Мултимилијардерот Илон Маск ја повлече објавата на Твитер (X) направена за време на расправијата со американскиот претседател Доналд Трамп во која тврдеше дека администрацијата на Трамп не ги објавила сите записи поврзани со сексуалниот престапник Џефри Епштајн затоа што во нив се споменува самиот американски претседател. „Време е да се фрли голема бомба: (Трамп) е во досиејата на Епштајн“, објави тој на социјалната мрежа на Маск X (поранешен ...

Српските играчи се соочија со исклучително напната атмосфера во Тирана за време на квалификацискиот натпревар против Албанија, а во еден момент ситуацијата ескалираше на теренот. Фудбалерот од средниот ред Саша Лукиќ не можеше да изведе корнер бидејќи пластични чаши и лименки летаа кон него од трибините. Инцидентот предизвика краток прекин на играта, а судијата беше принуден да реагира. Судијата ја прекина играта и го повика капитенот на ...

Фудбалската репрезентација на Србија игра против Албанија во Тирана за почетокот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Албанските навивачи го искинаа српското знаме пред натпреварот. Како што може да се види на снимката на социјалните мрежи, група албански навивачи го уништија српското знаме… 07.06.2025, Albania🇦🇱 fans before match with Serbia🇷🇸, World Cup qualifier, click for more here: https://t.co/LG4BeuuHmr ...

Квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Албанија и Србија е пред почеток. Фудбалската треска е на улиците на Тирана попладнево, а се очекува стадионот „Ер Албанија“ да биде преполн. Пред натпреварот, организаторите направија невообичаена грешка. Под сводовите на фудбалскиот комплекс, кој беше отворен во 2019 година, се изложени знамињата на земјата домаќин, Албанија, ФИФА, УЕФА и минијатурно знаме на гостинската екипа, Србија. ...

Иако претходното загревање на рерната може да изгледа очигледно или дури и непотребно, овој чекор често е она што го одделува просечниот оброк од оној што ќе го паметиме. Рерната треба прво да се загрее, сите го научивме тоа од нашите мајки, но дали е тоа случај и денес? Вклучувањето на рерната не значи дека е веднаш подготвена за печење. Иако се чини дека е доволно да се постави температурата и да се стави јадењето внатре, многу оброци ...

Квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Албанија и Србија е пред почеток. Фудбалска треска е во воздухот на улиците на Тирана попладнево, а се очекува стадионот „Ер Албанија“ да биде преполн. Всушност, целиот поширок дел од градот е „окупиран“ од попладнето, сообраќајот е блокиран, а „дупката“ се наоѓа пред стадионот „Ер Албанија“ каде што локалните навивачи чекаа и го пречекаа автобусот со српската фудбалска репрезентација. ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја информира јавноста дека денеска, на 6 јуни 2025 година, во 14:16 часот, на единствениот итен број е-112 била примена пријава за пожар на подрачјето на село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на локација викана Мало Миџунци. Според пријавата, огнот најпрво зафатил сува трева и нискостеблеста шума, но поради ветерот и сувите услови, бргу се проширил и навлегол во селото, каде што целосно изгорела една куќа. ...

Емоции, гнев и разочараност ги обоија денешните моменти на Маршот на ангелите во Кочани, каде што родителите на жртвите од трагедијата во дискотеката Пулс повторно побараа одговорност и вистинска поддршка од државниот врв. Таткото на Георги Георгиев, починатиот член на музичката група ДНК, испрати директна и потресна порака до претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, изразувајќи ...

Жената е уапсена и предадена на надлежниот Општински суд во Нови Загреб. Ноќта помеѓу 5 и 6 јуни, околу 00:40 часот, 30-годишна жена под дејство на алкохол предизвикала сериозен инцидент на железничката пруга во загрепската населба Одра. Според полицискиот извештај, таа возела автомобил со 1,02 промили алкохол во крвта и се движела југоисточно по Велика цеста. Недалеку од раскрсницата со улицата Вртно, во близина на железничката станица Одра, ...

Со зголемувањето на температурите и пристигнувањето на првите вистински сончеви денови, Струга започна да пулсира во својот препознатлив летен ритам. Улиците на градот се сè поживи, кафулињата покрај езерото се исполнети, а најголемиот симбол на летото – реката Дрим, веќе ги прими првите капачи. Најхрабрите, претежно млади, без двоумење влегоа во сè уште свежата вода на Дрим, искористувајќи ги сончевите зраци за освежување и релаксација. Сликите ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 7 јуни 2025 година регистрираа серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од соседна Република Грција. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј ...

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево во 14.46 часот по македонско време е регистриран во морскиот дел на Света Гора. Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри. Станува збор за најсилниот потрес регистриран во регионот од минатото лето, кога почна сеизмичка секвенца на ...

Четири лица загинаа во пожар што се чини дека е предизвикан од електричен скутер на батерии во 10-катна станбена зграда во францускиот град Ремс, соопштија властите во понеделник. Тринаесетгодишно момче почина откако скокна од стан на четвртиот кат каде што пожарот избувна во раните утрински часови, а внатре е пронајдено јагленисано тело за кое се верува дека е неговиот постар брат (15), изјави обвинителот на Ремс, Франсоа Шнајдер. 87-годишна ...

Повеќе од два месеци по трагедијата во дискотеката во Кочани – закрепнувањето на повредените се одвива според планот. На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, кај десетина пациенти била извршена трансплантација на кожа, а потоа и PRP третман за ублажување на лузните. Докторката Тодоровска Шапова вели дека закрепнувањето оди добро и оти за петтемина пациенти што сè уште се лекуваат во странство, по враќањето ќе биде обезбеден ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Прилеп порача дека Бугарија треба јасно да каже дека нема да поставува нови барања кон Македонија на непринципиелна основа. Тој повика Бугарија да покаже европско однесување, потенцирајќи дека благодарение на политиките на СДСМ, македонскиот јазик е официјално признаен во ЕУ, а Фронтекс-договорот е првиот документ потпишан на македонски јазик без услови и фусноти. „Бугарите треба да направат на вистина ...

Норвешки суд осуди лекар на 21 година затвор за силување и сексуално напаѓање на десетици жени. Поранешниот матичен лекар Арне Баје беше осуден по 70 точки на обвинение за силување и сексуален напад. Тој беше осуден и по 82 точки на обвинение за злоупотреба на службената должност, објавија норвешките медиуми, објави Би-Би-Си. Речиси сите злосторства се случиле за време на медицинските прегледи што Баје ги вршел врз своите пациенти додека работел ...

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, во емисијата „Трилинг“ упати силна критика за состојбите со дивоградбите во општина Чаир, повикувајќи на итно расчистување со урбаното беззаконие што, според неа, го уништило некогашниот зелен и отворен лик на Чаир. „Ова е шанса конечно да се расчисти со дивоградбите во Чаир. Чаир беше симбол на зеленило и пространост, а сега сè е уништено“, изјави ...

На 06.06.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.20 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од с.Семениште, општина Сарај, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од с.Семениште и била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што во 17.40 часот лекар констатирал смрт. Додека, со ...

На 06.06.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.20 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од с.Семениште, општина Сарај, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од с.Семениште и била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што во 17.40 часот лекар констатирал смрт. Додека, со ...

Американската авиокомпанија United Airlines ја прекина услугата за сателитски интернет преку Starlink на дел од својата регионална флота, откако пилотите пријавиле статички пречки при радио-комуникацијата за време на преносите. Услугата започна да се воведува во мај оваа година, со модел на бесплатен пристап со реклами, што ја направи United дел од ограничен број авиокомпании—меѓу кои се Hawaiian Airlines и луксузниот превозник JSX—кои го ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук по повод својот роденден. Груби си сподели роденденски честитки од негови блиски пријатели и роднини. Се работи за прва негова активност по исчезнувањето, а објавата не содржи никаква информација за тоа каде се наоѓа или кога ќе се врати. Груби на 15 декември 2024 година замина во, како што тогаш рече, ...

Од понеделник, 9 јуни, повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства ќе имаат на располагање нова директна телефонска линија 070 355 526, преку која ќе можат да ги изнесат своите барања, потреби и предлози. Линијата ја отвора Владата, а ќе биде управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата. „Ја воспоставуваме оваа линија како жив канал на комуникација, кој ќе биде достапен непрекинато и ќе овозможи персонализиран пристап до ...

Со оглед на најавените високи температури од 6 до 8 јуни и претстојните празници, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати серија препораки за граѓаните со цел заштита од можните здравствени последици предизвикани од топлотниот бран. Надлежните предупредуваат дека топлото време може сериозно да влијае врз здравјето, особено кај ранливите категории на населението. Опасностите од топлината Кога надворешната температура се доближува или ја надминува ...

Синоќа околу 20 часот во ОВР Неготино, А.М.(27) од село Пепелиште, неготинско, пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од М.Д.(27) од Пробиштип, М.Д.(30) и М.Д.(48), двајцата од село Пепелиште, при што бил удрен и со стаклен предмет. Според пријавеното, тој побегнал во домот на неговите родители, каде што дошле лицата и физички ги нападнале неговите родители и неговата баба, а ја оштетиле и влезната врата од куќата. Од СВР Велес ...

Кочани денеска ја одбележува најтажната Духовденска Задушница. Три месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ каде настрадаа 62 млади животи, градот се подготвува за денови на тишина, молитви и солзи. Во заедничката алеја на градските гробишта, каде што почиваат триесетина од трагично загинатите, роднините положуваат цвеќе, палат свеќи, се носи храна и се остават омилените предмети кои се неми сведоштва на прерано прекинати животи. Црквата „Св. ...

Заборавете на купените верзии – домашниот сладолед од ванила со шумски плодови е неспоредливо повкусен и без непотребни додатоци. Кремастата основа од павлака и жолчки совршено се вклопува со освежителниот овошен прелив направен од шумски плодови. Овој сладолед е идеален за секој што сака вистински домашен десерт без премногу компликации. Состојки: За сладоледот: За преливот од шумски плодови: Подготовка: Матете ги жолчките со шеќерот додека не ...

Иван Ивановски од организацијата Support Kocani изјави дека тие се единствените што се нафатија да собираат донаторски средства за жртвите и блиските настрадани во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според него, главната цел на организацијата е да се најде решение, а не да се бараат виновници. „Па немаше кој друг, и ние се нафативме. Јас не барам виновници, туку решение. Видовме дека тоа е решението и на тоа се концентрираме. ...

Фејсбук страницата „Грчка Инфо“ упати апел до граѓаните да внимаваат на големите дупки кои се наоѓаат меѓу граничните премини Богородица и Евзони. Како што велат, постојат уште од минатата година. „Се наоѓаат на потегот од Богородица кон Евзони. Овие оштетувања на коловозот секојдневно предизвикуваат штета на возилата, а се чини дека никој не планира да ги обележи, а уште помалку да ги санира. Уште еднаш ве повикуваме да бидете претпазливи – ...

Пред два дена, Илон Маск ги праша своите следбеници на X дали на САД им е потребна нова политичка партија. Причината за таквата објава беше, секако, жестоката расправија што избувна меѓу него и Доналд Трамп. „Дали е време да се основа нова политичка партија во САД што би претставувала 80 проценти од луѓето“, праша Маск пред два дена. Осумдесет проценти од луѓето одговорија со „да“, објави Index.hr. Синоќа, Маск посочи дека ова може да се случи. ...

Македонската православна црква и верниците денес ја слават Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Задушница секогаш се паѓаат во сабота. На овој празник се посетуваат гробиштата, каде што се палат свеќи на гробовите на најблиските. Задушница се слави четири пати годишно и секогаш во сабота. Обичајот на верниците е на многу места на тој празник да носат храна на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1021
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
82%
1021
weather icon

Загреб

20ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 15ᴼ
0.51
64%
1023
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.61
56%
1021
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
5.36
41%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
68%
1018
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
5.14
42%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
1.54
64%
1021
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
0.0
61%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
78%
1018
Currency

61.535

Currency

52.8334

Currency

70.9783

Currency

34.4801

Currency

38.4093

Currency

65.4574

Currency

7.35687

Currency

0.66043

Currency

0.35742

Currency

0.52596

Currency

1.29872

Currency

0.60369

Алуминиум

2.63

Иридиум

153762.85

Кобалт

42.99

Никел

14979.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.81

Сребро

1227.45

Злато

109210.67

Бакар

8.89

Паладиум

37005.51

Платина

43522.06

Родиум

225858.99

Цинк

2.81