Кина и Соединетите Американски Држави постигнале нови договори за продлабочување на политичката, економската и безбедносната соработка по самитот меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг. Според шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, лидерите договориле изградба на „конструктивни односи на стратешка стабилност“, што Пекинг го оценува како нова рамка за идните кинеско-американски односи. ...

Бидејќи назначувањето на Нисан Амдур останува блокирано, весникот Једиот ахропишува дека тој наместо тоа ќе отпатува за Загреб како вршител на должност – позиција за која не е потребно претседателско одобрување, во очекување на решение на ситуацијата Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ веќе седум месеци одбива да го одобри назначувањето на следниот амбасадор на Израел во Хрватска поради „политиката на израелската Влада и премиерот ...

Владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за основање на ЈП „Македонска радиодифузија“, со кои се укинува условот директорот да поседува претходно искуство во областа на радиодифузијата или електронските комуникации. Од Левица оценуваат дека станува збор за обид за партизација на институцијата и „кроење закон по мерка на однапред избран кадар“, предупредувајќи дека намалувањето на професионалните критериуми ...

Став на Слободанка Ќириќ Честите случаи на фемицид и ескалацијата на семејното и родово базираното насилство во Македонија наметнуваат итна потреба од сериозна општествена и институционална ревизија. Кога исходот од насилството е губење на човечки животи, тоа повеќе не може да се третира како изолиран инцидент, туку како јасен показател за нефункционалност на заштитните механизми. Прашањето дали Македонија е безбедно место за живеење ...

Додека партиите на власт пропагираат многудетни семејства и апели за зголемување на наталитетот, фактите укажуваат дека државата воопшто или многу малку се грижи за детскиот стандард. Фрапантни се податоците кои укажуваат на фактот дека секое трето дете во Македонија е сиромашно. Најсклони кон сиромаштија се повеќедетните семејства, децата на самохрани родители, децата со социјален ризик, велат од Левица Иако во државата се предвидени ...

Денес пратениците на Левица гласаа за укинување на можноста членовите на Владата да поседуваат двојно државјанство, како принцип што треба да гарантира целосна политичка и институционална лојалност кон Македонија, реагираат од партијата. Срамно е што пратениците од владејачкото мнозинство одбија да го поддржат овој предлог и власта, предводена од Мицкоски, практично призна дека нема проблем највисоки функционери во извршната власт да имаат ...

Горивата од полноќ поскапуваат, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на 18 мај 2026 година донесе нова одлука за зголемување на максималните малопродажни цени. Новите цени ќе стапат на сила од 19 мај во 00:01 часот. Според одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 2 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продаваат по повисока цена за 2,50 денари по литар. Со тоа, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини најмногу 87 денари, ...

Децата и младите во земјава не се во целост заштитени, а институциите мора да покажат поголема будност и навремена реакција за спречување на насилството и рана детекција на ризиците, покажува годишниот извештај за 2025 година на СОС-линијата „Ало, бушавко“, презентиран од Првата детска амбасада „Меѓаши“. Според податоците, во текот на 2025 година биле евидентирани вкупно 284 дојави од деца и млади, од кои најголемиот дел – 227 – пристигнале ...

Денес пратениците на Левица гласаа за укинување на можноста членовите на Владата да поседуваат двојно државјанство, како принцип што треба да гарантира целосна политичка и институционална лојалност кон Македонија. Срамно е што пратениците од владејачкото мнозинство одбија да го поддржат овој предлог и власта, предводена од Мицкоски, практично призна дека нема проблем највисоки функционери во извршната власт да имаат политички и деловни врски ...

Здрава иднина жестоко реагираше на најавите за формирање комисија или стручно тело кое би одлучувало кој пациент, каде и кога ќе биде опериран од кардиоваскуларни заболувања. Од здружението предупредуваат дека ваквиот модел претставува сериозен ризик за правата и здравјето на пациентите, оценувајќи дека дополнителните административни процедури во кардиоваскуларната медицина можат да значат директна закана по животот. Тие апелираат наместо ...

Советничката на Левица во Охрид, Виолета Аврамовска, смета дека затворањето на коцкарниците и обложувалниците не треба да значи губење работни места, туку можност за прераспределба на вработените во индустријата. Во својата објава таа посочува дека, ако државата веќе се соочува со недостиг на работна сила и најавува увоз на работници, тогаш вработените од секторот за игри на среќа би можеле да се ангажираат во домашните фабрики, додека ...

Македонија е рангирана како шеста најсиромашна земја во Европа според најновата анализа на „World Atlas“, изработена врз основа на податоците на Меѓународниот монетарен фонд за бруто-домашен производ (БДП) по глава на жител според паритетот на куповната моќ (ПКМ). На листата пред Македонија се наоѓаат Молдавија, Косово, Украина и Босна и Херцеговина. Според извештајот, Македонија има БДП по глава на жител според ПКМ од околу 24.300 долари. ...

Пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција најави дека политичката партија Левица ќе поднесе предлог-закон за речиси целосна забрана на коцкањето и ограничување на рекламирањето на игрите на среќа. Со предложените измени на Левица, како што најави пратеникот, се воведуваат суштински ограничувања на дејноста за коцкање и приредување на игри на среќа, односно казината и автомат клубовите ќе можат да работат само во граничен појас ...

Додека декларативно се колне во младите и ветува европски стандарди, ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка турка измени во Законот за студентскиот стандард со кои директно удира по џебот на студентите и ги намалува стипендиите за нивните достигнувања, реагираат од Левица. Според партијата, огромен удар е насочен кон студентите од социјално загрозените семејства. „Власта одлучува да го намали процентот на стипендии наменети за социјалните ...

Став на Дејанчо Анастасов Никој разумен не може да биде против развој, инвестиции и отворање нови работни места. Македонија има рударска традиција со децении и сосема е легитимно да се разговара и за нови рудници, па и за рудник за антимон. Но, пред да се ветуваат „модерни технологии“ и „безбедни процеси“ прво трба да се утврди како функционираат постојните рудници и што се случувало со јаловиштата низ Македонија. Ова, од причина што кај ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши посетата на Кина со најави за нови деловни договори, но без поголем ефект врз пазарите. За време на средбите со кинескиот лидер Шји Џинпинг, главни теми биле Иран, трговијата и Тајван. Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши посетата на Кина со низа најави за економска соработка и деловни договори, но без посериозен ефект врз светските пазари. Иако двете страни зборуваа за напредок во ...

Советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Катерина Јовановска, упати остри критики кон градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го дека се фали со проекти кои не се резултат на неговата сопствена работа, туку се започнати од претходни градски администрации. Јовановска реагираше на изјавите на Ѓорѓиевски дека актуелниот период е „најуспешниот квартал“ за градот Скопје, прашувајќи кои капитални проекти реално се започнати и завршени ...

Советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Милица Давчева, на последната седница остро реагираше на предлог-одлуката за формирање Совет за детско престапништво, оценувајќи дека станува збор за формално тело кое не нуди сериозен и суштински пристап во справувањето со малолетничката деликвенција и девијантните појави кај младите. Давчева истакна дека иако законски постои обврска за формирање на ваков совет, спорна е постапката со која ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, жестоко реагираше по информациите дека обвинителството не утврдило штета во случајот со увозот на мазут за потребите на АД ЕСМ, обвинувајќи ги актуелните директори на претпријатието дека со своите искази во обвинителството го заштитиле поранешното раководство од кривичен прогон. Мојсоска во објава на социјалните мрежи цитираше дел од образложението на обвинителката, според кое претставниците на ЕСМ и ...

Пишува Виктор Боројевиќ-член на Црвена Младина Како млад студент на Економски факултет во областа Економија и како некој што веќе го почувствувал приватниот сектор одвнатре, сè почесто се прашувам: дали Македонија навистина им нуди иднина на младите? Или пак, државата постепено ги оттурнува најобразованите и најспособните надвор од своите граници? Денес, висококвалификуваните млади не ја напуштаат Македонија затоа што не ја сакаат. Напротив. ...

Додека Мицкоски ја замајува јавноста со глумење изненаденост за пропаднатиот случај со увозот на мазут, клучниот елемент е дека токму ЕСМ, предводено од неговиот близок личен пријател Узунчев, не доставиле доказ дека државата е оштетена, реагираат од партијата. Самата обвинителка Колариќ јавно потврди дека клучната „оштетена страна” – ЕСМ, преку директорот Узунчев, скандалозно изјавила дека компанијата не претрпела никаква штета. ...

Вкупната трговија со стоки на Кина во првите четири месеци од годинава достигна 16,23 билиони јуани, односно околу 2,39 билиони долари, што претставува раст од 14,9 отсто во споредба со истиот период лани. Најголем раст е забележан кај механичките и електричните производи, чиј извоз и увоз се зголемиле за 19,5 проценти, додека кинеските власти оценуваат дека земјата продолжува стабилно да придонесува за глобалниот економски и трговски развој. ...

Наводите на Коларевиќ, за кои таа вели дека се внесени во записник на ОЈО ГОКК, отвораат прашања за реакциите на премиерот Христијан Мицкоски и другите претставници на власта на одлуката за затворање на предметот. Една од главните причини поради кои обвинителката Катерина Коларевиќ решила да ја прекина истрагата за случајот „Мазут“, биле искази на актуелни претставници на државната ЕСМ (Електрани на Северна Македонија), овластени од ...

Пратеникот на Амар Мециновиќ жестоко ја критикуваше Владата поради односот кон индустријата на коцкање, оценувајќи дека државата дозволува казината и кладилниците да се богатат на сметка на граѓаните и нивните семејства. Според него, патолошкото коцкање во Македонија прераснува во сериозна социјална и здравствена криза, додека населбите и градовите се „преплавени“ со објекти кои, како што вели, ја „исцицуваат заедницата“. Мециновиќ порача ...

До Левица пристигнаа вознемирувачки информации и фотографии од свиркачи од Ресен, кои укажуваат на КОНТИНУИРАНА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО во сопственост на ЈП Национален парк „Галичица“. Според наводите, службеното возило повеќе од една година секојдневно се користи за приватни цели од страна на директорката ФРОСА ГЕОРГИЕВСКА, за патување на релација Ресен-Охрид-Ресен, наместо за потребите на институцијата. Според сведоштвата, возилото ...

Нов скандал се отвора околу извештајот за непотребните операции на срце, откако новинарката на Слободен Печат, Мирослава Симоновска, преку објава на социјалните мрежи, обвини дека Министерството за здравство целосно го игнорирало нејзиното барање за пристап до документот и до информациите за тоа колку пари биле исплатени на странските доктори кои го изработиле. Таа тврди дека институциите „го заклучиле извештајот и го голтнале клучот“, ...

Локалниот огранок, Левица-Тетово жестоко реагира на отворањето на новиот булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, оценувајќи го настанот како „етнички едностран политички перформанс“ и „отворена провокација кон македонската држава, Уставот и соживотот“. Од Левица-Тетово, обвинуваат дека на свеченоста организирана од градоначалникот Билал Касами немало македонски претставници, државни симболи и пораки за заедништво, туку, како што наведуваат, биле ...

Изминатиов период сведочиме многу немили сцени, врсничко насилство каде едно дете си го задоволува егото, репутацијата во друштвото или си дава можност за инкорпорација во некоја заедница; додека друго дете трпи физичка и психичка болка. Денес, за жал, еден од трендовите за да се стане дел од одредена заедница меѓу тинејџерите е токму девијацијата: малтретирање соученици, пушење цигари, консумирање алкохол, како и вандализам. Најголема ...

Долгогодишното невработување на нов кадар и згаснувањето на местото кога професор ќе замине во пензија полека си ја постигнува целта – Институтот за некоја година ќе остане со само неколку професори кои нема да имаат законско право да ги држат сите стручни предмети на додипломските студии Во слободен пад повеќе од десетина години е Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Долгогодишното ...

Серискиот убиец од општина Старо Нагоричане се товари за уште четири кривични дела, две убиства и два обиди за убиство, информираше обвинителот Љубомир Лапе на денешниот брифинг со новинарите. Истрагата, како што соопшти тој, се проширува и на нови можни случаи поврзани со осомничениот. Обвинителот Лапе, истакна дека станува збор за прв познат случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите досегашни жртви се жени, кои биле цел ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42