СВР Битола соопшти - На 23.07.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Т.(37) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, халуциногени печурки и други предмети со остатоци од прашкаста материја. А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена ...

Платата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изнесува 140 450 денари, односно 2 280 евра, а сите останати министри, меѓу кои и вицепремиерите, земаат 115 540 денари или 1 870 евра плата. Информацијата денеска беше објавена на веб-страницата на Владата во делот – отчетност. Според табелата прикажана на веб-страницата, единствено во платите се издвојува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кому му следува 20 отсто ...

Започна реконструкцијата на коловозот на ул.„Индустриска“, на потегот од влезот во населбата Боримечка, до мостот на реката Курделес. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со дел од советниците во Советот на општина Битола, извршија увид во градежните активности на терен. На потегот во должина од 168 метри, ќе се изведува коловоз со ширина од 6 метри и тротоар од 1,5 метри. Вредноста на инвестицијата во овој проект е ...

„ЈП Стрежево„ е загубар уште од 2001 година, вели директорот на претпријатието Методија Граматковски, откако АПЛА.мк сподели информација дека „Стрежево е меѓу загубарите со загуба од 3,2 милиони евра за 2023 година, https://apla.mk/denes/item/15212-bitolsko-strezhevo-megju-najgolemite-zagubari-pretprijatieto-zavrshilo-so-minus-od-3-2-milioni-evra. Граматковски со претпријатието раководи во изминатите 7 години. -„Стрежево„ е загубар уште од 2001 ...

Општина Битола активно работи на подобрување на патната инфраструктура во сите делови на општината. Во тек е асфалтирањето на улиците во Горно Оризари, каде се реализира проектот за реконструкција на 10 краци, во должина над 2 километри, на кои покрај новиот коловоз, се врши реконструкција и на канализационата мрежа и се поставуваат нови водоводни приклучоци. Вкупната инвестиција за овој проект изнесува над 44.000.000 денари. Вкупната должина на ...

Според податоците за 2023 година- Најголеми загубари, се железничките претпријатија. Македонски железници Транспорт ја завршиле годината со минус од над 12 милиони евра, а Железници Инфраструктура со минус 11 милиони евра. ЈП Стрежево – Битола завршило со минус од 3,2 милиони евра, ТЕЦ Неготино со минус 2,3 милиони евра, а листата загубари ја заокружуваат Национални шуми и Пошта кои направиле загуба од по 2,2 милиони евра. Според плановите за ...

Приведени крадци во Битола, следува соодветна пријава На 20.07.2024 во 20.10 часот на регионален пат Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Р.(31) од Прилеп, со привремен престој во с.Ивањевци, општина Могила и Д.А.(37) од Штип, со привремен престој во с.Ивањевци. Тие се сомничат дека во текот на денот од објект на правно лице во с.Долно Српци, општина Могила, одзеле повеќе предмети. При преглед на патничко ...

Нови в.д. директори се назначени на Клиничката болница во Битола, Општата болница во Куманово, Општата болница во Велес, Општата болница Охрид, Клиниката за торакална и васкуларна хириргија, Клиниката за детска хирургија, Институтот за трансфузиона медцина, и Психијатриската болница во Демир Хисар..... Д-р Ненси Лозанче, доктор по интерна медиција, коронарографија и периферна ангиографија е назначена за директор на Клиничка болница - Битола. ...

Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на проекти на здруженија на граѓани и фондации кои работат во областа на еднаквите можности. 1. Родовата еднаквост преку образование 2. Родовата еднаквост преку медиуми 3. Родовата еднаквост преку здравство 4. Родовата еднаквост преку социјалната заштита 5. Родова еднаквост преку активности против родово основано насилство и трговија со луѓе 6. Родова еднаквост и економското ...

Градоначалниците од Пелагонискиот плански регион, меѓу кои и градоначалникот на општина Битоа Тони Коњановски, одржаа работен состанок со министерот за локална самоуправа Златко Перински. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посочи неколку конкретни проекти за општина Битола, кои пред сѐ се однесуваат на инфраструктурата, канализационата и водоводната мрежа и истакна дека општината е подготвена со проектна документација за голем ...

Во првата половина од 2024 година, фокусот во работењето на Стопанска банка а.д. Битола беше ставен на остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2024 – 2026 година, приспособувајќи го своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања. Финансиски перформанси на Банката Стопанска Банка а.д. ...

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на програмски активности и настани, презентирање, афирмирање, зачувување и пренесување на материјалното и нематеријалното културно фолклорно наследство. Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 1.000.000,00 денари. Право на учество на јавниот повик имаат сите Културно Уметнички Друштва (здруженија на граѓани од областа на фолклорот) со седиште во Општина Битола, на кои што основни ...

Владата на Република Северна Македонија денес до Собранието ја достави листата со предлозите за заменици министри во владиниот кабинет на премиерот Христијан Мицкоски. Меѓу нив има и двајца битолчани. За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки. Од 2010 година е вработена во Министерството ...

Пожарникарите од ТППЕ Битола, заедно со вработени од јавните претпријатија, членови на противпожарни друштва и волонтери и денес продолжуваат со интервенции на просторот над обиколницата, каде деновиве се соочуваме со големи пожари. Состојбата во моментот е мирна и нема горење, но на терен интервенираат над 70 лица, кои вршат санирање на локациите кои се потенцијални жаришта и каде што при силен ветер може да настане запалување. Екипите ...

РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем. Денес, во 11:45 часот, во функција е ставен Блок 1. Претходно, за време на викендов на мрежа беше и Блок 3. Блок 1 на РЕК Битола беше надвор од функција од петокот заради испадот на 110 киловолтната собирница на МЕПСО. Заради прекинот во напојувањето, одложени беа и операциите за пуштање во финкција на Блок 3. И покрај проблемите што ...

Цртеж на ученичката Јована Трајческа годинава е мотив за плакатот на „Илинденски денови“-2024. Трајческа е ученичка во ООУ „Даме Груев“ Битола а нејзина наставничка по ликовно образование е Весна Дунимаглоска. Од ООУ „Даме Груев“ објавија дека цртежот на младата уметница Јована го доловува духот на нашиот фестивал со свежиот и имагинативен допир на детската креативност, затоа што иднината им припаѓа на новите генерации, а и грижата за културнот ...

Екипите на ТППЕ остануваат на терен до целосна ликвидација на пожарот. Општина Битола и Градоначалникот Тони Коњановски им се заблагодарува на сите вработени во ТППЕ Битола, за нивната посветеност и пожртвуваност во борбата со огнената стихија. Исто така, локалната самоуправа изразува огромна благодарност до сите волонтери, граѓани, доброволни противпожарни друштва, како и до сите општествено одговорни компании кои ја изразија својата хуманост ...

Од 19 до 31 јули започнува манифестацијата Илинденски денови, најстариот, најведриот и најмасовниот фестивал кој ни го носи светот дома. Зачекорете во свет во кој минатото танцува со сегашноста на славниотфестивал на фолклорот Илинденски денови. Под слоганот „Уметноста на традицијата“, ве повикуваме да бидете сведоци на безвременската убавина на светското културно наследство. Овогодинешниот постер, инспириран од овој ведар цртеж на младата ...

Топлификација започна со поставување на топловодот на улица „Васко Карангелевски“ во Битола, информира Горан Козаров, директор на АД Топлификација. Според Козаров ќе се работи на потегот од „Веро“ до Педагошкиот факултет во Битола. -Согласно сообраќајното решение и динамика на работа се завршија дел од работите кај „Јавор“ и поради летниот период и зголемената фреквенција на возила во сообраќајот отпочнуваме со работа на улица „Васко ...

На состанокот, се информираше дека, пожарот е делумно локализиран и нема опасност од негово ширење кон градот и населените места. Сите потребни ресурси за пожарникарите и останатите вклучени во борбата со огнената стихија се обезбедени и има доволна количина на храна и вода. Општина Битола изразува посебна благодарност до сите правни и физички лица кои понудија помош со достава на вода, но општината апелира доколку некој сака да помогне на било ...

Синоќа беше активен и пожарот над Битола, но не претставуваше опасност за градот. Поради пожарот од ноќеска се пренасочува сообраќајот од обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен, низ градот Битола. Во гаснењето на пожарот вчера попладне лесно беа повредени двајца пожарникари. Едниот кој имаше изгореници на дланките и на подлактицата е хоспитализиран во битолската болница, додека другиот беше пуштен на домашно лекување. Доколку до утрово ...

Двајца пожарникари се повредени попладнево во пожарот што избувна над Битола кај обиколницата. Од локалната самоуправа во Битола за МИА информираат дека тие се со лесни повреди и оти едниот е задржан на лекување во битолската болница, додека другиот е пуштен на домашно лекување. Хоспитализираниот пожарникар има изгореници на дланките и на подлактицата. Вечерва во битолската болница тој беше посетен од градоначалникот на Битола Тони Коњановски. ...

Со концертниот настап на македонскиот гитарист Мухамед Ибрахими во НУ Завод и Музеј Битола на 17.07 со почеток во 20.30 ч. започнува 18-то издание на Балканскиот етно фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2024. Овој фестивал е единствен ваков во земјава, а поради неговата автентичност и континуитет препознатлив е како на регионално така и на европско ниво. Локум фест е член на неколку професионални фестивалски асоцијации, меѓу која и ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која ...

Полицијата информира дека вчераутро во 5.11 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул. „Партизанска“ и ул. „Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.М.(23) од Битола, и патничко возило „шкода“ со хрватски национални ознаки, управувано од Б.Р.(66) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Б.Р. и сопатникот од ...

На 12.07.2024 во 20.05 часот во СВР Битола, било пријавено дека на пат за с.Брусник, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од С.С.(43) и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(61), двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР ...

После вчерашниот испад на РЕК Битола од македонскиот електроенергетски систем, во текот на ноќта и утрово комбинатот работи со еден блок. Вчера доцна попладне во функција беше ставен Блок 1. Неочекуваниот испад на блокот заради прекин на напојувањето, предизвика проблем во котелот на Блок 1 заради што постројката во текот на денот ќе биде исклучена од мрежа. Се очекува санацијата на проблемот да заврши до понеделник, по што Блок 1 ќе биде ...

СВР Битола извести дека - Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по претходно издадена наредба за претрес од Основен суд Битола, извршија претрес во камп-приколка и помошни простории лоцирани во Сливница, каде привремено престојува С.В. (20) од село Долни Манастирец. При претресот пронајдени се кеси со марихуана, грутчеста материја, прашкаста материја, метална дробилка, како и други предмети со траги од марихуана. По ...

ЈП „Пазари“ Битола добива финансиска поддршка од Општина Битола со ребалансот на буџетот. Поддршката е преку програми и субвенции наменети за осовременување на услугите кон граѓаните со цел да се спречи зголемување на цените на услугите, велат од општината. Илче Здравески-директор на ЈП Пазари Битола -Јавното претпријатие „Пазари“ функционира од сопствени средства, односно со самофинансирање, така што како раководство насочени сме кон ...

Предавање на сите ревизорски извештаи досега кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика и договарање на процес на постојана редовна ревизија на сите институции, било договорено на денешната средба на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески. – Несериозен е односот кон ревизорските извештаи коишто со години забележување и ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
6.17
33%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
34%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
44%
1020
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
30%
1015
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.22
36%
1013
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
47%
1020
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
2.24
40%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
5.14
42%
1016
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
29%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
4.63
44%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
6.69
30%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
10.29
65%
1013
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60