
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Во времето на царот Максимијан, во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги фалеше и ги храбреше за маченичката смрт. Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и ѝ обесија камен на вратот, па ја фрлија во морските длабочини. Но Ангелите Божји ја изнесоа жива на брегот. Кога повторно му се јави на ...
Граѓанската иницијатива Support Kocani успеа да ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во Кочани, во вредност од 923.458 денари. Средствата за набавката биле целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство. Како што информираат од иницијативата, компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. ...
На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од мртви риби – плашици, снимено кај охридското село Лагадин. Снимката прикажува голем број угинати риби на брегот на Охридското Езеро, што предизвика реакции и загриженост кај граѓаните и љубителите на природата. Засега нема официјални информации за причината за угинувањето, но граѓаните бараат надлежните институции итно да излезат на терен и да ја испитаат ситуацијата. Стравувањата се дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди луѓето во вторник да не протестираат за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од американската војска овој викенд. „Луѓето кои сакаат да протестираат, ќе бидат пречекани со многу голема сила“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа. Полицијата очекува стотици илјади луѓе да присуствуваат на парадата, изјави во понеделник Мет МекКук, агент на ...
Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, преку социјалните мрежи упати јавен апел до претседателот на Владата и министерката за финансии, барајќи итно одобрување за отворање на новата детска градинка во градот. Во објава придружена со видео, Крстевски посочи дека веќе две недели безуспешно се обидува да добие средба со министерката Гордана Димитриеска Кочоска, но досега не добил никаков одговор. „Како КРИЗЕН градоначалник, се обраќам со ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за МРТВ изјави дека континуирано е во комуникација со родители, но, оти не сака да го користи тоа за ПР и за медиумска експлатација, откривајќи дека веќе бил во Кочани, каде имал средба со дел од родителите на настраданите во дискотеката „Пулс“. -Тоа што можам да го сторам како министер и тоа што сум должен да го направам, ќе го направам, но, нема од тоа да профитирам медиумски. Имаше ...
Во време кога автентичноста е ретка и ценета повеќе од кога било, овие мали навики се клучни не само за да станете успешен професионалец, туку и некој со кого луѓето навистина сакаат да работат. Во деловниот свет, не мора да имате најхаризматична личност или елоквенција за да оставите силен впечаток. Вистинското влијание често доаѓа од оние мали, речиси невидливи навики што другите ги забележуваат – дури и пред да проговорите. Луѓето ве паметат ...
Попладнево избувна пожар во депонијата кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, веднаш покрај хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Противпожарната бригада на Град Скопје е на терен за справување со огнената стихија. Засега не се пријавени повредени лица, но густ чад се ширеше кон околните објекти и можеше да се забележи уште од далеку. Причините за пожарот засега не се познати. Се очекуваат повеќе информации по завршување на интервенцијата и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека со испраќањето војници во Лос Анџелес, го спасил тој град од уништување. „Да не испратев војници во Лос Анџелес, тој некогаш прекрасен и величествен град ќе изгореше до темел во текот на изминатите три ноќи, исто како што 25.000 домови изгореа во Лос Анџелес поради некомпетентен гувернер и градоначалник“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Тој истакна дека се обезбедени ...
Универзитетската болница во Грац потврди дека едно возрасно лице им подлегнало на тешките повреди здобиени при масовното пукање што се случи утрово во гимназијата БОРГ, со што бројот на загинати се искачи на 11 лица. Меѓу жртвите се и ученици и наставници. Според официјалните информации, нападот започнал рано утринава, кога 21-годишен маж отворил оган врз присутните, при што усмртил девет лица, потоа се самоубил, а најмалку 28 лица се повредени, ...
Денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска изјави дека наредната учебна година ќе има учебници за секое дете, најавувајќи дека дотогаш ќе се надминат одредени недоразбирања помеѓу министерството, општините и училиштата. Јаневска ова го изјави за време на работната посета на Тетово, на последниот ден од учебната година и по повод завршената реконструкција на ОУ „Андреја Савески – Ќиќиш“. „Очигледно има некакви недоразбирања меѓу ...
Патниците на летот FR2283 на „Рајанер“, кој требаше да полета од Мајорка за Загреб на 8 јуни, преживеаа, како што тврдат, понижувачко и хаотично искуство. Во писмо испратено до редакцијата на „Индекс“, тие ја обвинуваат компанијата дека била држена со часови без информации, дека го откажала летот без транспарентно објаснување и дека нехумано се однесувала кон патниците, вклучувајќи деца и постари лица. Ова беше вечерта кога се случи несреќа на ...
Бројот на македонски државјани кои добиле германско државјанство во 2024 година драстично е зголемен. Според официјалните податоци, вкупно 2.805 Македонци се натурализирале, што е четирипати повеќе во споредба со претходната година, кога нивниот број изнесувал 665. Просечната возраст на новите германски државјани од Македонија е 30,8 години, а меѓу нив има и 560 малолетници. Според полот, 1.375 се мажи, а 1.430 жени. Македонските државјани се ...
Русија мора цврсто да ја брани историската вистина за настаните од Втората светска војна и одлучувачката улога што нејзиниот народ ја одигра во победата над нацизмот, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, отворајќи ја седницата на Советот за безбедност. Путин повика на зачувување и зајакнување на кохезијата на руското општество и потсети дека на 9 мај земјата ја прослави 80-годишнината од Победата во Големата патриотска војна, ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 29-годишник на улицата “Благоја Паровиќ” во Скопје, било пронајдено поголемо количество огнено оружје, муниција и експлозивни ...
Денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски изјави дека МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот на граѓаните и оние кои се обидуваат на сметка на другите граѓани да не ги завршат своите обврски кон државата очекувам да бидат санкционирани и соодветно казнети. -Се надевам дека тековно ги завршува своите обврски и дека најголемиот дел од граѓаните со исклучок на малкумина кои што беа предмет на ...
На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква, за потребите на пациенти. Со оглед на природата на повредите, особено кај пациенти кои претрпеле сериозни изгореници, неопходна е долгорочна и специјализирана нега, физиотерапија, психолошка поддршка и континуиран медицински надзор. Туристичкиот центар во Пониква, со своите природни и технички услови, е соодветна ...
Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова в.д. директорка на кочанската Општа болница со проширена дејност, која доаѓа на местото на досегашната Кристина Серафимова, која е разрешена од функцијата, потврди за „Слободен печат“ Јовица Андовски заменик министер за здравство кој вчера го потпишал решението. Паниќ – Мирчовска е специјалист по општа хирургија, а на фунцкијата доаѓа во критичен момент за Кочани по катастрофалната несреќа во Пулс, по која ...
ChatGPT денес доживеа значителен прекин низ целиот свет, според услугата за следење на прекини DownDetector. Бројни корисници пријавуваат проблеми Корисниците на четботот пријавуваат проблеми поврзани со голем број истовремени барања, што го отежнува неговото функционирање. Downdetector покажува дека проблемите започнале утрово со повеќе региони погодени глобално. Страницата за статус на OpenAI вели дека некои корисници почнале да доживуваат ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, остро реагира на изјавите на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во кои таа сугерира дека на територијата на општината се дозволува изградба на „хемиска фабрика“. Во отворено писмо до јавноста и медиумите, Стојкоски ги нарекува обвинувањата „сериозни, неосновани и тенденциозни“, оценувајќи дека целта е ширење паника и политичка конфузија. „На територијата на нашата ...
Штетата што ѝ е нанесена на државата преку фиктивни зделки за поврат на ДДВ достигнува неверојатни 94 милиони евра, а зад операцијата стојат 15 фирми поврзани со семејството Крмзови од Струмица. Истрагата, која ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, опфаќа и 23 физички лица, меѓу кои 4 сметководители и 8 инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП). Според обвинителката Верица Бержецка Крстева, фирмите склучувале ...
По осум години без нова службена опрема, Министерството за внатрешни работи започнува со масовна набавка на нови униформи за униформираните полициски службеници низ целата држава. Веста ја соопшти министерот Панче Тошковски, кој оцени дека станува збор за „крај на игнорантскиот однос“ кон припадниците на полицијата. „Она што полицајците го носат денес е срамота. Осум години не е набавена нова униформа – тоа не е само административен пропуст, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за најавата на Владата за помош на студентите за набавка на електронски уреди, изјави: „250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил, поради појава на птичји грип, потврди денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов. Решението, како што истакна, е веќе во сила. Како што вели, пред пет дена, за спречување на можноста од ширење чума кај малите преживари (PPR), АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од ...
Во светски рамки се бележи невиден топлотен бран што ја опфаќа речиси целата планета – од височините на Мексико, преку жешките долини во САД, до северните предели на Русија и Кина. Температурните рекорди паѓаат еден по еден, а научниците предупредуваат дека најтешките денови допрва следуваат. Во Мексико, во градот Чихуахуа на надморска височина од 2.130 метри, се измерени температури од 48 степени Целзиусови, а ноќните температури не паѓаат под ...
Пукање во училиште во Грац. Потврдени се девет смртни случаи – вклучувајќи го и сторителот. Седум ученици и еден возрасен починаа. Бројот на тешко повредени е двоцифрен, но точниот број сè уште е нејасен. Според Кроне, одделот за итни случаи и шок-одделот во болницата LKH во Грац моментално се преполни по пукањето. Точниот број на повредени не е познат, но австриските медиуми објавија дека е двоцифрен. Драматични снимки од училиштето се појавија ...
Основниот суд во Кочани му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, по проширувањето на истрагата од страна на Основното јавно обвинителство – Кочани. Нацев е осомничен за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 62 млади лица. Обвинителството утврдува дека тој раководел со целокупното работење на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа ќе следува ако уште еднаш му се повтори да не се обрати на македонски јазик. „Ќе биде разрешен директорот на инспекторатот за употреба на јазиците ако уште еднаш му се повтори да не се обрати на македонски јазик во Парламентот“, вели Мицкоски. Оваа доаѓа по инцидентот кога ...
Надлежните органи најавуваат дека до петок ќе биде поднесено обвинение за пожарот што се случи во дискотеката Пулс во Кочани, каде што загинаа 62 лица. Истрагата се одвива со интензивно темпо, а досега се обезбедени бројни докази и извршени се разговори со сведоци и осомничени. Ова на брифинг со новинари го соопшти државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Јавното обвинителство најавува дека обвинението ќе биде поднесено против сите кои ќе бидат ...
Во најобемниот досега отворен предмет за финансиски злоупотреби, откриени се сериозни нерегуларности во работењето на компаниите поврзани со фамилијата Крмозов. Обвинителката Верица Бержецка-Крстева истакна дека меѓу обвинетите постоела практика на склучување фиктивни договори за купопродажба на недвижен имот, при што истиот имот бил препродаван повеќе пати, понекогаш и за енормни суми од 4.000 до дури 20.000 евра за метар квадратен, јавува ...