На денешната седница на Советот на општина Кочани, за в.д. градоначалник беше избран независниот советник Венко Крстевски, кој доби поддршка од деветмина советници, додека еден глас беше воздржан. Гласањето се спроведе во два круга, при што резултатот остана непроменет – Крстевски доби девет гласови „за“, додека неговиот противкандидат, советникот од ВМРО-ДПМНЕ Гоце Марковски, беше поддржан од осуммина. По завршувањето на изборот, советниците му ...

И оваа година, ОКТА АД – Скопје ја продолжува својата поддршка за младинците згрижени во младинската куќа на СОС Детско село, донирајќи 6.000 литри екстра лесно масло за греење, со што целосно ќе ги покрие потребите за затоплување на куќата во текот на грејната сезона. „Ова не е само уште една донација на нашата компанија, туку потврда за нашата долгорочна посветеност и поддршка на заедницата, особено на ранливите категории во неа, која во ...

Бугарските власти заплениле речиси 92 килограми хашиш во Видин, кај мостот Дунав на границата со Романија, во вредност од околу 615.000 евра, соопшти денеска бугарската национална царинска агенција (НЦА). Според НЦА, во четвртокот вечерта биле откриени 94 кесички со дрогата, скриени во кабината на возачот на полуприколка која превезувала концентрат од газирани пијалоци од Ирска во Турција. Агенцијата соопшти дека ова е најголемата поединечна ...

Наплатата на приходи остварени од Царинската управа во првото тримесечје годинава се поголеми за 13,6 милиони евра во однос на истиот период минатата година. До ОЈО и ОЈО ГОКК само од ноември до сега се поднесени 102 кривични пријави, или за повеќе од цел тригодишен период од 2020 до 2023 година кога биле поднесени вкупно 85 кривични пријави. Во првото тримесечје се остварени 143 случаи на заплени или за 77 проценти повеќе во однос на минатата ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е дел од високата делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски каде заедно со други владини претставници се во работна посета на Обединетите Арапски Емирати. Во рамки на посетата предвидени се низа економски средби со претставници на државни инвестициони фондови и бизнис комори. На својот фејсбук профил, вицепремиерот Николоски напиша: ...

Во текот на денов Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе изврши увид на Кардиохирургија во Скопје, по смртта на пациент за кој негови блиски кажале дека од Клиниката рекле дека во моментот немаат услови да го оперираат и дека немаат слободна сала за операција. Информацијата ја потврди министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција. Тој рече дека пациентот бил примен на оваа клиника и преземени биле сите ...

На 14.04.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци. На улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, тој со патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки, бил запрен од страна на полициските службеници, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта. Д.С. бил задржан во ...

На 13.04.2025 во 22.00 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија С.Б.(43) од истото село. Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде ...

Денеска Советот на општина Кочани ја одржува 62. седница на која единствена точка на дневен ред е избор на в.д. градоначалник по оставката на градоначалникот Љупчо Папазов, кој е еден од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во која животот го загубија 61 лице, а околу 200 се повредени. Кандидатура за в.д градоначалник на седницата поднесе советникот Венко Крстевски, избран од група избирачи, додека од ВМРО-ДПМНЕ беше предложен ...

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес – конференција изјави дека пратеничката група на Левица денес поднесе Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. – Од позиција на министер, Тошковски грубо ја занемари и несоодветно ја извршуваше својата јавна функција, постапувајќи нестручно, неодговорно и непрофесионално што се оделотвори во низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови промашувања во ...

Основното јавно обвинителство Кочани денеска достави предлог до Основниот суд во Кочани за определување мерки за претпазливост против последниот, 19-ти осомничен во проширената истрага за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“. Според неофицијални информации, станува збор за актуелниот амбасадор на Македонија во Норвешка, Дритон Кучи, кој во минатото ја извршуваше функцијата министер за економија. Обвинителството не го открива ...

Со силна емоција и солзи, советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе оставка од функцијата во Советот на Општина Кочани, обвинувајќи го општинското раководство дека е „болно по функции“ и дека приоритетите на граѓаните биле игнорирани. – Барам прошка и им се извинувам на сите граѓани кои ми го дадоа својот глас. Не успеав да реализирам многу од ветеното, бидејќи тоа не беше важно за градоначалникот и раководството – рече таа, додавајќи ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска информираше дека од вкупно 193 повредени во трагедијата во Кочани, 57 лица сè уште се на лекување во болници низ земјата и во странство. Од нив, двајца пациенти се во критична состојба. Во Скопје се хоспитализирани девет пациенти: двајца на Клиниката за пластична хирургија, четворица во болницата „Свети Наум Охридски“, еден во ГОБ „8 Септември“, додека останатите се згрижени во приватни ...

Од полноќ малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 71,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе се продваат по 64,00 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува ...

По интензивна потрага што започна синоќа, денеска заврши трагично потрагата по велешкиот планинар Стојче Пецевски, кој исчезна на ридот ГРООТ, во близина на Велес. Надлежните институции потврдија дека Пецевски е пронајден починат. Информацијата ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој изјави дека моментално нема детали за причините за смртта. -За жал лицето е пронајдено починато. Немаме информации за ...

Министерството за образование и наука известува дека направени се измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани ...

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода пет лица по член 297А од Кривичниот законик. М.П.(52) од Куманово бил лишен од слобода затоа што при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со брзина од 94 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. Кај Ј.Н. ...

Љупчо Палевски – Палчо на денешното рочиште ги опиша лицата со кои, според Обвинителството, соработувал во организацијата на киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. За четворица од обвинетите даде свои карактеристики, додека за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, рече дека првпат слушнал кога го видел неговото име во кривичната пријава. „Александар го запознав во обвинителниот акт. Никогаш претходно немав контакт со ...

Првообвинетиот за двојно убиство Љупчо Палевски Палчо го започна своето сведочење. За прв пат во судница и пред јавност зборува за Вања и Панче. Неговиот адвокат Јовица Страшевски е прв кој го испрашува Палевски. Страшевски: Да расчистиме една важна работа? Почнувајќи од првите прес конференции на МВР и ЈО, до ден денес се носи тој товар за тебе дека си монструм и убиец, би сакал да те прашав јавно дали се чувствуваш лично како што те прикажаа ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Во изминатиот викенд (12/13.04) продолжувајќи со засилениете сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во рамки на изречените санкции овој пат радарските контроли покажале дека дури 1132 возачи не ја почитувале пропишаната брзина ...

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за двојното убиство на Вања и Панче. Таткото Александар Ѓорчевски на прашање од судијата рече дека испратил две пораки на мобилниот телефон на Вања. Тоа го направил околу 13, 14 или 15 часот попладнето истиот ден кога е играбната Вања. „Се што ќе побарате се ќе направиме. И подоцна ми текна да додадам уште една порака и таа гласеше „Од родителите““, рече обвинетиот Александар Ѓорчевски. „Со надеж дека ...

На пратениците во Собранието на Србија им е доставен предлогот за избор на новата Влада на Србија, а меѓу предложените, како нови имиња, се споменуваат Дејан Вук Станковиќ за министер за образование, Ненад Вујиќ за министер за правда и Драган Гламочиќ за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, закажа седница на Собранието на Србија на која ќе се расправа за новата влада, за ...

За прв пат од своето основање Агенцијата за национална безбедност (АНБ) објавува јавен оглас за вработување, со што овозможува пристап за сите стручни, мотивирани и одговорни граѓани кои сакаат да станат дел од институција од врвно значење за државната безбедност. Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон поголема транспарентност, еднакви можности и модерни стандарди во управувањето со човечките ресурси. Преку отворен пристап, АНБ испраќа ...

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци (ТЕ-67 и ГВ-61). За време на контролата по член 297А – безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле лишени седум лица (ТЕ-5 и ГВ-2). На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, од ...

Седумнаесетгодишник од Висконсин, обвинет за убиство на своите родители, планирал атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, стои во судски документ на ФБИ. Минатиот месец, Никита Касап (17) од Ваукеша беше обвинет за убиство на својата мајка, 35-годишната Татјана Касап, и на својот очув, 51-годишниот Доналд Мајер, а исто така е обвинет дека живеел со нивните тела две недели. Истражителите сега тврдат дека младиот човек планирал и ...

Во интерес на обезбедување законитост, транспарентност и отчетност спрема граѓаните на Република Северна Македонија за трошењето на средствата обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за финансирање на активностите од редовното работење на политичките партии регистрирани во земјата, од Државниот завод за ревизија укажуваат на потребата од навремено исполнување на обврските за редовно годишно финансиско известување од страна на сите ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 680 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 65,65%, а 34,35% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 65,33%, кон Итната медицинска помош 25,94%, а кон пожарникарите 4,25%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 596 повици за итни случаи на 112 за во ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1.000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја. Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април. Граѓаните кои ги ...

Во СДС очигледно сонуваат навечер и кога ќе станат од досада решаваат да напишат соопштение, односно во истото да го раскажат сонот, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. „Тоа е потврда и денеска, или пишуваат за случајот Кочани како немало истрага, како се било фарса. Нема да им ги раскажуваме деталите, бидејќи надлежните институции на дневна основа информираат, секако за она што не може да влијае на истрагата. СДС сега можат само да ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
7.72
29%
1018
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
38%
1021
weather icon

Загреб

30ᴼ / 28ᴼ
2.57
37%
1022
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
4.63
34%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.56
34%
1017
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
43%
1022
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
5.14
34%
1015
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
7.2
35%
1016
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.63
29%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
47%
1019
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
33%
1022
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
8.75
47%
1017
Currency

61.525

Currency

53.2956

Currency

72.268

Currency

34.7121

Currency

39.0513

Currency

65.5666

Currency

7.38675

Currency

0.66427

Currency

0.37034

Currency

0.52507

Currency

1.34814

Currency

0.62007

Алуминиум

2.52

Кобалт

42.99

Никел

15025.00

Рутениум

21637.45

Калај

33.12

Сребро

1163.93

Злато

108920.23

Бакар

9.65

Паладиум

33886.89

Платина

40233.42

Родиум

177632.87

Цинк

2.63