
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



На 05.06.2025 година во 19.10 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди е донесен М.Б.(60) од Швајцарија. По извршен службен разговор со неговата сопруга е констатирано дека околу 17.00 часот на патот од с.Катланово кон Катлановска Бања, М.Б. бил физички нападнат од едно лице кое било со патничко возило. Потоа оштетениот се обидел со неговиот мобилен телефон да ги фотографира ...
Охрид СОС алармира за нов огромен објект кој никнува во старата чаршија. Тие велат дека ако некогаш важеше за специфичен дел на градот, исполнет со занаетчиски дуќани и стари градби, денеска оваа улица скоро сосема го изгубила својот лик и значење. „Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, чаршијата е препуштена на ...
И покрај сложените теренски услови кај селото Ботун, од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) уверуваат дека нема отстапување од најавениот рок за пуштање во употреба на делницата од Врбјани до Охрид од автопатот Кичево – Охрид, најавено за почетокот на летната сезона. Од ЈПДП за МИА изјавија дека теренските активности се интензивирани и дека асфалтирањето е во тек на главната траса од Врбјани до Ботун. Акцентот е ставен на финализација ...
Акциите на Тесла паднаа за околу 14,2% на затворањето, бришејќи околу 152 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата, бидејќи расправијата меѓу Илон Маск и Доналд Трамп излезе на виделина. Поранешните политички сојузници разменуваа закани и навреди на социјалните медиуми во текот на попладнето, додека цената на акциите на Тесла паѓаше. Трамп на Truth Social навести дека можеби ќе ги прекине владините субвенции и договори од кои ...
Само десет минути по почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан за сè поострите критики на Илон Маск за неговиот нов законски пакет. „Тој не кажа ништо лошо за мене“, одговори Трамп. „Подобро да ме критикува мене отколку законот“. Но, размената брзо доби личен тон. Маск реагираше на изјавите на Трамп во реално време на неговата X платформа, а претседателот одговори преку Truth ...
Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов на Македонскиот народен театар (МНТ), вечерва во 20 часот во Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Официјалната фестивалска програма, под слоганот „Смеј се и осмели се!“ ќе почне од 6 и ќе трае до 16 јуни 2025 година. Во претставата игра извонредната актерска екипа што ги освои домашниот и ...
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. „Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во Муртино. Како Општина веднаш формиравме Комисија за проценка и ги повикуваме сите засегнати жители и земјоделци од понеделник да ги пријават штетите во општинската зграда. Но сега топката е кај Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно и гласно порачувам: не смеете да ги ...
Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски во гостување во вестите на телевизија „Алсат-М“, истакна дека за трагедија во Кочани, која е трагедија од најголеми размери која се случила во државата мора да има одговорност од сите инволвирани и од вистинските виновници. -За жал истрагата за Кочани ја одликува селективност, нетранспарентност и не преземање на одговорност од ниту еден актуелен носител на одредена функција, којашто бил одговорен и надлежен за ...
Силно невреме проследено со ветер и пороен дожд вчера го зафати струмичкото село Муртино, предизвикувајќи значителна материјална штета. Според првичните информации од терен, бурата собори повеќе дрвја, од кои едно целосно ја блокира локалната улица, правејќи ја непроодна за возила и пешаци. На фотографијата, може да се види огромно стебло откорнато од силниот ветер, кое лежи преку патот, а околината е преполна со гранки и остатоци. Жителите ...
Сликата што денес доаѓа од езерото „Младост“ во Велес е поразителна – наместо природна убавина и чиста вода, површината на езерото е прекриена со дебел слој алги, отпад и органски остатоци, претворајќи го некогаш популарното излетничко место во вистинско мочуриште. Пловниот објект, кој порано беше симбол на туристичката понуда, сега стои заглавен во густата површина, а декоративната куќичка за патки е речиси опкружена со мртва материја. Мирисот ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински не ја крие својата амбиција за евентуална кандидатура за градоначалник на Град Скопје. Како што вели, досега немал разговор на оваа тема со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски. „Не, немам разговарано. Чекаме да ги видиме анкетите, па потоа ќе биде одредено кој ќе биде кандидатот. Апсолутно би прифатил ваков предизвик и имам таква амбиција. Чим е искажано, значи ја посакувам. ...
Во последниве денови, на социјалните мрежи и во медиумите сè почесто се појавуваат мапи со зголемени концентрации на сулфур диоксид (SO₂) над регионот, како последица од неодамнешната ерупција на вулканот Етна во Италија. Податоците од Copernicus Atmosphere Monitoring Service покажуваат дека колонската количина на SO₂ над Македонија моментално изнесува околу 65 милиграми по квадратен метар (mg/m²). Што значи оваа вредност? Колонската количина ...
Oвeн – Дeнeшнaтa плaнeтapнa eнepгиja би мoжeлa дa дoвeдe дo ĸpaтĸopoчнa, нo згoлeмeнa тeнзиja. He дoзвoлyвajтe лoшoтo pacпoлoжeниe дa вe coвлaдa. Живoтoт вe пpинyдyвa дa бидeтe мнoгy пpaĸтични вo мoмeнтoв. Биĸ – Имaтe дoбpи и лoши вecти. Лoшaтa вecт e дeĸa мoжe дa нaидeтe нa нeĸoи дpyги пpeчĸи вo paбoтнaтa oблacт. Дoбpaтa вecт, ceпaĸ, e дeĸa плaнeтaтa Beнepa e пoвтopнo aĸтивнa вo вaшa ĸopиcт, пoдгoтвeнa дa ви дaдe гoлeми вoзбyдyвaњa вo oднoc нa ...
Овој прекрасен светител се роди во Антиохија, во 522 година, во времето на царот Јустин Постариот. Татко му загина во земјотрес, а тој остана сам со мајка му, Марта. Во шестата година од животот се оддалечи во пустина кај некој духовник Јован и под негово раководство се предаде на подвиг на пост и молитва, за голем восхит на сите што го видоа. Откако претрпе страшни демонски искушенија, од Господа и од Неговите Ангели прими голема утеха и ...
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Температурите ќе се движат од 28°C до 37°C Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ...
Иако летото штотуку започна, температурите веќе се во полн ек, а многу оброци се селат од дневната соба на терасата, балконот или дворот. Сепак, уживањето на отворено често доаѓа со несакани гости – муви, кои постојано слетуваат на храна. Покрај тоа што ја расипуваат атмосферата, мувите можат да пренесат разни инфекции, бидејќи доаѓаат во контакт со валкани површини како што се контејнери, канализација и други загадени места, а потоа летаат ...
Без разлика дали останувате будни цела ноќ или се борите со попладневен замор, енергетските пијалоци честопати изгледаат како брзо решение. Но, зад тој краткорочен наплив на енергија лежи моќна комбинација од кофеин, шеќер и други стимуланси кои можат сериозно да влијаат на вашиот крвен притисок и здравјето на срцето. Енергетските пијалоци го зголемуваат крвниот притисок „Кофеинот може привремено да го зголеми крвниот притисок со блокирање на ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали своите три клучни каматни стапки за 25 базични поени во четврток, во согласност со пазарните очекувања, објави Анадолу. Клучната депозитна стапка сега е два проценти, најниско ниво од јануари 2023 година. Каматните стапки за главните операции за рефинансирање и за маргиналното кредитирање исто така беа намалени, на 2,15 проценти и 2,40 проценти, соодветно. Ова е осмото намалување на стапката откако ЕЦБ ...
Издавачката куќа на раперот Еминем го тужи Мета за користење на стотици негови песни на неговите платформи Фејсбук, Инстаграм и Вотсап без негова дозвола и бара отштета од 109 милиони долари. Издавачката куќа на Еминем, „Ејт Мајл Стајл“, го обвини технолошкиот гигант за повреда на авторските права и бара 150.000 долари по песна, или повеќе од 109 милиони долари. Во тужба поднесена во Мичиген, „Ејт Мајл Стајл“ тврди дека Мета поставила 243 песни ...
Раздорот меѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Илон Маск стана официјален по серија навреди. За време на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Трамп изрази разочарување од Маск, велејќи дека не е сигурен дали нивната блиска врска ќе преживее. – Отсекогаш ми се допаѓал Илон… Но, видовте што кажа за мене. Не кажа ништо лошо директно за мене, но неговиот напад врз даночниот законик беше разочарувачки. Не знам дали ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е изненаден од острите критики на Илон Маск за големиот закон за даноци и буџет на неговата администрација, познат како „големиот, прекрасен закон“. На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа, Трамп рече дека „секогаш му се допаѓа Маск“, но дека „не знае дали сè уште се во добри односи“. „Многу сум разочаран затоа што Илон ги знаеше деталите за ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг разговараше по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп, во услови на затегнати билатерални односи околу трговските спорови. Разговорот се одржа на барање на Трамп, објави кинеската новинска агенција Синхуа. Трамп објави статус на својот профил на социјалните мрежи Truth Social во кој вели дека главната тема на разговорот била трговијата. „Разговорот заврши многу позитивно за двете земји“ „Тукушто ...
ЗА ВРЕМЕ НА нивниот прв официјален состанок во Овалната соба денес, германскиот канцелар Фридрих Мерц му подари на американскиот претседател Доналд Трамп врамена копија од изводот од матичната книга на родените на неговиот дедо, Фридрих Трамп, кој е роден во Германија. Подарокот, сместен во златна рамка, беше симболичен вовед во разговорите за клучни теми како што се одбранбената соработка, трговските односи и поддршката за Украина. Мерц ги ...
По повод Светскиот ден на животната средина, кој годинава е посветен на справувањето со загадувањето од пластика, Рудник САСА реализираше три значајни активности за унапредување на еколошката свест и поттикнување на заедничка акција. Во оваа прилика, Рудник САСА донираше автоматска повратна вендинг машина за рециклирање – прва од ваков тип во општина Македонска Каменица – која ќе им овозможи на граѓаните на едноставен начин да придонесат кон ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека во само неколку дена во мај извршил четири кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. На 6 мај со алат и физичка сила ја скршил вратата од кафе бар во еден трговски центар и одзел повеќе шишиња алкохолни пијалоци во вкупна вредност 25.664 денари. На 23 мај по полноќ исто така насилно влегол во билијард ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари проштална средба со Џери Дибл, претставничка на УСАИД во државава на која присуствуваше и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. Заблагодарувајќи ѝ се на Дибл за посветениот ангажман и придонесот во унапредувањето на односите и соработката меѓу двете пријателски земји, претседателката истакна дека различните американски програми и проекти за соработка, оставија видлив ...
Во сабота, 7 јуни, со почеток во 16:05 часот, во Кочани ќе се одржи деветтото издание на „Маршот за ангелите“, во чест на жртвите од трагичниот пожар во модуларната болница „Пулс“. Настанот е организиран од родителите и блиските на настраданите, како израз на почит кон починатите, но и како повик за поддршка и солидарност со повредените и нивните семејства. Маршот ќе започне од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе продолжат кон ...
Попладнево силно невреме го зафати Прилеп, проследено со пороен дожд, силен ветер и грмежи. Според првичните информации, на неколку локации во градот паднале дрвја. На фотографиите кои стигнаа до нашата редакција се гледаат паднати дрвја. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на паднатите дрвја и овозможување непречено движење на сообраќајот. Нема информации за повредени лица, но се повикуваат граѓаните да бидат внимателни и да ...
На 3 јуни 2025 година, во прекрасна атмосфера во “Трибека Парк” во Скопје, амбасадори од седум земји од регионот беа дел од уникатен настан што ја спои дипломатијата со уметноста и емоцијата. Под мотото „Љубов без граници”, музичкото дуо Александар и Дац, балканските амбасадори на љубовта и позитивната енергија, свечено им ги врачија Љубовните пасоши на дипломатите присутни на оваа вечер полна со музика, хумор и човечка топлина. Со почеток во ...
Добро е што сите институции и организации вклучени во менаџирањето на кризата по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани застанаа зад иницијативата хуманитарната помош да се акумулира на едно место и да се распределува според реалните потреби, истакна генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, на панел-дискусијата „Кочани е нашиот приоритет“. Саити информираше дека досега се исплатени вкупно 107,4 милиони денари ...