
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Чешањето на кожата или пруритус, како што е познато во медицината, е една од најчестите, но и најнепријатните појави со кои се соочуваат луѓето, особено во сезоните кога температурите варираат и кожата станува почувствителна. Иако најчесто не се работи за сериозен проблем, упорното или хронично чешање може да биде сигнал за подлабоко нарушување на здравјето. „Чешањето може да биде предизвикано од низа фактори – од сува кожа, алергии, ...
Во време кога фармацијата нуди брзи решенија за секој здравствен проблем, сè повеќе луѓе се враќаат кон проверените рецепти од нашите баби – особено кога станува збор за сува кашлица. Оваа напорна и иритирачка состојба, која често се влошува ноќе, се третирала со природни состојки што се наоѓаат во секој дом. Еден од најпознатите „бабини лекови“ е млеко со мед и куркума. Топлото млеко ја смирува надразнетата слузница, додека медот делува како ...
Цистите – мали ткивни структури исполнети со течност – се чест проблем кај жените од сите возрасти. Иако во повеќето случаи се бенигни и исчезнуваат сами од себе, цистите можат да предизвикаат болки, хормонални нарушувања и нередовен циклус. Освен стандардните медицински терапии, сè поголем број жени се свртуваат кон природните лекови – особено билните чаеви. Билки што помагаат Природната медицина нуди неколку билки кои се користат со генерации ...
Гихтот, познат и како „болест на кралевите“, е форма на воспалителен артрит што најчесто ги напаѓа зглобовите – особено палецот на ногата, глуждовите и колената. Болеста е предизвикана од покачено ниво на мокрачна киселина во крвта, што доведува до формирање на кристали кои предизвикуваат болка, црвенило и оток. Иако се третира со медицински терапии, во народната медицина постојат добро познати „бабини лекови“ кои се користат со генерации за ...
Активниот јаглен, иако на прв поглед изгледа како обичен црн прав, е еден од најмоќните природни апсорбенти што се користи и во традиционалната и во современата медицина. Поради својата способност да врзува токсини, бактерии и гасови, се применува како дел од прва помош при труења, но и за детоксикација на организмот, проблеми со варење и надуеност. Како и кога се пие активен јаглен? Според фармацевтите, активниот јаглен се користи во следниве ...
Во свет полн со несигурности, сè повеќе луѓе бараат нешто што не се купува – љубов што е чиста, длабока и вистинска. Во една тивка, но моќна порака, духовноста ѝ дава глас на надежта, а молитвата за љубов станува симбол на човечка потреба за разбирање, прифаќање и нежност. „Подари ми срце што љуби без страв, очи што гледаат со разбирање, и душа што знае да прости,“ гласи дел од молитвата што сè почесто се споделува на социјалните мрежи, меѓу ...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Текстот содржи спојлери! Последната епизода од третата сезона на глобално популарната серија на Нетфликс „Игра со лигњи“ донесе неочекувано изненадување – кратка, но незаборавна камео улога од двократната добитничка на Оскар, Кејт Бланшет. Нејзиното изненадувачко појавување во последните минути од епизодата предизвика вистинска лавина од реакции кај фановите ширум светот. Бланшет се појавува во сцена сместена на улиците на Лос ...
Српските студенти повикуваат на континуирана граѓанска непослушност и блокада на клучните патишта во Белград и во други делови на Србија. За потсетување, студентите синоќа почнаа да блокираат патишта во знак на протест против апсењето на нивните колеги. Српските власти се сомневаат дека осум студенти подготвуваат кривични дела против уставниот поредок. „Ова сега се граѓански блокади и сè се прошири толку многу што е сигурно дека овие власти ќе ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека до македонскиот конзулатот во Венеција е доставено известување за трагичен настан што се случил на 29 јуни, во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, покрај брегот на реката Пјаве, при што животот го загубило деветгодишно девојче, по потекло од Република Северна Македонија. -Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на ...
За време на емитувањето на руската државна телевизија, еден руски војник призна, без прекин и без последици, среде извештај за војната во Украина, дека руските војници им ги сечат показалците на заробените украински снајперисти. Шокантната изјава беше емитувана на една од главните вести, а еден војник опиша како им ги сечат прстите на двете раце на Украинците со намера трајно да ги онеспособат за војна. Од почетокот на војната во Украина, има ...
Како што пишува „Вијести“ , покрената е постапката за вонредни ситуации предвидени за вакви случаи, авионот е изолиран на одреденото место, патниците се евакуирани и во тек е контрадивизиска инспекција на авионот. Станува збор за авион на „Ер Србија“ од типот АТР-72 (ЈУ-АЛИ) кој слета во Тиват околу 18:10 часот. Поради вонредната состојба, неколку летови до Тиват беа пренасочени кон блиските аеродроми – еден мал бизнис авион од Париз до ...
АСТРОНОМИТЕ во Австралија откриле необичен радио сигнал кон средината на јуни, објави CNN . На почетокот, истражувачите мислеле дека откриле нешто необично. „Бевме толку возбудени, што мислевме дека откривме непознат објект близу Земјата“, рече Кленси Џејмс, вонреден професор на Институтот за радиоастрономија Куртин на Универзитетот Куртин во Западна Австралија. Податоците што ги проучувале Џејмс и неговиот тим доаѓаат од радиотелескопот ASKAP – ...
Франција издаде рекорден број предупредувања за топлина, додека земјата, заедно со делови од јужна и источна Европа, продолжува да биде погодена од екстремно високи температури, пишува Би-Би-Си . Портокалово предупредување моментално е на сила во 84 од 96 француски департмани, второ највисоко во земјата. Француската министерка за климатски промени, Ањес Пание-Рунашер, ја опиша ситуацијата како „без преседан“. Многу земји ги ставија службите за ...
Летото ги донесе првите пожари. Гори жито, трева, ниска вегетација, магацини, мешана шума. Ама и никако да ни се сменат навиките, бројни меѓу нив се ѓубришта од дивите депонии, кои се закануваат на ближни куќи и објекти. Од ЦУК посочуваат дека во моментот низ земјава има два активни пожари од кој едниот во атарот на село Бешиште. Таму гори трева, борова и дабова шума и се шири по два крака од кој едниот кон соседна Грција. Загрижува, велат од ...
Семеен излет се претвори во трагедија во Италија откако деветгодишно девојче со потекло од Македонија се удавило во реката Пјаве во близина до Сан Џакомо ди Педероба во Тревизо. Девојчето се капело со своите браќа и сестри, кога родителите забележале дека ја нема откако ја однела струјата. За кратко време на местото пристигнале спасувачите, биле активирани и хеликоптер, дронови и нуркачи. По два часа неуспешна потрага, телото на девојчето било ...
Сите европски претставници велат, за отворање поглавја потребно е само да направиме уставни промени, но Бугарија сака уставни промени и протоколите меѓу кои и вториот во кој има билатерални барања и можат да станат нова пречка, вели министерот за европски прашања Муртезани. Ова е една од темите на разговорите и со еврокомесарката Кос. За исполнување на преговарачката рамка, за да се отвори првиот кластер поглавја темели, во последна фаза на ...
Американскиот долар го забележа својот најслаб почеток на годината од 1973 година, поради политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, растечката загриженост за јавниот долг, како и притисокот врз независноста на Федералните резерви (ФЕД), објавува „Фајненшл тајмс“. Според податоците, индексот на американскиот долар паднал за 10 проценти во првите шест месеци од 2025 година, што е најлошиот резултат од укинувањето на Бретон Вудс ...
Цените на нафтата се задржаа под 68 долари, поради пригушените стравувања од прекини во снабдувањето од Блискиот Исток и сигналите од водечките производители дека би можеле да пласираат повеќе барели на пазарот на крајот на летото. На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше речиси иста како и на крајот од тргувањето на крајот од минатата недела, на 67,64 долари. Немаше значителни промени на американскиот пазар, каде што барелот се ...
Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија, а лековите за третман на онколошки заболувања се достапни. Директорот на клиниката, проф. д-р Игор Стојковски, посочува дека лекот Paclitaxel е навреме нарачан, но поради краток застој во дистрибуцијата, се очекува овие денови да биде испорачан на клиниката. „За paclitaxel има замена од истата група лекови со идентична ефикасност – тоа е ...
Полициски службеници од Полициската станица Кутина завршија кривична истрага против 28-годишен српски државјанин за сторени повеќе кривични дела Неовластено користење на туѓ имот, Кражба, Тешка кражба и Оштетување на туѓ имот во подрачјата Кутина, Петриња, Новска, Гарешница и Загреб. Постои основано сомнение дека 28-годишен маж украл мопед во областа на Загреб во четврток, 26 јуни, во утринските часови, и се упатил кон Петриња, каде што ја ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, информира дека до Основното јавно обвинителство се испорачани нови 20 предмети поврзани со сомнителни легализации на згради во општина Чаир. Според Арсовска, станува збор за случај во кој одговорни лица, со години користеле фалсификувани документи и бројчиња за легализации, со цел да изградат небезбедни објекти и да заобиколат законски обврски. „Се започнува така што одредени лица – газда Вики и ...
Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското езеро, кај каналот „Студенчишта“, марка „Aquaviva 23“, сопственост на Н.С.(47) од Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина. Врз запалениот пловен објект, ...
Во мај оваа година, споредбено со мај минатата година, трговијата на мало бележи пораст во неколку клучни сектори. Во групата „Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“ прометот е зголемен за 5,1 проценти. Во секторот „Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ номинално е зголемување од 5,5 проценти, но реално бележи мал пад од 0,5 проценти. Кај трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално растот ...
На 29.06.2025 во 07.06 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосница „Компосара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а управувано од Б.С.(63) од с.Јакимово, виничко и мопед „томос“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(72) од нас.Оризари, кочанско. Во несреќата на местото ...
Од ЦУК известуваат за состојбата со пожарите на отворен простор до 13:00 часот. РЦУК – Скопје, известува дека пожарот на дивата депонија во Визбегово е изгаснат. Исто така БППЗ на Град Скопје имала и една интервенција поради запалена сува трева на ул.Малешевска во нас.Драчево (Општина Кисела Вода). Од 112 добиена е пријава за пожар на сува трева во близина на авто плац ЕНЗО на булевар Босна и Херцеговина. Известени се БППЗ на Град Скопје. Од 112 ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека Москва планира да ја намали потрошувачката за одбрана и оцени дека одлуката на НАТО да ја зголеми потрошувачката може на крајот да доведе до распад на Алијансата. Лидерите на НАТО во средата на самитот во Хаг ја поддржаа одлуката за зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП до 2035 година, што беше барање на американскиот претседател Доналд Трамп. Притоа порачаа дека ...
Движењето ЗНАМ-За Наша Македонија денеска одржа прес конференција на која ги сумираше резултатите од Вториот Конгрес што се одржа вчера, 29 јуни 2025 година. Портпаролот на Движењето, Никола Мемов, рече дека испраќаат силна порака дека се етаблираат и издигнуваат како стабилен, организиран и одговорен политички субјект, со визија што не се продава, со структура што не се урива, и со волја што не се покорува. „На Конгресот, повеќе од 420 делегати ...
Во својата прва година од постоењето, Министерството за спорт обезбеди директна финансиска поддршка за македонскиот спорт во износ од 20 милиони евра. Годишниот отчет за постигнатите резултати денеска го презентираше министерот Борко Ристовски. – Кога го формиравме Министерството, поставивме јасна цел – спортот да добие вистинско место во општеството. Само една година подоцна, можеме со гордост да кажеме дека успеавме значајно да ги подобриме ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на својот фејсбук профил во објава напиша „сами се справуваме со се, сами“. Арсовска вели вчера подметнати пожари на 2 локации во Визбегово, а директорот на ЦУК Мухамед Али место да помогне чекаше да ги локализираме, па отиде да се слика. „Од Владава ќе ве остават да изгорите или да се угушите и нема да мрднат со прст, а кога видоа дека се локализира пожарот од нашите екипи отидоа да се сликаат. ...
СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо кон интеграција и напредок, во геополитичка изолација и опасна економска зависност, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче истакна дека ваквите укажувања на СДСМ, ги потврди и Европската Унија во извештајот. „Покрај опасното задолжување со ...