Премиерот истакна дека иако е добро институциите да го почитуваат рокот, тие што ќе достават налози по 15 декември нема да бидат одбиени Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Буџетот е празен и дека трезорот се затвора на 15 декември, нагласувајќи дека државната каса е ликвидна и сите тековни обврски се извршуваат. Мицкоски објасни дека 15 декември е поставен како рок за институциите да ги достават сите ...

По неколкунеделна размена на изјави, Христијан Мицкоски вети зголемување на средствата и вработувањата во судовите и јавните обвинителства за 2026 година и го повика Судскиот буџетски совет и Јавниот обвинител на РСМ да му достават ревидирани буџети и планови, но во момент кога државниот буџет за 2026 година веќе беше пред донесување При изработката на тој документ, патем, Владата веќе ги имаше одбиено истите барања и на Судскиот буџетски ...

СДСМ тврди дека резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо јасно да се спротивстави на прифаќањето мигранти од Британија за финансиска надокнада, користи игра на зборови и обид за поинакво дефинирање на мигрантите Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) соопшти дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ конечно го признала постоењето на договорот „мигранти за пари“ откако ја подготвиле својата „Резолуција против нелегалната миграција“ истакнувајќи ...

Резолуцијата, која е составена од 9 точки, Мицевски вели дека воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска на прес-конференција ја претстави „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. Мицевски истакна дека целта на резолуцијата е ...

Министерот истакна дека повеќе детали за предметот ќе бидат соопштени во скоро време, потенцирајќи дека службите постапуваат по насоки на Јавното обвинителство Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, е приведен вчера од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР) по наредба на судија на претходна постапка, во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Ова денеска го ...

На новинарско прашање околу најавите дека и ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе резолуција во Собранието, исто како и СДСМ, и дали може да има некое заедничко решение, Мицкоски рече дека станува збор за тема што не постои Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Обвинителството треба да се позанимава со изјавите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) околу темата за мигрантите. Според Мицкоски, во Кривичниот законик ова е своевиден вид на ...

Со затворањето на овие пет поглавја, Црна Гора ќе влезе во 2026 година со вкупно 12 затворени поглавја. Ќе треба да затвори уште 20 следната година, за да може да се исполнат условите за нејзино зачленување во ЕУ до крајот на 2028 година Црна Гора ќе затвори пет поглавја во преговорите за членство во Европската унија, по интензивната дипломатска мисија на премиерот Милојко Спајиќ и неговиот тим, информира Радио-телевизија Црна Гора. Како што ...

Согласно предвидената динамика, целосното пуштање на новиот радар во оперативна употреба се очекува во јуни 2026 година Започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на меѓународниот аеродром „Скопје“, како и подготовка за инсталација на новиот, современ Мод S радар . Од М-НАВ информираат дека оваа процедура нема да има никакво влијание врз одвивањето на авиосообраќајот. Процесот на демонтажа следи по одржаниот состанок на 1 ...

Комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс рече пукањето на плажата Бонди во Австралија е прогласено за терористички инцидент и оти полицијата истражува дали имало трет сторител вклучен во нападот Најмалку 12 лица се убиени кога две вооружени лица отвориле оган на плажата Бонди во Австралија, соопштија полициските сили на Нов Јужен Велс додавајќи дека еден од осомничените е исто така убиен. Според полицијата, во пукањето се повредени уште 29 ...

СДСМ тврди дека главната причина за договорот е тоа што во „буџетот нема пари, а за првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот“ Мигранти за пари и намерна изолација – предавство на Македонија, е обвинувањето што денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ го упати до ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веќе цела недела одбиваат да ја потпишат Резолуцијата која би го спречила ...

Според ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед, овозможувал таа да заработува нелегално и со тоа, како што велат, едноставно направил злоупотреба Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон поранешниот министер за внатрешни работи од СДСМ Оливер Спасовски велејќи дека е дел од групата предводена од „другарите Венко Филипче и Зоран Заев на која основна дејност им се криминални ...

Групата започнала да ги удира децата со тупаници и клоци по главата и телото. Едното дете се здобило со површинска рана на главата, додека на другото дете му биле нанесени тешки телесни повреди, вклучувајќи контузија на главата, скршеница на носот и хематоми по целото тело Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против вкупно пет деца ...

Откако ветеринарите на АХВ го донеле Решението за забрана, целата пратка пилешко месо е вратена во земјата извозник – Бразил Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин „Ќафасан“ спречиле увоз на пратка замрзнато пилешко месо од Бразил, која не ги исполнувала условите за увоз, а сето тоа заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип). Во пратката имало над ...

Според проценките на властите, осомничениот е маж на возраст меѓу 30 и 40 години, но снимките не откриваат повеќе за неговиот идентитет. Бидејќи тој се уште е на слобода, на локалните жители им се советува да останат во затворен простор Полицијата и ФБИ трагаат по напаѓачот што синоќа уби двајца, а рани деветмина студенти на универзитетот „Браун“ во градот Провиденс, во сојузната американкска држава Род Ајленд. Како што пренесуваат ...

Од АМСМ апелираат до сите учесници во сообраќајот внимателно да управуваат со своите возила и да ја прилагодат брзината на движење, сè додека не заврши расчистувањето на одронот и не се нормализира сообраќајот Утрово, од 6:30 часот, сообраќајот на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум е отежнат и се одвива по една коловозна лента, поради одрон, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Проблемот е на потегот помеѓу селото ...

За утре се најавуваа сончево време со мала до умерена облачност и со температура до 15 степени Сончево време со мала до умерена облачност се прогнозира за денешниот ден. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека во утринските часови на некои места ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од минус седум до нула ...

Вечерва, по информациите за негово апсење, од Министерството за внатрешни работи (МВР) без повеќе детали само велат дека е уапсено лице Ф.С., а за утре најавуваат повеќе информации околу причините за неговото лишување од слобода Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, потврдуваат извори од истрагата за „360 степени“. Случајот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а МВР потврдува ...

Земјоделците велат дека утре ќе ги испратат своите барања до премиерот Киријакос Мицотакис и надлежните министерства, барајќи јасни одговори пред каква било средба Грчките земјоделците што протестираат против доцнењата во исплатите на земјоделската помош и зголемувањето на трошоците за производство ја отфрлија владината покана за разговори. Со тоа, како што пишуваат грчките медиуми, се продолжуваат тековните блокади. Одлуката да ја одбијат ...

Неколку минути откако Трамп разговараше со новинарите, тој го повтори своето предупредување за возвратен удар во објава на социјалните мрежи, нарекувајќи го инцидентот „напад на ИСИС против САД и Сирија, во многу опасен дел од Сирија, кој не е целосно контролиран од нив“ и велејќи дека сирискиот претседател Ахмед ал-Шара „е исклучително лут и вознемирен од овој напад“ Претседателот Доналд Трамп вели дека ќе има „многу сериозен одговор“ откако ...

Со овие награди, кои се доделуваат по втор пат, од редакцијата на „Трн“ велат дека сакаат да испратат јасна порака дека општествените промени не започнуваат од големите декларации, туку од конкретни дела, локални иницијативи и луѓе кои одбиваат да молчат пред неправдата Редакцијата на „Трн“ денеска ги додели симболичните признанија за иницијативи, колективи и поединци кои со својата работа, ангажман и храброст придонесуваат кон поинклузивно, ...

Нела со песната „Чудо“ (Miracle) го освои петото место од жирито, а во конечниот пласман каде беа и гласовите од публиката го зазема седмото место со вкупно 141 глас Франција е победник на 23 издание на „Јуниор Евросонг“, а Македонија со изведбата на Нела Манческа заврши на седмото место. Нела со песната „Чудо“ (Miracle) го освои петото место од жирито, а во конечниот пласман каде беа и гласовите од публиката го зазема седмото место со вкупно ...

Меѓу ослободените се истакнатата опозициска активистка Марија Колесникова и добитникот на Нобелова награда за мир, Алеш Бјалијатски Белорусија ослободи 123 затвореници, вклучувајќи ја и истакнатата опозициска активистка Марија Колесникова, откако САД се согласија да ги укинат санкциите врз земјата, пишува Би-би-си. Добитникот на Нобеловата награда за мир, Алеш Бјалијатски, е исто така меѓу оние што се ослободени по разговорите во Минск со ...

„Нивната мисија беше да ги поддржат тековните операции против ИСИС и борбата против тероризмот во регионот. Овој напад моментално е под активна истрага“, вели портпаролот на Пентагон Двајца американски војници и еден цивилен преведувач се убиени, а тројца други се ранети во напад во Сирија, потврди Министерството за одбрана на САД, пишува Си-ен-ен. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, објави на платформата Икс дека инцидентот се случил за ...

Од Здружението потсетуваат дека е важно да се негува медиумска средина во која уредувачката независност и плурализмот се почитуваат, без несоодветни партиско-политички влијанија или притисоци Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) регаираше на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, која објави медиуми за кои рече дека наводно не известувале професионално за актуелните прашања и за ставовите на ...

Појаснувањето од кабинетот на Гаши доаѓа како одговор на новинарски прашања и писмото упатено од родителите на тешко повредената 13-годишна А.Т. во сообраќајната несреќа во која учествуваше пратеникот Сашко Јанчев од Левица Собранието не може самоиницијативно да поведе постапка за одземање на пратенички имунитет, ниту пак може тоа да го стори врз основа на барања од поединци, организации или медиуми, велат од кабинетот на претседателот на ...

Граничниот премин „Евзони“ денеска беше затворен за сообраќај од 11 часот поради протест на грчките земјоделци Од 15:45 часот повторно е отворен за сообраќај граничниот премин „Богородица“ од македонска страна, односно граничен премин „Евзони“ од грчка страна, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Граничниот премин „Евзони“ денеска беше затворен за сообраќај од 11 часот поради протест на грчките земјоделци. Пред „Евзони“ се ...

Семејствата изразија разочарување и загриженост поради молчењето на институциите, истакнувајќи дека покажале трпение во период од шест месеци, не барајќи информации за текот на обвинителниот акт Родителите и семејствата на загинатите во трагичниот пожар во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани денеска, на 33. Марш за ангелите, директно му се обратија на Јавното обвинителство од кога бараат итен одговор зошто е пробиен рокот за поднесување обвинение ...

Од СДСМ велат дека постои финансиска и бизнис мотивација зад дејствувањето на ЗНАМ Откако движењето ЗНАМ-за наша Македонија денеска реагираше по наводите на СДСМ дека тие и ВМРО-ДПМНЕ креираат меѓусебни судири за да побегнат од темата за мигрантите со контрареакција се јавија социјалдемократите. СДСМ во контрареакцијата го обвинуваат лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, за предавство на партијата и државата за лични интереси. Во ...

Лидерот на ДУИ, кој беше и организатор на собирот, изрази благодарност до САД, Европа и НАТО за поддршката и за запирањето на геноцидот врз Албанците Денешниот протест не е насочен против Македонија, бидејќи оние кои се наоѓаат пред судот во Хаг имаат придонес за стабилноста и мирот, како и за иднината на државата, рече лидерот на Демократската унија за интеграции (ДУИ), на денешниот собир за поддршка на поранешните команданти на ОВК кој се ...

Владината портпаролка на социјалните мрежи напиша оти обвинувањата на СДСМ со јавното обележување и дискредитирање на медиуми од прес-конференција недозволиво и нелегитимно Македонија не смее и нема да оди по патот кој потсетува на СДСМ кои преку јавен притисок се обидуваа да ги стават медиумите под контрола, реагира владината портпаролка Марија Митева по прес-конференцијата на СДСМ на која опозициската партија обвини оти ВМРО-ДПМНЕ сее лаги, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159231.39

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Калај

46.91

Иридиум

221848.72

Цинк

3.25

Родиум

336779.07

Бакар

11.69

Алуминиум

3.03

Платина

67162.91

Сребро

2460.50