Министрите за одбрана на Полска, Естонија, Летонија и Литванија во заедничко соопштение изјавија дека нивните земји ќе ја напуштат Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини со цел да ја подобрат својата безбедност по руската инвазија на Украина. Повлекувањето од договорот од 1997 година, што министрите им го препорачаа на лидерите на нивните земји, кои имаат заедничка граница со Русија, ќе им овозможи повторно да почнат да ...

Како што и беше најавено, тие се собраа во дворовите на училиштата, од каде се упатија кон Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, каде палеа свеќи, положува цвеќе пред параклисот и со молчење изразија сочувство до семејствата на настраданите во кочанската трагедија. Самиот марш и собир е иницијатива на Сојузот на средношколци на Република Македонија, што беше прифатена од сите средношколски установи од Охрид и мина според најавеното, без ...

Владата преку соопштение апелира да не се пласираат дезинформации за бројот на загинати во пожарот во Кочани. – Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите. Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни ...

Телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп се очекува да се одржи денеска од 14 до 16 часот по средноевропско време, потврди за новинарите прес-секретарот на рускиот лидер, Дмитриј Песков. Како што појасни тој, Путин и Трамп ќе разговараат онолку колку што сметаат дека е потребно. Претседателскиот секретар за печат, исто така, посочи дека веќе постои одредено разбирање меѓу Москва и Вашингтон, но ...

Две лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани утрово се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија на КБЦ „Сестри милосрдници“, соопштија од болницата во вторник наутро, додека транспортот на двајца пациенти се очекува денеска. Двајца пациенти кои утринава се примени на трауматолокото одделение имаат изгореници и повреди од вдишување на респираторниот тракт, па обезбедени се респиратори за механичка вентилација. Покрај нив, во ...

Претседателот на Бугарија, Румен Радев изрази сочувство до роднините на загинатите во Кочани, пренесе БГНЕС. Тој најави дека Бугарија може да прифати повеќе пациенти доколку на Скопје му треба поголема медицинска помош. „Бугарија е подготвена и ќе продолжи да помага за се што е потребно. Во моментов чекаме македонската страна да одлучи дали има потреба од преземање на уште 10 жртви од трагедијата. „Спартан“ и медицинските екипи се во готовност, ...

Четиринаесетмина повредени од Кочани, кои се хоспитализирани во Бугарија, остануваат во тешка состојба со повеќе изгореници и вдишени жешки гасови, кои им нанеле тешки телесни повреди, информира БНТ. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе замине во Бугарија за да ги посети згрижените пациенти. Од „Пирогов“, каде што се лекуваат осуммина од повредените, информираат дека на луѓето ќе им биде потребна трансфузија на крв поради што ...

Приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може роднините да си ги подигнат телата, изјави за МИА, Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, во врска со обдукциите на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано утрото во неделата. Тој подвлече дека постапката ќе биде завршена, тогаш кога ќе заврши обдукцијата и идентификацијата на сите тела. Затоа ...

Израел започна опсежни воздушни напади во Појасот Газа, Либан и јужна Сирија во, како што рече, целни напади врз екстремисти кои планираат терористички напади, што повторно ги разгоре тензиите кои се закануваат да го зафатат регионот во нов, крвав конфликт. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 17-ти март рече дека и дал инструкции на војската да преземе „силна акција“ против Хамас поддржан од Иран (кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка ...

„Трагедија “, „основа за сомневање за мито и корупција“, „клубот немаше важечка лиценца“, „илегален клуб“, „излез без брава“. Ова беа клучните реченици во изветувањата на CNN, BBC, The Sun, Sky News, Associated Press за смртоносната трагедија во Кочани. Извештаите за трагедијата во меѓународните медиуми се совпаѓа со меѓународните извештаи на Стејт департментот на САД, Трансперанси агенцијата и Европската комисија. Посебно внимание за високата ...

Подготовка на мартовскиот Европски совет, односите ЕУ-Велика Британија и приоритетите на блокот за 2025 година, ќе бидат главни теми на денешното заседание (18 март) на Советот за општи работи на Унијата (ГАК) во Брисел. Состанокот на министрите и државните секретар на земјите членки на Унијата одговорни за европски прашања ќе започне со расправа за нацрт-заклучоците за Самитот на ЕУ закажан за 20-21 март 2025 година. Во поканата до шефовите на ...

Во знак на сочувство со семејставата на настраданите во трагедијата во Кочани и солидарност со земјава, денеска е Ден на жалост во Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Вчера по повод трагедијата ден на жалост беше во Црна Гора. Владата на Бугарија, како што пренесоа тамошните медиуми, со одлука го прогласија 18 март 2025 година за Ден на национална жалост во Бугарија во спомен на жртвите кои ги загубија животите во Кочани. Со одлука на ...

Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови по што властите ќе излезат со детални информации. Почнувањето на контролите вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кој се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и ...

Северна Македонија продолжува да демонстрира посветеност на интеграцијата во ЕУ и усогласувањето со нејзините политики, па Европскиот парламент повикува на брз напредок во пристапните преговори, но истовремено ја истакнува и важноста од усвојување на договорените уставни амандмани, се наведува во Нацрт-извештајот на известувачот на Комитетот на надворешни работи на ЕП (АФЕТ) за земјава, Томас Вајц, во кој увид имаше МИА. – (Европскиот парламент) ...

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, откако судот го прифати барањето на обвинителството. Судот на Кочан го прифати барањето на обвинителството за Бектеши да биде испратен во „краток притвор“, заедно со уште седуммина други осомничени, додека се уште се чека да се утврди во кој затвор ќе биде испратен. 48 часа притвор доби и Беким ...

Обвинителството вечерва соопшти дека распитот на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов е завршен и дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката. – Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, информираат од ...

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а пlнатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки. Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа: Клинички центар – 52 ...

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина ќе бидат пренесени тројца повредени во пожарот во Кочани, кои ќе се лекуваат во грчката престолнина, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, транспортниот авион со медицински персонал на службата за итна помош вечерва ќе полета од атинскиот воен аеродром за Скопје и откако ќе ги преземе повредените веднаш ќе се врати во ...

Трагедијата во Кочани е една од најголемите што се случиле во поновата историја на Македонија. Тагата од пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, во кој загинаа 59 млади луѓе, го врати горчливото сеќавање и тагата за трагедиите што ја завирија земјата во црно во последните неколку години, но и пошироко. Искри од огнометот кои требаше да ја подгреат атмосферата на настапот на музичката група ДНК се чини дека се причина за пожарот кој брзо го зафати ...

Осомничени се 23 лица осомничени за вмешаност во трагедијата што се случи во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани утрото на 16 март. Обезбедени се лицата кои се бараат со национална потерница. Според полициските истраги, пожарот бил предизвикан од огномет што го донел бендот. Лицето осомничено за ова дело е починато. Притвор од 48 часа добија 11 лица поради сомнение за сторени тешки кривични дела против општата безбедност и предизвикување јавна ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кои се разговараше за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн. Од неговиот кабинет информираат дека во текот на утрешниот ден започнува ...

Граѓаните во Кочани во текот на целиот ден протестираа, барајќи одговорност за трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 59 млади лица. Револтираните граѓани протестниот марш го почнаа од Градскиот парк, а потоа продолжија пред Обвинителството и пред Основниот суд Кочани. „Бараме правда“ и „убијци“ беа повиците на граѓаните. Протестот продолжи пред кафулето кое му припаѓало на сопственикот на веќе опожарениот ноќен ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кои се разговараше за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн. Од неговиот кабинет информираат дека во текот на утрешниот ден започнува ...

20 повредени се уште се во критична состојба и имаат изгореници од втор и трет степен од пожарот што ја зафати дискотеката ПУЛС во Кочани. Сите овие се лекуваат во странство. Министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека на клиниките во странство и во земјава се лекуваат вкупно 135 пациенти. Во моментов 51 пациент е на лекување во странство, а ќе бидат испратени уште 26 пациенти. Денеска 3 повредени од Кочани се донесени на лекување во ...

На Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје во моментов се лекуваат 15 лица, додека 14 се веќе пренесени на понатамошно лекување во соседните и европските земји. Директорите на клиниката за Алсат информираат дека 4 пациенти се на интензивна нега а 4 други во шок соба. Здравствената состојба на останатите пациенти останува стабилна и сите се во постојан контакт со своите роднини. И семејствата на хоспитализираните и понатаму ...

Членовите на семејството и роднините ги очекуваат резултатите од обдукцијата извршена врз настраданите во пожарот што вчера го зафати клубот „ПУЛС“ во Кочани. Додека нашата екипа беше пред институтот, ги сретнавме семејствата на двајца членови на бендот ДНК, на тапанарот Ѓорги Ѓоргиев и фотографот Александар Ефремов. Немаа сила да зборуваат пред камерите. од Институот излезе и братот на пејачот на групата ДНК, Андреј Ѓоргиевски. Обдукцијата за ...

Триесетина часа по трагедијата што го шокираше не само неговиот град, туку цела Македонија и светот, првиот човек на општина Кочани, Љубчо Папазов поднесе оставка. Најавата за оставка беше прва и последна јавна изјава на Папазов по пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во кој загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени. Првиот човек на Кочани вчера не се појави на местото на инцидентот, не даде никакви изјави и беше недостапен за медиумите. Својата ...

Премиерот Христијан Мицкоски апелираше ДУИ да не ја политизира кочанската трагедија и да не игра на етничката карта, нема да има милост за никого, од дома за уши ќе ги вадиме, додаде Мицковски. Тој се осврна на синоќешната изјава на Арбер Адеми од ДУИ, кога пред полициската станица Карпош застана во одбрана на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, кој беше на распит за трагедијата. Мицкоски рече дека трагедијата во Кочани е масовно ...

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека одговорноста на осомничените лица ќе се утврдува врз основа на доказите обезбедени во истрагата. Тој информираше дека најголемиот дел од осомничените се испитуваат за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето“, за кое се предвидени затворски казни од најмалку 3 до најмногу 20 години. Освен ова, обвинителството истражува и случаи поврзани со евентуално давање поткуп, ...

Собранието на Република Северна Македонија од 18 март во 10 часот ќе отвори Книга на жалост за загинатите во несреќата во Кочани, соопшти собраниската прес-служба. Книгата на жалост ќе биде отворена за сите граѓани во следните шест дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот. Во Книгата на жалоста денеска се потпиша претседателот на Собранието Афри Гаши. – Со скршено срце, вознемирен дух, длабоко емотивно трогнат, ги пишувам овие редови во ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
1.54
14%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.57
27%
1014
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
3.09
37%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
16%
1016
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
2.17
18%
1014
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
37%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.68
29%
1014
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
48%
1016
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
25%
1016
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
4.63
26%
1014
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 33ᴼ
4.63
30%
1011
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
4.63
41%
1015
Currency

61.535

Currency

53.6698

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61