
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево се пренесени во Полска на лекување, информираше Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница. „Амбасадата на Полска овозможи транспорт со воздушна амбуланта на двајца повредени во трагичниот пожар во Кочани. Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија“, се наведува во објавата. Чешкиот амбасадор во земјава ...
Обвинетите за модуларната болница во Тетово се изјаснија дека не се чувствуваат виновни на повторното судење кое започна денеска во Основен суд Тетово. По околу пет часа траење на главната расправа на која беа презентирани и видео снимки од видеонадзор во рамки на Клиничка болница Тетово од 8 септември 2021 година кога избувна пожарот, Судот донесе рочиштето да продолжи на 3 април во 10 часот. На денешната расправа застапникот на обвинението ги ...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на градовите Кочани и Штип. „Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни ...
Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекти за кабаре со лиценца од вкупно 13 објекти, 8 со истечена, 3 немаат никаква лиценца, посочи на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева. „Во Куманово 3 објекти со важечка лиценца. Во Струмица има 4 лиценци од кои еден објект со истечена лиценца. Во Прилеп два објекти , и двата со истечена лиценца за кабаре или ноќен ...
16 минути молк, сеќавање на трагедијата на 16 март во Кочани каде загинаа 59 лица, а над 155 беа повредени, вечерва мирен протест се одржа во Скопје, пишува Алсат. Илјадници граѓани се собраа да се солидаризираат со семејствата на жртвите и повредените. Потсетуваме дека е завршена обдукцијата на 59 жртви, како и нивната идентификација. Погребот се очекува да се изврши во четврток во Кочани. 16 март ја разбуди Северна Македонија со голема ...
На Клиниката „8 Септември“ продолжуваат да се лекуваат повредените во тешката трагедија во Кочани. Од вкупно 32 повредени лица кои се згрижени во оваа болница, 13 се испратени на натамошно лекување во соседните и европските земји. Од хоспитализираните 7 се на интензивна нега, а останатите се во стабилна состојба. Директорот на „8 Септември“ рече дека не може да се зборува за состојбата на пациентите бидејќи таа се менува од час во час. Во ...
На територија на државата извршени се околу 50 контроли во текот на 16 и 17 март во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор. Ветивме борба со криминалот, ветивме истрага на сите актуелни состојби,изјави попладнево Марија Митева, портпаролка на Владата. Премиерот Христијан Мицкоски вети дека ќе има нулта толеранција, односно оној што не исполнува макар ...
Осомничените во случајот на пожарот во ноќниот клуб во Кочани може да добијат затворска казна до 20 години. Ова го соопшти главниот јавен обвинител Љубчо Коцевски, кој рече дека ќе одговараат за кривичното дело „Тешки дела против општата безбедност“ за кое минималната казна е 3 години. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за осомничените ќе се бараат 20 години затвор. Но, меѓу обвинетите има и претставници на институции и службени лица, кои ...
Кочанските гробишта се прошируваат поради големиот број починати во пожарот во дискотеката „Пулс“. Жртвите од трагедијата ќе бидат погребани на посебен дел од градските гробишта во Кочани. Погребот ќе се изврши во четврток. Церемонии ќе има и во другите градови од каде што биле жртвите. Најголем број жртви се од Кочани, меѓу кои и малолетници, додека идентификацијата на телата продолжува. На погребната церемонија ќе учествуваат граѓани и ...
Министерството за здравство соопшти дека е зголемен бројот на хоспитализирани на клиниките во земјава. Во земјава се лекуваат вкупно 98 пациенти, од кои 52 се на клиниката „Мајка Тереза“, 17 пациенти на клиниката „8 Септември“, 12 пациенти во „Свети Наум Охридски“, 10 пациенти на Клиниката за токсикологија и 7 пациенти во Аџибадем Систина. Во раните утрински часови се примени 20 нови пациенти, од кои тројца пожарникари. Андон Чибишев, доктор по ...
Со 16 минути молк и со светлата на телефоните во рацете, стотици демонстранти се собраа на плоштадот во Скопје, на протестот организиран во чест на жртвите од трагедијата во Кочани. Пораките што ги испратија некои граѓани беа тоа што се случи во Кочани никогаш да не се повтори. Протестот беше мирен и без говори. Во едно од предупредувањата на протестот беше кажано дека многу брзо ќе дојде време кога ќе има протести за блокирање патишта, но не во ...
Тим од социјални работници – психолози на Црвениот крст на Грција се наоѓа во болниците во Солун и им нуди помош на роднините на повредените кои се хоспитализирани, информираа од грчкиот Црвен крст на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно посочија дека по трагедијата во Кочани веднаш стапиле во контакт со нашиот Црвен крст, „со оглед на континуираната и одлична соработка“ за да одговорат на хуманитарните потреби. – ...
Началниците на ОВР Кочани и СВР Штип се разрешени со цел да се обезбеди целосно независна и ефикасна истрага и ваквата одлука не прејудицира никаква вина, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. – Со цел да се обезбеди целосно независна и ефикасна истрага, донесов одлука за разрешување на раководни лица во локалната полиција во ОВР Кочани и СВР Штип и нивно заменување со полициски службеници кои не се ...
За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција во МВР, нагласи дека максимално се посветени на овој случај и дека се преземаат максимални чекори во насока на негово разрешување, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека во близина на дискотеката во Кочани имало резервоар за нафта, но дека тој бил празен и дека според првичните информации не е поврзан со сопственичката структура на дискотеката. – Според информациите што ги добив точно е дека постоела бензинска пумпа и одреден резервоар во земја којшто по првичните информации бил празен и не бил во допир со настанатиот пожар. Сопственичката структура не ...
За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На 11 лица им е одредена мерка притвор за постоење на основано сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“, додека на три лица име ...
„Многу здравствени структури се буквално преоптоварени“ по новото гранатирање, соопшти денеска Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Бројот на загинати во израелското гранатирање во Појасот Газа достигна 413, јавија ДПА, повикувајќи се на здравствените власти во палестинската енклава која ја контролира Хамас. Во нападите се повредени најмалку 660 луѓе. Израел денеска започна нова офанзива во Газа, со што стави крај ...
Здравјето на повредените во пожарот во Кочани да е врвен приоритет, апелираат попладнево од Лекарската комора на Република Северна Македонија, преку соопштение до јавноста. – Лекарската комора ја поздравува навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани. Овој начин на организација е клучeн зa ...
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари утрово се во посета на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во две солунски болници, а министрите ги придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-министерот за надворешни работи Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина. Државната телевизија ЕРТ објави ...
Состојбата на 14-те повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна, соопшти бугарското Министерство за здравство на својата Фејсбук страница. Осумте пациенти хоспитализирани во Универзитетската болница и медицинскиот центар Н.И.Пирогов се на механичка вентилација и остануваат на интензивна нега. Според информациите од болницата во Варна, тројцата пациенти кои се кај нив се во тешка состојба, двајца се на механичка ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени началници, помошници и командири во Штип и Кочани, потврдија за МИА од МВР. Разрешение се : 1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип 2. Помошник началник на СВР Штип 3. Началник на Одделение за полиција Штип 4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип 5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани 6. ...
Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во неделата рано сабајле во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Резервоарот за нафта бил на друг објект, а бил откриен од страна на крим техника. Од Противпожарната бригада на Кочани за МИА потврдија дека во близина на дискотеката има резервоар за нафта, но дека тој бил на друг објект. Оттаму не знаат точно дали и колку нафта имало во резервоарот. Информацијата ја потврдија и ...
Турција денеска ги осуди најновите израелски напади врз Газа, наведувајќи дека масовното убивање Палестинци претставува нова фаза во тоа, што го опиша како „политика на геноцид“ на Владата на Нетанјаху. „Израел му пркоси на човештвото со кршење на меѓународното право и универзалните вредности на најсериозен начин“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи. Во него се предупредува дека агресивните акции на Израел ја ...
Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но поради природата на повредите, особено труењето со штетни гасови, можни се компликации во наредните денови. Кај пациенти сместени на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) забележале знаци на влошување и за нив денес се планира трансфер во странство. „Сите ни се стабилни, има пациенти ...
Почна глава расправа на повторното судење за модуларната болница во Тетово кој досега четири пати беше одложуван. Тогашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми кои се обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, се изјаснија дека не се чувствуваат како виновни. Исто така и застапник на правно лице ЈЗУ Клиничка болница за делото „предизвикување општа опасност“ истакна дека не чувствуваат одговорност. По изјаснувањето новиот ...
Воздухопловната спасувачка служба на Луксембург превезе четворица пациенти на лекување во Унгарија по пожарот во ноќен клуб во Кочани во кој во неделата загинаа 59 лица, соопшти Министерството за надворешни работи. Луксембург беше една од деветте земји на ЕУ кои понудија итна помош по пожарот во Кичани во неделата рано наутро, во кој исто така беа повредени 155 лица. Македонија побара помош за пренос на 15 патници со тешки изгореници во рамките ...
Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите, меѓу другото, ја коментираше и посетата со камера на српскиот претседател Александар Вучиќ во болницата каде се лекуваат дел од повредените во кочанската трагедија, пишува Алсат. Мицкоски рече дека и денеска и вчера ги посетил пациентите притоа почитувајќи ги сите протоколи што ги бара медицинскиот персонал. „И вчера и денес никогаш нема да го видите лицето, ниту да го слушнете или прочитате ...
Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда. Во дискотеката ...
Двете девојки и момчето на возраст од 19, 25 и 26 години, кои од неделата се хоспитализирани во болницата Папаниколау во Солун се во критична состојба и сè уште не може да се каже дека се вон животна опасност, според директорката на Одделот за изгореници на солунската болница Софија Пападопулу, јави дописничката на МИА од Атина. По посетата на министрите Муцунски и Таравари на болницата, доктор Пападопулу во изјави за грчките медиуми објасни ...
Истражните органи ќе влезат во Општината и ќе ги проверат сите документи, рече денеска пртемиерот Христиај Мицкоски, додавајќи дека градоначалникот веќе се изјаснил дека е на располагање на истрагата. „Дали и колкава е одговорноста на градоначалникот ќе утврди Обвинителството. Градоначалникот во својата оставка напиша дека стои на располагање за сѐ. Не бега. Денеска, колку што знам јас, истражните органи ќе влезат и во Општината и ќе ги проверат ...