
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Во првото тримесечје од 2025 година, активното население во Македонија броело 795.007 лица, од кои 702.410 биле вработени, а 92.597 евидентирани како невработени, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Стапката на невработеност во овој период изнесува 11,7 проценти. Во споредба со последниот квартал од 2024 година, бројот на невработени е намален за 2,3 проценти, додека во однос на истото тримесечје лани, падот достигнува 8,8 проценти. ...
Во периодот од 01.05.2025 до 31.05.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи за време на спроведување на сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Србија и неколку други балкански земји да примат мигранти кои ќе бидат депортирани од САД, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со темата. Барањето е дел од пошироката стратегија на Вашингтон за идентификување странски влади кои би прифатиле дел од стотиците илјади мигранти чии привремени правни статуси беа укинати со неодамнешната одлука на ...
ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2025 доби најповолна понуда од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е идентична со претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач ...
Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние ги поседуваме истите ги поседува и ЈО, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. „Провизии кои чинат животи е афера која до срж го открива Венко Филипче и неговата вина за пожарот во Модуларната болница. Деновиве презентиравме неколку сознанија и тоа: 1. Венко Филипче дозволил изградба на модуларни болници без ...
ЈСП – Скопје информира дека по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, за време на трите дена од продолжениот викенд, 6, 7 и 8 јуни, ќе се работи по неделен возен ред. Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот. Жичницата ќе функционира вообичаено за време ...
Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен лидер на Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, денеска изјави дека не чувствува апсолутно никаква вина или одговорност во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во одговор на новинарско прашање за неговата вмешаност и одговорност, Салиу изјави дека има целосна доверба во институциите и правосудниот систем. ...
Хрватска ќе го врати задолжителното основно воено образование, кое ќе трае два месеца и ќе започне во јануари 2026 година, објави хрватската новинска агенција ХИНА. Регрутите ќе примаат месечна парична надоместка од 1.100 евра. Лицата кои по верски или етички причини ќе побараат ослободување од воена служба, ќе имаат можност да поминат тримесечна обука за цивилна заштита или пак, четири месеци да работат во општински или градски институции, со ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Мај 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Јуни 2025 година. Со цел ...
Во Собранието на Република Северна Македонија во процедура на разгледување е ставен предлог закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона. Предлог законот е поднесен по скратена постапка, се вели во реакцијата на Хелсиншки комитет за човекови права. „Законот предвидува сериозни ограничувања во просторот околу законодавниот дом, вклучувајќи забрана за протести, јавни собири и летови со дронови, како и градежни активности ...
Бугарија ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан, но членството во Европската Унија мора да се темели на принципот на сопствени заслуги, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, коментирајќи го вчерашното одложено гласање за извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. „Членството не се дава автоматски. Потребно е исполнување на јасни и конкретни критериуми“, нагласи ...
Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени, изјави на прес-конференцијата, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Мицкоски и Тошковски прават се за да ги прикријат трагите и непосредната одговорност на оние кои кобната вечер ...
Министерството за образование и наука најави нова стратегија за подобрување на основното образование, која предвидува целосен премин кон едносменско работење и воведување на целодневна настава за учениците од прво до петто одделение. Според најавите, целта е да се создаде поквалитетна и подинамична средина за учење, со повеќе време за активности, вежби и индивидуален пристап кон секој ученик. Дел од училиштата веќе започнаа со работа само во ...
Скопје од 9 до 15 јуни ќе биде центарот на европското борење, откако македонската престолнина ќе биде домаќин на Европското кадетско првенство (У17). Натпреварите ќе се одржуваат во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде се очекува настап на околу 600 млади борачи од 40 земји. По тој повод, министерот за спорт, Борко Ристовски, денес организираше прием за младите македонски репрезентативци, на кој им порача дека ја имаат неговата целосна ...
Голем број пациенти денеска со часови чекаат во редици во скопската Поликлиника „Букурешт“, откако поради проблем со интернетот престана да функционира електронскиот систем „Мој термин“. Прекинатата дигитална услуга ги забави процедурите, па лекарите и медицинскиот персонал се принудени рачно да ги заведуваат податоците за прегледи, рецепти и упати, што предизвика долги редици и метеж низ ходниците, пишува СДК.МК. Во установата се наоѓа и ...
Дванаесет лица кои беа повредени во трагедијата во модуларната болница „Пулс“ и понатаму се на болничко лекување, од кои седум се наоѓаат во странство. Еден од нив е во тешка здравствена состојба, соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Сашо Клековски. -На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во ‘8 септември’, 26 се во ‘св. Наум Охридски’. Пет се во Кочани и тројца се во Систина. На ...
Над 2000 садници сезонско цвеќе беа поделени во општина Кисела Вода во рамките на волонтерската акција што ја организираше ТИТАН Усје по повод одбележувањето на Светскиот ден на животната средина – 5 Јуни. На настанот, менаџментот на компанијата и над 40 вработени на жителите на општината Кисела Вода во паркот „Шопен“ и во паркот кај културниот дом „Билјана Беличанец“ делеа садници со сезонско цвеќе. Акцијата за одбележување на „Светскиот ден на ...
Под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела (08.06) времето ќе биде многу топло. Денес и утре во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има и во сабота. Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно, а дневната ...
Општина Аеродром и кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“ вечерва во 19:00 часот организираат традиционална средба со шампионскиот тим на платото пред хотелот „Русија“, како дел од прославата на дванаесеттата титула на клубот. „Ова е одлична можност за сите љубители на кошарката да се сретнат со своите спортски херои, кои уште еднаш ја одбранија бојата на клубот и ја исполнија Општина Аеродром со гордост“, истакнуваат од Општината. На ...
Навивачката група на Шкупи, „Шверцери“, изрази длабоко разочарување поради тоа што не доби билети за квалификацискиот натпревар меѓу Албанија и Србија, кој ќе се одигра во сабота во Тирана. Фудбалската федерација на Албанија не одобри влезници за оваа група, што ги натера „Шверцери“ својот револт да го искажат преку јавен собир. Протестот е најавен да се одржи на плоштадот „Скендербег“, токму во времето на одигрување на мечот – во сабота од ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска на својот Фејсбук профил вели „откако вчера во Собрание пратениците од власта го одбија барањето за Надзорна расправа за Кочани, денес си организираат трибина зад затворени врати“. „Додека болницата во Кочани е оставена само со една докторка, владата денес сама си организира трибина “Кочани е наш приоритет?!” Каков приоритет побогу, кога токму власта не поддржа закон за помош на фамилиите, кога родители ...
Во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци денеска се спроведува вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во врска со трагичниот случај на починато тригодишно дете. Истовремено, болницата информира дека е формирана и внатрешна комисија која ќе ги испитува сите околности околу случајот. Информацијата беше соопштена од установата откако МИА вчера побара официјален став, по реакциите на ...
Утрово се забележани зголемени гужви на граничните премини, особено на „Богородица“, каде што се чека подолго време за излез од државата. Причината за метежот е зголемениот број патници поради споениот викенд и патувањата надвор од земјата. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај е зголемен и на другите излезни премини, но најголема фреквенција се бележи токму кон Грција. Граѓаните се советуваат да бидат трпеливи, да се информираат ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска и официјално ја потврди својата одлука во врска со неодиграното финале од Европскиот куп. Македонскиот ракометен клуб Алкалоид е прогласен за победник на реванш натпреварот против грчкиот АЕК со службен резултат од 10-0 поради одлуката на грчки АЕК да не излезе на терен, и со две победи, и по онаа во Атина, го освои трофејот во Европскиот куп. „Ракометниот суд на ЕХФ ја донесе својата прва одлука во ...
Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинителниот акт поднесен од Обвинителството во случајот познат во јавноста како „Онкологија“, со кој на обвинителна клупа ќе седнат поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, како и неколку онколози. „Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „ Онкологија “, поднесен 22.05.2025 година, донесе решение ...
Трамп, кој уште во јануари најави планови за забрана веднаш по преземањето на функцијата во својот втор мандат, сега изгледа е на посигурен терен бидејќи ја има поддршката на Врховниот суд. Нова забрана за патување е воведена за Авганистан, Мјанмар, Чад, Република Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен. Дополнително, ќе има зголемени рестрикции за туристи од Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, ...
За најголемата несреќа во поновата историја на нашата држава, на семејстата, жртвите, на граѓаните, државата им ја должи целосната вистина, им должи правда и одговорност на виновниците, велат од СДСМ во соопштение. „Од прв до последен. Но, наместо истрага која ќе ги опфати сите актуелни функционери и полициски службеници, наместо правда – гледаме селективност и заштита на виновниците. Наместо институционално расчистување – се случува ...
На 04.06.2025 во 13.50 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.М.(46) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, мобилен телефон, нож и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Авион на „Рајанер“ што леташе од Берлин до Милано мораше итно да слета на аеродромот Меминген откако наиде на силни турбуленции за време на летот над Баварија, каде што беснееше бура. Седум патници се повредени, а двајца се однесени во болница. Патниците го опишаа стравот што го доживеале. „Никогаш порано не сум се чувствувал толку исплашен – во тој момент помислив дека авионот ќе се распадне!“, изјавил еден патник за германски „Билд“, пренесува ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во опасност животот на уште двајца. Делото ...