
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Светската и македонската јавност се згрозени од терористичкиот напад, кој се случи минатата ноќ во Москва. На крајно умоболен, суров и грозоморен начин беа убивани невини луѓе од автоматско оружје во концертната сала „Крокус“. Според информациите, кои се достапни засега, убиени се стотина невини лица, најголем дел од нив млади луѓе, а помеѓу убиените има и деца. Бројот на ранети лица, кои се сместени во болниците, е многу поголем. Левица ...
Федералната безбедносна служба (ФСБ) го информирала рускиот претседател Владимир Путин дека се уапсени 11 лица поврзани со терористичкиот напад во концертната сала Крокус во Москва, по кој засега се евидентирани 93 загинати. Објавено е и дека меѓу уапсените се и двајца од директните извршители на нападот, кои со огнено оружје ги убиваа луѓето насобрани во концертната сала Крокус, сместена во трговски центар. Наводно, четворицата напаѓачи се ...
Македонските граѓани изразија сочуство со жртвите од терористите злосторства во Москва. Вечерта, веднаш откако на социјалната мрежа Телеграм се појавија видеата од терористичките напади извршени во Москва, каде најсурово беа убивани невини луѓе, група граѓани изразија сочуство положувајќи цвеќе пред Rуската амбасада во Скопје. Спонтано собраната група остави запалени свеќи на влезот од амбасадата. Присутните изразија длабоко жалење и горчина ...
Драги сограѓани, Бермудскиот триаголник, Тројниот пакт или „Оската на злото“ (СДС-ДПМНЕ-ДУИ), преку своите испрдоци во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC повторно се обидуваат да и наштетат на Партијата Левица која е единствената реална закана за нивната здивена корупција, порачува Димитар апасиев, лидерот на Левица. Па така, преку противзаконско толкување на ...
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потврди дека денеска се случила страшна трагедија кога неколку маскирани напаѓачи отвориле оган во концертната сала на трговскиот центар „Крокус сити“ и повеќе од 40 луѓе ги загубиле животите, а повеќе се повредени. – Сочувствувам со роднините на загинатите – рече тој и нагласи дека на ранетите ќе им биде укажана сета потребна помош. Собјанин е првиот функционер кој проговори за нападот во трговскиот ...
Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата, објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР кои беа незаконски поништени од страна на Владата. Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган при донесување на оспорените одлуки ...
„Нема ,добро утра’ во Газа: стотици камиони и тешка машинерија влегува слободно од граничниот премин Рафа и од урнатините на палестинските домови и заедно со затрупаните тела на цивилните жртви, го градат американското пристаниште! Поголема дехуманизација на Палестинците или на кое било човечко суштество, не е забележана во историјата, вели Билјана Ванковска. Генералниот секретар на ОН очајнички повикува да запре западното лицемерие и ...
Откако Западот се замеша во специјална воена операција на страната на Украина, специјалната воена операција се претвори во војна, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за весникот „Аргументи и факти“. – Во војна сме. Да, почна како специјална воена операција, но штом таму се формираше група, кога колективниот Запад стана учесник на страната на Украина, тоа стана војна за нас. Јас сум убеден во тоа и сите треба да го разберат тоа ...
„Литера“ го најавува првиот Саем на литература за деца, кој ќе биде дел од шестото издание на Фестивалот што ги слави и промовира квалитетната литература и илустрација за најмладите читатели. Овој важен настан кој ке се одржи од 15 до 18 мај,ке биде место каде што децата ќе можат да се запознаат со своите омилени автори и илустратори, да учествуваат на различни промоции и работилници и да си купат книги потпишани од авторите. Идејата не е само ...
Тукушто добив покана за Ифтарска вечера, сега од претседателот Стево Пендаровски, објави на Фејсбук кандидатката на Левица за претстојните претседателски избори, Билјана Ванковска. -Мојот одговор до Кабинетот го пренесувам интегрално во продолжение. Почитувани: Благодарам за поканата на Ифратска вечера упатена од претседателот Стево Пендаровски, која за жал ќе морам да ја одбијам. Имено, моето разбирање на демократската политика е во духот на ...
Тимчо пак се слика. Ќе ја чистел општината. Замислете да фатиме постојано сите да се фотографираме како си ги извршуваме најсекојдневните работни обврски. Слика од пишување извештај. Слика од ексел табела. Слика од правење кафе за колегите. Слика од фрлање хартивче во канта. Слика од состанок. Слика од друг состанок. Слика од апликација за средства од фонд. Слика од возење до состанок. Слика од заклучување канцеларија. Слика од отклучување ...
Профитот на банките постојано се зголемува со лихварски закони, реагираат од Левица, посочувајќи дека главната причина за тоа се законските решенија, кои се носат во согласност со банкарскиот сектор. -Банките остварија над 250 милиони евра добивка во 2023 година и ги зголемија своите профити за 50 отсто, споредено со претходната година. Нето-приходите од камати се искачија на 409 милиони евра, додека нето-приходите од провизии и надоместоци ...
Пред четири месеца власта помпезно најави месечна финансиска поддршка за учениците чии семејства имаат примања до 50.000 денари; 1200 денари месечно за основците, односно 1.800 денара за средношколците. Веќе четири месеца МОН објавува јавен повик за финансиска поддршка, а родителите и учениците прибираат и поднесуваат документи, прашуваа од Левица. Меѓутоа, финансиската помош – ја нема. Во најголем број општини и училишта на учениците кои ги ...
Израел си игра фудбалски квалификации за Европско првенство и никој гајле си нема! Истовремено во Газа убиваат 100 пациенти од веќе разурната болница, деца умираат од глад, САД го прекина финансирањето на мисијата на ОН во Газа и дава “воена помош” за Израел. Санкции за Израел нема ! Какви лицемери!!! Какви одвратни лицемери кои го нормализираа убивањето ЦИВИЛИ! Станува дури и неинтересно, не е ни вест. Еј, од октомври без санкции етнички чистат ...
Потрошувачките кредити, кои се прв избор на граѓаните кога се работи за задолжување кај банките, за еден месец се зголемиле за 14,5 милиони евра. Од 118,512 милиони денари или 1,92 милијарди евра во јануари, на 119,397 милиони денари, односно 1,93 милијарди евра во февруари. Овој износ претставува нецела четвртина од вкупните кредити одобрени на компаниите и на населението и речиси половина од задолжувањето нотирано во секторот домаќинства. и ...
Рускиот парламент упати апел од пленарната седница до Генералното собрание на ОН и до парламентарците од целиот свет по повод 25-годишнината од бомбардирањето на територијата на Југославија од страна на НАТО. Во апелот руските парламентарци бараат да се осуди контроверзната операција и да се преземат мерки за одговорност на членките на НАТО. „Коморите на Федералното собрание на Руската Федерација апелираат до Обединетите нации, меѓународните ...
Сведоци сме на големите интереси од страна на западните капиталистички структури во нашите земји, што се осликува во постепеното завземање на директна контрола од страна на НАТО и ЕУ врз државните процеси, особено во доменот на надворешната политика. Надвор од Балканот, тој процес има ист облик и во средна и источна Европа – недемократска асимилација на бившите социјалистички земји под надлежност на западните хегемонски структури. Оваа ситуација ...
Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ ОДИХР за претстојните избори Џилијан Стирк нема конкретен одговор дали зголемувањето на бројот на набљудувачи би значело дека постојат некакви сознанија за можни нерегуларности и немири, како што тврдат партиите од албанскиот политички блок. Стирк вели дека со самото тоа што се двојни изборите постои доволно причина за зголемен број на набљудувачи. „Бројот на набљудувачи генерално се заснова на ...
Државната изборна комисија (ДИК) едногласно ги потврди кандидатурите на сите седум кандидати кои доставија кандидатури за избор на шеф на државата на претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 24 април и вториот круг на 8 мај. Тоа значи дека и официјално во изборна трка за претседател на државата влегуваат Стево Пендаровски, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски, Арбен Таравари, Билјана Внаковска, Бујар Османи и Гордана Силјановска ...
Деновиве во општина Куманово повторно изникна балистичка дивоградба на споменик на УЧК во населеното место Воиновиќ. Зачудува фактот што за дивоградбата знаат сите, освен градоначалникот Димитриевски и ЗНАМ. Дали градоначалникот Максим Димитриевски овој пат ќе постапи согласно законите и ќе ја сруши балистичката дивоградба во Куманово или ќе продолжи со неговиот принцип на владеење – ништо НЕ ЗНАМ, порачаа од Левица. Основоположникот на срамната ...
Разбрав дека господинот Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, не ме поканил на вечера/ифтар заедно со останатите, каде планира да разговараат за избор на европски претседател, објави Билјана Ванковска. Мојот одговор, пред малку даден и за Слободен печат, е следниот: Прво, Османи очигледно прави свои „црни листи“ на подобни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска ...
Петте најголеми рудници во Македонија во 2022 година направиле приход од 281 милиони евра и профит од 68.3 милиони евра, порачуваат од Левица. -Со плаќање на 2 отсто концесија по металична суровина на државата Македонија требело да и се исплатат 1.36 милиони евра. Доколку концесиите за ископ би имале реална вредност од 15 отсто тогаш компаниите на државата ќе требало да исплатат концесија од 10.3 милиони евра, сметаат од партијата. Сподели: ...
Остранети се знамињата на Албанија и ОНА од црквата и манастирскиот двор на тетовското кале, кои вчера попладне биле забележани, а случајот веднаш e пријавен во СВР Тетово. „Вчера попладне во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата “Свети Атанасиј” во истоимениот манастирски комплекс на тетовското Кале поставиле национално знаме на Република Албанија, а на метален столб на влезот во Калето ...
Денес водиме заедничка борба за слобода на балканските народи и заедничка подобра и поправедна иднина. Во свет каде што сме сведоци на безмилосната борба на империјалистичките сили за одржување на светската доминација, не може и не смее да има ништо поважно од нашата братска и другарска солидарност. Во денешниот капитализам, младите се една од најранливите категории на население. Инфлацијата, приватизацијата на образованието, дивиот капитализам ...
Државната изборна комисија (ДИК) се очекува денеска да одржи седница на која треба да ги потврди кандидатурите на седуммината претседателски кандидати за изборите на 24 април. Кандидатури поднесоа Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска – Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Арбен Таравари ...
Е па, драги мои, закажаното “Само интервју” кое требаше да се реализира утре се откажува поради толкувањето на ДИК на еден член од Изборниот законик, објави на социјалните мрежи Билјана Ванковска, која дополни дека не е подготвена да плати парична казна, со што ќе го прекрши законот. -Кој доби интервју (на која и да е телевизија) – доби! Кој не доби покана навреме, ќе чека кампања. Инаку, ДИК мисли едно, а Антикорупциска – друго. Казната е 8000 ...
Во присуство на голем број граѓани, членови и поддржувачи на Левица, свечено беше отворена канцеларијата на ЛО Левица – Пробиштип. На чинот присуствуваа: Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев, пратеникот Крмов, членот на Президиум – Александар Симонов, како и кандидатот за претседател од Левица, проф. Билјана Ванковска. „Пробиштип е преубав град и грев е да биде оставен во раце на структури на сдс и дпмне. Гледаме што се случува: ...
Уште еден предизборен циркус, со оглед на тоа што и за Локалните избори 2017 година, на Мерко му висеа над глава двоцифрен број на кривични пријави. Но, тоа не беше никаква пречка за Заев и СДС масовно да ја поддржат неговата кандидатура и Струга да е окупирана од неговиот 4-ти криминален мандат. Со последните шверцерски измени на Кривичен законик, веќе дел од делата и му застареа на струшкиот султан. И на сите поднесени кривични пријави и ...
Партијата Левица на социјалните медиуми ги објави носителите на листи за парламентарните избори на 8 мај. Во Првата изборна единица носител на листа е претседателот на партијата, пратеникот Димитар Апасиев, во Втората изборна единица е портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, во Третата изборна единица актуелниот пратеник Борислав Крмов, во Четвртата изборна единица Сашко Јанчев, советник во Гевгелија, во Петата изборна единица Јована Мојсоска, ...
Добар дел од граѓаните со право е разочаран од политиката и вели никому. Голем дел од сите анкети и овие што се стручни тимови што изработуваат периодични. Значи тој процент е највисок и ние тука, значи дефинитивно таргетираме на таа популација да ги поткнеме, вели Билјана Ванковска, кандидат на Левица на претстојните претседателски избори. -И јас реков мојата агенда е борбена, мојата програма е борбена, повик на борба – додава таа. повеќе од ...