
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Во детско одморалиште во Охрид пријавено труење со храна, информира директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски. Уништена е повеќе од 200 килограми храна која не одговарала на одредбите на Законот за безбедност на храна. Месото и млечните производи се лесно расипливи, предупредува Бабовски. Тие мора внимателно да се чуваат и да се приготвуваат. Со Бабовски разговараше Александра Велинова. Видео на следниот линк agrotim1 ...
НВО „Разбој” – Велес во партнерство со Здружение на финансиски работници започна со одржување на три од петте предвидени работилници за обновување на старите занаети во рамките на проекетот „Етно креативни работилници за заживување на старите занаети”. Работилниците се намените за учениците од сите општински основни училишта, како и сите други лица кои имат желба и интерес во соодветната област. Во Спомен-куќата на поетот и деец Кочо Рацин се ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска на прес конференција по брифингот со новинарите го најавија последниот повик од ИПАРД 2 програмата, што утре ќе го објави Платежната агенција. -Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен утре. Крајниот ...
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 85,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 87,5 ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска на прес конференција по брифингот со новинарите го најавија последниот повик од ИПАРД 2 програмата, што утре ќе го ојави Платежната агенција. -Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен утре. Крајниот ...
Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен утре. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година, а инвестициите што ќе бидат одобрени, мора да се реализираат до 31 мај. Барањето за исплата треба да се достави до 30 јуни, а потоа Платежната агенција во рок од шест месеци (до крајот на годината) има обврска да ги исплати средствата. Како што рече денеска министерот ...
Земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје. -Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти ...
МЗШВ информира дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски утре (четврток) 03.08.2023 година со почеток од 10 часот во кабинетската сала при Министестерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одржат тематски брифинг за новинарите. Темата на брифингот ќе биде заокружувањето на ИПАРД 2 ...
Јужна Кореја го подигна на највисоко ниво метео-алармот, за прв пат во последните четири години, бидејќи во некои делови од земјата се забележани рекордни температури од над 38 степени Целзиусови, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за внатрешни работи и безбедност. Се проценува дека 23 лица ширум земјата починале како последица на високите температури, со што тројно е зголемена минатогодишната рекордна смртност од високите температури ...
Во последните два месеци, одгледувачите на свињи во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина беа принудени да убијат илјадници свињи поради појавата на африканска свинска чума (АСЧ), а властите преземаат мерки и издвојуваат средства за поддршка на овој сектор. АСЧ не е опасна за луѓето, но е многу заразна и смртоносна за домашните и дивите свињи. Ширењето на болеста започна во Африка и се прошири во Европа и Азија, при што веќе се заклани стотици ...
Ниска вегетација, трња и грмушки гореле вчера од 16:35 до 19:30 часот кај село Отовица, кое е лоцирано во близина над велешкото езеро „Младост“. Велешките пожарникари и полицијаци по три часа тешка борба со огнената стихија успеале да го изгаснат огнот за да не се прошири кон боровата шума на автопатот Велес – Скопје. Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев денеска за МИА изјави дека на помош на 13-те велешки пожарникари, кои гаснеле со четири ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека нема стравувања околу годинашното производство на пченица, ниту ќе има проблеми за драстично да се зголеми увозот. Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања, квалитетот на пченицата е незадоволителен, но тоа не е случај само во земјава, туку и во Србија, Грција и Бугарија, како и во поголемиот број држави кои не се увозно зависни како ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, во врска со протестите на земјоделците од Овчеполието, порача дека сите што плаќаат, треба да добиваат вода за наводнување. Тој уште еднаш укажа на неопходноста од реструктуирање и децентрализација на АД „Водостопанство“ за подружниците, кои се најблиску до земјоделците и најдобро ги знаат нивните проблеми, да добијат повеќе можности и слобода во управувањето. Како ...
Валандовските и гевгелиските пожарникари денеска добија нови возила, кои ги обезбеди Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Како што информираше директорот на Центарот, Ѓоко Камчев, возилата се обезбедени преку проектот „Рано откривање на пожари и нивно движење, за превенција и соравување со катастрофи eFIDAR,“, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со Регионот на Централна ...
Земјоделците од регионот на Росоман и Градско кои претрпеа штети од хаваријата до повторното пуштање вода низ на цевководот „Макарија“, ќе бидат обесштетени преку Интервентниот фонд, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Постапката, како што истакна Николовски, ја води општината. Според него, се е направено за да се спаси тековната сезона, но и за да продолжи наводнувањето на другите култури, ...
Украинското Министерство за надворешни работи во денеска соопшти дека ќе извезува жито преку хрватските пристаништа на Јадранското Море, а житото ќе биде доставено до Хрватска преку Дунав, а потоа со железница до јадранскиот брег. Министерството наведува дека за ова прашање постигнало договор со Хрватска. Во Киев вчера престојуваше хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, а потоа хрватското Министерство за ...
Следните неколку дена се очекува Брисел да ја испрати финансиската спогодба за ИПАРД 3 Програмата во која ќе биде точно наведен буџетот за земјава по години и мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николвски. Веднаш потоа, како што нагласи, ќе биде објавен и првиот јавен повик со што и официјално први во регионот ќе почнеме со реализиација на новиот програмски период од ИПАРД 3. Николовски потсети дека ...
Во трговијата на мало во јуни годинава во споредба со јуни минатата година статистиката евидентира пад во прометот само во номиналната стапка во групата Трговија на мало со автомобилски горива и тоа за 21,2 проценти. Како што објави Државниот завод за сттаистика, зголемување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 11,5 проценти, а реално за еден процент, Трговија на мало, освен трговија со ...
Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани е зголемено за 3,7 отсто, додека во периодот јануари – јуни 2023 година, споредено со истиот период од минатата година бележи пораст од 1,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи опаѓање од 1,6 проценти, а пораст во ...
На површини кои се во надлежност на Подрачната единица за земјоделство Велес, во 2023 во велешкиот поширок регион има за околу 30 проценти повеќе посеано пченица од 2022 година или 810 хектари со просечен принос од 3000кг/хектар. Досега над 95 проценти од површините се ожнеани. За споредба пченица во 2022 година беше посеана на 623 хектари, со просечен принос од 2500 кг/хектар, информираат за МИА од Подрачната Едница за земјоделство,шумарство и ...
Денес е пуштена водата низ цевководот Макарија. Земјоделците од Росоманско и Градско можат да бидат сигурни дека нивните култури ќе бидат обезбедени со наводнување за оваа сезона. Направено е комплетно оспособување на цевководот, извршени се сите градежни работи кои беа неопходни за непречено користење и истиот повторно е ставен во функција. По настанатото оштетување на цевководот Макарија, сите служби беа ставени на највисоко ниво на ...
За прв пат после многу години од набавката на ертракторите, трите се во исправна состојба, подготвени за дејствување во случај на големи пожари, истакнаа директорот на Центарот за управа со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, и директорот на Дирекцијата за заштита и справување (ДЗС), Беким Максути, на денешната прес – конференција одржава во 11 часот во просториите на ЦУК. -ЦУК, после подолго време, последните две и пол години има извонредна ...
Трет ден протестираат земјоделците од Овче Поле и денеска со трактори ја блокираа едната коловозна лента на патот Свети Николе – Велес. Бараат во системот за наводнување да имаат доволно вода за нивните земјоделски култури. Земјоделецот, Тони Јакимовски има шест хектари под пченка, но какошто вели годинава ќе нема род од неа и во моментот да пристигне вода. Пченката е изгорена, а со тоа и неговата инвестиција од само 4.000 евра во семенски ...
Од Институтот за јавно здравје на Војводина соопштија дека во Србија се потврдени два случаи на заразени со вирусот Западен Нил, пациентите се на болничко лекување и се во добра општа состојба. Заразени комарци, кои ја пренесуваат болеста, досега се регистрирани на три локации во Србија – Белград, Ниш и Палиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Виролозите порачаа дека ова е период од годината кога се очекува да се појават заболени, бидејќи ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 85,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5, ...
Од денеска е пуштен во употреба концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Со овој концепт, според премиерот Димитар Ковачевски, се овозможува побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на компаниите кои транспортираат производи на овој граничен премин. Тој денеска во своето обраќање на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане потенцираше дека на овој начин се олеснува работата на 11 илјади компании од ...
Скопје има безбедна вода за пиење според неделниот извештај на Секторот за санитарна контрола, известуваат од ЈП Водовод и канализација. ЈП Водовод и канализација – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. Во Службен весник ...
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата се врши на 31.07.2023 година (понеделник); За пензии над 14.001 денари ...
Ставен е под контрола пожарот во реонот на „Гоцева шума“ кај Неготино, потврди за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, кој бил на самото место. – Среќа во несреќа е што неготинските пожарникари реагираа многу брзо и не дозволија поголеми штети. Во вчерашниот пожар беа зафатени пет хектари од боровата шума, појасни Стојанов. Стојанов беше таму и вчера, кога, исто така, беснееше пожар, а го гаснеа неготински и кавадаречки пожарникари, ...
Студенти од Универзитетот „Карнеги Мелон“, т.е. Институтот за роботика, развија самоуправувачки робот со назив „Тартанпест“ (TartanPest). Машината може, на пр., да уништува инсекти-штетници заради заштита на земјоделските производи. Роботот се состои од електрично возило, роботска рака и компјутерски поглед, благодарение на коишто може да се движи низ поле и шума, да открие и уништува јајца, конкретно – од тн. пегави светулки, со помош на ...