„Разговорот е во подготовка“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг за новинари. Трамп синоќа изјави дека ќе разговара со Путин во рамките на американско-руските напори за прекинување на војната во Украина. – Веќе се дискутираше за многу работи со двете страни – Украина и Русија. Ќе зборуваме за тоа, за поделба на одредени ресурси, изјави Трамп во претседателскиот авион, алудирајќи на „размена на делови од територии и ...

Дамјан Даневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовска се учениците од средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандандски“ во Штип кои настрадаа во несреќата во дискотеката во Кочани. Со нивните слики во рака, извикувајќи „Секој еден може да е следен“, Бараме правда за сите виновни“, „Државата тоне“ „Убиство“, „Смрт за корупцијата“, во Штип се одржа едночасовен протест и марш. Почнувајќи од Градскиот плоштад „Слобода“, ...

Почна најавениот протест на градскиот плоштад во Кочани. Како што јавува репортерот на „360 степени“, на протестот има и дел од родителите на загинатите деца. Ситуацијата е траорна, се слуша само плач и лелек, родителите се неутешни и се прашуваат како да продолжат да живеат без најмилите… Држат фотографии од децата што загинале и велат дека за билет од 500 денари си ја купиле смртта. Еден час откако почна протестот, сè повеќе граѓани се ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 68,5, а на Екстра лесното масло за ...

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе ги посети пациентите што беа пренесени во болниците во Софија и во Солун. Тој додаде дека, според информациите што ги имаат, сите пациенти се надвор од животна опасност. „Сепак да бидеме максимално внимателни и да им се даде макимална медицинска поддршка. тоа што зависи од нас е направено комплетно. Се надевам дека и земјите што ни се пријатели и сакаат да ни помагаат и ќе прифаќаат ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција апелираше до истражните органи редовно да известуваат за тоа што точно се прави за да се спречат шпекулации. Тој нагласи дека никој не смее да биде поштеден во овој случај во кој загинаа 59 луѓе. „Ние денеска сме рането општество. Довербата во институциите е срозена и ако сакаме да ја вратиме мора да има целосна и објективна истрага никој не смее да биде поштеден, ниту актуелни ниту ...

Од Јавното Обвинителство информираат дека увидните дејствија на терен за несреќата во дискотеката „Пулс“ сѐ уште траат, а државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска повторно е во Кочани каде што ги координира активностите на тимот обвинители назначен да ги спроведува истражните дејствија. Оттаму најавија изјава на Коцевски во 16:00 часот пред Основното јавно обвинителство Кочани. Од ЈО утрово информираа дека обвинителскиот тим е проширен и ...

Само 12 клубови во земјава минатата година извадиле лиценци за работа, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Сепак, како што додаде тој, постои веројатност и на некои од тие 12 рокот да им е веќе изминат. „Шокантна е состојбата. Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци…и тоа не знаеме од нив кои се сѐ уште валидни. Претпоставувам дека на некои рокот веќе им е изминат бидејќи се ...

Трагичниот настан во Кочани собра стотици демонстранти во градскиот парк, пишува Алсат. Со транспаренти во рацете на кои пишува „Неизлечена болка“, „Не умираме од катастрофи, умираме од корупција“ и „Убивањето на младите ја убива иднината“, граѓаните веќе го започнаа протестот што го најави веб-страницата (Зери и Кочанит). Новинарката на Алсат, Ајнур Бафќари известува од местото на настанот, каде што посочи дека на овој протест се бара и ...

Со седумминутен молк точно напладне почна собирот на студентите и учениците од средните скопски училишта пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, каде денеска се одржува заеднички час во знак на почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани. Ниту дождот не ги спречи студентите и учениците да стигнат до Универзитетот и да учествуваат на настанот со кој се изразува солидарност на семејствата на загинатите и ...

Никој да не се обидува да игра на етничка карта. Во случајот нема политика и ќе одговараат сите коишто се обиделе да водат политика врз грбот на граѓаните и на животите што ги изгубија децата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. „Да им одговорам на оние што прават полноќни прес конференции, тука нема политика, ќе одговарате сите коишто сте се дрзнале на овој начин да водите политика, на грбот на граѓаните и на животите коишто овие деца ги ...

Македонското Собрание ги откажа сите активности планирани за неделава поради трагедијата што се случи во Кочани. На координацијата претседателот на Собранието Африм Гаши предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани. И Уставниот суд на работен состанок ...

Тага и молк владее денеска во Кочани, градот што вчера го погоди страшна трагедија во која животот го загубија 59 млади лица. Сите се вознемирени и не сакаат да разговараат за вчерашниот пожар. Патот до таканаречената дискотека сè уште е непристапен. Пеплосаниот објект е опколен со полициски ленти и го чуваат полицајци. Граѓаните чекаат во редици да се потпишат во книгата на жалост поставена на плоштадот. Се палат свеќи и се упатуваат молитви за ...

Бугарија прими 14 повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои се хоспитализирани во три болници. Според информациите од здравствените установи, сите пациенти се во тешка состојба, со изгореници и вдишување на жешки гасови, јави БТА. Во Универзитетска мултипрофилна болница за активно лекување и ургентна медицина „Н.И. Пирогов“ во Софија примени се осум пациенти, од кои тројца се малолетни на возраст од 15 и 16 години. Останатите петмина ...

Објектот во Кочани, што бил употребуван како дискотека 15 години, функционирал без да ги задоволува основните стандарди за противпожарна заштита, рече на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Дискотеката, не само што немала соодветна лиценца, туку работела во објект чија намена е лесна индустрија, а не угостителство. Прекршени се повеќе стандарди кои се косат со правилата за противпожарна заштита. За цел ...

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е сѐ уште во полициска станица откако вчера беше повикан на информативен разговор во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за МИА. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во ...

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица. – Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги ...

Целосната морална материјална и кривична одговорност за оваа трагедија не може да се бара на ниедно друго место освен во самата Влада, Министерството за внатрешни работи и Општина Кочани, изјави ноќеска потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми. ДУИ, посочи Адеми, бара целосна транспарентност и одговорност за вистината да излезе на виделина. Апелира од институциите и партиите, како што рече, да се ...

Бугарската Влада на вонредна седница ќе донесе одлука вторник (18 март) да биде прогласен за Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија, изјави премиерот Росен Жељазков пред новинарите во селото Дамјаница, општина Сандански, јави БТА. Жељазков уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во ...

Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотека во Кочани во кој, според последните официјални информации загинаа 59 лица, а 155 повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека тие ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба. Таравари појасни дека дел од ...

Министерството за здравство ќе има специјални екипи кои што ќе комуницираат за состојбата на пациентите настрадани од пожарот во Кочани, кои што се на лекување надвор од државата, најави денеска на прес-конференција ресорниот министер Арбен Таравари. Целта е како што посочи, за нивната состојбата да се известуваат и семејствата и јавноста. – Веќе се дадени задачи во Министерството за здравство да имаме специјални екипи, кои што ќе комуницираат ...

Повеќе од 50 пациенти настрадани во пожарот во дискотеката во Кочани до сега се заминати на лекување во странство, соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари. Како што додаде тој, на денешната прес конференција, денеска на лекување надвор од нашата земја ќе заминат уште 24 пациенти. „Денеска се очекува уште неколку пациенти да бидат упатени надвор од државава, 2 во Словенија, 4 Хрватска, 6 во Австрија и 12 во Србија“, рече Таравари. Како ...

Студентите и професорите на Скопскиот универзитет денеска и во текот на целата недела ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час, што точно напладне ќе се одржуваат на различни кампуси на УКИМ, за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства. Првиот заеднички час е денеска од 12 часот на кампусот на факултетите од општествените науки. Претседателот на Универзитетското студентско ...

Ја информираме јавноста дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани. Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Болницата е во постојана комуникација со Министерството за здравство и се вклучува во помош онаму каде е најпотребно. На располагање се 20 интензивни места за третман на ...

Трите амбуалнтни возила за итен медицински транспорт на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, придружени со комплетен медицински тим на болницата, ги примија повредените пациенти од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кои ќе бидат транспортирани во здравствена институција надвор од границите на држвата. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува на располагање со сите свои капацитети за бесплатна помош за сите повредени пациенти на кои им е ...

Борбата против криминалот нема боја, раса и припадност. Иако за жал за СДС и ДУИ има. Тие и од оваа тема делат на наши и ваши, на Македонци и Албанци, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ; на ставовите на Арбер Адеми од ДУИ. Во реакцијата се додава: За разлика од нив, ова за нас, но и за сите граѓани е борба на народот против корумпираните кои создадоа чудовиште од системот кој убива поради корупција. Од партијата која стана колевка на криминалот ...

Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје. Ваквата одлука беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува ...

Во Солун, во болницата Папаниколау и во воената болница, хоспитализирани се вкупно пет лица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, а од нив двајца се веќе оперирани, додека пак на други двајца им била извршена трахеотомија, според информациите на дописничката на МИА од Атина. Извори од болницата Папаниколау, каде што од вчера попладне се хоспитализирани тројцата повредени, кои со амбулантни возила пристигнаа во Солун, брифираат дека ...

Најновиот развој на настаните поврзани со руската агресија врз Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, со посебен осврт на случувањата во Сирија и на улогата Иран, како и односите меѓу ЕУ и САД ќе бидат главни теми на денешното заседание (17 март) на Советот за надворешни работи на Унијата (ФАЦ) во Брисел. Состанокот, со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, ќе започне со дебата за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека утре ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можниот крај на тригодишната војна во Украина, по позитивниот исход од разговорите меѓу американските и руските претставници во Москва. „Во вторник ќе разговарам со претседателот Путин. За време на викендот беше завршена многу работа. Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме оваа војна. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
1.54
14%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.57
27%
1014
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
3.09
37%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
16%
1016
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
2.17
18%
1014
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
37%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.68
29%
1014
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
48%
1016
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
25%
1016
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
4.63
26%
1014
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 33ᴼ
4.63
30%
1011
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
4.63
41%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61