Музичко-сценски перформанс во кој ќе бидат вклучени над 120 македонски уметници ќе биде организиран по повод одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Тој, како што е предидено, треба да се одржи на отворено во 14-15 градови во Македонија, а низ уметничка перспектива ќе бидат прикажани сите моменти кои не направиле горди, среќни, кои не обединуваат или, како што велат организаторите, се она што било важно во изминатите 35 години ...

Мјузикл со повеќе од 100 уметници ќе биде еден од главните проекти во одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Проектот, чиј идеен творец и режисер е Дејан Пројковски, ќе се изведува во петнаесетина градови низ земјава во текот на август и септември и ќе ги претстави најзначајните моменти од македонската независност преку музичко-сценски спектакл. Низ приказната ќе води Игор Џамбазов, кој најави дека во фокусот ќе бидат успесите ...