Покрај пречекорување на дозволената брзина и возење под дејство на алкохол, заморот претставува една од клучните причини за сообраќајни несреќи во текот на летниот период. Особено ризична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија, и во двата правци, каде секоја година се бележат повеќе сообраќајки со сериозни последици. Оваа состојба се должи на тоа што станува збор за дел од европскиот транспортен коридор, по кој секојдневно се ...

Ве информираме дека до македонскиот конзулатот во Венеција е доставено известување за трагичен настан што се случил на 29 јуни, во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, покрај брегот на реката Пјаве, при што животот го загубило деветгодишно девојче, по потекло од Република Северна Македонија, велат од македонското МНР. „Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.И.(40) од општина Маврово и Ростуше, директор во ЈУ „Национален парк Маврово“, Г.А. (44) од с. Ниќифорово, раководител на Одделение за одржливо користење во ЈУ „Национален парк Маврово“ и А.Б. (54) од Гостивар, вработен во Министерството за шумарство и земјоделство, за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ на штета на ЈУ ...

Од денеска се пушта за сообраќај експресниот пат делница Фариш – Дреново, како дел од експресниот пат Градско – Фариш. Инвестицијата е вредна 44, 7 милиони евра и како што истакна вицепремиерот Николоски, ова била втората најтешка делница за работа, после автопатот Кичево-Охрид. Од денеска жителите на цела Пелагонија, Тиквешкиот регион и сите други граѓани ќе можат да возат по побезбеден, поквалитетен и побрз патен правец. Во продолжение ...

Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра- проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци, и за Прилеп, и за Битола, и за Ресен, и за сите општини од Пелагонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски. „Овие пари, како во минатото, по принципот како ...

Основното јавно обвинителство Струга поведе итна постапка и по обезбедување на доказите поднесе Обвинителен предлог против две полнолетни лица од селото Радолишта, кои се обвинети дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Соизвршител на истото дело бил и еден малолетник од истото село за кого ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата. На 21 јуни тројцата извршиле ...

На 29.06.2025 во 15.50 часот на патот Гостивар – Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(52) од с.Топлица, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека Б.Ш. управувал патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистерски ознаки со брзина од 157 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. Против ...

Повеќе од 20 години на власт, ДУИ со своите деструктивни политики не донесе развој, туку иселување. Не само што ги натера стотици илјади Албанци да емигрираат, туку со пописот на населението во 2021 година ги избриша и оние што останаа. Пописот се претвори во средство за намалување на реалноста на Албанците во државата, додека раководството на ДУИ, како и секогаш, одбра да молчи пред уште едно ново политичко злосторство, велат од ВЛЕН на ...

Пожар избувна на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид. Станува збор за брз мотерен чамец, на кој пламенот се појавил веднаш по стартување на моторот од страна на сопственикот. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот е целосно изгаснат. На помош на пожарникарите им се придружиле и припадници на Армијата. Засега нема пријавено повредени или поголема материјална штета. Се истражуваат ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,30 % во однос на одлуката од 27.06.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,671%, кај дизелот за ...

На 29.06.2025 во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш. Taa на ул. „Самоилова“ во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта. Т.К. е задржана во Полициската станица Радовиш, а по ...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, по повод една година работа на Владата, порача дека европските интеграции не се само декларативна цел, туку операционализирана политика која дава конкретни резултати. – По 12 месеци можеме да покажеме отчет, резултати и спроведени реформи. Европските интеграции не се збор на хартија, туку јасна политика што ја движи државата напред – истакна Муртезани на прес-конференција. Тој посочи дека во ...

На 29.06.2025 во 01.10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.В.(18) од с. Добрејци, струмичко. При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...

Од утре, 1 јули, стапува во сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, која ќе трае до 31 август, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Како што се наведува во соопштението, одлуката е донесена поради зголемен ризик од појава на шумски пожари, согласно насоките од Владата и барањата од ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови. „Согласно член 57 став 3 од Законот за шумите, воведуваме ...

СДС демонстрираше пример за коленичење, не само за отстапки за коалициски интереси туку и во однос на поткопување на правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. „СДС молчеше пред очигледни случаи на корупција, клиентелизам и злоупотреба на државните ресурси од страна на ДУИ. СДС знаејќи дека за нив е важно да ја зачуваат власта, без разлика на се, избра стратегија на молчење и попустливост, и буквално ги игнорираа сите криминали. ...

„Виетнам ерлајнс“ суспендираше четири пилоти откако „Боинг“ удрил во паркиран „Ербас“ на пистата, при што му бил оштетен стабилизаторот. Авион на „Виетнам ерлајнс“ се судрил со друг авион на истата компанија на аеродромот Нои Баи во Ханој. Снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога крилото го удира вертикалниот стабилизатор на „Ербас“ при судирот на пистата. Судирот се случил околу 14 часот во петокот, кога Боинг 787 кој ...

Повеќе од 150 дивоградби се пријавени во Чаир, со објавени докази за незаконска градба без дозволи, без основни стандарди за безбедност и со сомнителни приклучоци во мрежата на ЕВН, велат од СДСМ во соопштение. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не преземаат ништо, напротив ја штитат урбана мафија. Во исто време, во Македонска Каменица, МВР поднесува кривична пријава против граѓанин кој го ...

Албанскиот фестивал во Винтертур овој викенд, при сончево време, привлече околу 120.000 посетители. Според организаторите, оваа бројка е во рамките на очекуваното. Тие истакнаа дека на фестивалот генерално владеела мирна атмосфера. Сепак, во ноќта кон неделата, при тепачка беа повредени три лица. Инцидентот се случил околу 2 часот наутро пред еден фестивалски шатор на улицата Stadthausstrasse, информираше кантоналната полиција на Цирих во ...

Полуматурантите кои не успеаја да се запишат во средно образование на првото пријавување во јуни, денеска имаат нова шанса преку второто електронско пријавување за учебната 2025/2026 година. Потребната документација до избраните училишта ќе се доставува утре, додека конечната ранг-листа со запишани ученици ќе биде објавена в среда, на 2 јули, најдоцна до 12 часот. Според податоците на Министерството за образование и наука (МОН), за второто ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Во рамки на посетата, Кос ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски, а ќе учествува и на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан што се одржува во Скопје. Централна тема на состаноците ќе биде Планот за раст на Западен Балкан, кој треба да поттикне економска интеграција и побрзо приближување на регионот кон Европската Унија. За ...

Поради одржувањето на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан, денеска и утре во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќајот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје ќе спроведе засилени мерки за безбедност и ќе воведе ограничувања на движењето по дел од сообраќајниците во поширокото централно градско подрачје. „СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30 јуни (понеделник) и 1 јули (вторник) поради одржување на средба на ...

За некои тоа е незамисливо, а потоа се појавуваат вообичаените прашања „која е поентата на кафето тогаш?“ За други, тоа е единствениот начин да уживаат во вкусот на кафето без трема, несоница или забрзан пулс. Безкофеинското кафе (или безкофеинско кафе) долго време има репутација како „лажно“ кафе, но денес, со современите методи на преработка и подобар квалитет, сè повеќе луѓе ги препознаваат неговите придобивки. Без разлика дали сте ...

Канада ќе го укине данокот на дигитални услуги – начин на оданочување на онлајн компаниите – соопшти нејзината влада во неделата, во обид да ги рестартира трговските преговори со САД. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ги откажа трговските разговори меѓу двете земји, обвинувајќи го данокот за „директен и очигледен напад врз нашата земја“. Во соопштението од неделата навечер, канадската влада соопшти дека се повлекува од данокот за ...

Франција го забрани пушењето на автобуските станици, плажите, во парковите и околу училиштата, спортските објекти или библиотеките. Забраната, која стапува на сила денес, не се однесува на електронските цигари, а пушењето на терасите на кафулињата и рестораните останува дозволено, објавија агенцијата Франс-прес и ДПА. Оние што ќе ја прекршат забраната ќе бидат казнети со парична казна. Француската министерка за здравство, Катрин Вотрин, пред ...

Во интервју за „Фокс њуз“, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека пронашол купувач за апликацијата за кратки видеа „ТикТок“, кого го опиша како група „многу богати луѓе“ чии идентитети ќе ги открие за околу две недели, објави „Ројтерс“. Трамп рече дека договорот што го развива веројатно ќе треба да добие одобрение од Кина за да продолжи понатаму и предвиде дека кинескиот претседател Си Џинпинг веројатно ќе го одобри. Порано овој ...

Брзо пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи. Нуркачите од противпожарната бригада го пронашле телото на несреќното девојче околу 18:30 часот, заробено меѓу камења. Трагедија се случила вчера во Италија, откако некаде околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, се удавило 9-годишно девојче по потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”. – Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо ...

Космичката енергија активира нови можности Понеделник носи моќен астролошки бран кој ќе го трансформира начинот на кој го перцепираме светот околу нас. Планетарните позиции создаваат уникатен енергетски портал кој ја стимулира креативноста и интуицијата. Ова е идеално време да се отворите кон нови можности и да му верувате на вашиот внатрешен глас. Емоционалната интелигенција ќе биде вашата најмоќна алатка денес. Избегнувајте избрзани одлуки и ...

На 17 јуни (според стариот календар) Православната Црква ги спомнува светите маченици Мануил, Савел и Исмаил – три браќа по крв и вера од Персија, кои пострадале маченички за Христа во 362 година, за време на владеењето на римскиот император Јулијан Отстапник. Тие биле испратени како пратеници од персискиот цар до римскиот император. Бидејќи биле христијани, одбиле да учествуваат во идолските жртвоприноси, што биле обичај на римскиот двор. ...

Граѓаните низ државата денеска ги очекува уште еден екстремно жежок летен ден. Според најавите од метеоролозите, понеделникот ќе биде претежно сончев со дневни температури кои на места ќе достигнат и до 36 степени Целзиусови. Сончевото време ќе биде проследено со слаб до умерен северозападен ветер, но неговото влијание нема значително да ја намали топлината. Минималните утрински температури ќе се движат околу 18 степени, додека највисоките ...

Нови протести избувнаа низ цела Србија поради апсењето на осум студенти. Властите тврдат дека уапсените студенти планирале и подготвувале напади врз државни институции, блокади на патиштата, уривање на градилиштето Експо и други видови насилство со цел предизвикување хаос во земјата и насилно менување на уставниот поредок. Српските студенти реагираа на апсењата повикувајќи ги луѓето да се соберат пред Вишото јавно обвинителство во Белград. Во ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
68%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.13
80%
1020
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
1.03
65%
1021
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
82%
1022
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.83
62%
1021
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
91%
1022
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
6.71
52%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.63
41%
1018
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
60%
1021
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 11ᴼ
1.03
48%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
8.23
69%
1015
Currency

61.495

Currency

52.889

Currency

70.9109

Currency

34.3778

Currency

38.4598

Currency

65.4801

Currency

7.36206

Currency

0.66772

Currency

0.35887

Currency

0.52538

Currency

1.30185

Currency

0.60472

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.62

Иридиум

153726.40

Никел

14935.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.66

Сребро

1222.90

Злато

108621.42

Бакар

8.87

Паладиум

36876.91

Платина

43097.98

Родиум

225858.99

Цинк

2.78