Заокружуваме уште една учебна година. Заклучно со 10 јуни, остануваат уште нецели три седмици, кога полуматурантите ќе бидат пред предизвикот наречен: запишување во идно средно образование, а на останатите ученици, ќе им започне летниот распуст. Наставна година исполнета со многу наставни и воннаставни активности, предизвици, зачестени апликации на Еразмус проекти и уште многу други тековни работи. Вложениот труд, на крајот секогаш се исплаќа. ...

Многу навики, меѓу кои и волјата дека треба да се чита и учи (впрочем, затоа се оди на училиште), тргнуваат од домот, односно од влијанието на родителите врз нивните деца. Кога еднаш, ќе научи да се однесува како што треба (паметно, културно, воспитано), тоа дете понатаму ќе знае зошто оди на училиште и која е суштината од школувањето. Токму за тие навики да станат трајни, односно пример, како дома, така и на улица и пошироко, најважна ...