Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Еко-иницијативата обвинува за неактивност на надлежните и предупредува дека градот за кратко време изгубил повеќе значајни објекти Граѓанската иницијатива Охрид SOS остро реагираше на ставовите на Управата за заштита на културното наследство во врска со неодамнешното рушење на куќата на улицата „Димитар Влахов“, оценувајќи дека институциите наместо да го заштитат културното наследство, меѓусебно ја префрлаат одговорноста додека Охрид ...
Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја претепал својата сопруга, доби условна казна откако ја признал вината за стореното дело. Наместо затворска казна, насилникот доби уште една шанса од системот кој со години потфрла во заштитата на жртвите на семејно насилство, реагираат од Левица. Мицкоски неодамна тврдеше дека овој случај бил „доказ дека системот функционира“. Ако ова е функционирање на системот, тогаш не е чудо ...
Советничката од Левица во Советот на Општина Охрид, Виолета Аврамовска, со жестока реакција по повод рушењето на куќата на Димитар Влахов, обвини дека со години Охрид се уништува во корист на профитерски интереси, додека институциите избегнуваат одговорност за урбанистичките политики кои го бетонизираат градот. Во објава на социјалните мрежи, Аврамовска посочува дека надлежните институции и локалната власт се прогласиле за ненадлежни во ...
Во последното интервју за ,,360 степени”, поранешниот претседател Стево Пендаровски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ активно учествувало во носењето на скандалозните измени на Кривичниот законик, со кои беа амнестирани сериозни криминали на поранешни функционери, реагираат од Левица. Пендаровски во интервјуто откри дека тогашниот премиер Зоран Заев му соопштил дека е обезбеден кворум за измените на членот 353 од Кривичниот законик и дека, дури и ...
Став на Андреа Јанков Капитализмот често се претставува како природен и неизбежен економски систем, како врв на човечкиот развој и најдобар механизам за распределба на ресурсите. Неговите бранители зборуваат за слободен пазар, претприемништво, иновации и индивидуална слобода. Но, зад овие привлечни поими стои една многу поедноставна и многу посурова логика, максимизирање на профитот без оглед на пошироките општествени последици. Во суштината ...
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски за економските успеси на Владата, не се реална економска слика, туку игра со статистика и бројки кои граѓаните воопшто не ги чувствуваат во секојдневниот живот. Да се фалите со „раст“ на номинален БДП во услови кога државата се задолжува со милијарди евра и кога администрацијата масовно троши буџетски средства во првите квартали, не претставува економски успех, туку вештачко пумпање на ...
Поразителните наоди за работата на Собранието, кои укажуваат на пад на довербата кај граѓаните и силна перцепција за доминација на Владата врз законодавниот дом, се дел од реакцијата на Секторот за политички систем при партијата Левица. Како што соопштија од таму, истражувањето спроведено од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ јасно ја потврдува состојбата на долгорочна нефункционалност и недостиг на вистинска контрола врз извршната ...
Пишува: Виктор Боројевиќ- член на Црвена Младина и студент на Економски факултет Ми се чини дека денес сè повеќе млади луѓе не се прашуваат „каде сакам да работам?“, туку „дали воопшто имам шанса ако немам врски?“. Тоа е една од најтажните реалности со кои се соочува нашата генерација. Како студент на Економски факултет и како некој што има работено во приватниот сектор, одблиску сум видел како непотизмот постепено ја убива мотивацијата кај ...
Воената ескалација меѓу САД и Иран и блокадата на Ормускиот Теснец, преку кој пред конфликтот се одвиваше околу 20 отсто од светската трговија со нафта, предизвикаа сериозни нарушувања на глобалните енергетски текови и забрзано трошење на стратешките резерви на нафта. За да се амортизираат последиците од кризата, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во март координираше ослободување на околу 400 милиони барели нафта од резервите на ...
Професорката Тамара Јованов реагира на изјава која, според неа, неправедно ги генерализира студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД), нагласувајќи дека во секоја образовна средина постојат и послаби и одлични студенти. Таа посочува дека фокусирањето само на негативните примери создава искривена слика и им нанесува штета на оние што постигнуваат високи резултати, додавајќи дека медиумите треба да се водат од објективност и одговорност, ...
Перцепцијата на граѓаните дека Собранието има подредена улога во однос на Владата и дека контролната функција што ја имаат народните избраници е многу слаба, според пратеничката од Левица, Јована Мојсоска е слика која го следи не само овој пратенички состав, туку и претходниот. Според неа, Истражувањето на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, според кое граѓаните даваат средна оценка за работата на Собранието и сметаат дека Владата ...
Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје, како и против едно лице од Австрија и едно лице од Гевгелија, поради сомнение за бесправно градење на територија на Општина Неготино. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавените извршиле ископ на канал во должина од околу 600 метри и поставиле кабли за електрична енергија на потегот од селото Пепелиште кон селото Војшанци. Како што соопштија од МВР, ...
Во Охрид е уништено урбаното зеленило околу објект изграден во 1927 година, за кој граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ претходно бараше да биде прогласен за споменик на културата. Наместо заштита, како што информираат од иницијативата, багери го израмниле теренот околу објектот, што отвора сомнежи дека се подготвува и негово уривање. Од „Охрид СОС“ посочуваат дека уште минатата година реагирале за значењето на овој објект и го вклучиле во ...
Пратеникот на Левица, м-р Сашко Јанчев, на собраниска седница постави пратеничко прашање до министерот за социјална политика, демографија и млади, барајќи одговор дали се размислува за воведување на институт, “родител-негувател“ во македонскиот систем за заштита на децата со попреченост? Јанчев истакна дека родителите на деца со попреченост се принудени да избираат меѓу работа и грижа за своето дете, бидејќи голем дел од овие деца имаат ...
Левица ќе поднесе втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за саботирање истраги, селективна правда, непрофесионално работење на полицијата и судир на интереси. Претседателот на партијата, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција изјави дека состојбата во МВР дополнително се влошила, а институцијата наместо професионален сервис, станала „приватна партиска полиција“. „Сметаме дека оваа ...
Владата подготви закон со кој казината ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Но, дали навистина ќе биде така, прашува пратеникот од редовите на Левица, Реџеп Исмаил. „Еве како би изгледало ограничувањето доколку се применува по воздушна линија. Ова можеби не е најпрецизен приказ, но приближно тоа е дистанцата. Навидум, можеби ви изгледа дека цели делови од Скопје (Центар, Карпош, Аеродром) ...
Во време кога искреноста, чувствителноста и уметноста сè потешко го наоѓаат своето место, младите луѓе како Емилио Јанковски, македонски млад автор и уметник се вистински потсетник дека талентот има смисла само кога доаѓа од срце. Автор, музичар, сликар и пред сè човек кој верува во добрината, пријателството и духовните вредности, Емилио е млад уметник од Велес кој тивко, но силно, го гради својот свет. Себеси не се обидува да се дефинира ...
Цели две години МВР со Панче Тошковски не презема никакви дејствија за криминалот со фирмата за надзор над проектот со ,,Бехтел и Енка”, иако во јавноста беа објавени сериозни сомнежи за милионски злоупотреби и енормни хонорари. Според информациите од обвинителството, предметот практично тапка во место поради непостапување на МВР во предистрага која трае две години, за која обвинителството пратило и ургенции до МВР, реагираат од Левица. Во ...
Советникот од Левица во Советот на Општина Кисела Вода, Љубиша Петровски, обвини дека општинските власти избегнуваат одговорност по трагичниот настан во кој загина работник на градилиште во општината. Според него, мнозинството во Советот ги одбило сите предлози на Левица насочени кон зголемување на безбедноста на градилиштата. Во објава на социјалните мрежи, Петровски посочи дека биле предложени мерки како зголемени контроли, проверки на ...
Поранешен советник и партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ влегува во криминалот со фирмата за надзор над „Бехтел и Енка“ – истиот проект што Мицкоски додека беше во опозиција го нарекуваше историски криминал и „пљачка на народот“ и ветуваше дека ќе го расчистува, реагираат од Левица. Истражувањето на медиумот ,,360 степени” откри дека во сопственичката структура на поранешната „Електра Солушнс“ (денес преименувана во „Аксион“) без никаков ...
Во минатото заглавена во сериозни проблеми со работата и на работ на банкрот, фабриката направи извонредно враќање во 2016 година кога пристигна нејзиниот кинески партнер, благодарение на продлабочувањето на висококвалитетната соработка помеѓу двете земји во рамките на „Појас и пат“. Денес, таа стана еден од најголемите производители на железо и челик и даватели на интегрирани услуги во светот мерено според производствениот капацитет. За ...
Советникот од Левица во Советот на Општина Куманово, Виторио Зафировски, упати серија прашања и критики околу распределбата на иницијативите за поставување фотоволтаични централи во општината, тврдејќи дека значителен дел од прифатените проекти се поврзани со бизнисменот Драган Митевски, за кого посочи дека е во кумовски однос со градоначалникот Максим Димитриевски. Во своето излагање, Зафировски наведе дека од вкупно 48 прифатени ...
Само две недели по оптимистичките најави од страна на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека во главниот град ќе пристигнат нови електрични автобуси, јавната набавка e поништена, според информациите од Министерството за траспорт и врски. Ѓорѓиевски на последната седница на Советот на Град Скоје, од говорницата со голема самодоверба го презентираше договорот со унгарската компанија Икарус, истакнувајќи дека станува збор за ...
Скопје повторно се соочува со неизвесност во модернизацијата на јавниот превоз, откако пропадна постапката за набавка на електрични автобуси. Државната комисија по жалби за јавни набавки, по службена должност, донесе решение за поништување на тендерот за набавка на електрични автобуси и полначи, информира Министерството за транспорт. Од Министерството соопштуваат дека постапката ќе биде повторно објавена во најбрз можен рок, согласно ...
Наместо укинување на онлајн коцкањето, како што ветуваше ВЛЕН пред изборите, владиниот предлог-Закон за игри на среќа е уште една политичка измама и обид за прераспределба на милионскиот коцкарски бизнис кон нови центри блиски до власта. Иако Изет Меџити претходно изјавуваше дека „стопирале можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони”, реалноста е сосема спротивна – онлајн коцкањето не само што не се укинува, туку преку новиот ...
Пишува Марија Велјановска- дипломиран социолог и професорка по социологија Властите во Македонија често зборуваат за заштита на жените, но во однос на тоа прашање ретко суштински се остваруваат реални механизми за заштита од родово базирано насилство, економска сигурност и системска дискриминација. Наместо тоа, жената е искористена како алатка за политичка мобилизација во име на демо-христијанските вредности. Во македонското општество овој ...
Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на скопската обиколница, меѓу кои се и баритонот на Македонската национална опера и балет, Ристе Велков, и неговиот 20-годишен син Адам Велков. Ристе Велков важеше за еден од водечките македонски баритони и оперски солист првенец, препознатлив по својот специфичен глас, поради што често го нарекуваа „италијански баритон со кадифена боја“. Во несреќата животот го загуби и ...
Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на скопската Обиколница, помеѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 21 мај околу 23 часот, кога товарно возило, влекач „ман“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 76-годишен возач од Косово, изгубило контрола, ја пробило заштитната ограда и преминало на ...
Координаторот на Секторот за Надворешна политика при политичката партија Левица, Емир Шкриељ, преку објава на социјалните мрежи остро ја критикуваше експанзијата на коцкарската индустрија во Македонија, оценувајќи ја како сериозен општествен и здравствен проблем. Тој предупредува дека коцкањето претставува високоадиктивно однесување со тешки последици врз поединецот и неговото семејство, притоа доведувајќи ја во прашање ефективноста на ...
Додека претседателката Гордана Силјановска-Давкова јавно бара институциите ажурно да постапат во врска со шпионската афера во нејзиниот кабинет, јавноста е сведок дека Министерството за внатрешни работи со месеци не доставува клучни информации и вештачења до Обвинителството. Ова отвора сериозен сомнеж дека МВР и министерот Панче Тошковски свесно се обидуваат да го сокријат скандалот и да ја попречат истрагата за утврдување на фактичката ...