
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



На платформата пристигна „The Åre Murders“, а големи се шансите ова да стане вашата нова омилена серија. Иако премиерно беше прикажана на 6 февруари, веќе се искачи на првото место на листата на најгледани наслови во Србија, пишува Index.hr. За што станува збор? Мини-серијата е базирана на популарните книги на шведската писателка Вивека Стен. Ја следи приказната на полицајката Хана Ахландер (Карла Сен), која доаѓа во викендичката на својата ...
На 13 февруари (четврток), во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, со почеток од 19 часот, ќе гостува полската книжевна ѕвезда Марќинув, по повод промоцијата на македонското издание на нејзиниот роман. Во издание на ТРИ, првиот роман на Марќинув – „Безматичник“ е преведен од полски на македонски јазик од проф. д-р Лидија Танушевска. Промоторка на настанот ќе биде книжевната проследувачка Наташа Атанасова, која во разговор со ...
Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг во Чаир поради претходно недоразбирање во сообраќајот Во врска со случајот, полицијата приведе неколку лица Едно лице загина, а две се повредени во престрелка што синоќа околу полноќ се случила во скопски Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг во Чаир поради претходно недоразбирање во сообраќајот. Според МВР, на Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа ...
Потребно е: 4 средни тиквички 200 гр мелено месо 1 главица лук 1 чешне лук 100 гр ориз 1 домат сол, бибер, масло 50 гр сирење Подготовка: Исечете ги тиквичките на половина по должина и издлабете ја средината. На масло пропржете ситно сечкан кромид и лук, додадете мелено месо и пржете до златно кафеава боја. Додадете ориз и сечканите домати, зачинете со сол и бибер. Наполнете ги тиквичките со смесата, ставете ги во тава за печење подмачкана со ...
Австралија донесе одлука која може да ја промени динамиката на глобалниот пазар на вештачка интелигенција. Поради се поголеми безбедносни загрижености, владата ја забрани употребата на DeepSeek на сите уреди во државната служба, наведувајќи го ризикот што го претставува кинескиот стартап со своите AI технологии. Оваа забрана, која стапува на сила веднаш, доаѓа откако Секретарот на Министерството за внатрешни работи издаде задолжително упатство ...
Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави. Со 40 индексни поени, што е за три под просекот од 43, Македонија ја дели 88 позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам. Највисоко рангирана и годинава останува Данска со 90 индексни поени, по што следат Финска со 88 и Сингапур со 84 поени. На последно ...
Астрономите пронашле неверојатно редок, целосно формиран “Ајнштајнов прстен” – феномен кој што Алберт Ајнштајн го предвидел пред повеќе од 100 години. Вселената ретко прикажува нешто толку блиску до совршенството како овој запрепастувачки прстен светлина. Сјајниот круг настанува кога светлината од далечна галаксија удира во друга галаксија, поблиску до Земјата, наречена NGC 6505. Гравитациската сила на NGC 6505 ја извитоперува светлината околу ...
Коментарите на американскиот претседател уследија откако палестинското милитантно движење Хамас најави дека ќе го одложи ослободувањето на заложниците на неодредено време, обвинувајќи го Израел за кршење на договорот за прекин на огнот Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа предупреди дека доколку сите Израелци кои се држат како заложници во Газа не бидат ослободени до сабота напладне, тој ќе предложи укинување на примирјето меѓу ...
ОВЕН Ве очекува многу пријатен ден со повеќе забава и позитивни емоции и речиси без проблеми. Уживајте во спокојството, но ако чувствувате потреба за создавање, не го потиснувајте поривот – контактот со уметноста ќе има енергично влијание врз вас. Подгответе се за шармантно изненадување од вашата сакана личност. БИК Денеска е подобро да побарате поддршка од семејството и пријателите наместо да се трудите да докажете дека можете самите да се ...
Нова алатката на вештачка интелигенција наменета за новинари под името Спиноза, беше претставена пред почетокот на Самитот за AI во Париз. Меѓународната невладина организација Репортери без граници со седиште во главниот град на Франција соопшти дека оваа алатка покажува дека е „можна одговорна употреба на AI во редакциите“, под услов новинарите да бидат вклучени во тој процес. RSF и француското здружение Алијанса за медиуми заедно започнаа ...
Првиот човек на МВР, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, не се согласува со тврдењата дека кривичната пријава на МВР за случајот „Државна лотарија“ била послабо сработена од онаа на Финансиската полиција за истиот случај „Јас не би шпекулирал кој за конкретна ситуација поднел подобра кривична пријава. Јас би бил презадоволен кога на крајот на денот криминалците ќе бидат таму каде што им е местото, а сите оние што се двоумат во иднина дали ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави разрешување на уште некој директор на јавна здравствена установа. – Ќе смениме најверојатно уште некој директор. Засега се сменети двајца директори, во „Козле“ и во Општа болница во Гостивар, одговори министерот на новинарско прашање, по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники. Министерството за здравство на 4 февруари информираше дека е сменета ...
Филмот ги воведува гледачите во креативниот процес на New Order, осветлувајќи ја нивната трансформација од длабочината и сериозноста на Joy Division до електронската еуфорија што го дефинираше нивниот звук во 80-тите и 90-тите. Со автентични снимки и фотографии од нивните почетоци, Decades ја оживува траумата и креативниот набој по смртта на Иан Кертис, при што се прикажуваат и некои од најраните моменти на бендот. Она што го прави овој филм ...
Првото издание на книгата од серијалот Хари Потер на авторката Џ. К. Роулинг беше продадено на аукција во Велика Британија за 18.000 фунти. Примерокот „Хари Потер и каменот на мудроста”, еден од првите 500 отпечатени 1997. година, беше продаден во саботата на аукција во британскиот град Пејџтон, во Девон. На задната страна на книгата има правописна грешка во зборот „Philosopher’s“, а на страната 53 магичниот стап се наведува двапати во списокот ...
Граѓаните своите предлози можат да ги поднесат преку пополнување прашалник по електронски пат, или со преземање документ во ПДФ-формат, кој може да се пополни рачно, а потоа да се достави преку пошта или лично во архивата на општината Општина Тетово денеска го објави повикот за прибирање предлози за преименување на улици што веќе имаат определено име и именување на новите улици. Јавниот повик е објавен на веб-страницата на општина Тетово, а ќе ...
Неуморно печатење нови, најнови и досега необјавени материјали на легендарните американски рокери продолжи со посебен ентузијазам пред јубилејната годишнина на групата Дорс (The Doors). Ова пролет, ќе се навршат точно 60 години откако двајца дипломирани филмски режисери од Универзитетот во Лос Анџелес (UCLA) се сретнале на плажа во калифорниската верзија на Венеција (Venice) и одлучиле да формираат рок бенд. Еден од нив бил Реј Манзарек (тогаш ...
Според првичните проценки, во една минута се случиле два земјотреси, но потоа е извршена корекција и е потврден еден земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер, со епицентар на 14 километри југозападно од Аркесини, меѓу островите Аморгос и Санторини, со фокусна длабочина од 17 километри Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала вечерва во 22 часот по локално време е почувствуван на грчкиот остров Санторини. Ова е ...
Претседателскиот претставник на САД за Украина, Кит Келог вети дека ќе одржи индивидуални разговори со сојузниците во НАТО пред да го финализира долгоочекуваниот план за ставање крај на војната. Посочи дека ќе побара мислење за обликот на каков било мировен договор и за тоа што владите можат да придонесат за процесот Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го паузира мировниот план за Украина со цел на Европа да и даде место ...
– Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека се хрибридни закани пораките по електронски пат што во петокот ги добија училиштата со предупредувања за поставени експлозивни направи, за кои се утврди дека се лажни дојави по проверките од полицијата. -Разликата од претходно е што веднаш, уште утрото, се слушнавме со министерката (за образование), организиравме со министерот за внатрешни работи една ад хок работна група ...
Меѓусебни обвинувања и препирки околу детската градинка „Пранвера“ меѓу Министерството за социјала и Општина Врапчиште. Кон крајот на јануари министерството ги одзеде ингеренциите на општината за именување директор на градинката, што локалната власт го нарече незаконско. Кавгата се разгоре денес откако Министерството преку соопштение упати низа обвинувања на адреса на општината. „По извршена инспекција во градинката во Врапчиште утврдено е дека ...
Во новата епизода на РеТрн ДУО ни гостуваат пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, но овој пат со специјална улога на нивниот син, малиот Кирил! По дома, мама и тато се оние кои најчесто читаат приказни, но сега – Кирил реши да ги изненади и да им прочита приказна тој на нив! Колку ова беше успешно и дали Сара и Димитар издржаа до крај – ќе откриеме заедно! Како како овој пар се запознал, што е она што најмногу го сакаат еден кај ...
Незгодата се случила во 17:33 часот меѓу возилата „форд“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на Министерството за внатрешни работи (МВР) и „опел“ со струшки регистарски таблички, сопственост на М.А. (52) од Струга Во сообраќајна несреќа што вечерва се случи на магистралниот пат Охрид – Струга, поточно кај крстосницата за струшкото село Мислешево се повредени четири лица, од кои тројца се полициски службеници, информираат од СВР ...
Аријана Гранде привлече внимание на 30. Critics Choice Awards со необично модно издание кое ги подели мислењата. Пејачката се појави во фустан инспириран од мрежести материјали и природни елементи, со реси кои создадоа силуета речиси како самовила. Додека некои ја пофалија нејзината храброст и оригиналност, други беа збунети од необичниот крој и естетика на фустанот, кој наликуваше на костим од бајка. Нејзината исклучително витка линија ...
Сакате да придонесете кон зачувување на животната средина и да оставите позитивен печат во вашата локална заедница? На вистинско место сте! dm дрогерие маркт распишува конкурс за пријавување на иновативни, зелени и одржливи проекти, чија реализација ќе биде поддржана од компанијата! Конкурсот ќе трае од 10 февруари до 21 март, а на него можат да се пријават сите здруженија, институции, единици на локална и регионална самоуправа како и ...
Оваа, 2025 година носи спектакуларни астрономски настани што ќе ги воодушеват љубителите на Вселената и ноќното небо – затемнувања, поклопувања на вселенските тела, метеорски дождови… Како и специјалниот небесен „Месечев смешко“. Така, еден од најубавите астрономски феномени годинава се очекува на 25 април. Во раните утрински часови дента, имено, тенката полумесечина во залез ќе се усогласи со Венера и Сатурн – во облик на насмеано лице. Оваа ...
На чело со човекот со ангелски глас, Nicolas Reyes, кој ги има отпеано сите најголеми хитови како ,,Bamboleo”, ,,Volare” и ,,Djoba Djoba”, Gipsy Kings ќе гостуваат во Скопје со 90 минутно шоу во кое, со своите најголеми хитови, ќе ни ја претстават поубавата страна на светот и животот. А ние, барем на тие 90 минути, со сигурност ќе ја почувствуваме. Gipsy Kings важат за кралеви на румбата и фламенкото во музичкиот бизнис, длабоко втемелени и ...
Веќе три месеци четириесетина бубрежно болни што трипати неделно седат на машините за прочистување на крвта велат дека за да дојдат до болницата се снаоѓаат како знаат и умеат Пациенти што одат на дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје се оставени без организиран такси-превоз, а не им е исплатен ниту паричниот надоместок што треба да го добиваат за оваа намена, реагираат од Здружението за бубрежно болни „Нефрон“. Веќе три ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја исмејуваше пејачката Тејлор Свифт, која ја поддржа неговата противкандидатка Камала Харис на претседателските избори во ноември, откако глобалната мегаѕвезда беше исвиркана на Супербоулот во неделата. Филаделфија Иглс по вторпат во клупската историја го освоија шампионатот во НФЛ лигата во американски фудбла (рагби), победувајќи го бранителот на титулата Канзас Сити Чифс со 40-22 во Супербоул ЛИКС во ...
„Мадам Батерфлај“ е една од најемотивните и најпознатите опери во светската оперска литература. Во неа Пучини вешто ги спојува елементите на западната и на источната култура, создавајќи неверојатно силни и драматични музички моменти кои допираат до срцето на секој слушател. „Ако не сум трогнат, ако либретото не ми го допре срцето…тогаш тоа не е за мене”, велел Пучини. Тој точно знаел што бара во едно оперско либрето, а фактот што приказната за ...
Загадувањето на воздухот, т.e. дури и кратко изложување на загаденост, го намалува вниманието и лошо влијае на способноста за расудување. Имено, како што пишува „Гардијан“ (The Guardian), способноста на човекот да се сосредоточи на секојдневните задачи е повлијаено и од најкуса изложеност на загаден воздух, покажа истражувањето спроведено во Велика Британија. Истражувањето, објавено во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications), ...