Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа собранискиот филтер во матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Претседателот на Комисијата, кој воедно е и еден од предлагачите, Бојан Стојановски образложи дека измените се направени со цел да се поедностави процесот на регистрирање на возила. Со измените им се дава можност на станиците за ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 71,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 71,00 денар за литар. Малопродажната цена на ...
Вчера (13.07.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, заедно со полициски службеници од ПО Јегуновце и претставници на ЈП „Национални шуми“- подружница „Лешница“, на подрачјето на општината Јегуновце во селата Ратае, Жилче, Прељубиште и Јегуновце, беше спроведена превентивна активност под мотото „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме шумите од пожари“. Во фокусот на оваа превентивна активност беа ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изјави дека годинава ќе има рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21.3 денари, Смедеревка 18.9 денари по килограм. „Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и ...
Два противпожарни авиони од типот канадер CL-415, испрати Грција за гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, што воедно е и втора помош од јужниот сосед во изминатите четири дена, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека во 16.53 часот по локално време двата канадери полетале од Солун за да помогнат во справувањето со ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети неколку откупни центри и млинови во Пелагонискиот регион со цел да изврши увид дали се почитува утврдената откупна цена за килограм пченица. Притоа, како што информираат од МЗШВ, кај дел од откупувачите се констатирани одредени неправилности за кои се превземени мерки. -Според кажувањата на земјоделците и откупувачите, оваа година квалитетот на пченицата е ...
На ГП „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се вклучени стручни лица од повеќе области. Се испитуваат сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи. Според ЈО, локацијата е обезбедена, а на терен се инспектори од одделот за економски криминал на МВР. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за влез во државата и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15-20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена ...
Вечерва ги посетив граѓаните од општина Чешиново Облешево каде што разговаравме за досегашните преземени мерки и активности, но и за оризот од реколтата 2025 година. Радува фактот што сеидбата на ориз започна на време бидејќи се обезбеди доволно вода за наводнување на оризовите површини. Изминатата година како интервентна мерка, предвидовме за оризопроизводителите од дополнителни 6 денари за откупена килограм оризова арпа од реколтата 2024 ...
Во раните утрински часови утре на територијата на Општина Делчево ќе се спроведе авионско третирање против возрасни комарци, информираат надлежните од локалната самоуправа. Прскањето ќе се врши со препаратот CICERON 2.ULV – широкопојасен инсектицид со еколошки карактеристики, одобрен од Бирото за лекови. Третманот ќе го изврши економскиот оператор „Аероклуб Скопје“, избран преку јавна тендерска постапка. Од Општината апелираат до пчеларите во ...
По околу две недели под контрола е ставен пожарот кај Бешиште, Мариово до грчката граница. Заменик-командирот во прилепската противпожарна единица, Виктор Стојчески истакна дека овие денови гори мешана шума и оти се правеле пристапни патишта за да се локализира пожарот. На теренот се екипи од ЈП „Национални шуми“ од Прилеп, Кавадарци и Битола. -Пожарот кај месноста Жерлезна Врата, близу до границата со Грција во Мариово е ставен под контрола, ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан. Како што информира ЈОРМ, на 4 јули биле затекнати во кајче на наведената локација, со висечка рибарска мрежа и уловени три парчиња охридска пастрмка, со што како ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Според информациите објавени на веб-страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 12:30 часот. На седницата на Комисијата вчера, пратеничките групи на СДСМ и коалицијата ВРЕДИ ги повлекоа поднесените амандмани по ребалансот на Буџетот, така што од над 200 поднесени амандмани, остануваат уште 30. Повлекувањето на ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Автомотосојузот на Македонија информира дека на граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...
Денес сум на терен во с. Тремник, општина Неготино за да изнајдеме конкретно решение за жителите од ова населено место, кои што се соочуваат со сериозен проблем – недоволна количина на вода за наводнување на земјоделските посеви. Како министер, мојата приоритетна цел е за секое место во Македонија да има обезбедено вода за наводнување на земјоделските посеви. Ова е основно право на секој земјоделец! Земјоделците заслужуваат поддршка и ние сме ...
Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против сојузната држава Калифорнија, тврдејќи дека нејзините строги регулативи за производство на јајца придонеле за драматично зголемување на цените на јајцата низ целата земја. Во тужбата се наведува дека Калифорнија го прекршува сојузниот Закон за инспекција на јајца од 1970 година, кој бара национално единство во стандардите за безбедност на јајца. Според Министерството ...
Владата вечерва ќе заседава кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава. Со кризниот штаб ќе претседатева премиерот Христијан Мицкоски, кој како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, заради состојбата со пожарите, нема да присуствува на партиската трибина во Куманово, закажана во 19:30 часот. Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари. Како што ...
Поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР. Министерството за внатрешни работи, како што нагласуваат оттаму, во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираат граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на ...
Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце е пренасочен во двата правца поради појава на пожар на потегот по БП Дизел, спроти базата на „Гранит“, информира АМСМ. Според податоците на ЦУК, заклучно со 13 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои активни се десет. Има три активни пожари во Македонски Брод, помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), во с. Самоков (опожарен лесно ...
Во населбата Лозанови и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните. – Сите екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се на терен, повикана е помош и од општина Ранковце, каде има активен пожар во село Милутинци, а на терен се и екипи од Јавно претпријатие Македонски шуми и голем број месно население. Една од најновите дојави ...
Авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување е вклучен во гаснењето на пожарот на дивата депонија кај Визбегово. Покрај поддршка од воздух, во гаснењето интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила од „Комунална хигиена“. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот претставува ризик за проширување кон околните површини, а во близина се наоѓаат и станбени куќи. – Укажано му ...
„Во директна опасност од огнената стихија се наоѓа населеното месо Лозаново и домовите на жителите“, соопшти градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. При посета на загрозеното подрачје Митовски нагласи дека градот се наоѓа под закана најголема огнена стихија во последните неколку години и упати апел за смиреност, но и за помош од соседните општини, од државата и од доброволци. „Апелирам и алармирам за смиреност, но во истиот момент за ...
Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи „aгуста бел 212“ кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово, е повлечен поради силиот ветер и густиот чад. – Хеликоптерот на МВР „aуста бел 212“ беше упатен да помогне во гасењето на пожарот во Визбегово. Беа извршени повеќе фрлања на вода но поради засилениот ветер и густиот чад, за сега хеликоптерот е повлечен во базата, соопшти МВР. Покрај хеликоптерот, во гаснењето на пожарот е ...
Климатските промени речиси тројно го зголемија бројот на смртни случаи поврзани со топлина во големите европски градови за време на екстремниот топлотен бран од крајот на јуни до почетокот на јули, покажува нова студија. Истражувачи од Велика Британија, Данска, Холандија и Швајцарија ги анализирале условите во 12 големи европски градови помеѓу 23 јуни и 2 јули. Според нивните проценки, околу 2.300 лица починале од причини поврзани со топлина во ...
„Во моментов се работи во делот на објавување на производната цена на двете најзастапени сорти на винско грозје, на Вранецот и Смедеревката. За скоро ќе биде истакната производната цена“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервјуто за Алфа телевизија. Во текот на интервјуто министерот се осврна и на новиот обемен и темелен закон за земјоделство и рурален развој. Токму овој закон претставува ...
Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до седум часот на територија на цела држава активни се седум пожари, а два се локализирани. Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати. Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во ...
Хеликоптер од рано утрово учествува во гаснењето на пожарот над селото Николич во околината на Дојран, а еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе се вклучи во гаснењето на пожарот над фабриката „Самоков“ во општина Македонски Брод. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов очекува овие два тешки пожари во текот на денот да бидат ставени под целосна контрола. – Нашиот фокус денеска ќе биде на гаснење на ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Спорд информациите објавени на веб страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 11 часот. За ребалансот на Буџетот се поднесени околу 200 амандмани, од кои 160 од опозициската СДСМ. Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а заедно со амандманската расправа трае вкупно десет дена. Со ребалансот се врши ...