Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Oдбраната на обвинетите вработени во Министерството за економија, тврди дека тие вршеле само службена проверка на документацијата за лиценци, без можност да предизвикаат или да придонесат кон пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година. Во своите воведни говори пред Судот укажаа дека „ниту им било обврска, ниту надлежност по закон да вршат проверка на било какви услови“ и дека немале ниту можност да вршат проверка дали кој било ...
Иако е јасно дека директорот на СОЗР – Ивица Томовски важи за близок соработник на премиерот Мицкоски, Левица апелира институциите сериозно да ја разгледаат тендер шемата со компанијата ,,Сити Аутсорсинг”, како и поврзаноста на актуелниот управител на фирмата со директорот на СОЗР. За Левица е скандалозно што претходниот скандал со тендери каде беше инволвиран Ивица Томовски, Антикорупциска комисија го затвори со паушален заклучок и обична ...
Премиерот Христијан Мицкоски под превезот на лаги го крие проектот „Мигранти за пари“ кој сака да го протне кај граѓаните пред изборите кои ги планира на пролет, обвини денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче. Филипче на денешната пес конференција предупреди дека власта не сака да ја потпише Резолуцијата против мигранти, чекајќи ги изборите за потоа да ги смести во станови и да им даде вработување. „Избори се планирани за пролет, и по ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес се обрати на дводневната работилница „Зајакнување на капацитетите за подобро управување на Проценката на влијанието на регулативата (ПВР) во Република Северна Македонија“, организирана од страна на Министерството за јавна администрација со поддршка на СИГМА На работилницата учествуваат државни службеници од сите ресорни министерства и релевантни институции, вклучително и координатори и ...
Предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски е доставен до Собранието, но се уште не е утврдено кога предлогот ќе се најде на дневен ред пред пратениците. Пред два дена, портпаролката на Владата Марија Митева рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била привремено стопирана за време на изборниот период. -Причините за оваа ...
Адвокатот Петре Шилегов остро реагираше на обвинителниот акт за трагедијата во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“, наведувајќи дека документот е полн со правни недостатоци и сериозни логички пропусти. Во излагањето пред судот, Шилегов потенцираше дека судската постапка мора да обезбеди фер и правично решение за сите засегнати страни, додавајќи дека оштетените заслужуваат правично расчистување на случајот, но не по цена на неправда кон обвинетите. ...
Досегашниот претседател на Управен суд, Бурим Сејдини, ќе биде в.д. претседател на Судот, додека не се избере нов. Ваква одлука денеска донесе Судскиот совет на денешната 533. седница. Беше кажано дека на 14 декември на Сејдини му истекува мандатот, па затоа се бира в.д. претседател до избор на нов. Сејдини ги исполнил потребните критериуми за позицијата и тој со 11 гласа за беше определен да биде в.д. претседател на Управен суд од 15 ...
Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот криминал. Тој е социопатски случај на лажго и манипулатор, додека штетата од неговото работење ја плаќаат сите граѓани. Димната завеса за тоа се измислените теми, измислените напади и наводните скандали. Една таква тема е и темата со наводното населување на мигранти, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. ...
Еден навивач од Словачка е приведен, а на 10 други не им е дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето, соопшти денеска МВР. – Во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот ...
Како и во изминатите денови, така и денеска, грчките земјоделци, кои нивните трактори ги имаат паркирано на неколку гранични премини, меѓу кои и Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон нашата земја, ќе ги затворат границите за сообраќај на неколку часа. Се очекува блокадата на Евзони и денеска да биде во периодот од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, со што целосно ќе биде во прекин сообраќајот со исклучок на камионите со ...
Настаните од изминатата недела јасно покажуваат дека европските лидери, и покрај нивните напори, речиси и да немаат никакво влијание врз американскиот претседател Доналд Трамп, кој продолжи остро да ги критикува, пишува „Тајм“. Според авторот, мировниот план презентиран од американската администрација претставува фактичка капитулација пред рускиот претседател Владимир Путин, додека Европа е целосно маргинализирана во овие процеси. Како што ...
Со отстапување на еден единствен стан од 30 м², кој наводно е „сè што градот има на располагање“ градоначалникот на Град Скопје, Орце Георгиевски „го реши“ проблемот со сместувањето на жртвите на семејно насилство. Оваа предлог-одлука предвидува токму тој мал, единствен стан да стане новиот простор за најранливите жени во градот. Град Скопје нема извршено попис на сопствениот недвижен имот, не постои јасна евиденција што поседува градот, во ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, од страна на непознато лице, со што беше загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на вработените во редакцијата. „Според информациите од колегите од Инфомакс, непознато лице пристигнало со такси пред редакцијата за време на ...
Невзат Бејта на повторените избори за градоначалник на Гостивар, ќе го бара третиот мандат. Тој синоќа на неговиот профил на Фејсбук ја објави кандидатурата и дека ќе има поддршка од коалицијата Вреди. – Почитувани граѓани на Гостивар, согласно резултатите од анкетите и по консултациите со лидерите на Вреди, беше одлучено кандидат на Вреди за овие избори во Гостивар да бидам јас. За официјализирање на ова иницијатива, чија единствена цел е ...
Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија, откако на вчерашното рочиште одбраната на обвинетите поранешни министри за економија директори на Дирекцијата за заштита и спасување ...
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) утрово се одвива нормално. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...
Годинешната добитничка на Нобеловата награда за мир Марија Корина Мачадо пристигна во Осло во четвртокот навечер, изјави шефот на Нобеловиот комитет, откако не успеа да стигне во норвешката престолнина на време за да ја прими својата награда на церемонијата одржана неколку часа претходно. 58-годишната инженерка тајно ја напушти Венецуела, спротивставувајќи ја децениската забрана за патување наметната од властите во нејзината татковина и по ...
Околу полноќ додека во живо „течеше“ поткастот Тешки муабети со Александар Митовски, Милош Милошевски и Стевче Јакимовски и штотуку најавија дека преминуваат на актуената тема со мигрантите главниот уредник Митовски побара да ја прекинат емисијата оти некој тропа на вратата на студиото. Александар (Мечка) и Милош (Мичо) на почетокот на емисијата кажаа дека вообичаено пред студиото и куќата на Митовски во која е и студиото постојано има како ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека планира да назначи светски лидери во Комитетот за мир во Газа на почетокот на следната година. Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека разни лидери сакаат да бидат во комитетот, објави Си-Ен-Ен. „Тоа ќе биде еден од најлегендарните комитети досега. Сите сакаат да бидат во него“, рече Трамп. Мировниот комитет се формира во согласност со планот за Газа со кој се воспостави ...
Во ресторан во Никшиќ се случи пукотница, при што се повредени А.М. и М.Ј., соопшти Полициската управа (УП). Иако повредените се членови на организирана криминална група, полицијата не може да потврди дали инцидентот е поврзан со активностите на организираните криминални групи. „Повредените се пренесени во Медицинскиот центар во Никшиќ за медицинска помош, додека обвинителот во Вишото државно обвинителство во Подгорица е информиран за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека побарал од Службата за надворешно разузнавање на Украина внимателно да ја следи соработката меѓу Москва и Пекинг, особено кога станува збор за сите аспекти поврзани со националните интереси на Украина. Зеленски напиша на својот X профил дека добил извештај од шефот на Службата за надворешно разузнавање на Украина, Олег Ивашченко, во кој се дадени многу детали за економската ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ја изрази својата желба САД да останат партнер на Европа во иднина, и покрај промената на односите. Мерц му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека новата политика на Германија кон мигрантите речиси го преполовила бројот на баратели на азил во земјата, објави Ројтерс. „Се подготвуваме за промена во трансатлантските односи. Но, сепак би сакал да го гледам тоа како партнерство и се надевам ...
Американскиот актер Џони Деп денес објави дека ќе продуцира и евентуално ќе глуми во филмска адаптација на англиски јазик на рускиот литературен класик од Михаил Булгаков „Мајсторот и Маргарита“. Проектот, за кој сè уште не е избран режисер, го продуцира продуцентската куќа на Деп IN.2 Film во соработка со извршните продуценти на „Жан ди Бари“ Светлана Дали и Грејс Лох, објави „Варајети“. Дали и Лох ќе продуцираат заедно со Деп, Стив Дутерс ...
Масовна гробница е откриена во комплексот на болница во Газа, а според првичните проценки, таа содржи околу 300 тела. Цивилната одбрана работи на извлекување на телата од местото. Тимовите што работат со Цивилната одбрана на Газа пронајдоа масовна гробница во комплексот на болницата Ал-Шифа во Газа, која е постојано напаѓана од Израел од октомври 2023 година. Според извештајот, гробницата содржи околу 300 тела од целиот Појас Газа. Телата ...
Иран го претстави беспилотното летало со долг дострел „Хадид-110“, специјално дизајнирано за пробивање на модерни системи за воздушна одбрана, за време на антитерористичките вежби „Саханд 2025“ што се одржаа во покраината Источен Азербејџан. Според Телеграм каналот „Милитари кроникл“, овој дрон би можел да биде „тивко изненадување“ за Израел. „Хадид-110“ спаѓа во категоријата камикази дронови и носи боева глава од 30 килограми. Она што го ...
Претставник на палестинското милитантно движење Хамас денес изјави дека примирјето во Газа не може да премине во втора фаза сè додека израелските прекршувања на мировниот договор продолжуваат. – Втората фаза не може да започне сè додека окупаторот продолжува да го прекршува договорот и да ги избегнува своите обврски, рече членот на политичкото биро на Хамас, Хосам Бадран, осврнувајќи се на примирјето со Израел кое е во сила од 10 октомври, ...
Европската Унија ја поддржува европската интеграција на Украина и нејзината намера да стане полноправна членка до 2028 година, но постигнувањето на оваа цел зависи од динамиката на реформските процеси, изјави портпаролот на Европската Комисија, Гијом Мерсие, за РБЦ-Украина. Според Мерсие, и покрај воените околности и тековните предизвици што ги претставува конфликтот со Русија, Киев „останува решително посветен на својот пат кон ...
Ссретен Јоциќ, попознат во јавноста како Јоцо Амстердам, денес беше условно ослободен по одлуката на Апелациониот суд во Белград. Веста беше потврдена и во официјално судско соопштение, во кое се наведува дека одлуката е донесена на 10 декември 2025 година. „Апелациониот суд во Белград донесе одлука, со која, по прифаќањето на жалбата на адвокатот на обвинетиот, ја поништува првостепената одлука и условно го ослободува осудениот Сретен ...
Италијанската полиција спроведе масовни рации во Палермо, приведувајќи 50 осомничени лица поврзани со мафијашки кланови, соопштија денес извори. Рациите се дел од истрагата за голем синџир за дрога, кој откри и наводна структура на организиран криминал во главниот град на Сицилија, објави Анса. Осомничените се соочуваат со обвиненија за мафијашко здружување, изнуда, фиктивно поседување имот и криминално здружување со цел трговија со дрога. ...
Унгарија нема да го спроведе договорениот механизам за солидарност во рамките на Европската Унија и нема да прифати „никакви мигранти“, изјави во висок владин претставник, објавија унгарските медиуми. Гергели Гуљас, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, ги даде овие забелешки на прес-конференција во Будимпешта, повторувајќи го долгогодишното противење на десничарската влада на миграциската политика на Европската Унија. Министрите за ...