
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, денес оцени дека акцијата за распоредување на припадници на Калифорниската Национална гарда во тој град, по конфликтот меѓу демонстрантите и вработените во одделот за имиграција, била „непотребна“. Припадниците на Националната гарда почнаа да се распоредуваат во Лос Анџелес од раните утрински часови, на барање на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, по судирите меѓу ...
Денес, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), г. Мухамет Али, заедно со раководителката на Подрачното одделение на ЦУК – Тетово, Арлинда Муареми, од лице место ја следеше спасувачката акција за извлекување на повредено лице кое паднало во бездна во близина на Ливадичко Езеро, општина Теарце. Информацијата за инцидентот првично беше добиена преку Секторот за итни повици – 112 и Секторот за операции и координација при ЦУК. По ...
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од 34-тата годишна конференција на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ порача дека очекува убедлива победа на партијата на локалните избори, а можноста СДСМ да не освои ниту една општина ја нарече реална. „Оваа поддршка од народот е огромна одговорност. Не смееме да го разочараме народот кој во нас гледа надеж за промени и иднина“, рече Мицкоски. Тој најави редовна ревизија на работата ...
Сериозно загрижува нервозата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој од прославата на младинската организација на неговата партија, на висок тон, видно гневен продолжи да ги навредува луѓето и родителите кои секоја сабота мирно маршираат во Кочани барајќи правда за своите деца и помош за повредените, велат во соопштение од СДСМ. „Во својата забеганост Мицкоски денес од Велес, врескаше и ги обвинуваше родителите дека од граѓанско ...
Македонија се оддалечува од патот кон Европската унија, оцени бугарската потпретседателка Илијана Јотова, реагирајќи на последните случувања во Европскиот парламент поврзани со извештајот за напредокот на земјава. Таа ги оцени како „скандалозни“ случувањата околу известувачот за Македонија, европратеникот Томас Вајц, кој беше обвинет од страна на 17 бугарски европратеници дека бил под влијание на македонската страна. – Потребна е истрага, и ако ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се стреми да ја врати моќта на Сојузот на советските социјалистички републики, па затоа не сака да ја заврши војната во Украина. „Путин сака да ја врати моќта на Советскиот Сојуз. Тоа е невозможно, но не сум сигурен дека има луѓе кои се способни да му го објаснат тоа и дека тој ќе го стори тоа. И сигурен сум дека тој би го направил тоа, за да ја ...
Апелираме до Владата да им помогне на родителите од Кочани во остварување на нивните барања, а ако не може барем да не им одмага и со навреди да не им фрла сол на раната, велат од СДСМ во соопштение. „На тие луѓе им е потребна поддршка и разбирање. Ние политичарите сме должни тоа да го разбереме, да ги прифатиме сите критики и да дадеме се од себе да помогнеме. Владата итно да престане да се расправа и да се докажува со родителите кои се наоѓаат ...
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026, на гостински терен против селекцијата на Казахстан. Натпреварот ќе се игра на Астана Арена, со почеток во 16 часот по македонско време. „Црвено-жолтите“ ќе бидат предводени од помошникот Роберт Стојановски, бидејќи селекторот Благоја Милевски ќе го пропушти дуелот поради суспензија од два жолти картона. Иако мечот ќе се ...
Дежурните лекари на Клиниката за детски болести во Скопје имаат полни раце работа за време на продолжениот викенд. Голем број родители побарале медицинска помош за своите деца поради симптоми како дијареја, повраќање и покачена телесна температура. Секојдневно се бележат и до стотина прегледи во амбулантите на клиниката. Најчестата клиничка слика се однесува на цревни инфекции, кои главно се вирусни, но има и случаи предизвикани од бактерии како ...
Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“. Потенцираме дека станува збор за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството веќе повеќе од една деценија го користи за екстракција и анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, во ...
Лажна вест во форма на видео, во кое се тврди дека кардиохирургот д-р Жан Митрев е убиен, стана вирална на социјалните мрежи. Видеото е објавено како спонзорирана реклама од Фејсбук страницата со име Barczak Nicky Conomon, а до моментот на објавување на оваа вест, има над 137.000 прегледи, повеќе од 1.600 реакции и 75 коментари. Во видеото е злоупотребено и логото на Канал 5 телевизија, а како спикер е искористен гласот и ликот на новинарот ...
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, со која се забранува влез на граѓани од 12 земји, стапува на сила во понеделник една минута по полноќ, а нејзината цел, како што изјави тој, е да ја заштити земјата од „странски терористи“. Според Трамп, се проценува дека земјите под кои беа воведени најстрогите ограничувања засолнуваат „голем број терористи“, не соработуваат во издавањето визи, не го проверуваат соодветно идентитетот на ...
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја заокружи сезоната со уште еден блескав успех, освојувајќи ја третата шампионска титула по ред, и уште еднаш ја потврди Битола како еден од најголемите спортски градови во државата. Историската победа над големиот ривал Вардар на негов терен синоќа донесе еуфорија во таборот на зелено-белите. По повод триумфот, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати искрени честитки до ракометарите, ...
Владината портпаролка Марија Митева денеска остро ги демантираше тврдењата на СДСМ дека Министерството за внатрешни работи (МВР) набавува сомнителен софтвер за прислушување. Таа ги нарече изнесените обвинувања „ноторни лаги“ и обвини дека токму СДСМ е одговорен за претходната набавка на тој тип на опрема. „Во целост ја демантирам прес-конференцијата на СДСМ. Сѐ што беше изнесено е ноторна лага. СДСМ ја набави таа форензичка опрема додека беше на ...
Интересно е како денес, кога излеговме со информации и докази како 9 милиони евра од од набавката на јаглен за ЕСМ во време на СДС завршиле кај фирма на Заев блиска до Филипче, СДС прави фабрикувани списоци, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Наместо да одговорат како 9 милиони евра завршиле кај нивниот партиски лидер и поранеше лидер, тие се служат со лаги. Исто нема одговор, како фирмата која го внесувала јагленот во Македонија на Филипче му ...
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки, вели на денешната прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ. „Повторно воспоставување на режимските практики, на контрола преку заплашување и прислушкување на новинари, активисти и неистомисленици на власта. На почетокот на мај оваа година МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди. Дали следењето и прислушкувањето ...
Владата следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му биде отстапено на Министерството за здравство за потребите на продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените лица во неодамнешниот пожар во Кочани. Како што соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева, објектот располага со 27 соби и вкупно 56 легла, а неговата локација – во природна и тивка средина – го прави идеален за закрепнување и психофизичка ...
До нашата редакција пристигнаа информации од загрижени граѓани дека сè уште се испраќаат лажни СМС-пораки со цел измама. Во пораките се наведува дека наводно пристигнал пакет во магацин, но не можел да биде доставен поради “нецелосна адреса”. Од примачот се бара да кликне на линк за да ги „ажурира“ податоците или да го потврди пакетот. Станува збор за обид за фишинг – измама преку која напаѓачите се обидуваат да дојдат до лични податоци, ...
На 07.06.2025 во 20.00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на одигрување на ракометен натпревар помеѓу екипите на РК „Вардар 1961“ од Скопје и РК „Пелистер“ од Битола, полициски службеници ги лишиле од слобода П.Д.(26) и Д.А.(23), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Против двајцата се поднесени поднесоци по Законот за спречување насилството и недостојното однесување ...
ДУИ изразува длабока загриженост во врска со информациите што се појавија во јавноста за најновите вработувања и унапредувања во рамките на Секторот за внатрешни работи во Тетово, односно во Одделението за криминалистичка полиција. Според достапните податоци, од последниот интерен конкурс се унапредени 12 вработени од македонска етничка припадност и само 1 Албанец, што претставува флагрантен и дискриминаторски дисбаланс во етничката застапеност, ...
Од утре пад на температурите за три до пет степени, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, ќе дува и умерен до засилен северен ветер, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 27 до 36. Во втроник ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана ...
Денеска (08.06.2025) во 03.27 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.О.(42) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај и задржан ...
На денешната редовна седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) усвои значајна одлука за реформирање на натпреварувачкиот систем во македонскиот фудбал. Од сезоната 2026/27, Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе брои 10 екипи наместо досегашните 12. „Реформите што ги најавивме веќе се реализираат преку конкретни чекори. Нашата цел е да изградиме пофункционален, поквалитетен и одржлив систем на натпреварување. Со ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде ...
Најмалку 13 ирански државјани починаа за време на хаџот во Саудиска Арабија, каде што температурата овие денови достигна речиси 50 степени Целзиусови, објави иранската Црвена полумесечина. Во соопштението не е наведена причината за смртта, но аџиите беа предупредени да избегнуваат директно изложување на сонце и да пијат многу вода, меѓу другото, за да го намалат ризикот од топлотен удар. „Во последните денови, температурите во светите градови на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини милијардерот Илон Маск за зависност од дрога во телефонски разговор со соработници, објави „Вашингтон пост“ (WP), повикувајќи се на извори. Се додава дека Трамп го опишал поранешниот шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE) како „голем зависник од дрога“, според „Пост“. Маск претходно признал дека користел кетамин, кој му го препишал лекар, а „Њујорк тајмс“ неодамна објави дека сопственикот на ...
Со порастот на температурите ширум земјата, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денес објави низа препораки за заштита на населението од потенцијално опасните ефекти на топлотните бранови. Апелот е насочен кон сите граѓани, со особен фокус на најранливите категории – постари лица над 60 години, деца, бремени жени, хронично болни, лица со прекумерна тежина, оние со ментални нарушувања и граѓани кои се подложени на специфични терапии. ИЈЗ ...
Овен Денес сте многу фокусирани на сè што се случува во вашиот живот и се однесува на вашата деловна кариера и сè што сте планирале. Научете да донесувате добри одлуки во моментот кога е потребно. Бик Денес ќе бидете многу фокусирани на вашата деловна страна бидејќи многу работи треба да се завршат до крајот на денот. Љубовната ситуација е постабилна бидејќи некои работи веќе започнале пред вашата свршувачка. Здравјето е стабилно. Близнаци Ќе ...
Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово. За време на Својот земен живот, Спасителот повеќе пати им говорел на Своите ученици за доаѓањето на Утешителот, Духот на вистината, Којшто ќе го разобличи светот заради гревовите на луѓето, Којшто ќе ги научи апостолите на ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Од понеделник времето ќе биде сончево со ...