Светската премиера на „Зазорува“ – музичка и вокална изведба на поезија од Ацо Шопов, со композиции на Мајкл Спироф се одржа вчера во Торонто. Жителите на Торонто и денеска ќе имаат можност да уживаат во истата музика и во истата поезија, која канадски солисти ја изведуваат на македонски јазик. Како што информира Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, „Зазорува“ е циклус од четири песни од Ацо Шопов: „Квечерина“, „Ако ти недостасува светлина“, ...

Потребно е: 1 литар млеко 150 гр ориз 100 гр шеќер 1 кесичка ванилин шеќер прстофат сол кора од лимон цимет Подготовка: Измијте го оризот. Во тенџере загрејте го млекото и кога ќе почне да врие додадете го оризот и малку сол. Потоа варете на тивок оган 30 до 40 минути, повремено мешајќи додека оризот не омекне. Потоа додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер и кората од лимон и мешајте додека не се раствори. Тргнете го од оган, префрлете ја чорбата ...

„Cuban Fire“ е насловот на концертот кој е закажан за 20 февруари во Филхармонија, со почеток од 20 часот, именуван по истоимениот албум на исклучителниот американски џез-бенд лидер, пијанист, композитор и аранжер, Стен Кентон. Репертоарот вбројува дел од најзначајните композиции на Кентон, вклучувајќи го и албумот Cuban Fire, вистинско биг-бенд ремек-дело кое критиката го опишува како „возбудлива и кинематографска фузија на кубанската и ...

Во оваа смисла, американскиот потпретседател додаде дека САД се грижат за независноста и сувереноста на Украина Соединетите Американски Држави (САД) би можеле да ја санкционираат Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на мировен договор со Украина, кој гарантира долгорочна независност на Киев, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во интервју за „Волстрит џурнал“. „Постојат економски алатки за влијание, а има ...

OpenAI го шири своето глобално присуство отворајќи ја првата канцеларија во Минхен. Компанијата има за цел да ја засили соработката со локалните универзитети и да го искористи брзо растечкиот пазар на вештачка интелигенција во Германија. Во храбриот потег за засилување на своето глобално присуство, OpenAI, познатиот американски стартап зад ChatGPT, ги откри плановите да отвори своја прва канцеларија во Германија, а новото седиште ќе биде ...

Овен Ова е добар ден да се грижите за вашите емоции и конечно да донесете одлука за вас. Најдобро е да не се грижите за туѓите мислења. Болка во грбот. Бик Во текот на денот ќе бидете преоптоварени со вести кои треба да пристигнат од странство. Најдобро е да се подготвите за секоја варијанта во врска со информации од странство. Сето тоа е дел од работата. Близнаци Марс во Близнаци сè уште ви создава тензија, но научивте да се справувате со тоа ...

Според календарот на МПЦ денеска се слави Свети маченик Трифун. Се родил околу 225-та година во селото Комсада, во римската малоазиска провинција Фригија. Родителите му биле христијани, а така и го воспитале, така што уште од мал имал голема љубов кон Бога. Кога во 249-та година на римскиот престол дошол Декиј Трајан, за христијаните почнал еден од најлутите прогони во последните три века. Славата за доблесниот живот и чудата што ги правел свети ...

„Не сум сигурен точно кој од која земја ќе биде на Минхенската конференција, но ќе има луѓе на високо ниво од Русија, Украина и САД“, рече американскиот претседател Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека претставници на САД и Русија денеска ќе се сретнат во Минхен, на првиот ден од Минхенската безбедносна конференција. Поканета, како што рече, е и Украина. „Ќе имаат состанок во Минхен во петок. И Украина, инаку, исто така е ...

Google најави револуционарно решение кое ќе има клучна улога во заштитата на малолетниците во дигиталниот свет. Овој технолошки гигант претстави напреден систем на вештачка интелигенција кој ќе може да детектира дали корисникот е помлад од 18 години, правејќи значителен исчекор во борбата за безбедност и заштита на децата на интернет платформите. Извршниот директор на YouTube, Nil Mohan, откри дека новата технологија ќе користи напредни ...

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, попознат како Берлинале, по 75-ти пат беше отворен во четвртокот вечерта со доделување на почесната Златна мечка на шкотската актерка Тилда Свинтон. „Мислам дека има многу малку луѓе во филмскиот свет кои повеќе се поврзуваат со Берлин отколку Тилда Свинтон“, рече режисерот Едвард Бергер на свеченото отворање. По доделувањето на наградата за животно дело „Златна мечка“, вон конкуренција беше прикажан ...

Таа го повика Гугл да го преразгледа декретот на Белата куќа, тврдејќи дека тој е „валиден само таму каде што (САД) има суверенитет, или до 22 наутички милји од брегот“. Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум во четвртокот го повика Гугл да го разгледа своето решение за преименување на Мексичкиот залив во „Амерички залив“ за корисниците во САД, додавајќи дека земјата може да поднесе граѓанска тужба против компанијата ако тоа биде ...

Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возач со автомобил забрзал, а потоа удрил во демонстранти во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“. Како што јави ФАЗ, полицијата потврдила дека се работи за намерен напад Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека возачот, барател на азил од Авганистан, кој со својот автомобил влета во група луѓе во Минхен „не може да се надева на милост“ и мора да ја напушти ...

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, сепак, додаде дека ќе има посебен руско-американски сегмент во преговорите Украина ќе биде вклучена во преговорите за окончување на војната – соопшти Кремљ по реакциите на украинскиот претседател, но и на шефовите на дипломатиите на дел од земјите на ЕУ, дека меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе има „непосредни преговори“ за војната во Украина. „На еден или друг начин, се ...

„Промените во светот покажуваат дека за да спречите идна војна мора да се подготвувате за таа војна. И, инвестициите коишто се прават сега со зголемени буџети за одбрана, со зголемување на производството на воена опрема, мислам дека се јасно во таа насока“, вели заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во интервју за „360 степени“ дадено на маргините на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата во ...

Апликацијата Rakuten Viber од вчера постепено воведува нова функција за запознавање внатре во апликацијата која ќе им овозможи на корисниците да запознаат нови луѓе. Функцијата Viber dating, која се воведува во чест на претстојниот празник на љубовта, претставува пионерски потег меѓу апликациите за размена на пораки, бидејќи им овозможува на корисниците иновативно и интуитивно решение за запознавање и поврзување во безбедно опкружување, соопшти ...

Психолошкиот трилер „Пред да заспијам“ (Before I Go to Sleep), со Никол Кидман во главната улога, како новитет на „Нетфликс“, ги освојува гледачите со својот пресврт… Овој напнат трилер, со Колин Фирт, Марк Стронг и Ен-Мари Даф, покрај Кидман, е режиран од Рован Џоф. Приказната, по сценарио на Џоф, ја следи Кристин – жена која секое утро се буди без сеќавање. Таа е жртва на брутален напад, но не знае кој ја нападнал – а мора да ја открие ...

Во чест и спомен на шеснаесетте настрадани во автобуската несреќа, која се случи на денешен датум во 2019-та година, попладнево во Гостивар се одржа Комеморативен собир организиран од општината. Најблиските семејства, роднини, пријатели, претставници на локалната самоуправа се собраа во малиот градски парк кај симболично засадените 16 дрвца, да им оддадат почит на непроболените, жртви во трагедијата. Беа запалени свеќи и кандилца, а на спомен ...

На коментарите на Трамп засега нема реакција од Канада, која оваа година претседава со Г7 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Русија да се врати во Групата седум (Г7), оценувајќи го за погрешно протерувањето на Москва од Групацијата. „Би сакал да се врати. Мислам дека нивното протерување беше грешка. Видете, ова не е прашање дали ја сакаме или не ја сакаме Русија. Тоа беше Г8. Мислам дека и Путин би бил среќен да се ...

Во денешното дигитално време, заштитата на приватноста значи умепноста во разбирањето, како компании како Мета ги собираат вашите податоци и како да го ограничите нивниот пристап. Иако собирањето податоци на Мета често се поврзува со Фејсбук и Инстаграм, опсегот е многу поширок. За среќа, постојат чекори што можете да ги преземете за да се заштитите од нивниот постојан надзор – барем додека не се воведат посилни регулативи. Неодамнешните ...

Во интервју за ТВ 24, првиот вицепремиер и министер за животна средина вели дека никој не може да го оспори фактот што и државниот грб и националната химна потекнуваат од, како што рече, комунистичко време и не ја одразуваат реалноста онака како што треба Немаме договор, но разговараме за сите отворени прашања, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити прашан дали постои договор со ВМРО-ДПМНЕ за промена на државниот грб. ...

Токму тоа го прави група инфлуенсери со една провокативна иницијатива против говорот на омраза Најгрдите, најбезобразните и најтоксичните коментари од нивните профили, сега се испечатени на тоалетна хартија. Одлично место за тоа, нели!? Веќе неколку денови, тие активно споделуваат видеа на социјалните мрежи и буквално ја праќаат омразата таму каде што ѝ е местото – во корпа за отпадоци. Пораката е едноставна, но ефективна: Вистинското место ...

Македонскиот народен театар и Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје, денеска, потпишаа Меморандум за соработка со кој на студентите од Универзитетот ќе им се овозможи учество во тековните проекти на МНТ, како дел од нивната практична работа, соопштија од МНТ. Како што се наведува во соопштението, Меморандум за соработка е потпишан во согласност со изразената желба на двете институции за развивување партнерски односи, како и ...

Иако мозочната магла не е клиничка дијагноза, таа е чест симптом на анксиозните нарушувања. Разбирањето на нејзините физиолошки и психолошки корени може да помогне во намалување на стравовите и во развивање стратегии за управување. Што е мозочна магла? Мозочната магла е состојба на ментална конфузија која може да се манифестира преку: Тешкотии со концентрацијата и фокусот Заборавеност, како на пример каде сте ги оставиле клучевите Чувство на ...

„Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем ќе се рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија“, изјави денеска градоначалникот на Тетово, откако во власта повторно го актуализира прашањето за промена на државниот грб Градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса кое е дел од коалицијата „Вреди“, Билал Касами, денеска изјави дека ...

Зајакнување на вештините на учениците, поголема едукација и имплементација на нови методи и техники во изучувањето на СТЕМ науките – математика, технологија, инженерство и техника, е главна цел на „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“, кој денес беше отворен во просториите на Титан УСЈЕ. Се работи за целосно опремен центар со компјутери и најнови машини за 3Д печатење, кои ќе можат да ги користат учениците од основите училишта. ...

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (13 февруари 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1 Во ова издание донесуваме: – Незадоволството од цените на прехранбените производи дома беше причина да провериме како е во непосредното соседство – исти продукти купивме во Грција, Бугарија, Србија, Косово и Македонија и ги споредивме цените; – По телефонскиот разговор Трамп – Путин за ставање крај на војната во Украина прашање ...

Нова студија на Универзитетот во Калифорнија покажа дека говорот на омраза се зголемил за 50 отсто во месеците откако милијардерот Илон Маск го купил X, поранешен Твитер. Студијата којашто вчера беше објавена во списанието Јавна библиотека на науката, користеше вештачка интелигенција за да собере случајни објави на X кои содржеа термини или фрази кои се поврзани со англискиот говор на омраза. Студијата го опфаќа периодот од купувањето на X ...

Денешниот свет е во постојан контакт со технологијата – од утринското проверување на известувањата до ноќното скролање пред спиење. Секојдневно сме преплавени со пораки, известувања, електронски пошти и социјални мрежи, што создава зависност од дигиталниот свет. Додека технологијата ни го олеснува животот, таа истовремено предизвикува замор, стрес и намалено внимание. Но, што ако ви кажеме дека решението не е толку комплицирано? Дигиталниот ...

Поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмидт, предупреди на „екстремен ризик“ од терористи кои користат вештачка интелигенција (AI) и ги повика владите на поголем надзор врз приватните технолошки компании. „Мојот вистински страв не е она што го споменува мнозинството кога зборуваат за вештачката интелигенција – јас зборувам за екстремен ризик“, изјави Шмидт за BBC, споменувајќи ја Северна Кореја, Иран или Русија како земји кои би можеле ...

Од денес до недела, Гевгелија ќе биде домаќин на завршниот турнир од кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“, каде осумте најдобри екипи по првиот дел од сезоната ќе се борат за престижниот трофеј. Натпреварите започнуваат денес со четвртфиналните дуели: ТФТ – Гостивар (13:00), Пелистер – Чаир 2030 (15:30), Куманово – Кожув (18:00) и дербито меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички (20:30). На прес-конференцијата одржана вчера, сите екипи ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
86%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
76%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
8.5
80%
1013
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
57%
1010
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
87%
1014
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
90%
1010
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.89
74%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1011
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58