако се држите до нив доволно ...

Стопанска банка Битола станува прилично интересна за инвеститорите, но засега не е познато дали е тоа поврзано со од поодамна најавеното нејзино потенцијално присоединување кон Комерцијална банка, нешто што го објавија своевремено двете банки, и што требаше да почне да се преговара и реализира многу скоро, или поточно по усвојувањето на завршните сметки на банките, кои се предвидени за акционерските собранија токму за следните денови, објави ...

Во општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола, денес беше промовирана книгата поезија за деца „Мојата азбука“ од поетесата Мирјана Стојановска, наставник по Македонски јазик во ова училиште. Промоцијата ја изведоа ученици од шесто одделение кои рецитираа песнички и сликовито ја претставуваа секоја буква од македонската азбука. Издавањето на книгата е поддржано од Министерството за култура. Всушност, недостатокот на детска ...

Засадување на нови садници, придружено со весела детска песна и пролетни креации изготвени од вредните детски рачиња, денес го разубавија Новиот парк во Нова Битола, како дел од активностите на општинската акција „Недела на пролетта“. Јавното претпријатие Комуналец, продолжи со хортикултурно уредување на просторот, а најмладите од ЈОУДГ „Мајски цвет“, во рамките на своите едукативно воспитни содржини, имаа можност директно да се запознаат со ...

Екипата на Внимание, внимание– зборуваат граѓаните“, ги праша битолчани: „Дали Битола се држи јако, или и падна газо?“, мислењата кај битолчани се поделени. Некои велат „и падна газот“, други велат „и така и така“, трети „се држи јако и ќе се држи јако“, „Битола се држи на најјако ниво досега“, но има и такви што сметаат дека : „Не баш да падна газо скрос, ама тука негде.“ На прашањето, ако Битола е главен град, кои институции од Скопје би ги ...

Јавното претпријатие Комуналец, продолжува со активностите за разубавување на јавните површини во градот со соодветни цветни декорации, хортикултурно уредување и поставување на нова урбана опрема. Како дел од „Неделата на пролетта“, во тек е поставувањето на нови клупи и канти за отпадоци низ Широк сокак, а во Градскиот парк се врши соодветно уредување и подготовка на жардиниерите за засадување на нови цвеќиња. „Неделата на пролетта“, деновиве ...

Ункатните личности, пишуваат уникатни книги. „Структурата на моќта во Битола“ е единствено вакво дело кое дава неповторлив систематски поглед врз односот на системот и поединецот и трансферот на моќ. „Целта на ова дело беше да се обиде да направи истражување за моќните поединци во Битола, кои во периодот 2011-2014 година оставаат свој печат и обележје во стопанскиот и политичкиот живот во градот“ – вели Цветановски. „Според резултатите од ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за Тера телевизија изјави дека и таа сакал велопатеки во Битола, но одлуката требало да ја донесе Советот за европскиот проект, а тој чекор бил прескокнат. На ваквата нејзина предизборна реторика реагираше секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски коментирајќи дека СДСМ и новото мнозинство во Советот цела година ја кочат изградба на велосипедски патеки во Битола, а најново ...

Во рамките на „Неделата на пролетта“, во Битола се спроведуваат повеќе активности, насочени кон почиста животна средина. Носител на акцијата е ЈКП Комуналец, во координација со Општина Битола и активна вклученост на јавните претпријатија Водовод и Нискоградба. „Започнуваме на тој начин што денес ќе се изврши чистење на диви депонии кај Германските гробишта и тоа во пресрет на празникот Младенци или „Свети 40 маченици“, го уредуваме пристапот до ...

СДСМ в сабота на конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и носителите на листи. „Правиме анкети и гледаме граѓаните за кого ќе дадат најмногу поддршка во изборната единица и согласно анкетите ќе ги носиме кадровските одлуки викендов на конгрес. Понудата што ја даде ВМРО-ДПМНЕ е истата од 2020 година, екипа која беше поразена и која е трет ешалон од времето на Никола Груевски“, вели потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев. Во однос на тоа ...

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола. Според информациите од МВР, несреќата се случила синоќа околу 1 часот по полноќ. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека сообраќајна несреќа се случила меѓу товарно возило „МАН“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот битолчанец Д.М. и автомобил „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки кое го возел 20-годишниот Д.К. од Прилеп. Тешко ...

Вчера вечер, во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес во просторијата во која биле сместени осудениците 28-годишниот М.Б. од Битола, 32-годишниот А.Т. од Прилеп, 32-годишниот А.Ф. од Прилеп, 27-годишниот Е.С. од Скопје и 30-годишниот Е.М. од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе различни таблети и мобилен телефон, извести МВР. „Полициски службеници од Одделението ...

Со цел да ја подобри наставата , компанијата „ВИК Македонија“ донираше наставни средства и помагала во ОУ „Коле Канински“ - Битола. Донацијата се состои од 11 табли за пишување, 3 видео проектори, 2 интерактивни табли и 4 глобуси од компанијата за електрични апарати „ВИК Македонија“, компанија за производство на електрични апарати, дел од „ВИК груп“. Донираните наставни средства и помагала ќе помогнат во полесно спроведување на наставата во ...

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, оствари работна средба со раководството на СВР Битола. Бојмацалиев изјави дека безбедносната состојба на територијата на СВР Битола е задоволитетлна, граѓаните се безбедни и полицијата е на терен за да ги превенира сите несакани појави. „На територијата на СВР Битола имаме одлични резултати во однос на борбата против дригата, ...

Митко Бојмацалиев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, денеска при посетата на СВР Битола изјави дека во Битола, и во сите градови во внатрешноста постапката за издавање на личните документи е при крај. -Не само во Битола, туку и во сите градови во внатрешноста постапката за издавање на личните документи е при крај. Во Битола бројката на променети пасоши и лични карти се одвива без гужви и во најнормални услови-изјави Митко ...

БИТОЛА – Битолската болница и натаму нема функционален акцелератор потребен за радиотерапија на онколошките болни. Најново, вината се префрла на претстојните избори. Овој проблем останува отворен и покрај укажувањето на Заводот за ревизија, кој лани во октомври во извештај констатираше дека во болницата во посебен објект, бункер, сместен е линеарен акцелератор но не се користи и не е внесен во сметководствената евиденција, објави nezavisen.mk ...

Се подготвува за асфалтирање улицата „Крушевска република“ Со поставувањето на рефлекторите кај фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“, ФФМ, создаде услови за продолжување на активностите на општината за реализација на проектот „Изградба на комплетна инфраструктура на улицата Крушевска република“. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на трасата која се подготвува за асфалтирање. За финалната фаза од овој проект, ...

Гимназијалката Ивана Новачевска беше шведски амбасадор на еден ден. Ова е едно од позитивните искуства на ученици од Горната гимназија кои еден дек се во улога на дипломати. -Ивана Новачевска е наша ученичка од II година, која имаше единствена можност да биде избрана за Шведски амбасадор на еден ден. Таа помина еден ден заедно со шведската амбасадорка Еми Ларсон. Присуствуваше на неколку состаноци, ја посети нејзината резиденција и се запозна со ...

БИТОЛА – Битолската болница и натаму нема функционален акцелератор потребен за радиотерапија на онколошките болни. Најново, вината се префрла на претстојните избори. Овој проблем останува отворен и покрај укажувањето на Заводот за ревизија, кој лани во октомври во извештај констатираше дека во болницата во посебен објект, бункер, сместен е линеарен акцелератор но не се користи и не е внесен во сметководствената евиденција, објави nezavisen.mk ...

Собранието со 82 гласа „за“, го донесе новиот Законот за забрана на нефер трговски практики. Овој закон ги уредува условите и начинот на вршење трговија со земјоделски и прехранбени производи, а неговата крајна цел е да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи и на тој начин да се заштити стандардот на граѓаните. -Законот се очекува да ги елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од ...

Лажни СМС пораки, наводно испратени од „Пошта на Северна Македонија“ ги вознемируваат битолчани. Во пораките стои дека - вашиот пакет пристигна во складот и не може да биде доставен поради неполни податоци на адресата. Од тука се бара од граѓанинот да даде лични податоци. Телефонот на испраќачот е од странство. Од СВР Битола апелираат граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами и додаваат дека лани биле пријавени 7 случаи на измамени граѓани. ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1020
weather icon

Белград

14ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1022
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
72%
1024
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.25
67%
1020
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
55%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
4.12
50%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
88%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
38%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
57%
1020
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.91
53%
1024
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
64%
1016
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60