Бидејќи 14 март е неработен ден (сабота), од Синдикатот порачуваат дека никој нема изговор за отсуство. За работниците од внатрешноста ќе биде организиран бесплатен превоз, за што деталите ќе бидат објавени во наредните денови Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави голем работнички протест кој ќе се одржи на 14 март со почеток во 12:05 часот. Протестниот марш ќе започне пред Работничкиот дом, а ќе продолжи кон Собранието, ...

Годишното одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, како што се наведува во заедничката изјава на телата на Обединетите нации, се случува во сенка на трагичниот настан населбата Карпош, кој, како што се додава, е болен потсетник дека родово базираното и семејното насилство и понатаму остануваат една од најраспространетите и најразорни форми на насилство што ги погодуваат жените и децата Доказите покажуваат дека 45 отсто од жените ...

„Медицинската документација, како упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации, како привремено решение при прекин на работата на системот“, вели министерот за здравство Дополнително, по првпат се регулира интеграцијата на телемедицината и мобилното здравство (mHealth) во националниот здравствен систем, при што телемедицинските услуги добиваат еднаква ...

Демократската унија за интеграција бара одговори од Владата дали планира да ја отстрани делницата Требеништа – Струга – Ќафасан од Коридорот 8 и зошто заменик-министерката Калтина Зеколи и градоначалникот на Струга не кажале ниту еден збор за ова прашање кое министерот за транспорт јавно го најавил Како алармантна и неприфатлива ја оценува Демократската унија за интеграција (ДУИ) изјавата на министерот за транспорт Александар Николоски оти е ...

„Уште колку жртви, што уште треба трагично да заврши за Панче Тошковски да си поднесе оставка?“, праша Борозан Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и денеска побараа оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за, како што велат, несоодветна и ненавремена реакција за заштита на жртвите од семејно, физичко и психичко насилство. Маја Борозан од Форумот на жени на СДСМ денеска на прес-конференција говореше за неколку ...

Прашан дали интервенција на полицијата во Кисела Вода е поради случајот со жената и детето во Карпош, бидејќи првиот настан бил во неделата, а полицијата реагирала вчера откако тој повторно посегнал по оружјето, Тошковски наведе неколку причини што можеби влијаат на засилени интервенции по настани поврзани со ваков вид насилство На прашањето колку пријави за семејно насилство имала поднесено жената која со својата ќерка почина по пад од ...

Украина и меѓународната заедница бараат одговори за илјадници деца на кои им се губи трагата по почетокот на руската инвазија. Постојат бројни сведоштва и документирани случаи во кои руските сили плански и систематски одземале деца и ги пренеле во Русија каде што тие се „превоспитуваат“ дека не се Украинци. „360 степени“ беше во Украина и трагаше по одговори Она што Владимир Путин не го спомена во обраќањето пред повеќе од 4 години кога ја ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека операцијата е спроведена утрово во централниот дел од градот и дека бункерот се наоѓал под комплексот на иранското државно раководство Околу 50 израелски борбени авиони погодија подземен бункер изграден за врховниот лидер на Иран во центарот на Техеран, соопшти израелската војска. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека операцијата е спроведена утрово во централниот дел од градот и ...

Според министерот, процесот ќе се случува во 2026 година, но динамиката ќе зависи од ЕК До Европската комисија (ЕК) се испратени измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации кои целосно се усогласени со барањата на Европската Унија во делот на безбедност, на фер користење на роамингот, на цени, но и на утврдување на прекуграничните цени. По добивање на коментарите од ЕК, утврдениот текст ќе биде испратен до Собранието и ...

Агенти на ФБИ ја интервјуирале жената четири пати во 2019 година. Иако Министерството за правда претходно потврди дека разговорите се случиле, објави само резиме од еден состанок, на кој жената го обвини Епстин дека ја злоставувал како тинејџерка. Новооткриените документи, објавени на веб-страницата на министерството, покажуваат дека таа, исто така, тврдела дека Трамп се обидел да ја принуди да изврши орален секс врз неа во 1980-тите, кога ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани деновиве соопшти дека при инспекцискиот надзор било утврдено дека стучните работници не оствариле непосреден контакт со жртвата, и покрај тоа што претходно имало закажано средба Јавното обвинителство отвори предмет по допрен глас и ќе приверува дали има елементи на кривично дело во неправилностите што биле констатирани во Центарот за социјални работи во врска со жената која ...

Мандатот на претседателката на Косово, Вјоса Османи, завршува на 4 април 2026 година. Според Уставот, ако парламентот не успее да избере претседател 30 дена пред истекот на мандатот, земјата оди на нови избори Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска потпиша указ за распуштање на Собранието, со што најави распишување нови вонредни избори. Според неа, пратениците одлучиле да ја однесат земјата на избори откако не успеале да изберат нов ...

Според Левица, жалбата на Апасиев е во прва фаза пред Европскиот суд за човекови каде што ѝ е доделен судски број и баркод Политичката партија Левица денеска соопшти дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур ја прифатил апликацијата на нејзиниот лидер Димитар Апасиев поднесена против државата, а која се однесува на одлука донесена од Собранието додека негов претседател беше Талат Џафери. Како што потсетуваат и од партијата, ...

На вечерата во Брисел во средата меѓу амбасадорите на ЕУ и шефот на кабинетот на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, Бјорн Зајберт, тие разговараа за проширувањето. Сепак, предлогот на Комисијата за забрзување на членството за земјите кандидатки преку процес наречен „обратно проширување“ – доделување членство во ЕУ со ограничени привилегии и право на глас – беше насилно отфрлен, според тројца дипломати на ЕУ Кога станува збор ...

По целосно документирање на случајот, од полицијата велат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода 55-годишниот Б.С. од Скопје, под сомнение за семејно насилство и употреба на огнено оружје кон неговата 48-годишна сопруга и трите ќерки кои биле на возраст од 18, 24 и 26 години. Според информациите од МВР, првиот настан бил на 1 март, кога по расправија во домот во ...

Мерката, како што соопшти американскиот секретар за финансии Скот Бесент, ќе трае 30 дена, а е донесена за да се овозможи протокот на нафта на глобалниот пазар поради ситуацијата со Иран Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) издаде документ со кој ѝ дозволува на Индија да купува руска нафта која во моментов заглавена на море, пренесоа светските медиуми. Мерката, како што соопшти американскиот секретар за финансии ...

„Луѓето не може да преживеат, реални потреби имаат, не може крај со крај да врзат. А што им вика премиерот јадете помалку или не одете на одмор, тоа ли е одговорна власт, тоа ли е тоа што луѓето сакаат да го видат“, вели лидерот на СДСМ Минималната плата од 600 евра е реална потреба и е неопходно за да се подобри животниот стандард на граѓаните, вели лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче. Според него, ...

„Капацитетите ни се огромни и продолжуваат да растат, како и капацитетите на нашите израелски партнери. Залихите на муниција се целосно пополнети“, вели американскиот министер за одбрана Соединетите Американски Држави (САД) немаат недостаток од муниција за да ја спроведат својата кампања против Иран, а воената операција напредува решително. Ова го соопшти американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во обраќање до медиумите од седиштето на ...

Од ИДФ велат дека меѓу целите биле командниот центар на извршниот совет и објект каде што беа складирани беспилотни летала што се користат за напад врз Израел Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека спровеле широк бран од 26 воздушни напади преку ноќ во областа Дахие во Бејрут, Либан, а кои биле насочени кон инфраструктурата на Хезболах. „Меѓу целите беа командниот центар на извршниот совет и објект каде што беа складирани беспилотни ...

Во 00:10 часот настанат е прекин на товарниот сообраќај на влез и излез од бугарска страна на граничен премин „Деве Баир“, поради технички проблеми со системот Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има во Пехчево, Берово, Смојмирово и во Катланово. Во 00:10 часот настанат е прекин на товарниот сообраќај на влез и излез од бугарска страна на ...

Трамп ја објави својата одлука на социјалните мрежи само два дена откако Ноем беше изложена на тешки прашања за време на сослушувањето во американскиот Конгрес од страна на членови и на Републиканската и на Демократската партија Американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и изјави дека ќе го номинира сенаторот од Оклахома, Маркван Малин, за нејзина замена. Трамп ја објави својата одлука ...

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала ...

Во однос на борбата против корупцијата, Филипче кажа дека таа може да биде вистинска само ако има реформи во правосудниот систем, и ако има контрола од европските правосудни институции, притоа споменувајќи ја европската обвинителка Лаура Ковеши Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Клик пулс“ на ТВ 21 изјави дека очекува да се случат предвремени парламентарни избори, ...

Според него, со актуелната динамика со која се одвиваат процесите на консолидирање на СДСМ, партијата на нема да биде подготвена да се врати на власт на предвремените избори, кои е убеден дека ќе се случат, но смета дека на наредните избори, што ќе дојдат потоа, Социјалдемократскито сојуз ќе се врати уште поцврст Пратеникот од редовите на Социјаделмократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и поранешен вицепремиер за економски прашања, Фатмир ...

Во Израел остануваат уште седум македонски државјани кои не биле расположени за евакуација во овој момент и ќе чекаат евентуално да се вратат подоцна со приватен лет, изјави заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски на скопскиот аеродром Според него, се прават напори најдоцна до понеделник сите граѓани кои се наоѓаат во кризните подрачја да бидат вратени со три до четири лета од овие дестинации Доцна ...

„Тие си го губат времето. Синот на Хамнеи е од лесна категорија. Морам да бидам вклучен во назначувањето, како со Делси (Родригез) во Венецуела“, вели Трамп во изјава за порталот „Аксиос“ Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека тој лично треба да биде вклучен во изборот на следниот ирански лидер, посочувајќи дека синот на убиениот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи е неприфатлив за него. Во изјава за американскиот портал „Аксиос“, ...

Наташа Савовска-Димитровска веројатно ќе биде првата разрешена судијка која ќе добие право на жалба и во повторената постапка за нејзино разрешување која ја спроведе Судскиот совет. Епилогот се должи на неодамнешна пресуда на Судот во Стразбур во корист на судии од земјава разрешени во иста постапка Според доскорешниот Закон за судскиот совет донесен во 2019 година, судиите ги разрешува Судскиот совет, а тие имаа право на жалба до Совет за ...

„Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби“, наведува премиерот во објава на својот фејсбук-профил по состанокот Нема простор за загриженост. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат. Ова попладнево го соопшти премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија во државата, а во контекст на актуелната криза на Блицискиот Исток. „Имав средба ...

Директорката на ИЈЗ рече дека испитувањата на примероците од водата во Струга се едни од последните што деновиве ги направил Институтот, а резултатите, како што рече, се испратени до соодветните институциите и за нив се информирани Здравство и АХВ Водата во Струга и натаму не е исправна за пиење. Ова го покажале последните анализи направени од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). За нив денеска информира директорката на ИЈЗ, Марија ...

„Станува збор за процес што бараше сериозен ангажман на нашуте дипломатско-конзуларни преставништа, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институци“, вели шефот на македонската дипломатија во објава на Фејсбук Дел од македонските државјани кои нарушената безбедносна состојба на Блискиот Исток ги затекна во Израел, попладнево со владиниот авион полетале е Шарм-ел-Шеик во Египет кон Скопје, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
46%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
72%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.0
60%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
90%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
47%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1010
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
60%
1017
Currency

61.635

Currency

52.69

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Злато

166450.52

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84

Калај

50.03

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Паладиум

48883.97