Планинарот и пензионер од Велес, Стојче Пецевски, кој исчезна вчера околу 10:50 часот во реонот на ридот ГРООТ, е пронајден починат, потврди Центарот за управување со кризи (ЦУК). Телото на Пецевски било лоцирано непосредно пред планираното хеликоптерско пребарување, откако претходно беше утврдено дека условите не дозволувале негово активирање. Пецевски, поранешен инженер, бил искусен планинар и член на планинарското друштво „Грин Пауер“. ...
Велес,14 април 2025 (МИА) - Вчера околу 10:50 часот во реонот на велешкиот рид ГРООТ е исчезнат планинарот и пензионер од Велес Стојче Пецевски. Телефонот е лоциран во радиус од два километри од предавателот на ГРООТ и се уште сигналот е фиксиран во тој радиус, информира Игор Смилев, долгогодипен планинар од Велес и пријател на исчезнатиот. Тие за исчезнувањето на Стојче Пецевски веднаш ја известиле и полицијата која се вклучила во потрагата. ...