Шведска, Австралија, Германија, УСА, Англија се само дел од државите каде што завршуваат преработките на „Бага Фоод“ Битола. Како преработувачка компанија нивните инвестиции се прифатливи за ко – финансирање преку Мерка 3 од ИПАРД програмата. Искористувањето на оваа можност финансиски им помогнала за целосна промена на подната површина на производствената хала како и набавка на систем за етикетирање, хоризонтален метален детектор и ...

Семејната компанија Агро Леска од Битола е производител на органски сокови од јаболко, праска, аронија и калинка. Поддршката од програмата за рурален развој и ИПАРД значително им помогнала во модернизирање на процесот во берба на производството и неговата преработка. Преку мерката за млад земјоделец имаат инвестирано во линија за пресовање, калибрација и полнење на соковите. За оваа инвестиција се поддржани со грант од 100% во висина од 1 ...

На предлог на Министерството за економија, на денешната седница Владата донесе Одлука за престанување на важноста на Одлуката за забрана за вршење на трговија на одредена стока, односно забрана на трговците на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при ставање во промет на земјоделски и прехранбени производи. Исто така Владата донесе и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за посебни услови за ...

Претставници на здружението за производство на сончоглед во најголем број од реонот на Пелагонија на денешната средба со нивниот откупувач велешка АД „Кристал 1923“ попозната како Маслодајна заеднички се договорија и побараа од Владата поради годинашната суша која за повеќепати им го намали родот, како и намалената окупна цена, да им помогне преку Интервентниот фонд да добијат дополнителни средства по 6-7 денари од килограм произведен и ...

Делување на еко патроли за поздрава животна средина е само една од активностите на регионалното друштво „Еко – живот“ од Кавадарци. На денешната конференција посветена на екологијата, присутните беа информирани и за другите активности како стартување и организирање на Еко – инфо центар, информативен сервис за природата и природните ресурси, еколошко правно советување за територијата на општините Кавадарци и Росоман и друго. Еколошката ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод почеток на санација и реконструкција на колекторски систем и отпочнување на постапка за изградба на нова пречистителна станица во Дојран. На настанот присуствуваа и се обратија и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, амбасадорот на Република Словенија во земјава, Грегор Прескер, како ...

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова најави пријави за одговорните во случајот со депонирање на опасен отпад од оловна згура во близина на реката Лепенец, а се чека на хемиските анализи кои се во тек. На новинарско прашање до каде е истрагата на инспекторите кои ја проверуваат документацијата на компанијата која е осомничена, министерката Шукова потврди дека државниот инспекторат започнал со истрага, а ...

На 26.10.2023 во 19.05 часот во с.Колари, кичевско, од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ приведен е Л.З.(41) од истото село. Тој во патничко возило „сеат толедо“ со кичевски регистарски ознаки, со приклучна приколка, кое го управувал, превезувал нежигосано огревно дрво – бука. Исто така, при негова контрола било констатирано дека Л.З. не поседува никаква ...

Противпожарните тимови вчера интервенираа на три пожари на отворен простор и сите ги изгаснаа, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие гаснеле пожар на отворено од 19:20 до 21:05 часот. Три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалени отпадоци на површина од околу 500 квадратни метри во населбата Шуто Оризари. Скопските ...

Жителите од штипската населба Караорман денеска со возила и механизација го блокираа патот кон река Брегалница, со цел да ја спречат тешката механизација која секојдневно црпи песок од коритото и носи песок. Забележаа дека нивите им се уништени, реката пропаѓа, а се намалува и водата за пиење. Тие побара од надележните институции да се преиспитаат дозволите, но и кој од ова место веќе подолго време црпи песокот. – Денеска сме собрани да го ...

Еколошки настан „Подигање на јавната свест за значењето на водата”, на ниво на Вардарски регион, се реализира денеска во кавадаречката локална самоуправа. На средбата беше кажано дека АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ, организира осум регионални настани согласно на проектот „Со подигање на јавната свест до одржливи ...

Шест пожари кои беа активни на отворено вчера се изгаснати по интервенција на противпожарните тимови, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во пожарите гореле сува трева и ниска вегетација, деградирана ниска шума, отпадоци. Според извештаите на Секторот за операции и координација во ЦУК, пожари имало кај село Лознани во Општина Битола, покрај патот за село Новаци во Општина Новаци, два пожара во населба Речани и кај село Рлевци во ...

Младите ширум Европа се поподготвени од постарите генерации да направат големи промени во животниот стил за да помогнат во борбата против климатските промени, но се помалку подготвени да преземат помали активности за да ја постигнат таа цел, покажуваат резултатите од анкета спроведена во седум земји. Истражувањето покажало дека младите се подготвени да имаат помали семејства, да престанат да користат автомобили и, иако во помал број, да ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисијата за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 81,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 84,00, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за ...

Водостојот на Вардар кај Јегуновце, кај Железнички мост Скопје и кај Демир Капија е над просекот за октомври, а повисоки се водостоите и на Пчиња кај Катлановска Бања и на Струмица кај Сушево, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. Под просекот за октомври се водостоите на Вардар кај Велес, Лепенец – Влив, Пчиња кај Пелинце, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Берово, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива ...

На 23.10.2023 во 09.45 часот полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки на патниот правец Скопје – Куманово, кај наплатна станица Романовце, го лишиле од слобода Ј.С.(26) од с.Гошинце, општина Липково. Во товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина буково огревно дрво за кое не поседувал соодветна документација. Притоа, од извршениот увид во приложените ...

Од 16 до 18 октомври во Брисел тема на скрининг средбите беше Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој. Сесиите беа поделени по различни сектори, а излагањата на тимот од МЗШВ, Платежна Агенција и Државниот инспекторат за земјоделство, како и претставникот на ДКСК според агендата поделени во трите дена. Преглед на земјоделската стратегија, финансирање и мерки за поддршка, планови за усогласување на нашето, со правото на #ЕУ, национална ...

Над селото Белица под Солунска Глава во општина Македонски брод има активен пожар на висок и на непристапен терен. Гори ретка борова шума, сува трева и грмушки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето на пожарот, како што велат од ЦУК, интервенирале три пожарникари со едно теренско возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод. Другите 10 изгаснати од вкупно 11 пожари во последното ...

Во пресрет на Самитот на ЕУ, што ќе се одржи во Брисел во четврток и петок, Луксембург ќе биде домаќин на три заседанија на министерски Совети на Унијата. За денеска е закажана седницата на Советот за надворешни работи, како и почетокот на дводневното заседание на Советот за земјоделство и рибарство. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на заседанието на Советот за надворешни работи, со кое ќе претседава високиот претставник на ЕУ за ...

Уште еднаш ја покажавме силната заложба како Влада да го поврземе регионот со модерна инфраструктура – поврзувањето на Ранковце и Крива Паланка преку регионалниот пат с. Герман – с. Нерав во должина од 14 км е нашата најнова инвестиција во македонскиот исток. Заедно со граѓаните, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ljupcho Nikolovski, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, директорот на „Македонија Пат” ...

Министерството за земјоделство потсетува за актуелниот повик за набавка на добиток од увоз или од од признати организации на одгледувачи: 2022 година е година на историски највисока набавка на високопедигрирани грла добиток, со рекорден интерес кај сточарите, 130 потпишани договори набавени 3842 грла и инвестирани над 283 милиони денари во сточарството. Ајде оваа 2023 година да ги зголемиме успесите. Во тек е јавниот повик за набавка на ...

Битката за европски аграр треба да ја водат МЛАДИТЕ! Тие се во фокусот, најмногу пари, најголема важност се дава токму за нив. Унијата преку мерките кои ги носи ги повикува младите земјоделци да се вклучат во агросекторот! Ова беше неколку пати потенцирано на средбите во Европската Комисија за Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој и беа пофалени нашите мерки кои ги имаме за младите земјоделци. Охрабрувањето беше во таа насока, ...

Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК). -Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението. Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното ...

Околу половина од нивите за пченица и јачмен се подготвени за сеидба во штипско-карбинскиот регион, вели за МИА потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сарафимов. Немањето дожд, лошите временски услови, но и ниската откупна цена на житните култури се причина што земјоделците доцнат со подготовките за сеидба. Според Сарафимов, откупната цена од 10 и 9 денари за пченицата и јачменот се разочарувачки за сите земјоделци кои ...

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожари на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден. – Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи ...

Заврши скринингот за Поглавје 11 – Земјоделство и Рурален развој и ќе бидам многу директна – Земјоделци, имате обврска да барате од сите пратеници да се забрза процесот на интеграција со Европската Унија, работата е сериозна и тоа е најважниот процес за вас! Тоа што овде, во Брисел имав прилика да го слушнам, само уште еднаш ми потврди дека ние и немаме избор дали сакаме да бидеме дел од ЕУ, туку мораме. Милијардите евра кои се одвојуваат за ...

Скринингот во Брисел и присуството на експертите го користиме максимално за нови информации и можности кои ги нуди високиот буџет на ЕУ во интерес на земјоделците. Со директорот на Платежната Агенција, Никица Бачовски и Ругова Куртиши, советник во СЕП, разговаравме со Франк Болен, Раководител на сектор за проширување и претпристапна помош за нови можности за повлекување на ЕУ фондови. Ни беше посочено дека во вакви кризни времиња, како што ...

ЈП Хидросистем Стрежево е прво Јавно претпријатие во државата кое со сопствени средства, од околу 30 милиони денари, изгради своја фотонапонска електроцентрала со моќност од 500 киловати. Новата инвестиција е лоцирана на „Брана Стрежево“ каде се поставени 1248 монокристални фотонапонски панели од кои се очекува годишно производство околу 700 000 киловат часови електрична енергија, изјави генералниот директор на ЈП Стрежево, Методија ...

Словенечкото Министерство за кохезија и регионален развој денеска ќе испрати барање до Европска комисија за добивање на 400 милиони евра од Фондот за солидарност на Европска Унија за справување со штетите предизвикани од поплавите што зафатија две третини од земјата во август. Словенечкиот министер за кохезија и регионален развој Александар Јеусак вчера најави дека ЕК има шест недели да одлучи каква ќе биде нејзината улога во справувањето со ...

Денеска во Брисел започна билатералниот скрининг за Поглавјето 33, „Финансиски и буџетски одредби“ дел од Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Во Поглавјето 33 се работи за нашата способност и административен капацитет како држава да придонесеме во заедничкиот буџет на ЕУ, кога ќе станеме полноправна земја членка на ЕУ, откако ќе станеме земја-членка. Некои од прашањата кои ќе бидат адресирани во рамките на ова поглавје веќе се ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1007
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1008
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
92%
1008
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
80%
1007
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.39
94%
1006
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.45
97%
1008
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
67%
1005
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1007
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
94%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.79
92%
1008
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159436.20

Иридиум

215504.98

Сребро

2497.79

Цинк

3.29

Бакар

11.83

Платина

67484.42

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Калај

46.06

Родиум

336779.07

Паладиум

54077.56

Алуминиум

3.07