Продолжуваме со поддршката во полјоделското производство ! Денеска АФПЗРР ја реализираше исплатата за над 1000 полјоделци кои своето производство на пченица, ‘рж, јачмен, овес и сончоглед го предале во домашни преработувачки капацитети. Истовремено овие корисници оствариле принос над предвидениот просек односно: 4000 кг / ха за пченица 3000 кг / ха за јачмен, овес и ‘рж 1500 кг / ха за сончоглед Вкупната поддршка изнесува . милиони денари, а ...

За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа, водостоите на трите езера се пониски од просекот за јуни и тоа за пет сантиметри кај Охридското Езеро, за 75 сантиметри кај Дојранското и за 1,89 метри кај Преспанското Езеро. За разлика од езерата, ...

Системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија ги помина успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален, информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Проектот беше најавен во септември 2021 година во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, а стартен датум за примена е 1 јули годинава. Ќе функционира на начин што наместо да запираат ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и евроамбасадорот Дејвид Гир денеска во Ресен ќе ги претстават можностите што ги нуди ЕУ за финансиска поддршка на земјоделските задруги и модернизација на земјоделскиот сектор во Северна Македонија. На настанот ќе се обрати и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски. Амбасадорот Гир и министерот Николовски ќе се осврнат на перспективите што Европската Унија им ги носи на ...

Со оглед дека на пазарот има стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, по 30 јуни 2023 година, кога завршува рокот за примена на Одлуката за трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарните услови, смета Министерството за економија. Од Министерството за МИА велат дека се следи состојбата со цените ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пред стартот на новата ИПАРД 3 прорама, која се очекува да започне со имплентација во третиот квартал од годината, објави ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2023 за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од областа на политиките за земјоделство и ...

Сметката за струја што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка од 1 јули ќе биде пониска за 4,26 отсто, а доколку ДДВ-то за електричната енергија се врати на 18 отсто ќе биде повисока за 2,5 отсто. Евтината дневна тарифа за домаќинствата ќе стартува од 1 декември годинава и ќе биде во периодот од 13 до 15 часот. Ова е епилогот од вчерашната главна седница на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на која беше ...

Авионско третирање против комарци ќе се спроведе утре на територијата на општината Кавадарци, информираат од кавадаречката локална самоуправа. Од Општина Кавадарци известуваат дека првото третирање против комарци за оваа година, ќе се реализира во периодот од пет до седум часот, од страна на фирмата дау „БОНИЕР“ ДООЕЛ од Куманово. – Се известуваат сите граѓани како и пчелари, дека во периодот на третирање и 3 – 4 часа потоа, да ги затворат ...

На новиот градски пазар, Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево ќе отвори центар за корисници. Целта како што информираа од претпријатието е подобрена и подостапна услуга на граѓаните. -Граѓаните во овој центар ќе можат да плаќаат сметки, да пријавуват состојба на водомер, да поднесуваат барања за промена на водомер или барање за нов приклучок и слично, информираа од претпријатието. Центарот како што додадоа ќе располага со ...

Општина Зрновци денеска беше домаќин на манифестацијата „Јуфкијада 2023“, што ја организираше Националната федерација на фармери, во соработка со локалното Здружение за рурален развој „Јавор“, чија главна цел е промоција на богатото кулинарско наследство на македонските рурални области, но и да служи како платформа за застапување за правата на жените во земјоделството. На настанот што годинава се одржа по десетти пат, учествуваа стотина жени од ...

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот, објави денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски. Тоа, посочи Бислимовски, е максимумот што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата. -Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку заради сигналот на цената на ...

Антонио и Верица Арнаутовски веќе десет години се сопственици на пчеларник во село Владимирово, Беровско, а од годинава го отворија и апицентарот „Кладенче“. Тие се амбициозни млади луѓе кои својата иднина ја врзале со родниот крај и промоцијата на здраво и одржливо живеење. Тие велат дека Малешевијата е богат и чист регион, каде може многу лесно да се развива еко туризмот, особено апи туризмот. Антонио и Верица посветено работат да влезат на ...

Водостоите на речиси сите реки во земјава се повисоки од просекот за јуни, но најчесто бележат благо намалување во споредба со вчера. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), исклучок е само реката Струмица на мерните места кај Сушево и Ново Село каде нивото е повисоко од вчерашното, особено кај Ново Село каде водостојот е зголемен за речиси 2,5 пати во однос на вчера. Нивоата, пак, на природните езера ...

Започна етапната исплата на пензиите за јуни, информира Министерството за труд и социјална политика. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се извршува денеска. За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе биде утре. За пензии со висина 14.001-18.000 ...

Стручни лица попладнево предупредија дека има појава на болеста пепелница кај виновата лоза во речиси сите лозарски региони. Како што беше објавено на фејсбук страницата на Агрометеоролошки станици Кавадарци, по извршениот увид за здравствената состојба на лозовите насади и теренската анализа, утврдено е присуство на пепелница речиси на сите сорти винова лоза во сите лозарски реони. – Идеалните услови за развој на пепелница во наредните денови ...

По извршениот увид за здравствената состојба на лозовите насади и анализата од терен, утврдено е присуство на пепелница речиси на сите сорти винова лоза во сите лозарски реони. Идеалните услови за развој на пепелница во наредните денови можат да доведат до значително губење на квантитетот и квалитетот на добиеното грозје. Исто така поради големото присуство на Црно Гниење на листовите од виновата лоза предизвикано поради оптималните услови ...

Парите се наменети за агрокомплексот и за сите потенцијални инвеститори во земјоделското производство, руралниот туризам, бизниси што се водат како услуги на рурално население во кои влегуваат градинки, фризерски салони, спортски објекти, ветеринарни амбуланти, изградба на старски домови и многу други семејни бизниси Земјоделците, но и преработувачите, како и оние што сакаат да се занимаваат со рурален туризам, пред себе имаат голем предизвик – ...

За санирање на оштететната патна инфраструктура во Делчево и Крива Паланка треба да се направат прво сите проценки и веднаш да интервенираат надлежните институции и општините кои треба да ја имплементираат владината одлука за кризна состојба, вели премиерот Димитар Ковачевски. -Владата донесе одлука за кризна состојба во Делчево и во Крива Паланка кои што беа погодени од страшни врнежи каде многу настрада патната инфраструктура, практично беа ...

Од овде, од Свети Николе, најавувам нова мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен, креирана заедно со подсекторската група за жито. 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање, добиваат производителите на јачмен, кои своето производство го имаат продадено во домашни преработувачки капацитети, домашни фарми, или пак го искористиле во сопствените фарми. Оваа мерка ќе важи до 31 август 2023 година. Токму ова ...

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски денеска во Свети Николе ги доделија решенијата за набавка на трактори на 60 земјоделци од овој крај. Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека ова е дел од вкупно одобрените 730 решенија за државна финансиска поддршка на земјоделци, за набавка на трактори. Вакви решенија ...

Одлуката за целосна забрана за пуштањето на пластични и оксобиоразградливи кеси за носење стоки на пазарот во земјава ќе стапи во сила на 1 јули 2024 година, а не на 1 јули годинава, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). -Согласно Правилникот за изменување на правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а за исто толку се зголемува цената на дизел горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 82, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 71, а ...

За по еден сантиметар се зголемени водостоите на Дојранското и на Охридското Езеро во споредба со вчера, додека нивото на Преспанското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, и покрај тоа водостоите на трите природни езера во земјава се пониски од просечните за јуни и тоа за пет сантиметри кај Охридското, за 74 сантиметри кај Дојранското и за 1,89 ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 300 116 илјади м3 вода за снабдување, што е за 2.0 % помалку во однос на 2021 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.8 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 0.9 %, од езера. Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2022 година било за 1.8 % повеќе во однос на претходната година. Според ...

Полицијата синоќа го уапсила 35-годишниот А.К. од Дебар поради нелегално превезување дрва. МВР информира дека синоќа, во 22.05 часот, на локален пат во Дебар, од полициски службеници од дебарското ОВР бил лишен од слобода дебарчанецот А.К.(35). – При контрола на возило „форд“, коешто го управувал, било затекнато огревно дрво, кое тој нелегално го превезувал. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција од Дебар, а против А.К. ќе ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство. Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства, кои поседуваат минимум 10 регистрирани преземени пчелни семејства. За земјоделските стопанства, кои поседуваат од 10 до 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува ...

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. И во Скопската Котлина денес попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присуствуваше на отворањето на современиот градски пазар во Општина Делчево, во рамките на којшто ќе работат 18 дуќани и 192 продажни пунктови според современи стандарди, а од значење за граѓаните, урбаниот изглед на градот и локалниот економски развој. „Владата силно и посветено ...

Во пресрет на новите ИПАРД повици, АФПЗРР објави јавен повик за ангажирање на стручни лица за утврдување на пазарни цени за понуди за ИПАРД програмата. Во постапката на обработка на барањата и одобрување на корисниците на финасиска поддршка потребно е да се изврши истражување на пазарот и анализа на оправданост на трошоци за исти производи и услуги и нивната достапност на пазарот, при што ќе бидат земени во предвид информацииите од приложената ...

Денес за прв пат во историјата на градот, граѓаните на општина Делчево добиваат модерен и современ градски пазар, токму како резултат на поддршката од министерството преку мерката 123 од Програмата за финасиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Иградбата на овој капитален проект беше децениска желба и реална потреба на граѓаните во општина Делчево. Новиот модерен градски пазар се протега на површина од 2.408 м2, располага со 18 ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1020
weather icon

Белград

16ᴼ / 12ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.63
62%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
87%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
1.79
46%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
59%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
1.03
62%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 14ᴼ
1.79
59%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62