Илјадници земјоделци од северна, централна и западна Грција денеска одржаа мирен и масовен протест во Солун пред објектот каде што се одржува саемот за земјоделство „Агротика“ и упатија порака дека нема да отстапат од нивните барања, јави дописничката на МИА од Атина. Во Солун пристигнаа со автобуси од повеќе делови на земјата и им се придружија на оние кои од четвртокот се во градот каде што дојдоа со околу 300 трактори и остануваат ...

Протестот со трактори на германските земјоделците кои се противат на укинувањето на даночните олеснувања за дизелот што го користат, деенска го поремети пристапот до аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. – Сообраќајот е околу аеродромот е преметен. Се замолуваат луѓето кои одат на аеродромот да користат јавен превоз, соопшти полицијата во Франкфурт преку социјалната мрежа Х. Полицијата не соопшти колку трактори делумно го блокираат ...

Студеното време минатата недела, со температури под нулата, не предизвика никакви штети кај земјоделските култури. Според агроеметеоролозите, температурите беа вообичаени за овој период од годината, но и во границите на издржливост на културите кои се во фаза на презиумување. Агроеметеоролозите сметаат дека може да се почне со резидба на виновата лоза. -Секоја сорта винова лоза има специфични услови на одгледување и доколку почвените услови ...

10 милиони евра рурална програма за развој и модернизација на македонското земјоделството. Продолжува поддршката за младите земјоделци и руралната жена. Обезбедуваме поддршка при набавка на комбајни за жито и набавка на трактори. Дополнително, продолжува грант поддршката за: малите семејни винарии малите дестилерии малите производители на храна за набавка на опрема за производство, напиша на социјалните мрежи министерот Љупчо Николовски. ...

Белгиски и холандски земјоделци од утрово блокираа неколку гранични премини меѓу Белгија и Холандија, во знак на протест против, според нив, високите даночни оптоварувања, зголемените трошоци, евтиниот увоз на прехранбени производи од трети земји и сложените бирократски процедури. Белгискиот весник „Соар“ објави дека од утрово од околу 6:30 часот групи земјоделци блокирале неколку автопати во Холандија кои водат кон Антврепен, најголемото ...

Белгиски и холандски земјоделци блокираа неколку гранични премини меѓу двете земји во знак на протест против даночните оптоварувања, зголемените трошоци, евтиниот увоз и бирократијата, објавија утринава белгиските и холандските автоклубови. Граничниот премин во правец на Антверпен, вториот по големина белгиски град, во кој се наоѓа и второто по големина европско пристаниште, е еден од блокираните премини, се наведува на платформата Х. ...

Со новите мерки за 2024 година поголема поддршка даваме на лозарите за остварено производство на грозје. 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, најдоцна до 30 април 2024 година со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари. Од кои, 12.000 ...

Централна Норвешка ја погоди бурата Ингун, најсилна во последните 30 години.Во некои делови дуваа урагански ветрови, до 180 километри на час. Метеоролошката служба го објави највисокиот, црвен аларм. Портпаролот на полицијата во регионот Троенделаг, Бјорнар Гасвик, изјави за норвешката новинска агенција НТБ дека агенцијата за јавна безбедност примила меѓу 40 и 50 пријави од луѓе погодени од невремето во текот на ноќта и дека денеска се ...

Во Брисел речиси 1.000 земјоделци на трактори блокираа неколку централни улици, особено во близина на европскиот кварт, каде се очекува лидерите на Европската унија да присуствуваат на вонредниот состанок на Европскиот совет. Земјоделците, кои дојдоа од цела Европа да протестираат против Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и Зелениот договор, а особено од Италија, го блокираа плоштадот пред Европскиот парламент и подметнаа пожар палејќи ...

Земјоделци од Белгија, но и од неколку други членки на ЕУ, како Италија и Шпанија, со околу 1.300 трактори денеска го блокираа т.н. „Европски кварт“ на Брисел, дел од градот каде што се сместени институциите на ЕУ. Полицијата спречи пристап до реонот околу самите згради на Унијата, но демонстрантите ги блокираа околните улици и плоштади. Како што објави весникот „Соар“ на плоштадот „Луксембург“, во близина на зградата на Европскиот ...

Протестите на земјоделците во Белгија, што почнаа викендов, продолжуваат и денеска со блокади на повеќе патни правци во земјата и на делови на Брисел, но и на дистрибутивни центри на синџири супермаркети. Белгискиот Национален кризен центар денеска им препорача на граѓаните да избегнуваат патување кон Брисел со сопствени возила, особено во текот на утрешниот ден, за кога се најавени протести и блокади во градот, каде што треба да се одржи ...

Земјоделците во Франција денеска се приближуваат до Париз и градскиот пазар на големо Ренжис со намера да го блокираат, како што најавија минатата недела, и покрај обидите на властите да ги исполнат нивните барања и да ги убедат земјоделците да се откажат од понатамошни протести. Земјоделците ширум Франција се упатија кон Париз со трактори, јави БФМТВ. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дерманен предупреди дека нема да им ...

Сува трева и стрништа гореле на две локации во Куманово и Старо Нагоричане, а пожарникарите од двете општини интервенирале и на запалена семејна куќа и помошен објект во две села, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Кумановските пожарникари ноќека до три часот по полноќ гаселе пожар на семејна куќа во село Градиште кумановско, а претходно интервенирале на пожар на помошен објект. Пожарникарите од ...

Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, од денеска до 3 февруари, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 8:00 до 16:30 часот, соопшти АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно ...

Белгиските земјоделци денеска продолжија со блокада на неколку локации и патни правци во земјата, вклучително и на плоштадот Меус во центарот на Брисел, недалеку во зградата на Европскиот парламент. Според весникот „Соар“, земјоделци со трактори ги блокираа, меѓу другите, и автопатите Е42, во близина на Намур, Е19 во правецот кон Хал и Брисел кај местото От-Итр и делницата кон Монс близу Екосин, како и три пристапни патни правци кон ...

Земјоделците во Грција со несмален интензитет продолжуваат со протестите и блокадите во различни делови на земјата, а оние во областа Еврос во близина на границата со Турција одржаа протест на граничниот премин Кипи и симболично затворање, но само за камиони и товарни возила, јави дописничката на МИА од Атина. Паркираните трактори и поставените блокади во централна и северна Грција засега се симболични и не предизвикуваат проблеми во ...

Белгиските земјоделци, огорчени од зголемените трошоци, еколошката политика на Европската унија и евтиниот увоз на храна, планираат од денеска да ги блокираат пристапните патишта до белгиското пристаниште Зибриж, објави весникот „Де Тијд“. Демонстрантите планираат да го блокираат пристапот до пристаништето во Северното Море, второто по големина во земјата, најмалку 36 часа, почнувајќи од 14 часот, објави весникот, цитирајќи ги организаторите ...

Нова мерка креираме и за тутунарите. Основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Сите тутунопроизводители од оваа година, покрај субвенционирањето по класи, ќе можат во исто време заедно со другите земјоделци, да аплицираат и пријават површини по хектар. На тој начин да го стекнат правото за оваа нова мерка. Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во ...

Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, а за толку ќе поскапи и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 79,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,50, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1 за ...

Белгиските земјоделци кои викендов започнаа протести со блокирање патиштата во неколку делови на земјата, соопштија дека ќе продолжат со блокадите и во текот на неделава, а за в четврток, кога во Брисел е закажен вонреден Самит на ЕУ, најавија упатување кон главниот град на Белгија. Белгиските земјоделци кои им се придружија на протестите на нивните колеги во Германија, Полска, Романија, Франција и Холандија, генерално излегоа со слични ...

Водостоите на поголем дел од реките во земјава се пониски од просекот за јануари. Повисоки водостои од јануарскиот просек денеска се измерени само кај реките Црн Дрим, Пчиња и Радика. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското Езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат податоците од мерењата што ги врши УХМР. Кај водостоите на езерата во земјава нема поголеми ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во државава се уште има пожари на вегетација на отворено. Десетина пожари имало во последното деноноќие. Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје од 14:30 до 16:20 часот, со тројца пожарникари и едно возило гаснеле запалено стрниште на површина од 5.000 квадратни метри во скопското село Побожје, општина Чучер Сандево. Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна бригада ...

Француските земјоделци најавија дека денеска повеќе од 600 трактори ќе блокираат осум автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција. Владата најави дека ќе бидат мобилизирани 15.000 полицајци за да спречат трактори да влезат во „Париз и поголемите градови“, јавува БФМ ТВ. Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, вчера разговараше со своите најблиски соработници за одговорот на полицијата на заканите на ...

Специјализираната земјоделска платформа Агротим.мк е приватен проект за информации и едукација на земјоделците и агробизнисмените за актуелните случувања во аграрот, стручни совети, вести од регионот и светот и промоција на мерките на Владата, кои се во интерес на поголем развој на македонскиот аграр. Тим од искусни консултанти и експерти од различни области и професионалци заеднички го сочинуваат секторот АГРОТИМ КОНСАЛТИНГ. ПОДГОТОВКА НА ...

Во изјава за Агротим, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, најави исплата на субвенции по неколку мерки. –По последните исплати за основните субвенции за растително производство, може да се очекува исплата на основните субвенции за сточарско производство, подрачја со ограничени можности, дополнителни субвенции за индивидуалните земјоделци, за органските производители, ...

„Нема да има застој, ниту ќе се служиме со уцени, целокупната поддршка које е предвидена преку програмите кои ги имплементира Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе дојде до земјоделците, тогаш кога е најпотребно – изјави за Агротим, директорот на Агенцијата – Никица Бачовски. Ова е одговор на дилемата на земјоделските производители со оглед на политичките случувања и очекуваните претседателски избори. ...

Од денеска па до 15-ти Февруари активен е јавниот повик за субвенционирање на трошоци за амбалажа за извезен ориз со потекло од Северна Македонија. Висината на поддршката изнесува : – 2,5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 500 гр – 5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 1 кг – 10 денари по пакување во хартиена амбалажа до 1кг или по пакување во најлонска амбалажа од 3 до 5 кг. Корисници на оваа финансиска поддршка можат да ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие имало пожари на вегетација на отворено и непроодни патишта. Двајца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Валандово вчера од 13:50 до 15:00 часот со едно возило интервенирале на запалена трска, капини и ниска вегетација на површина од два декари покрај патот село Марвинци – село Удово. Регионалниот ЦУК Велес известува дека во текот на денот имале ...

Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беше гостин во студиото на „Слободен печат“ каде што информира за повиците од ИПАРД 3 и можноста за инвестиции во агросекторот и руралниот развој. -Пристигнаа над 1000 апликации за 30 милиони евра на Јавниот повик за Мерка 1 и Мерка 7. Побарувањата се за 96 милиони евра за што сме многу позитивно изненадени. Агенцијата во овој период работи на ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска на прес-конференција до земјоделците ги презентираше новите мерки за 2024 година, за поддршка на секој еден земјоделец. Ви ја пренесуваме интегрално прес-конференцијата на министерот Николовски. „Почитувани земјоделци, Владата ги усвои предложените годишни програми за работа на министерството за 2024 година. Уште еднаш на дело, како министерство и Влада, ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1006
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
91%
1008
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1007
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
85%
1008
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.74
93%
1007
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
1008
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
69%
1007
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
71%
1008
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.68
89%
1006
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 4ᴼ
2.24
91%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
79%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

54077.56

Кобалт

64.04

Иридиум

215504.98

Родиум

336779.07

Бакар

11.83

Злато

159436.20

Сребро

2497.79

Рутениум

45750.51

Платина

67484.42

Калај

46.06

Алуминиум

3.07

Цинк

3.29